дома блог страница 3186

Вистински другари: Осумгодишни деца ги избричиле главите за да поддржат другарче со алопеција (Фото/Видео)

Осумгодишниот Лук Нелсон од Оклахома (САД) ретко излегува од дома без капа бидејќи му иcпаднала косата. Имено, на ова дете му била дијагностицирана алoпециjа, ненадејно губење на косата, што и тоа како влијаело на неговата самодоверба.

Меѓутоа, неговите пријатели од одделението одлучиле да му помогнат и во знак на поддршка си ги избpичиле главите за да тој не се чувствува оcамено.

„За осумгодишник губeњето на коса е многу те шко. Еднаш кога му иsпаднала, ставил капа и се кpиел зад неа“, раскажала неговата мајка Сузан Нелсон за магазинот People.
На детето косата почнала да му паѓа минатата есен, во помали прамени, а од Божик повеќе немал ниту едно влакно на главата.

„Кога тоа се случи прво неговиот помалечок брат си ја избpичи главата а потоа тоа го направи и мојот сопруг“, додала мајката.

Истото потоа го направиле и неговите другари од трето одделение. Тие 14. се одлучиле на овој чекор.

(Фото) Во Австралија симнато државното знаме на Македонија и заменето со сонцето од Кутлеш

Maкедонската заедница во Аделаид и Јужна Австралија денеска одржала вонреден митинг на кој македонското државно знаме било заменето со сонцето од Кутлеш.

“Денеска Македонската заедница од Аделаид и Јужна Австралија го замени наметнатото знаме на Република Македонија со македонското знаме кое ги претставува сите луѓе од окупираниот Македонски регион”, пишува на Фејсбук страната Maкедонска Коалиција.

Келнери се степале на работно место во пицерија во Прилеп

На 02.02.2019 година во 15.50 часот во Полициската станица Прилеп, В.Т.(20) од Прилеп пријавил дека истиот ден околу 14.00 часот, додека бил на работа како келнер во пицерија во Прилеп, физички бил нападнат од неговиот колега В.Н. и лицето А.Н..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

“Лидер”: Заев како руски олигарх во Маврово: Ја затвориле скијачката патека за да се вози премиерот (ВИДЕО)

Премиерот Зоран Заев ги револтирал посетителите на скијачкиот центар во Маврово.

Имено, се појавил заедно со триесетина негови сопартијци и пријатели и со АТВ-моторчиња се забавувале возејќи се по скијачката стаза – oбјави порталот “Лидер”.

-За да може да се забавува царот со својата свита, од скијачкиот центар ја затворија стазата, па ние кои бевме дојдени специјално за скијање, извисивме за Заев да си го задоволува кеифот. – раскажува за Лидер еден од посетителите.

Посетителите до порталот “Лидер” доставиле и видео придружено со фотографии:

“Обвинителката што гони НВО, молчи за Градоначалникот Јованоски и незаконските исплати и конкурси??”

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Ана Лашкоска на седницата на Собранието предвидена за пратенички прашања која се одржа во четвртокот, упати три прашања до премиерот на државата, Зоран Заев.

Второто прашање беше за распишаниот конкурс од јавно претпријатие во Прилеп за идејно решение за изградба на нов театар во градот.

“Меѓутоа не за нов објект, туку конкурсот кој го распишува јавно локално претпријатие е за доградба, надградба, реконструкција на објект кој припаѓа на Министерството за култура, и сето тоа се прави без одобрение на министерот, без одобрение на министерството, без одобрение на владата. За ова беше објавен конкурсот на страната на Бирото за јавни набавки. За избор на проектот е формирана и жири комисија.

Се поставува прашање кој ја формирал таа комисија, кој се тие луѓе во таа комисија и врз основа на кои критериуми се одбрани да се во таа комисија? Кој е тој, а не е министерот што распишува конкурс за објект во сопственост за Министерство за култура? Што презел министерот и како е можно ова да му се случува? Кадрите од СДСМ се поигруваат не само со нас со прилепчани, ами во конкретниот случај и со министерот за култура. Или можеби Владата одлучила национална установа да се префрли на некое јавно претпријатие?

Не се застанува овде се продолжува и понатаму. На оние што го добиле конкурсот секоја чест, на прво и второ наградените дури се доделуваат и парични награди, меѓутоа овде има прекршување на куп закони.

Ова е нешто, како за нашата дома семејна куќа, вие да си направите проект, па да правите реконструкција, надградба, а не сте сопственици. Овде јавно го повикувам јавното обвинителство и сите надлежни институции да отворат случај и да испитаат зошто и со која цел се прекршуваат законите во Република Македонија.

Искрено се надевам дека за овој случај истрага ќе побара и министерот за култура и тој ќе биде иницијатор за постапката. Имајќи во предвид дека се работи за еден од најдобрите театри во државата, господине премиер ве замолувам да вложите напор да се издвојат пари за нов театар во Прилеп, затоа што и глумците и граѓаните го заслужуваат тоа”, истакна Лашкоска од собраниската говорница.

Над 120 борачи од 18 клубови денеска се присутни во Прилеп (Фото)

Повеќе од 120 борачи од 18 клубови ширум државата денеска се присутни во Прилеп, a причина за тоа е изборното првенство за сениори и кадети.

Организатор на настанот е боречкиот клуб “7-ми Мај” од Прилеп.

Замислете ова да се случеше кај нас: Во еден ден во Шведска отпуштени од работа 4500 службеници

Во само еден ден во Шведска 4.500 вработени од шведскиот завод за вработување останаа без работа.

Се работи за буџетски заштеди и сеопфатни реформи на пазарот на трудот. Со ова престануваат со работа десетици канцеларии низ земјата.

Најмногу откази ќе има во провинциските центри, а најмалку во големите градови.

Социјалдемократскиот премиер Стефан Лофвен за отказите ги обвини политичките противници од десницата.

Државниот буџет за 2019 година, усвоен во парламентот во средината на декември, предвиде околу 630 милиони круни помалку плата за вработените и 2,5 милијарди помалку за програмите за вработување.

Заводот за вработување во 240 канцеларии низ Шведска вработува околу 13.500 луѓе, што значи дека без работа ќе остане третина од сегашната работна сила.

Сите досегашни вработени ќе останат на своето работно место до април, односно до завршувањето на преговорите помеѓу синдикатот и директорот на заводот за вработување, за да се договорат околу условите за отпуштање.

Невработеноста во Шведска сега е околу 6 отсто.

Извор: “Лидер”

Ова е новата “Лaда Веста Спорт”: Новиот руски производ изгледа совршено (Фото/Видео)

На последниот ден од јануари почна продажбата на најатрактивниот модел на линијата Lada Vesta под називот Lada Vesta Sport. Минималната цена на овој автомобил е милион и 9 илјади рубљи (околу 13,4 илјади евра).

„Во состав на опремата влегуваат систем за стабилизација, клима уред, темпомат, мултифункционален волан, греење на предните седишта, сензори за дожд и светлина, аудио-систем”, се наведува на официјалниот сајт на „Лада“.

За комплет со задни камери, мултимедијален систем, навигациски систем и греење на ветробраните купувачите ќе мораат да издвојат 1 милион и 46 илјади рубли (околу 14 илјади евра).

Се наведува дека под хаубата на „спортската“ Vesta е вграден 1,8-литарски мотор со моќност од 145 коњски сили. Во комплетот исто така се испорачува и мануелен менувач.

„Кај автомобилот Lada Vesta Sport вкупно се употребени преку 200 нови делови и споеви“, се наведува во соопштението.

Карлеуша ќе заработи милион евра од скандалот

Српските медиуми пишуваат дека српската турбофолк пејачка Јелена Карлеуша по порно скандалот ја зголемила цената за настапите. Така вчеравечер во клуб во Виена настапила за 20 000 евра, а претходно добивала по 12 000.

Таа ќе настапи и во Амстердам викендов, така што за само два дена ќе заработи 40 000 евра, зашто сите сакаат да ја видат.

Според медиумите, до крајот на годината би можела да заработи и до милион и пол евра.

Таа објави и нов албум, кој на музичките платформи има милионски преглед за само неколку дена. Карлеуша профитираше и на Инстаграм, каде сега ја следат два милиона фанови.

Фотографија која навира емоции и носталгија: Голем број заљубени парови тука ја имале првата средба

Пајажината и прашината не ја избледнеле фотографијата, чувана љубоморно во куферите на таван.

Таа навира спомени од младоста. Буди емоции за местото на првите средби со саканата, на смената на опули и насмевки, на намигнувањата при прошетката околу триаголникот. Денес тука блешти и “врие”.

Дел од околните дуќанчиња од старата чаршија не се спасија од налетот на урбанизацијата. При отворањето на улицата “Борка Талески” за сообраќај не само на арабаџиски коли, туку и за автомобили, настрада и исчезна дел од архитектурата и занаетите.

Никогаш повеќе не никнаа нови, нуту се слушна чеканот на казанџиите. Ниту занаетчиите се преселија во другиот дел од чаршијата. Се збриша “животна” секвенца, покрај споменикот на среде, паркчето и оградата со синџир.

Покрај тагата на наследниците на дуќанџиите, останаа неизбршливи траги во меморијата за младоста, мината крај социјалистичкиот паметник.

“Цивилизацијата ги однесе во отпад и циглите и керамидите на Хотелот Јадран, каде првин младите, а после само боемите, создаваа мајтапи и курназлаци низ свирките на тајфите на Шиндевци и Фицировци.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”