дома блог страница 3190

Неуништливата руска “Лада” – вози и на “Кока-Кола” без да и зариба моторот (Видео)

Руските вљубеници на автомоблите преку експеримент сакаат да докажат дека нивната Лада едно од најиздржливите возила во светот. Во моторот на Ладата ставија сол, шекер, зејтин и два литри кока-кола.

Ја запалија и таа почна да се движи без никаков проблем повеќе од еден и пол километар. Точно на 1700 метри возилото застана но моторот не беше зарибан. Филтерот за гориво и карбураторот беа полни со кока-кола.

Кога го исчистија Ладата одеше без никаков проблем и повторно „оживеа„. Навистина неуништливо возило.

Милошоски: Димитров денеска ги понижи пратениците и јавноста – биографиите за новите амбасадори биле класифицирани информации

“Власта продолжува со грубо кршење на Деловникот на Собранието. Министерот за надворешни, Никола Димитров, денеска ги понижи пратениците во Собранието, но и новинарите и јавноста, со тоа што биографиите на амбасадорите Игор Џундев, Горан Стевчевски, Оливер Крлиу, Никола Колев, Абдулкадар Мемеди, Сузана Зеленковска, Екрем Ебиби, Рамадан Азифи, Крум Ефремов и Мира Крајачиќ кои ќе ја претставуваат Македонија во меѓународните организации во Виена, Австрија, Шпанија, Обединтетите Арапски Емирати, Словенија, Босна и Херцеговина, Германија, Украина и Шведка и нивните тези ги прогласи за класифицирани информации.

Никогаш не се случило во парламентарната историја во Македонија биографиите и тезите на амбасадорите да бидат класифицирани, а дел од пратениците и јавноста како даночни обврзници да бидат исклучени и да не знаат кого ќе го плаќаат и на кој начин ќе не претставуваат во светот.

Ова е понижување за Собранието, граѓаните и новинарите кои ја следат надворешната политика и бурно реагираа на ваквиот преседан на министерот Димитров и Талат Џафери.

Дополнително, седницата на Комисијата за надворешни работи со класифицирани материјали ја закажал Талат Џафери утрово во 9:30 за истата да се одржи во 11 часот. Дали е ова транспаретност и законитост ценете сами, праќаме амбасадори во светски центри со класифицирани биографии и тези. Ова е срамна порака и до земјите каде се испраќаат овие амбасадори. Дали со ова покажуваме дека праќаме несоодветни лица, дали е точно дека двајца од амбасадорите не ги исполнуваат сите законски услови за да бидат упатени, или пак имаме скриена дипломатија кон традиционалните сојузници како Германија, Шпанија, Австрија но и сите други земји?”, напиша Милошоски на Фејсбук.

Нова измама преку телефонски повици од странство, не кревајте слушалка

Граѓаните да не одговараат на непознати странски телефонски броеви. Агенцијата за електронски комуникации апелира граѓаните да бидат многу претпазливи. Кога добиваат повици од странски оператори кои не им се познати, да не одговараат, ниту пак да вртат назад доколку до пропуштиле повиок.

Од АЕК знаат дека голем број граѓани добиле вакви повици што им ги набилдале сметките. Велат дека телекомуникациските оператори работат на систем за одбивање на јавувањата.
Според проценките, досега околу 1000 граѓани одговориле на повиците што значи дека сметките им се зголемени.

Од Агенцијата велат дека добиле уверување дека тоа нема да им биде наплатено. Во случај пак да платиле треба да побараат од опареторите парите да им бидат вратени. АЕК стои на располагање за помош на сите кои нема да можат да си ги добијат парите назад.

Експертите предупредуваат дека ваквите повисци освен што се скапи за граѓаните можат да бидат опасни затоа што преку нив можат да се крадат и податоци од мобилните телефони посебно оние кои се поврзани со банкарските сметки.

Taтко легенда: Едни го обвинуваат, на други им е интересно – еве како овој татко го чисти својот автомобил (Видео)

Снимката, иако на прв поглед делува симпатично, на многумина не им се допадна. Додека едни го нарекуваат таткото генијалец, други го обвинуваат за злоставување на детето.

Мајката на детето објави порака во која вели дека сопругот и побарал леплива трака за да му ги залепи рацете и нозете на синчето за да не се намокри.

„Потоа го снимив ова видео, во кое сопругот го користи нашиот син за да го исчисти снегот. Синот уживаше!” напиша мајката.

Од друга страна бројни коментари го осудуваат таткото за злоставување на детето, а неговата забава ја прогласија за „глупава и одвратна”.

Чудата кои ги прави лукот во организмот: Десет позитивни влијанија врз здравјето на “кралот на зачините”

Пред 5.000 години го одгледувале Асирците, Еѓипјаните, старите Грци и Евреите, а подоцна неговото одгледување го превзеле Римјаните.

Отсекогаш се користел во гастрономски, но и медицински цели.

Големиот математичар Питагора лукот го нарекол „крал на зачините“, не само поради вкусот туку и поради влијанието на здравјето. Во народната и традиционалната медицина отсекогаш заземал важно место.

Лукот се смета и за природен антибиотик како и чувар на имунитетот, а во прилог на неговата сила говори и тоа дека може да убие разни видови бактерии.

Конзумирањето лук на празен желудник помогнува во превенцијата и во лекувањето на голем број болести, а земањето на вистински начин го прави природен антибиотик.

Поради тоа, нека не ве загрижува ако некому му „мирисате“, само вие бидете полни со здравје.

Во продолжување ви донесуваме десет најважни влијанија на лукот на здравјето:

Спречува стареење и затворање на артериите, значително го намалува холестеролот во крвта, го јакне имунитетот, убива голем број бактерии, многу е корисен во борбата против срцевите болести, го намалува крвниот притисок и има противвоспалителни својства, природен антибиотик е и е многу корисен за лекување вообичаени настинки, добар е за пореметување на нервниот систем, помогнува во сузбивањето на штетните клетки, делува како антикоагуланс, со што го намалува ризикот од срцев и мозочен удар.

Видео: Мислеле дека е обична пукнатина во асфалтот – кога погледнале што имале внатре, веднаш повикале полиција

Работници за јавни работи во Флорида, откриле нешто несекојдневно: мал, клаустофобичен тунел кој води до банката Чејс, соопшти ФБИ.

Тие после пријава на граѓаните дека се појавила дупка на патопт излегле на терен да ја санираат. Меѓутоа, откриле дека дупката всушност е тунел од околу 445 метри, кој внатре имал кабли и генератор.

-Многу е мал и клаустофобичен – рекол агентот на ФБИ, Мајкл Левенрок, кој ја води истрагата.

Тунелот не води точно до банката, но ФБИ сега истражува можен обид за грабеж кој е можеби планиран. Засега никој не е уапсен.

-Целеле на банкоматот. Не гледам друга причина – рекол Левенрок.

Безвременска убавина: Пејачката веќе 20 години изгледа исто, како воопшто да не старее (ФОТО)

Веќе неколку децении, пејачката Џенет Џексон успева да се одржи на самиот врв.

Неодамна, 52-годишната Џексон се појавила на еден настан во Холивуд и докажала дека нејзиниот изглед е незначително променет од деведесеттите години. Витканата коса и опуштената гардероба направиле пејачката да изгледа како да е во нејзините триесетти години.

Во медиумите се појави вест дека Џенет за првпат во кариерата ќе настапи на музичкиот фестивал Гластонбери, што би бил и нејзин прв настан во Велика Британија во последните осум години. Настапот е закажан за само неколку дена по одбележувањето на 10-годишнината од смртта на нејзиниот брат и кралот на поп музиката, Мајкл Џексон.

Инаку, Џенет за првпат стана мајка во јануари 2017 година, кога роди момче. Недолго потоа таа се разведе од сопругот, катарскиот милијардер Висам ал Манa.

(Видео) Глутница кучиња демолираа автомобил за да спасат кутре заглавено во моторот

Неверојата е борбата за опстанок и живот кај животните. На социјалните мрежи кружи видео од безбедносни камери на кое се гледа како глутница улични кучиња усепвеаат заедно да го откорнат предниот спојлер на еден автомобил за да извадат заглавено кутре под хаубата.

Сопственикот на авотмобилот сигуно не бил среќен кога го видел своето возило, а штета благодарение на снимката ќе му биде обестшететено од страна на осигурителната команија.

НАСА објави страшни снимки: Еве како изгледа поларниот вртлог од вселената

Северот на САД се соочува со порални температури ветер кои доаѓаат од Арктикот.

Над Северниот и Јужниот пол на Земјата, во повисоките делови на атмосферата, тропосферата и стратосферата се наоѓаат подрачја на низок притисок на воздухот кои се познати како поларни вртлози. Ова се случува поради ротацијата на Земјата, па воздухот движи од запад кон исток.

НАСА објави фотографија од поларен вртлог од вселената. Погледнете како изгледа тоа:

Младите од струмичко Ново Село ловат риби на локалниот пат: Македонија во една фотографија

Патниот правец Струмица-Ново Село е во катастрофална состојба, а жителите од овој дел на државата маки мачат да го поминат.

Огромните кратери на патот инспирирале група млади дечки да направат пародија, па можеби така да ги поттикнат надлежните да преземат нешто.

Тие зеле јадици и заминале по риба, a дали успеале да уловат нешто сеуште не е познато…

За тоа во каква состојба е патниот правец, најдобро зборуваат фотографиите во продолжение: