дома блог страница 3192

Вака изгледа разлика од 100 степени: Во Америка -50, а во Австралија +50 (Видео)

Нa двата различни краишта од светот последниве денови владеат екстремни температури.

Во Чикаго оваа недела се очекуваат ниски температури опасни по животот и рекордно ладен воздух.

Од друга страна делови од Австралија се под удар на топлотен бран.

Во Америка поради екстремните ниски температури починаа 8 луѓе.

Температурата на воздухот во Чикаго денеска изнесува -45 степени, додека во Северна Дакота измерена е температура од -54 степени. Метеоролозите напоменуваат дека најлошото тек почнува во следните денови.

Истовремено во Австралија владеат незапамтени досега горештини. Дневните температури достигнуваат речиси 50 степени, а на екстремната жештина не и се гледа крајот.

Лашкоска: Власта не само што постојано ги лаже вработените од Еурокомпозит, туку и со полиција им го скратува правото на протест

Вработените во Еурокомпозит по којзнае кој пат се излажани од оваа власт. Минатата недела протестираа пред Владата на Република Македонија, но за жал никој не ги прими, а пред општината кога протестираа некој ги примил и им дал ветување, но повторно лага, а вчера со полиција беа спречени да протестираат, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска на денешната собраниска седница посветена за пратенички прашања.

Таа а потенцираше дека проблемот со Еурокомпозит е премногу голем, за така несериозно да се постапува од страна на власта која секоја недела ги лаже дека ќе го реши проблемот, а кога ќе помине таа недела повторно им вели дека наредната ќе се реши и така до недоглед.

Лашкоска го прочита и писмото од работниците на Еурокомпозит упатено за денешната седница во кое работниците прашуваат кога ќе им се исполнат ветувањата за исплата на придонесите за пензиско и здравствено осигурување, заостанатите 15 плати, како и кога ќе се исплатат придонесите на вработените кои заминаа како технолошки вишок.

Во писмото исто така работниците посочуваат до премиерот Заев и Вице премиерот Анѓушев повеќе да не споменуваат изрази како продажба и иден инвеститор затоа што тоа не само што не се остварува туку и доста им е од таквите лаги.

Џафери ја започна седницата на албански, Мицевски му порача дека го крши Уставот

Претседателот на Собранието Талат Џафери заклучно со денешната седница започна да ги води седниците на албански јазик. Оваа можност според Џафери ја има со новиот закон за јазиците кој веќе стапи на сила.

Веднаш откако започна седницата му реплицираше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски кој на Џафери му порача дека со тоа директно се крши Уставот.

-Токму тука побрзавте да го донесете законот за двојазичност со што грубо ги прекршивте законите и Уставот. Денес повторно сме сведоци како во предизборниот период за претседателските избори брзате да го ставите законот за јазици на дело спротивно на законите и Уставот на Република Македонија. Најголем доказ дека законот за јазиците е нефункционален се секојдневните спротиставени изјави на функционерите на СДСМ и ДУИ.

Бараме да ги почитувате законите и Уставот, му порача Мицевски на Џафери.

Денеска се празнува Свети Атанасиј Велики – За многу години

Денеска е Св. Атанасиј Велики, голем борец за вистинското православие.

МПЦ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен.

По празникот Св. Атанасиј зимен народот смета и верува дека главните студови веќе се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците.

Голем борец за вистинското православие

Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…

Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен.

Свети Атанасиј, наречен Велики е роден во Александрија во 295 година. Едно време минал во пустина заедно со свети Антониј Велики. По враќањето во Александрија станал архиѓакон во александриската црква.

Учествувал на Првиот вселенски собор и иако млад се истакнал со познавање на Светото писмо и со говорништвото. Неговите дискусии имале главна заслуга за победата против ариевската ерес и биле содржани во заклучоците од Собирот, на кој биле осудени еретикот Ариј и неговите приврзаници.

Со тоа си го навлекол врз себе гневот на ариевците кои често го клеветеле кај царот. Но со својот углед и христијанскиот начин на живеење свети Атанасиј секогаш успевал да се одбрани од овие клевети.

Веднаш по Првиот вселенски собир на 8 јули 326 година на барање на народот од страна на епископите бил поставен за архиепископ на александриската црква каде што останал долго време.

По поразот на Никејскиот собор ариевците се обиделе да се вратат во црквите. Тие издејствувале од царот да се заложи кај архиепископот Атанасиј да биде повлечена анатемата, но тој тоа не го дозволувал.

Најпрвин ја одбил сугестијата на цар Костадин да биде потолерантен кон ариевците, а потоа ја одбил и наредбата на царот, еретикот Арие да го врати во црквата. Поради тоа бил наклеветен како бунтовник и бил протеран во Галија.

Тогаш царот инсистирал кај цариградскиот архиепископ Александар да го врати Арие во црквата по што овој цела ноќ се молел на Бога да не дозволи црквата да биде испоганета. Утрото кога Арие тргнал да влезе во црквата следен од своите многубројни приврзаници почувствувал болки и веднаш умрел на патот.

Уште четири пати свети Атанасиј бил протеруван во прогонство, за време на Констанциј синот на Константин, за време на царот Јулијан Отстапник и за време на царот Валент. Сиве овие владетели им биле наклонети на Ариевците. Така свети Атанасиј во прогонство минал цели дваесет години. Умрел на 2 мај (ст. стил) 373 г.

Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо па се верува дека главните студови веќе се поминати.

Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците.

(Видео) Заев „Чука-удара“ у градима нашима: Српско-хрватскиот на Заев кој ќе ве насмее до солзи!

Премиерот на државата за сателитската телевизија „Н1“, која се емитува на српско-хрватски јазик, даде интервју за „напредоците“ и „животот“ кој ќе го носел со промената на името – објави “Инфомакс”.

Заев се пофали дека кај и да е ќе ја прошетал жена му во Сараево, на натпревар на кој ќе игра кадетска репрезентација на Македонија, но претходно кажа дека Балканците требало да си го променат менталитетот и да престанат да се „чукаат и удараат у грудима“.

Повеќе, во извадокот од интервјуто.

Температури дури за 10 степени повисоки од нормалните – голема промена од петок

Од утре како што веќе најавивме, под влијание на изразено јужно и југозападно воздушно струење ќе имаме ГОЛЕМ пораст на температурите, кои за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени, истите ќе бидат значително над просекот и ќе бидат повисоки од нормалните дури за околу 10 степени, објави метеорологот Славчо Поповски.

Времето ќе биде умерено облачно, повремено локално ќе има позначителна облачност, а има услови и за слаб локален дожд, за викендот исто така на некои места ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

По одделни котлини ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност, па во ваква ситуација ќе биде и нешто постудено.

НАПОМЕНА: Поради значителното затоплување на времето ќе дојде до забрзано топење на снежната покривка, како на пониските, па така и на повисоките и планинските места, ова ќе услови зголемување на нивоата на реките и на езерата во државава, има услови и за излевање на некои реки, особено оние помалите.

Инаку поради преодното разведрување, студено утро ќе имаме во петок кога минималните температури ќе се спуштат во интервалот од -7 до 1, додека во текот на денот ќе настапи значително затоплување како што веќе и кажавме – вели најпознатиот метеоролог Славчо Поповски.

“Градоначалникот уживаше на ракомет, а градот личи на Бејрут? Дупка до дупка на улиците?” (Видео)

Додека градоначалникот се забавува по ракометни натпревари, “озонски дупки” никнаа насекаде низ Прилеп.

До нашата редакција редовно пристигнуваат видеа и фотографии од огромни дупки низ улиците, а најновото доаѓа од мостот во населбата “Сточен пазар”, кој според видеото е во очајна состојба.

Погледнете:

Македонскиот капитен има милионска понуда на маса – еве каде би можел да се пресели Пандев

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев доби уште една богата понуда за да ја напушти Италија.

Се работи за понуда од околу 4 милиони евра по сезона, која го става македонскиот ас на искушение дали да ја напушти Џенова и следните две сезони да ги мине во првенството на Катар.

Таму веќе е неговиот поранешен соиграч од Интер, Весли Снајдер, кој настапува за тимот на Ал Гарафа, а заинтересиран за Пандев е клубот Ал-Духаил кој деновиве го ангажираше Мехди Бенатиа од Јувентус.

Таму менаџер е Руи Фарија, кој долги години беше прв асистент на Жозе Мурињо и многу добро го познава Горан Пандев од периодот кога заедно освоија тројна круна со „нероаѕурите“.

Ако сте ги заборавиле да ве потсетиме: Прекрасната прилепска песна отпеана од тамбурашите “Прилепски Eснафи” (Видео)

Сеќавање на најубавата староградска тамбурашка музика од децениите во минатиот век отпеана од легендарните “Прилепски еснафи”.

Песните во продолжение се од плоча издадена во 1974 година во изведба на Прилепски еснафи со тамбурашкиот оркестар на Благоја Челоски – Руското.

Кој ќе ги препознае ќе се присети на младоста, а кој не ги знае нека ужива до последна секунда.

Четири девојки ја обработија легендарната песна на “Металика” во етно стил: Звучи прекрасно (Видео)

Четирите девојки кои ја сочинуваат музичката група “Тулиа” доаѓаат од Полска и направија прекрасна преработка на легендарната песна “Nothing else matters” од “Металика”.

Девојките песната ја обработиле во етно стил, а резултатот е неверојатен.

Овие девојки претходно направија обработка и на песната „Еnjoy the silence“ од групата Депеш Мод.

Уживајте: