дома блог страница 3193

Ред се редат бисери: Заев вели дека Британија ни ослободила место за да влеземе во ЕУ ?!(Видео)

Денеска Зоран Заев оствари официјална средба со австрискиот канцелар Себастијан Курц при што премиерот изјави дека Велика Британија на Македонија и го отстапила своето столче за влез во ЕУ. “Ние сакаме да бидеме земја дел од ЕУ, а впрочем еве и Британија ни ослободи место за да можеме ние да заземеме место во ЕУ. Секако ние ќе работиме на тој пат и зависи од успешноста на нашите реформи.” По оваа скандалозна изјава Заев дури додаде дека ние веруваме во ЕУ до небо, повеќе и од самите земји членки на ЕУ.

Што значи Јувентус за Италија, најдобро ќе ви покаже оваа фотографија

Бриндиси е гратче во областа Апулиа на југот од Италија, гратче кое е стотици и стотици километри оддалечено од Торино, градот од каде доаѓа “старата дама” или Јувентус.

Фотографијата на која наидовме на Интернет доаѓа токму од ова гратче, а покажува што значи кога целата зграда навива за Јуве.

Тоа е таа магија и љубов што го прави Јувентус бренд кој обединува и победува.

“Прилепчани пак со нов трошок и удар по џебот – Единствено не плаќаат радиодифузна такса со новата Влада на РСМ”

Во однос на тоа дали трошоците за промена на личните документи и таблиците на возилата ќе паднат на товар на граѓаните или државата ќе одвои средства за оваа намена, владиниот портпарол Миле Бошњаковски истакна дека замената на пасошите ќе биде редовна и тоа ќе биде на товар на граѓаните.

-Замената на пасошите ќе биде редовна. Редовната замена на сите останува редовна како и досега. Нема да важат пасошите што се издаваат десет години, туку рокот ќе биде пет години од моментот на отворање на поглавјата и тој трошок ќе биде на товар на граѓаните затоа што ќе биде редовен трошок, рече Бошњаковски.

Шилегов одново во елемент – Мислеше дека никој не го слуша, па прокоментира: “Не разбираат” (Видео)

Денеска во СУГС „Јосип Броз Тито“ на учениците од трета година, како потенцијални идни активни учесници во сообраќајот, им беше претставен едукативниот проект „Паркирај совесно!“, што ќе се реализира во три фази со времетраење од четири месеци.

– Град Скопје ја поддржува оваа едукативната кампања на ЈП Градски паркинг, ЈП ПОЦ и СВР Скопје што ќе се реализира во сите средни училишта. Со овој проект работиме на подигање на свеста и на културата за одговорно паркирање, како и општо подигање на одговорноста на сите учесници во сообраќајот во однос на почитувањето на сообраќајните правила. Целната група на која се однесува оваа едукативна кампања се средношколците како најмлади учесници во сообраќајот во својство на возачи на моторни возила. При тоа ќе ми дозволите да нагласам дека за мене лично средношколците се особено драга категорија на граѓани од причина што и мојата ќерка е на оваа возраст, па овие теми често ги разговараме и дома – изјави Шилегов.

Новинарот Фуркан Салиу објави видео од настанот на својот Твитер профил каде Шилегов објаснува некое прашање за гасификација на Скопје кое му го поставиле новинарите, а после одговорот се наслонува кон министерот Оливер Спасовски и му вели “Не разбираат”, веројатно мислејќи на новинарите.

Погледнете:

Волјата за живот прави чуда! Девојка од Нови Сад родена е без раце – светски вицешампион е во теквондо, се занимава со стрелаштво и одлично слика (Видео)

Дејана Бачко од Нови Сад иако е родена без раце е вицешампион на Европа и светот во теквондо, слика, се занимава со стрелаштво, студира и сите обврски ги извршува целосно сама.

Во основното училиште била дискриминирана во општеството, но тоа не ја спречило да покаже дека нејзината различност не е во физичките недостатоци, туку во волјата за живот.

“Во основно училиште сите се потсмеваа на мене, тогаш си доаѓав расплакана дома и барав од мајка ми да ми ги даде нејзините раце, а потоа таа ми рече дека би ми ги дала да може, но ми рече и да ја кренам главата горе и да одам само напред. Таа реченица ме водеше и така успеав во сето ова”, вели Дејана за порталот “dnevnick”.

Дејана ја нарекуваат девојка со крилја, затоа што за нејзе не постои не можам. Таа слика со помош на нозете, а наредна цел и е да се појави на параолимпијадата во Токио во 2020 година во стрелаштво.

“Се’ нормално правам, се’ правам со нозете. Се облекувама сама, буквално се’ правам сама, знам и да готвам, единствено што не можам е да ги закопчам фармерките, тоа и единствено косата, макар што сега ми е кратка косата, тоа е тоа, се’ правам со нозете. Како што вие се’ правите со рацете, јас тоа го правам со нозете, можеби и малку повеќе”, истакнува Дејана.

Во животот, вели оваа енергична девојка, најважна е волјата, но и добрата организација.

Дејана им порачува на сите да ја користат насмевката за да го променат светот, а да не дозволат светот да ја промени нивната насмевка.

Ѓоковиќ престрашен среде емисија: Урнебесно видео кое ќе ве насмее до солзи

Tениски ас број еден во светот, Новак Ѓоковиќ, во едно гостување во емисијата на шоуменот Иван Ивaновиќ, бил “жртва” на една интересна шега.

Екипата на емисијата направила анкета низ центарот на Белград каде ги запрашале граѓаните “Што мислат за Роџер Федерер како тенисер, а што мислат за него како човек”, но на Ноле му рекоа дека ќе погледне анкета во која граѓаните ќе одговараат на овие прашања за него.

Кога тој ги слушна одговорите се запрепасти, но потоа воздивна.

Погледнете го видеото во продолжение:

“Македонци, ако го преживеете овој мост одите во ЕУ и НАТО без чочек?” (Видео)

Веќе подолго време мостовите на патот Прилеп-Градско се во катастрофална состојба и се вистински црни точки во сообраќајот.

Апел возачите особено да внимаваат, затоа не само нивните возила, туку и нивните животи можат да бидат во опасност. Причина за тоа се многубројните дупки кои тешко можат да се избегнат, затоа што ги има насекаде.

Како армија со тенкови да поминувала, па направила пустош зад себе…

Состојбата е алармантна особено во зимски услови, кога возачите не можат да ги видат дупките, па често се случува на овој патен правец да има превртени возила.

Како најсвеж случај од пред неколку дена е несреќата кога цистерна на компанијата “Оилко” излета од патот.

Цистерна излета на патот Прилеп-Градско: Дали причината е катастрофалната сосотојба на мостот?! (Фото)

Еве како изгледа еден од мостовите на овој патен правец:

Но, кога е за чочек надлежните се први на оро:

Кога Србите се прават Руси: Во Белград се одржа традиционалната трка по гаќи покрај Дунав (Фото галерија)

Фото/Ј.Zigic/RAS SRBIJA

Триесетина храбри граѓани излегоа на традиционалната трка по гаќи покрај Дунав во главниот град на Србија.

Учесниците на разголената трка облечени во долна облека и костими за капење тврдат дека контролираната изложеност на ладно е најдобриот начин за зајакнување на имуниот систем и подмладување на телото.

Тие додаваат дека не учествуваат во трката заради победа, рекорди или медали, туку за здравје и забава.

Разбојништво во спортска обложувалница во Прилеп

Непознат сторител извршил разбојништво во обложувалница на улицата „Александар Македонски“ во Прилеп и од касата одзел пари од дневниот промет, информираат од СВР Битола – дознава порталот “Лидер”.

На 29.01.2019 година околу 21.22 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека е извршено разбојништвото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот, велат од СВР Битола.

Сеуште има чесни луѓе! Возач на ЈСП Скопје пронашол паричник со цела плата и му го вратил на сопственикот

Скопјанецот Фериз Шабани си го добил назад паричникот полн со пари, кој го изгубил во автобус на ЈСП „Скопје“.

Паричникот го нашол возачот Мирослав Деспотовиќ, кој веднаш го пријавил во внатрешната контрола на јавното претпријатие – пишува “Независен”.

Сопственикот Шабани бил веднаш контактиран, а парите и документите си ги добил назад уште истиот ден.

„Пресреќен сум, плачев од радост. Во паричникот ми беше целата плата, имав 10.000 денари и 200 евра. Да не зборувам дека внатре беа мојата и личната карта на мојата сопруга и сите други документи. Не знам како ќе преживеев без парите, до следната плата. Премногу сум благодарен што сè уште постојат чесни луѓе“, вели Шабани.

Целата сторија прочитајте ја ТУКА