дома блог страница 3185

(ВИДЕО) Од тракторот фрлија се што можат – еве како се загадува Вардар

Неодговорни жители на селото Стримница, тетовско, фрлаат ѓубре од трактор во реката Вардар.

– Село Стримница река Вардар. Неодговорни луѓе фрлаат сѐ што можат од тракторот во реката. Ова е трагично, итно е потребна жестока реакција од полицијата. Заплена на тракторот и големи финансиски парични казни. Без строги санкции, нема да имаме чиста околина. – реагираат на Фејсбук од граѓанското здружение Еко герила од Тетово.

Беше најбогат човек на Балканот: Денес вели дека живее тешко и дека му помагаат пријателите

Ивица Тодориќ, некогашниот сопственик на Агрокор и најбогат човек на Балканот , живее од помош на пријателите и познаниците.

Тој смета дека политиката ја уништила неговата компанија Агрокор, а не економијата. Тодориќ вели дека по бегството во Лондон, и враќањето во Хрватска живее тешко.

„Не ми е лесно, зависен сум од помошта на пријателите“, вели тој.

Додава дека пријателите му помогнале да собере пари за кауција.

Зборува дека има трошоци со кои не е лесно да се живее.

Живее на имот од 55.000 метри квадратни, но објаснува дека го дели со уште четири семејства.

„Ова е мој единствен недвижен имот. Мојот дел чини 6 милиони евра“, додава Тодориќ.

Вели дека е свесен дека тоа не е малку, но нагласува дека бил најбогат на подрачје каде живеат 200 милиони луѓе.

Еликсир на младоста: Запрете го стареењето и подмладете го целиот организам

Постојат различни методи на подмладувања, а за кои не се неопходни скапи хирурки зафати. Подмладувањето на лицето, телото и целиот организам не може да се состои само од козметички процедури. Неопходно е да се комбинираат различни методи на подмладувања кои даваат вчудоневидувачки резултати.

Сигурно сте забележале дека постојат жени кои изгледаат 10,15 години помлади, а не биле подложени на скапи естетски зафати.

Една од таквите младолики убавици ја открила тајната на својот еликсир на младоста. Таа тврди дека по неговото користење, видот и е подобрен од -3 на -1, кожата и станала помазна и еластична на целото тело, а косата погуста. И најневеројатно – косата која започнала да и белее, престанала.

Рецепт за подмладување на организмот:

-100 милилитри ленено масло

-2 лимони

-1 голема главица лук

-0,5 килограми мед

Исистениот лук, 1 неизлупен лимон и 1 лимон без кора сомелете ги во машина за мелење или иситнете ги во блендер.

Сомелената смеса помешајте ја со медот, додадете го маслото и се измешајте.

Смесата се чува во фрижидер во затворена стаклена тегла.

Конзумирајте три пати на ден по една супена лажица половина час пред оброк.

Како оваа смеса го подлмадува организмот?

Ленот содржи омега-6, омега-9 и палмитинска масна киселина, а повеќе од половина од мастите се сочинети од омега-3, што лененото масло го чини најбогато со растителни извори на омега – 3 масни киселини (двојно повеќе од рибиното масло).

Лененото масло исто така е најбогат растителен извор на важни оксиданси, што во комбинација со лимонот го чисти црниот дроб. Чистиот црн дроб е нашиот главен генератор на младоста.

Витамин Ц од лимонот е совршен антиоксиданс, го зајакнува имунитетот и крвните садови. Лукот ги чисти крвните садови, а медот ги храни истите – микроелементи кои го обновуваат и подмладуваат целиот организам.

Овој еликсир на младоста преку редовна нега на кожата на лицето дава неверојатни резултати.

Руската машина на Путин издржа и на -40 степен: Не случајно е избрана за претседателски автомобил (Видео)

Екстремни тестови на новиот руски автомобил Аурус биле извршени во Јамало-Ненецкиот округ на Русија, каде температурите во моментот на спроведувањето на проверките изнесувале под -40 степени Целзиусови.

Информацијата ја објави телевизијата „Росија 24“ во која се вели дека температурата била -41 степени, а чувството било како за -50. Тестирани биле неколку автомобили, а еден од нив бил со невообичаена бела боја. Регистарските таблички, пак, на два од автомибилите, меѓутоа, се совпаѓале со тие на првите луѓе на Русија-Путин и Медведев.

По ненадејното појавување на автомобилите во тој дел на Русија, претставници на руската влада потврдија дека тие биле таму заради екстремни тестови, додавајќи дека автомобилите одлично се справиле со максимално ниските температури.

Извор: “Прессинг ТВ”

Како ќе ви започне неделата? Дневен хороскоп за 4 февруари

Дневен хороскоп за понеделник, 4 февруари:

ОВЕН
Транзитот на месечината преку знакот Бик во опозиција со Марс во вашиот знак за Вас значи можност да се вратите некаде на голема врата. Ако сте млади донесете одлука која ќе биде од големо значење за Вашата кариера. Ќе мора да се одлучите помеѓу две подеднакво добри опции.

БИК
Финансиската ситуација може да ве изнервира затоа што не сте сигурни дали ќе се реализираат соработките со странците. Сепак, Месецот во Бик во опозиција со Марс во Стрелец бараат претпазливост кога станува збор за соработка со оган и воздушни знаци.

БЛИЗНАЦИ
Чекате некои настани кои би можеле да ви дадат нови можности кога станува збор за справување со странци. Вие умеете да соработувате со еден Овен или Вага која отсекогаш била кон вас добронамерна.

РАК
Се обидувате да бидете љубезна и корисна, но всушност сакате што побрзо да знаете на што сте. Деловниот партнер нема намерно да ве измами, но таа можеби нема да може да го одржи ветувањето, иако сакаше. Добро се сложувате со Девица. Јупитер ве поддржува од Скорпија.

ЛАВ
Вашиот знак спаѓа во оние кој можат да очекуваат најголема позитивна промена во врска со соработката со странци. Можете да се надевате на успех, особено ако сте по природа голем ентузијаст и ако имате подршка од една Вага или некој Стрелец, можно и Водолија.

ДЕВИЦА
Месечината во вашиот знак во опозиција со Марс ве прави спремни да влезете во работа која би можела да биде многу профитабилна. Немојте премногу да се доверувате на Водолија или Вага ако не сте направиле договор во врска со полетокот на новата работа.

ВАГА
Ова е еден од подобрите денови, поради транзитот на Марс кој може да донесе нови можности во работата со јавност. Немојте да носите одлуки во афект, под влијание на еден Лав, Бик, Вага или Рак. Трудете се да оставите впечаток на кооперативна личност.

ШКОРПИЈА
Денес сте претприемачки настроени и се обидувате на сите да им дадете дознаење дека знаете што сакате и не дозволувате на никој да ви се меша во вашите одлуки. Имате можност да се сретнете со личност на која мислите и од која очекувате помош. Ќе добиете вести од Водолија или Лав

СТРЕЛЕЦ
Влезот на Марс во знакот на Стрелец и во опозиција со Месечината, ви носи можности за наоѓање на решенија за работа која може да ви донесе добри приходи. Не се нервирајте премногу ако не ви се јави некој.

ЈАРЕЦ
Денес станувате подготвени на некој да му направите услуга, а поможбата на Сонцето и Венера во знакот на Водолија ви дава впечаток дека некој се обидува да избегне извршување на обврските кои ги има кон вас. Ќе добиете вести од личност која живее во странство.

ВОДОЛИЈА
Вие верувате во можноста за обнова на деловните односи со некој кој е многу драг за вас и со кого лесно можете да се согласите за многу прашања, вклучувајќи и некој независен проект. Чувствувате потреба да ги земете работите во свои раце кога е во прашање соработка со некој Рак.

РИБИ
Транзитот на Марс, планета која има големо влијание врз вашиот натпреварувачки дух преку Стрелец ве прави малку нервозни, бидејќи влегува во вашето второ поле на работа, укажува на потребата да се направи прецизен план и стратегија кога станува збор за некои приватни бизниси.

(Видео) Научниците со нова информација за библиското чудо: Еве каде Мојсеј го разделил Црвеното море

Научниците на “Томас” фондацијата од Велика Британија успеаа да го пронајдат местото каде пророкот Мојсеј го разделил Црвеното море, настан кој е опишан во Стариот завет.

Египетскиот фараон му дозволил на Евреите да го напуштат Египет каде биле робови.

Меѓутоа, фараонот набрзо ја променил одлуката и тргнал со војска, знаејќи дека ќе ги начека пред Црвеното море.

По молитвата Бог му помогнал на пророкот Мојсеј да го раздели морето и луѓето преминале на другата страна. Кога војската тргнала кон нив, морето се затворило.

“Нека дојдат и да возат по вакви улици, а не само кога има избори” (Видео)

“Со овие снимки ја поздравувам општина Долнени да дојдат да прошетаат со нивните автомобили, а не да доаѓаат само кога ќе има избори”, вели жител на населеното место Десово во општина Долнени.

Според видеото беше испратено до нашата редакција, улиците во ова населено место кое е едно од поголемите во општината, се наоѓаат во катастрофална состојба, а жителите секојдневно се соочуваат со овој горлив проблем.

Градоначалник на оваа општина е кадар на ДУИ.

Испраќајте видеа и фотографии од вашите населени места и вашите улици, а ние ќе ги објавиме со надеж и желба надлежните да ги видат проблемите, а граѓаните да добијат пристојни услови за живот и да ги зачуваат своите автомобили.

Амди Бајрам кандидат за претседател

Аднан Мемеди кој е дел од Централниот одбор на Сојузот на ромите денес на својот Фејсбук профил објави дека за претседател на Македонија ќе го кандидираат Амди Бајрам, објави Скопје1.

„На денешната седница на централниот одбор на Сојузот на ромите за единствен кандидат за претседател на Македонија да го кандидира претседателот на партијата и актуелен пратеник во Македонското собрание г-дин Амди Бајрам“, стои во објавата на Фејсбук.

Нова цена на горивата: Регулаторна пред нова одлука

Пред речиси две недели Регулаторна комисија за енергетика ја соопшти својата одлука во врска со цените на горивата, кои тогаш поскапеа за два денари. Утре напладне Регулаторна ќе ги каже новите цени кои ќе важат од вторник.

Со последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемија во просек за 7,41%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемија за 2,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 08.01.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 3,50 ден/лит, односно за 4,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 08.01.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 58,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 47,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 3,573 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 08.01.2019 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 29,522 ден/кг.

Останува да видиме дали и утре ќе имаме поскапување.

Нов хит на интернет: Дедо Тони од Хрватска стана манекен- на модната писта ги покажа резултатите од вежбањето (ФОТО)

Со неговата изјава за само 15 минути стана хит во целиот регион, а и по неколку денови медиумите никако да престанат да зборуваат за него.

Дедо Тони Селмани од Хрватска стана и манекен на модна писта.

Имено тој се појави на една ревија во Загреб по повод еден хуманитарен настан.

На ревијата тој на свој 82 години го покажа резултатот од вежбањето и здравиот начин на живот, погледнете.

ФОТО: Роберт Аниќ/Pixsell