
Ѓорчев: “Му се одмаздувате на Димовски оти не гласаше за уставните измени”

Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања денеска одлучува по барањето за одобрување притвор на пратеникот и поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, поднесено од скопскиот Кривичен суд, Одделение за организиран криминал и корупција.
За пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев ова е класична ситуација како многу пати во историјата, каде оној што се претставува како спасител станува насилник, мислејќи на пратеникот Павле Богоевски и дел од Шарената револуција.
Ѓорчев вели дека ова е одмазда кон Димовски зошто не гласал за промена на уставот.
Сите знаеме дека Љупчо Димовски имал понуди да гласа за уставните измени во замена да нема политички прогон, порача Ѓорчев потенцирајќи дека власта се одмаздува бидејќи Димовски ја почитувал волјата на граѓаните изразена на референдум, а дека притисоци трпеле и други пратеници.
ВИДЕО: “TВ 21”
Исклучително ретка фотографија: Како изгледал прилепскиот духовен бисер пред 117 години

На Фејсбук страната од манастирот “Пресвета Богородица – Трескавец”, oбјавена е фотографија како изгледало духовното светилиште на прилепчани пред 117 години во далечната 1902.
Манастирот за многу брзо време треба да ги добие возобновените конаци кои изгореа во пожар во 2013 година.
Реставрацијата започна во 2014 година, а манастирот во 2013 доби и асфалтиран пат, на задоволство на илјадниците верници кои годишно го посетуваат светилиштето.
Комплексот го сочинуваат црквата Успение на Пресвета Богородица, опожарените манастирски конаци, кои се во последна фаза од реставрација, трпезарија со магерницата, магерничкиот конак и влезната порта со кула – камбанарија.
Првиот христијански храм кај Трескавец датирал од VI век, а во XIV век манастирот бил на удар на разурнувачи. За неполни 100 години бил обновен и му била вратена автентичноста со нови религиски орнаменти, специфични за тој период. Но духовното светилиште Трескавец било погодено и од огнена стихија во 19 век и во 90 години на минатиот век, како и во 2013 година кога изгореа конаците.
Денешната црква е еднокорабна градба со тристрана апсида на источната страна. Страничните ѕидови се расчленети со по два пиластри кои преку лаци го прифаќаат централното кубе. На западната страна е наосот.
За убавините на Трескавец репортажа пред години направи и британската телевизија BBC, а на овој предел се снимаа и повеќето македонски играни филмови.
Според една легенда султанијата Кала-Мара, која била една од жените на турскиот султан Мурат II, застанала да се причести во манастирот на пат кон вилаетот во Мариово. Владиката не ги отворил портите и не дозволил причест за султанијата, оти живеела во брак со некрстениот султан. Кала – Мара се налутила и им наредила на 500 војници да го урнат манастрирот и да ги заколат сите монаси.
Според некои сознанија биле 300, а други извори велат дека 700 монаси завршиле по ножевите на збеснатиот аскер. Само владиката бил оставен жив за да раскажува за настанот. Некои историчари толкуваат дека султанијата од преданието била ќерка на српскиот деспот од бракот со неговата втора жена Ирена Кантакузина. Кала-Мара била родена во 1417 година и се омажила за султанот во 1435 година во Едрене.
Рускиот Патријарх кој одбил да слета во Белград: Наместо тоа, слетал во Охрид, клекнал и рекол “Дојдов во вториот словенски Ерусалим”

Кога своевремено Српската Православна Црква го поканила Рускиот Патријарх Алексеј Први, тој одбил да слета во Белград, слетал во Охрид
На 25 мај 1962 година прво што сторил по слетувањето на аеродромот во Охрид, Рускиот Патријарх Алексеј Први клекнал, ја бакнал земјата и рекол “Дојдов во вториот словенски Ерусалим!“
Потоа, на света архиерејска литургија во македонската црква “Света Богородица Каменско“ во Охрид, заедно чиноначалствувале тројцата поглавари: Рускиот Патријарх Алексеј Први, Српскиот Патријарх Герман и Македонскиот Архиепископ Доситеј.
Инаку во православната јавност во Русија, Охрид се доживува во вистинското светло. Како свето место, од каде што потекнува нивниот јазик, религија и култура.
Извор: “Инфомакс”
Тој е српскиот крал на кошарката: Никола Јокиќ го потопи моќниот Хјустон, публиката извикуваше “МВП, МВП…” (Видео)

Koшаркарите на Денвер Нагетс на свој терен го совладаа Хјустон во дербито на Западната конференција со 136:122, а српскиот центар Никола Јокиќ беше незапирлив на овој меч.
Навивачите својот претставник на Ал-стар натпреварувањето го поздравија со скандирање “MВП, МВП”. Со фантастична игра тој го оправда епитетот од публиката.

Само една асистенција му недостигаше на српскиот центар за да забележи нов трипл-дабл во сезоната. Беше импресивен на овој меч. Утакмицата ја заврши со 31 постигнат поетн (12/15 од игра, 1/2 за тројка, 6/6 слободни фрлања), 13 скокови, 9 асистенции, една украдена топка и 2 загубени.
Кај гостинската екипа најефикасен беше Џејмс Харден со 30 поени, додека Кленет Фарид уфрли 23.
James Harden kept his 30+ PTS streak alive with this last second 3, making it 25 games straight.
He’s now tied with Wilt Chamberlain for 3rd longest streak in NBA history. pic.twitter.com/OgYeaEKAxm
— Bleacher Report (@BleacherReport) February 2, 2019
Денвер после петтиот врзан триумф се изедначи со Голден Стејт на врвот на Западната конференција со учинок од 36 победи и 15 порази, додека Хјустон моментално се наоѓа на петтата позиција со скор 29/22.

Груевски денеска за прв пат откако е во Унгарија ќе се обрати преку македонски медиум

Екс премиерот Никола Груевски вечерва за прв пат ќе се појави во медиум по бегството во Унгарија. Како што јави најпопуларната малкедонска телевизија “Сител”, Груевски ќе биде дел од нивното информативно издание, односно вестите во 16 часот.
Телевизијата најави вклучување во живо од Будимпешта во првиот информативен појас.
Груевски неколку месеци е во Унгарија каде што и доби азил откако во Македонија беше осуден на 2 години затвор за случајот „Тенк”

Руски мелем од 3 состојки го намалува струкот за 3 недели

На интернет кружат голем број рецепти за чудесно слабеење, што не доведува да се запрашаме дали било кој од нив имаат врска со реалноста или се само празни зборови.
Еден од многу популарните домашни рецепти за слабеење е и оној на руската биликарка Ирина Стефановска, која го лансирала мелемот од три состојки кои може да ви отстранат наводно и до 10 сантиметри во обем за 21 ден.
Потребно ви е:
– 15 грама рен
– 3 лимони
– 3 лажици мед
Исецкајте го ренот и ставете го во блендер, па миксајте додека смесата не стане лесна. Лимонот добро измијте го, исечете го и исчистете го од кората, а потоа и него додадете го во блендер и измиксајте. На крајот додадете го и медот и повторно мешајте додека смесата не се соедини.
Мешавината може да ја чувате во тегла во фрижидер. Се препорачува да земате по една лажица два пати дневно пред оброк. Резултатите ќе бидат видливи веднаш после 3 недели.
Вистинска драма се одвивала во населбата “Три багреми” во Прилеп

На 29.01.2019 година во 23.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека пред продавница во населба Три Багреми, по претходна расправија помеѓу браќата Ф.А. и Ф.А.(34), од една страна и Џ.А.(24) од друга страна, Џ.А. со секира и нож ги нападнал браќата.
„Џ.А. отишол во домот на Ф.А. каде бил и Ф.А.(34) и со секирата ја скршил влезната врата, и прозорите. После тоа, тој со нож го нападнал Ф.А.(34) и му нанел повреди. Џ.А. и Ф.А.(34) биле пренесени во болницата во Прилеп каде им била укажана лекарскла помош.
По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесена соодветни пријави“, соопштуваат од СВР Битола.
![]()
Вака заведува Ивица Дачиќ! Министерот е познат по своите манири, но сега се надмина

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ е познат по своите џентлменски манири, а тоа уште еднаш го покажа во Букурешт на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ.
Имено, во текот на подготовките за групното фотографирање Високата претставничка на ЕУза надворешна политика и безбедност Федерика Могерини го повика Дачиќ да се фотографира со останатите министри што наиде на насмевки кај присутните.


Дачиќ потоа и пријде на Могерини и и ја бакна раката во знак на поздрав, што наиде на помалку љубоморни погледи кај околните министри.
Могерини, пак по овој гест не ја симнуваше насмевката од лицето. Потоа Дачиќ застана зад неа во редот и се фотографираше со останатите министри.


Извор: “Република”
Пред три години светот плачеше кога ја виде оваа фотографија – денеска момчето порасна и изгледа вака (Фото)

Пред три години малото момче од Нигерија сите ги натажи и ги расплака, а откако го спаси Ања Ловен од Данска, изгледа вака:

































