дома блог страница 3189

Камион влетал во колоната возила на албанскиот премиер Еди Рама

Камион влетал во придружбата на албанскиот премиер Еди Рама, кој од Тирана патувал кон градот Берат.

Сообраќајната несреќа се случила во местото Гоша, кво близина на Каваја. За среќа нема повредени, освен причинета материјална штета на возилата.

Веста прво на Фејсбук ја објави поранешниот албански премиер и претседател, демократот Сали Бериша по што доцна попладнево се огласија и од Националната гарда, чиј автомобил учествувал во сообраќајката, придружувајќи го Рама.

-Камион и го попречи патот на колоната возила во која се наоѓал премиерот Рама. Од придружбата не е направена никаква грешка во однос на правилата на движење, се наведува во кусото соопштение.

Ова не е првпат во сообраќајка да учествува придружбата на Рама.

На 27 ноември 2017 година два автомобила од придружбата учествуваа во сообраќајна несреќа на патот кон Корча при што беа повредени три лица.

Несреќата се случи кога такси возило влетало во придружбата на Рама. Како што беше пренесено, причина за несреќата била густата магла.

Рама од Тирана патуваше кон Корча, каде требаше да се одржи заедничка седница на албанската и косовската Влада.

“Прилеп повторно се гуши! Надлежните отвараат руски паралелки??”

И вечерва висока бројка на загаденост покажува новата мерна станица поставена на општинската зграда во Прилеп.

Во 20:00 часот мерната станица покажа високи 230 ПМ-10 честички на метар кубен, што е за речиси 5 пати повеќе од дозволеното.

Освен најава за поставување на нови мерни инструменти и нови станици, градоначалникот Јованоски не посочи кои други мерки ги планира или ќе ги преземи општината за надминување на овој горлив проблем.

Состојбата е особено алармантна во вечерните часови, кога граѓаните се жалат дека воздухот е неподнослив.

После периодот на врнежи, прилепчани одново се гушат, а прочистување на воздухот ќе почекаат до наредната недела за кога одново се најавени врнежи од дожд.

Во меѓувреме, еве со што се занимава прилепскиот градоначалник:

“Руска паралелка во двојазичен Прилеп договори Градоначалникот?”

Ексклузивно: Градоначалникот избега од фалангата? Му порачаа да му пренеси на Заев дека игра Македонија, а не северна (Видео)

Eкс министерката за култура Цветанова: “Ни остана само нашите поколенија да ги воспитуваме во духот на македонштината!”

Поранешната министерка за култура, Ганка Цветанова на својот Твитер профил ја коментираше цикличноста во историјата. Надоврзувајќи се на актуелната политичка состојба и промената на името таа посочи дека во моментов на Македонците единствено им останува идните поколенија да ги воспитуваме во духот на македонштината.

-Социолошката теорија на цикличност тврди дека фазите и настаните во општеството и во историјата генерално се повторуваат во циклуси. Она што нам ни останува е нашите поколенија да ги воспитуваме во духот на македонштината! Да не дозволиме да згасне, пишува таа.

Запознајте го кралот на Рио де Жанеиро кој живее во замок од песок цели 22 години и е вистинска светска атракција (Фото галерија)

Цели 22 години, Марсио Мизаел Матолиас од Бразил избегнал да плаќа кирија и сметки, притоа живеејќи во еден од најлуксузните квартови во Рисо де Жанеиро.

За да си го овозможи тоа, овој Бразилец си изградил замок од песок. 44-годишниот Матолиас локалните жители го нарекуваат “Крал Марсио”, на главата носи пластична круна, а си изградил и трон до замокот.

Декоративните замоци на плажите во Рио се секогаш атрактивни за посетителите, кои понесуваат спомен фотографирајќи се крај нив. Но, Матолиас е првиот човек кој изградил ваков замок за живеење.

Матолиас е среќен од неговиот избор за живеење. “Пораснав во Гуанабара, секогаш живеев на плажа”, вели тој за британскиот “Мирор”. “Луѓето плаќаат цело богатство за да живеат покрај морето, јас не плаќам сметки и имам убав живот”, додава тој.

За да опстане неговиот замок, тој мора секојдневно да ја регулира водата. Најголеми проблеми му задаваат тропските бури кои често му го уништуваат неговото живеалиште. Но, овој упорен Бразилец цели 22 години го поправа замокот, а често е најмуван од локалниот шопинг центар за каде изработува различни форми од песок кои потоа ги красат излозите.

Матолиас вели дека научил да гради замоци од негов пријател и преку читање книги, кои се уште една негова пасија. Покрај тоа тој игра голф и е одличен рибар. Во својот замок има голема колекција на книги и голф палки. И додека замокот изгледа огромен од надворешноста, внатре има само една малечка соба. Матолиас на располагање има простор од само 3 метри квадратни.

Кралот Марсио е вистинска локална атракција. Туристите често го посетуваат и сакаат да се фотографираат со него и неговиот дом. Понекогаш туристите му оставаат и пари, па така успева и да заработи.

Нов проблем ги скара Македонија и Грција: После името Грците се бунат за мусаката – и таа не била наша

Решавањето на проблемот со името е една работа, но тврдењето на Македонците дека муската е македонско јадење, им заглави во грлото на Грците – пишува светски познатиот весник “Тајмс”.

Проблемот произлегол од саемот за храна и вино во Германија, каде Грците биле шокирани кога виделе дека јадењето се сервира под нашето државно знаме.

“Тие го претставија јадењето како македонско”, рекол сопственикот на ресторан од Крф, Анастасис Паипетис, и додал:

“И тоа не беше се’, тие служеа грчки јогурт и кафе и ги претставија како нивни, исто така”.

Девојката сакаше да ја тестира верноста на своето момче: Му прати танчерка, но не заврши со нејзе (Видео)

Кога оваа девојка открила дека нејзиното момче пребарува свршенички прстени на интернет веднаш се подготвила за најромантичниот период кој требало да следува.

Но, сакала да биде сигурна дали нејзиното момче ќе биде верен и нема да ја изневери доколку се земат, па го тестирала со помош на една манекенка и скриена камера.

На видеото се гледа како манекенката му се приближува и му започнува муабет, останатото кое следува нема зборови со кои може да се опише.

Но, едно е сигурно, нема ни на крај памет да ви текне со кого заврши нејзиното момче…

Секое дете би посакало ваков наставник: Наставник од Шведска пронашол начин учениците да го сакаат училиштето (Видео)

Наставник од Шведска секој ден на уникатен начин ги пречекува своите ученици.

Рикадрд Нордстром со своите ученици има уникатен поздрав, кој го практикува секој ден пред почетокот на часовите.

“За мене и за моите студенти е исклучително важно да имаме добар почеток на денот”, вели наставникот.

“Градоначалникот противзаконски исплаќал награди за конкурс кој не смеел да го објави??” (Видео)

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Ана Лашкоска на вчерашната седница на Собранието предвидена за пратенички прашања, упати три прашања до премиерот на државата, Зоран Заев.

Второто прашање беше за распишаниот конкурс од јавно претпријатие во Прилеп за идејно решение за изградба на нов театар во градот.

“Меѓутоа не за нов објект, туку конкурсот кој го распишува јавно локално претпријатие е за доградба, надградба, реконструкција на објект кој припаѓа на Министерството за култура, и сето тоа се прави без одобрение на министерот, без одобрение на министерството, без одобрение на владата. За ова беше објавен конкурсот на страната на Бирото за јавни набавки. За избор на проектот е формирана и жири комисија. Се поставува прашање кој ја формирал таа комисија, кој се тие луѓе во таа комисија и врз основа на кои критериуми се одбрани да се во таа комисија? Кој е тој, а не е министерот што распишува конкурс за објект во сопственост за Министерство за култура? Што презел министерот и како е можно ова да му се случува? Кадрите од СДСМ се поигруваат не само со нас со прилепчани, ами во конкретниот случај и со министерот за култура. Или можеби Владата одлучила национална установа да се префрли на некое јавно претпријатие? Не се застанува овде се продолжува и понатаму. На оние што го добиле конкурсот секоја чест, на прво и второ наградените дури се доделуваат и парични награди, меѓутоа овде има прекршување на куп закони. Ова е нешто, како за нашата дома семејна куќа, вие да си направите проект, па да правите реконструкција, надградба, а не сте сопственици. Овде јавно го повикувам јавното обвинителство и сите надлежни институции да отворат случај и да испитаат зошто и со која цел се прекршуваат законите во Република Македонија. Искрено се надевам дека за овој случај истрага ќе побара и министерот за култура и тој ќе биде иницијатор за постапката. Имајќи во предвид дека се работи за еден од најдобрите театри во државата, господине премиер ве замолувам да вложите напор да се издвојат пари за нов театар во Прилеп, затоа што и глумците и граѓаните го заслужуваат тоа”, истакна Лашкоска од собраниската говорница.

Охриѓани оригинални: Му подарија железни опинци на Заев, со надеж побрзо да го исполни ветувањето за 500 евра плата

Охриѓани, односно УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид му подариле железни опинци на премиерот Заев, кој денеска во Охрид одржа трибина.

„Лајм“: Заев и Гаши блиску до одлука за исклучување на ДУИ од Владата, консултации и со меѓународниот фактор?

Порталот на албански јазик „Лајм“ пишува дека најновите препукувања помеѓу СДСМ-ДУИ, изгледа дека се сериозни. Ова напнатата ситуација, не започна само од судирите во врска со Законот за албански јазик, и одлуката да се испрати во Венецијанската комисија, каде што ДУИ инсистираше да се испратат на оценување само одделни одредби, додека пак СДСМ целиот закон го испрати за ревизија.

Ова заладување на односите што се случува од неможноста за реформа на правосудниот систем од претходната влада на ВМРО-ДУИ, каде што ова се одрази и со одлука на Врховниот суд, предводен од Јово Вангеловски кој е избран од страна на ВМРО и ДУИ.

Пред еден ден овој Врховен суд го суспендира Специјалното јавно обвинителство за кривично гонење, по истекот на рокот утврден со закон.

Нереформирањето на ДУИ, исто така, му смета и на Движењето Беша на Африм Гаши. Од оваа партија сметаат дека ДУИ не рефлектира доволно и дека не се одделуваат од корумпираните структури и покрај тоа што пред извесно време вети такво нешто.

Поради ова Заев и Гаши почнаа консултации со меѓународната заедница, за да се најде најсоодветниот начин за отстранување на Ахмети од владата заедно со неговата партија.

Исто како Гаши и Заев, и меѓународните претставници се незадоволни од инсистирањето на ДУИ, по секоја цена да ги брани финкционерите од владата на Груевски, кои треба да одат во затвор.

По инсистирањето на меѓународниот фактор, Заев и Гаши одлучиле на ДУИ да му дадат последна шанса: рок од три недели за да се реформира, или ќе бидат исклучени од владата, пишува во текстот кој го облави Лајм.