дома блог страница 3184

Тамара Toдевска: Не е важно дали ќе настапиме на Евровизија како ФИРОМ или Северна, важно е да зборува за нас (Видео)

Дали ќе бидеме ФИРОМ или Северна Македонија воопшто не е важно, ние ќе бидеме Македонци таму и не е важно кое име ќе го носиме, рече Тамара Тодевска во интервју за босанската телевизија Н1, одговарајќи на прашањето на водителот дали таа ќе биде првата претставничка на Северна Македонија на Евровизија.

Мене ми е важно да бидеме забележани и да се зборува за нас, рече Тодевска.

Македонија во Тел Авив ќе настапи на 16 мај, во второто полуфинале на „Евровизија“. Како што вели Тамара, постојано добива песни, а во тек се подготовките со повеќе автори за песните кои ќе бидат во конкуренција за претставничката композиција.

Краен рок за предавање на нумерата со која ќе настапи Тамара Тодевска е 11 мај, но од МРТ најавуваат дека песната и спотот ќе бидат готови и промовирани во втората половина на февруари.

Видеото погледнете го ТУКА

Бравата разнесена, вратата откорната од ѕидот? Вака од МВР влегле кај пратеникот Љупчо Димовски? (Видео)

На ФБ-страната на Миленко Неделковски е објавено видео од состојбата на влезната врата од живеалиштето на Љупчо Димовски, актуелен пратеник во Собрание?!

“Полицијата и Алфите на овој начин влегле во домот на пратеникот Љупчо Димовски!?”, напиша Миленко на Фејсбук.

Весникот “Њујорк Тајмс” на 26 мај 1903 година објавил статија за тоа кој го предал Гоце Делчев

Натпис во весникот “Њујорк Тајмс” од 26 мај 1903 година открива кој го предал Гоце Делчев, срцето на револуционерна Македонија.

СМРТТА НА МАКЕДОНСКИОТ ВОЈВОДА

Грчки шпион го предал Делчев на Турците

Лондон 26 мај, 1903 година – Детален извештај за смртта на Делчев познатиот македонски војвода, од дописникот на “Тајмс” од Софија. Извештаите покажуваат дека Делчев бил придружуван од четата и војводата Кирчовски, заедно со поетот Таворов кога влегле во селото Баница во близина на Серез, а за неговото присуство во селото Турците разбрале од грчки шпион.

Голема војска го опколила селото и сите припадници на револуционерната чета биле убиени по долг отпор. Жителите на селото, кое Турците го запалиле, исто така биле убиени.

Делчев имаше 32 години. Тој беше учител, и тој беше основач на Македонската организација којашто има разграноци низ целата држава.

Дописникот на “Тајмс” од Виена вели дека продолжуваат потрагата и апсењата во вилаетот Адријанопле. Приведени се голем број свештеници и даскали. Во шест села било најдено оружје. Машката популација е во бегство, а земјоделските работи се во прекин.

Филмски грабеж на банка попладнево во Скопје- вработените исполегнале на под, а разбојниците избегале со пленот

Разбојништво попладнево се случило во експозитурата на „Халк банка“ на Качанички пат кон Визбегово. Пет маскирани вооружени разбојници ограбиле експозитура на Јадранска магистрала – објави порталот “Курир”.

Како што неофицијално дознава КУРИР, вооружени лица влегле во банката и им се заканиле на вработените.

Вперувајќи кон нив „калашникови“, ги принудиле да легнат на подот, а потоа одзеле непозната сума на пари.

По грабежот кој наликувал на сцена од филм, разбојниците избегале од местото со автомобилот со кој биле и дојдени пред да го извршат грабежот.

Разбојништото е пријавено во полиција.

Репертоар на народниот театар “Војдан Чернодрински” – Прилеп

Репертоар на театарот „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

Во петок, 08.02.2019, со почеток од 19:30 часот, ќе се игра претставата “Пиреј” во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

Влезници на билетарницата од театарот среда, четврток и петок од 10 до 13 часот и два часа пред почетокот на претставата.

Резервации на телефонскиот број: 076 442 378

“Комити” спречени да положат цвеќе на гробот од Гоце Делчев во црквата Св. Спас?!

Навивачката група “Комити” денеска кога се одбележуваат 147 години од раѓањето на македонскиот великан и визионер на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев, биле спречени да положат цвеќе на неговото вечно почивалиште во црквата Св. Спас во Скопје.

Нивната реакција на социјалните мрежи ја пренесуваме во целост:

“Денес бевме во црквата Свети Спас да положиме цвеќе и да се поклониме на гробот на нашиот великан Гоце Делчев.

За разлика од сите изминати години денес бевме спречени пред влезот на црквата од бројно полициско обезбедување, со објаснување дека тука ќе престојуваат странски делегации и висока Бугарска делегација, ние треба да почекаме “за да немало инциденти”.

Ние не сме пропушиле ниту една година да изразиме почит на истото место во исто време како на овој ден така и на 4 Мај, и досега никогаш не се случил ниту еден проблем ниту опструкција.

Доаѓале и предходно странски делегации, амбасадори, политичари како и почитувачи на ликот и делото на Гоце Делчев, и секогаш со респект и воодушевување сме гледале кон сите нив бидејќи изразуваат почит кон револуционер, идеен деец и великан кој животот го дал за својата земја Македонија!

Прашуваме отворено зошто некој би имал индиции или сомневање дека оваа година би било поинаку, и зошто би имало инцидент со Бугарски политичари или делегација кои се поклонуваат на гробот на херој кој го посветил и на крајот положил животот за Македонија во нејзините природни историски и етнички граници?

Воедно бидејќи од сега па натаму ние граѓаните од втор ред треба да најавуваме специјално доколку сакаме да го посетиме гробот на нашиот Војвода Гоце Делчев, уште од сега уредно најавуваме делегација од 500 Комити за 4 Мај.

За крај, со цел да нема “инциденти” денес граѓаните од втор ред, беа приморани да си одберат 5 луѓе први да го положат цвеќето, и за 3 минути да ја напуштат црквата…
Слава ти хероју Македонски !!!”
, напишаа од навивачката група “Комити” на Фејсбук.

“Еве кои се членови на Управен и Надзорен одбор на прилепското ЈП за гасификација?”

Иако гасот во прилеп би дошол за 6 до 7 години како што кажа Градоначалнинот во август минатата година, Советот на општината одлучи да направи Јавно претпријатие за енергетски дејности и да избере директор, како и управен и надзорен орган.

И покрај негодувањата на прилепчани и соверниците од опозицијата, сепак изгледа побитно беше за некого да “дојде живот” иако гасификацијата ќе почека?

За платите и надоместоците на вработените и органите на управување најдобро е да се информирате директно во локлната самоуправа Прилеп.

Eве кој е дел од управниот и надзорниот орган на ова ново Јавно претпријатие во Прилеп:

За членови на Управниот одбор избрани се:

За членови на Надзорниот одбор избрани се:

Браќата Стоилови жестоко на трибините ја бодреа македонската футсал репрезентација против Албанија (Фото)

Македонската спортска и ракометна легенда Стојанче Стоилов, заедно со неговиот помлад брат Стефан, вчера од трибините жестоко ги бодреа момците од Македонската футусал репрезентација која запиша нова победа, овој пат против Албанија со 3:2.

Футсал репрезентацијата на Македонија како првопласирана патува во квалификациите за Светското првенство, затоа што во дуелот со Албанија славеше со 3-2 (1-2) и дојде до третата победа во третиот меч од претквалификациската рунда за пласман на Мундијалот.

Извор: “Инфомакс”

147 години од раѓањето на визионерот и идеолог на македонската револуционерна борба

Идеологот на македонската револуционерна борба е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола.

Визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен од турска војска, на 4 мај 1903 година во селото Баница во екот на подготовките за Илинденското востание. Тој бил против прераното започнување на востанието и заедно со својата чета ја обиколувал Македонија за да ја согледа состојбата.

Ефтов: Расте рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата води пред СДСМ и на целокупната популација, а не само кај Македонците

Новинарот Васко Ефтов, во својата најнова емисија „Во Центар“ ги обелодени резултатите од последните анкети, направени во јануари годинава.

На тие анкети, вели Ефтов, се покажува водство на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ.

-На пример, кога се мери излезноста на сите гласачи и кога се мери заедно на Македонци, Албанци, Роми и Турци тогаш ВМРО-ДПМНЕ има 18,2%, СДСМ има 17,5%. Тоа значи некаде 0,7-0,8 отсто предност и водство на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ има најнизок резултат во ноември минатата година, тоа е ситуацијата во која 8 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ гласаа за уставните измени или се одметнуваат од партијата. Најнискиот резултат на СДСМ е во август месец минатата година и изнесува 12,9 %, но тоа се должи можеби и на годишните одмори, истакна Ефтов.

Ако се земат предвид само гласовите на Македонците, според овие анкети, ВМРО-ДПМНЕ ужива убедливо најголема поддршка.

-Кога би се мерел рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ само кај Македонците или кај вкупниот број на Македонци, тогаш разликата е огромна во корист на ВМРО-ДПМНЕ. 28% од вкупниот број на Македонци би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а 18% би гласале за СДСМ. Тоа е разлика од 10%. Но, ако се мерат само луѓето кои ќе излезат да гласаат на предвремени парламентарни избори или на претседателски избори, тогаш разликата се зголемува во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш, вкупниот број на гласачи, без разлика на етничката припадност кои би гласале за ВМРО-ДПМНЕ е 34,9%, а вкупниот број на гласачи кои би гласале за СДСМ е 33,7% или разлика од некаде 1,2%. Ако се мери довербата само кај Македонците, тогаш за ВМРО-ДПМНЕ би гласале големи 55%, а за СДСМ 35%, рече новинарот.