дома блог страница 3183

“Градоначалникот не положи цвеќе пред бистата од Гоце Делчев?”

147-годишнината од раѓањето на великанот на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев, вчера се одбележа и во Прилеп.

По тој повод делегации положија цвеќе пред бистата навизионерот на македонската револуционерна борба во училиштето кое го носи неговото име.

Во делегацијата на општина Прилеп, поради непознати причини го немаше градоначалникот Илија Јованоски, а цвеќе положија советници во Советот од СДСМ.

ФОТО: www.prilep.gov.mk

Денеска температури до 15 степени, утре нова промена

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен источен ветер.

Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Времето во среда ќе биде претежно облачно со врнежи кои ќе започнат од југ и таму ќе се и поинтензивни, а потоа ќе се прошират кон север со послаб интензитет.

Врнежите ќе започнат како дожд, а до крајот на денот ќе преминуваат во снег понекаде на повисоките места, особено на југозападот. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Во четврток времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северозападен ветер.

Ако сушите облека во домот, тогаш ова мора да го знаете

Многумина во текот на зимата облеката ја сушат во домот. Но, сушењето на облеката во затворен простор ја зголемува количината на влага во воздухот за 30 проценти.

Со тоа се создаваат идеални услови за развој на габи, особено на габата „Aspergillus fumigatus“, која многу лесно се вдишува и на тој начин се внесува во организмот.

Оваа габа обично не е опасна за здравите луѓе, но кај оние со слаб имунитет може да предизвика воспаление на белите дробови.

Освен тоа, за здравјето на сите нас не е добро да се вдишува влагата во која се наоѓаат хемикалии од детергенти и омекнувачи, кои во мали количини и по перењето остануваат на облеката.

Најдобриот и најздрав начин за сушење на облеката е надвор на отворено, особено во пролетните и летните месеци, бидејќи меѓу останатото, ултравиолетовите зраци ги убиваат микробите и бактериите.

Сушењето на облеката надвор се препорачува и во зима и покрај ниските температури, а добро решение е и машината за сушење алишта.

Црна Гора ги заклучи српските ријалити шоуа: За да ги заштитат малолетниците од штетни содржини ќе биде ограничено емитувањето

За да ги заштитат малолетниците од штетни содржини на телевизија, во Црна Гора ќе биде ограничено емитувањето на програмите со реални шоуа од Србија.

Оваа одлука беше донесена од Агенцијата за електронски медиуми на Црна Гора (АЕМ), на иницијатива на организацијата „Медија центар“.

Директорот на организацијата, Горан Ѓуровиќ рече дека во центарот се задоволни со одлуката.

-Со години телевизиите од Република Србија преку кабловските оператори во текот на целиот ден емитуваат програми со реални шоуа во кои често се промовира насилство и говор на омраза – нагласува Ѓуровиќ.

Тој додава дека е АЕМ не би донел одлука да ја прифати иницијативата на „Медија центар“ ако за тоа не добиеше јасна политичка наредба од власта.

Министерот за култура на Црна Гора, Александар Богдановиќ, минатиот месец ја повика оваа агенција која е одговорна за регулирање на работата на електронските медиуми, да преземе мерки поради повеќемесечната негативна кампања, која некои српски телевизии ја спроведуваат против Црна Гора.

Од АЕМ пак, оваа одлука ја објаснија како последица од потребата за унапредување на заштитата на малолетниците од содржината што може да наштети на нивниот физички, ментален и морален развој.

Извор: “Инфомакс”

Застрашувачка глетка во Америка: Замрзнати алигатори поради енормно ниските температури

Енормно ниски температури и мраз ја заковаа Америка, а особено се загрозени јужните области кои никогаш не биле погодени од вакви временски услови.

Дивиот свет ја плати цената, па глетката во Северна Каролина е застрашувачка. Имено, може да се забележат алигатори кои се замрзнати во водата.

Од полноќ поскап бензин и дизел

РКЕ одлучи по две недели да ги зголеми цените на горивата.

Се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,41%, односно за 2,60% во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија од 21.01.2019 година.

Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, рафинериските цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 3,41%. Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,60%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 21.01.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 21.01.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 48,50 ден/лит.

Малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 21.01.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,00 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,599 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 21.01.2019 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 31,121 ден/кг.

“500 евра никнуваат од дупките на улиците во Прилеп?” (Фото галерија)

Катастрофалната состојба на повеќе улици во Прилеп била инспирација за младите од ВМРО-ДПМНЕ да ги украсат со зимзелени растенија, накитени со банкноти од 500 евра.

Одбрана во “Кунг-фу” стил: Вакво нешто не е видено на ракометните терени (Видео)

Голманката на црногорската екипа во КУНГ ФУ стил успеала да одбрани една топка, која изгледала како зицер кој нема промашување.

Нејзиното име е Дарли Зокби де Паула, а нејзината одбрана стана хит кој нема да се заботави.

Погледнете:

(Фото+Видео): “Експлодира огромна цевка во центарот на Прилеп, поплава на булеварот, а дел од градот нема вода?”

Цевка експлодира на булеварот “Гоце Делчев” во центарот на Прилеп вечерва. Засега причината не е позната, а на улицата изби голема количина на земја и камчиња.

На лице место има и екипа на полицијата.

Aвстралија се соочува со рекордни поплави: Крокодили и змии се шетаат по улиците (Фото/Видео)

Рекордни врнежи од дожд предизвикаа опасни поплави во австралискиот град Таунсвил во Квинсленд. Водата достигнала длабочина од 1,16 метри, па неопходно било со помош да се вклучи војската.

Австралиската армија поставила 70.000 вреќи со песок и им помагала на жителите да се спасат од големите поплави.

Водата донесе и други опасности, па така голем број крокодили и опасни змии биле забележани како се движат по улиците и куќите.

Според властите, околу 20.000 домови се ставени во опасност од поплавите.