дома блог страница 3187

Денеска облачно и потопло, од утре дожд – eве какво време не очекува до среда

Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло, а по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Потоплото време ќе предизвика и нагло топење на снежната покривка.

Температурата ќе се движи од осум до 16 степени.

Од среда се очекува да бидеме под северно воздушно струење, ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе се засилува, а со тоа ќе предизвика расејување на маглата.

Во понеделник ќе има локални врнежи од дожд, но со слаб интензитет. Нешто повеќе врнежи се очекуваат во среда, кога поради благо заладување, на планините, а и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.

Минималните од среда ќе паднат и под нулата во утринските часови, а дневната ќе биде од два до 13 степени.

Директорката на УЈП вечерва со “сурија” инспектори во Прилеп?! Но, акцијата стопирана?!

Врчерва поголема група инспектпри на УЈП од повеќе градови, требало да прави акција во прилепските ноќни локали. За таа цел и директорката, специјално пристигнала од Скопје. Но, по се изгледа дека акцијата е стопирана, па одлучиле да одморат во една прилепска пицерија.

Исто така денес во Прилеп беа и Министерот за внатрешни работи и министерот за земјоделие. Но, за жал никој не ги посети вработенитe во “Еурокомпозит” кои мака мачат да преживеат.

Во присуство на директорката е и секретарот на СДСМ од Прилеп.

Оваа грешка ја прават сите корисници на Вибер – не се свесни за последиците

Вибер денес стана широко распространет, а го користат милијарда луѓе ширум светот. Иако поседува низа интересни функции, секако најважно е што е целосно бесплатен и само ви е потребна интернет конекција за да го користите.

Меѓутоа треба да се биде внимателен.

Дали знаевте дека пораките и фотографиите кои ги испраќате преку оваа социјална мрежа може многу лесно да бидат прислушкувани, украдени? На интернет постојат бесплатни програми кои се направени за да ви пшричинат штета.

Затоа, голема грешка е пишувањето на личните податоци и информации на Вибер. Ниту обичните телефонски разговори не се лишени од овој проблем, но се позаштитени и посигурни.

Вибер треба да се користи за размена на основни информации додека сериозните разговори треба да се водат на друг начин.

(Фото+Видео) Сите го паметат малото момче кое беше напуштено од семејството: Ќе се воодушевите кога ќе видите како изгледа денес

Пред три години Хоуп беше напуштен од семејството, а го пронајде хуманистката од Данска, Ања Рингрен Ловен и му го спаси животот.

Момчето го доби името Хоуп што значи надеж.

Ања е волонтерка која живее во Африка, а момчето го пронашла како скита по улиците. Малото момче се 8 месеци се хранело од остатоци на храна која му ја фрлале луѓето.

Ања го нахранила момчето и го однела во болница. Два дена откако на интернет побарала помош, од целиот свет собрала донација во вредност од 1.8 милиони евра.

Чудотворен камен во манастирот Света Никита во Скопска Црна Гора лекува и иcполнува желби

Застани на каменот во манастирот Свети Никита, сврти се трипати, поклони се и замисли желба, моштите на cветецот ќе ти ја исполнат.

Во потрага по начин да се реши она што ги мачи многу Македонци, па и странци, патот ги носи во малиот, стар манастир, посветен на великомаченикот Свети Никита, сместен на падините на планината Скопска Црна Гора, на надморска височина од 565 метри, помеѓу селата Горњане, Бањани и Чучер. Таму, меѓу старите ѕидови на црквата, почиваат моштите на великомаченикот, за кои се верува дека имаа огромна ноќ.

Според раскажувањата на човекот задолжен за одржување на манастирот, овој е еден од најстарите манастири на македонска територија. Се верува дека црквата датира од 11 век, но подоцна, како и повеќето цркви и манастири бил разурнат.

Царот Милутин го возобновува овој манастирот Свети Никита во 1284 година

Царот дошол во Скопје, поточно во овие села, народот многу му раскажувал за Свети Никита и неговите моќи да им помага на сите кои ќе му се обратат, па решил да за го обнови манастирот коj бил уништен. На сон, Бог му се јавил на цар Милутин и му кажал каде се моштите од Свети Никита и му рекол да ги заkопа во црквата, оти тие се уште се моќни и помагаат. Царот го сторил тоа, и ден денес, оној кој ќе застане на светиот камен, под кој почиваат моштите од великомачеHикот, ќе му се отстрани болkата, ќе му се најде решение за маkата.

Митот за Свети Никита

Народот многу раскажува за Свети Никита, бил голем човек, богат кнез, кој откако на сон му се јавил Господ, тој остава се, го раздава имот и почнува да го шири христијанството.

Оваа приказна ја раскажува клисарот во манастирот во Горњани.

Никита е роден како Гот во четврти век, бил кнез и војсководец, почитуван меѓу народот. Една ноќ на сон му се јавил Господ и му рекол ако ја прими христијанската вера и почне да ги проповеда зборовите од библијата, ќе му даде моќи какви што никој досега немал. Господ му рекол дека тој е избран иако тогаш не бил христијанин. Никита ќе ги послуша неговите зборови, ќе ја остави војската, а се што поседува им раздава на сиромашните, и пари и имот и богатство. Тогаш Господ му дарува две моќи, моќ да ги реши проблемите на народот и моќ да ја излечи болката. Така, тој почнува да шета меѓу народот и да им помага. Но, на владетелот не му се допаднало делото на Никита, кој ширел нова вера и му помагал на секој човек. Тој наредил да се фати Никита и да се мачи се додека не се откаже од новата вера. Но, Никита не се откажувал од христијанството, а владетелот се повеќе го мачел и на крај го фрлил во оган. Но, неговото тело било неповредено.

Неговите другари го однеле телото во Киликија, во Мала Азија, каде по четири месеци, Никита повторно се вратил меѓу живите и продолжил со својата мисија, да го исцелува и да му помага на секој кој ќе дојде кај него. Од Мала Азија, некако стигнал и до падините на Скопска Црна Гора во Македонија. И тука тој се прославил со своите моќи. Умира, но не се знаело каде се неговите мошти. Постоела само малата црква, но и таа била на работ на распаѓање.
Кога цар Милутин дошол на македонско тло и решил да обнови црквата, на сон Господ му рекол дека поради негово добро дело, верско дело, ќе го награди. Тогаш му кажал каде се моштите на Никита, му рекол да ги закопа под црквата и дека тие ќе им помагаат на верниците, исто како да е жив.
Цар Милутин го послушал и изградил манастир во чест на Свети Никита Великомаченикот.

Каменот кој помага, ритуал на поврзување
Моќта не е во каменот, моќта е во коските, а тој е само начин да се поврзе верникот со светецот и со Бога. Стоејќи на каменот, верникот полесно се поврзува во Бог и неговата мака, болка или желба полесно ќе биде чуена и решена, исцелена, исполнета, со помош на светите мошти, но и силната верба.
За да еден човек си ја каже маката, се прави еден мал ритуал. Прво човекот влегува во црквата и си пали свеќа. Тогаш клисарот го трга тепихот под кој стои каменот. Човекот застанува со лицето накај олтарот. Се прекрстува, прави круг и се поклонува свртен кон олтарот. И така три пати. Кога ќе заврши последниот круг ја кажува молитвата “оче наш“. На крај си ја кажува маката или желбата.

Исполнети желби
Клисарот раскажува дека ова е единственото место во светот каде може со специфичен ритуал да се поврзат верникот и Господ, каде со помош на моќта на моштите од великомаченикот, му се помага на секој кој има мака.
И наши, и странци, мајки, татковци, деца, илјадници луѓе застане на овој камен и се поклониле, сите со иста цел, моштите да им помогнат. Неодамна дошле четириесет монахињи од Сибир, кои биле восхитени од манастирот.

Една жена, дошла оти не можела да има деца. Стапнала на каменот, ја кажала молитвата и заминала. По една година и четири месеци пак се појавила со машко дете во рацете, закажала крштавка и синот го крстила Никита, по светецот кој и помогна да зачне и да роди.
Еден ерген од соседно село кој не можел невеста дома да донесе, откако се поклонил и ја кажал својата мака, по неколку месеци закажал и свадба, во истата црква.

Најчести посетители на манастирот се мајките со мали деца, кои не можат за збоpуваат, да одат, немиpно спијат и моkрат. Но, откако ќе го направат ритуалот, се враќаат задоволни, се поклонуваат пред иконата оти маkите им се решени, децата мирни.

Клисарот насмеано раскажува и за две девојки, кои пристигнале да побараат помош за да го завршат факултетот. По некое време се вратиле и му кажале дека по толку маkи, конечно дипломирале, но побарале повторно да застанат на светиот камен. Тој им рекол зарем ме лажете, зарем не завршивте, зошто пак сакате да се помолите. Тие му рекле факултетот го завршивме, сега ќе побараме да се омажиме за добри момчиња. Вели дека и пратеници доаѓале, да се помолат пред избори, но тој им велел каменот е за здравје, не е за политика.

Ова се малку од многу исполнети желби, а ако и вие имате некоја и верувате во моќта на големиот Никита чудотворец и великомаченик, тогаш тргнете накај падините на Скопска Црна Гора, каде меѓу старите селски камени куќи и недопрената природа стои манастирот Свети Никита, каде чудата се случуваат, болни о3дравуваат.

Мицкоски за Љупчо Димоски: “Љубац до крај заедно, во добро и во лошо…”

“Човек кој безпоштедно се троши за Македонија!

Човек со кичма и став, и поради сето тоа жртва на политички прогон.

Љубац до крај заедно, во добро и во лошо…”, нaпиша Мицкоски на Фејсбук откако Собраниската комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања со 5 гласови „за“ и 4 „против“ и ниту еден воздржан, изгласа Собранието да му го одземе имунитетот на пратеникот на Социјалистичката партија Љупчо Димовски.

Ново хит видео со пензионерот кој го насмеа регионот, еве што им порача на Србите (ВИДЕО)

Хрватскиот пензионер Таљат Тони Селмани кој го освои регионот со неговата изјава за грипот, беше вклучен во програмата на српската телевизија „Прва“ и упати порака до Србите.

Освен совети за здравјето, тој рече дека луѓето треба да се почитуваат без разлика на верата. За популарноста вели дека лесно ја поднесува затоа што бил манекен.

Пешевска до Павле Богоевски: “Во очи те гледам и прашувам: Има ли правда? Има ли мир?”

Жаклина Пешевска му порача на Павле дека е на добар пат да стане судија.

-Сакав да ве гледам во очи кога се соочувате со одземање на имунитет. Ова е толку нечовечко, неколегијални. Многу ниско, премногу ниско, рече Пешевска.

Таа говореше и за нејзиното приведување и одземање имунитет, а на другите пратеници им посака никогаш тоа да не им се случи.

“Дали знаете што значи да ве разбудат во 5 часот сабајле и да ве приведат пред вашите деца? Искрено и од срце ви посакувам да не се најдете во таква ситуација. Болно и ниско е ова што ни се случува!
Павле Богоевски во очи те гледам и прашувам: Има ли правда? Има ли мир?”, напиша Пешевска на својот Фејсбук профил.

“Продавам куќа, сметки за струја не идат и не се плаќаат?!”

Tвит на денот:

“Продавам куќа во Арачиново, енергетски ефикасна, со неверојатна изолација, сметки за струја не ни доаѓаат”.

Стојанче Стоилов победи на анкетата на ЕХФ за најкапитен во Лигата на шампиони

Како загревање пред официјалниот старт на вториот дел од сезоната во ракометната Лига на шампионите, ЕХФ направи анкета со која ракометна Европа го бираше најпопуларниот капитен, а првото место го освои вардаровиот капитен, Стојанче Стоилов, кој доби многу повеќе гласови од Виктор Томас, лидерот на Барселона.

Стоилов доби 64 проценти од гласовите, а Томас 36%.

Еве го “играчот со број 5”: