дома блог страница 3182

Најглупавиот измамник што сте го виделе досега: Се обидуваше да лажира повреда за да земе пари од осигурувањето, а сега сите му се смеат (Видео)

57-годишниот Александер Голдински од Њу Џерси одлучил да исценира пад во кантината за да добие пари од осигурувањето.

Тој истурил коцки мраз на подот, проверил дали има некој во близина и потоа полека легнал на земјата, чекајќи некој да го најде.

Голдински е уапсен поради “лажен пад”, а како што наведуваат од полицијата, инцидентот се случил помеѓу септември и ноември минатата година.

-Ваквите лажни обвиненија им нанесуваат штета на сите и ќе го гониме секој кој сака на илегален начин да манипулира со системот, изјавил тужителот Ендру Кери.

Погледнете го видеото кое го насмеа светот:

(Видео) Овој италијански град ќе ви плати 9.000 евра доколку се доселите таму, но постојат два услови !

На ист начин како и сицилијанскиот град Самбук ди Сицилија кој продава куќи за 1 евро, друг италијански град нуди 9.000 евра само да се преселите во него.

Пред да ги спакувате куферите и да тргнете за Локана, постојат неколку услови.

Секој што сака да живее во овој град мора да има дете и плата од минимум 6.000 евра.

Градоначалникот на алпското градче Локана, Џовани Матиет, ја спроведе оваа кампања поради намалувањето на популацијата од 7.000 жители во раните 90-ти, до 1.500 жители денес.

Понудата за живот во напуштените куќи важеше само за италијански државјани, а денес оваа понуда важи за сите останати. Градоначалникот се надева дека ќе привлече млади луѓе кои ќе се доселат.

ГО УКИНАА ЕКСТЕРНОТО, СЕГА ВОВЕДУВААТ НОВО ТЕСТИРАЊЕ: Од април учениците од основните училишта ќе полагаат меѓународно тестирање под името ТИМС!

По експресното укинување на екстерното тестирање од страна на владата на СДСМ, учениците од основните училишта во април годинава ќе полагаат меѓународно тестирање под името ТИМС.

Имено, ова тестирање го потврди и директорот на Бирото за развој и образование, Зеќири Хасипи за порталот Деца.мк. Но, нема подетални информации ниту за учениците, ниту за родителите.

Според наши неофицијални извори, тестирање ќе се врши во одредени паралелки од училиштата. Оттука кај родителите се поставува прашање врз кои критеурими се избрани кои паралелки ќе бидат тестирани.

Добивме и информација дека во некои училишта во Скопје ќе се врши проверка на знаењето на ученицте од страна на лица од Министерството за образование.

Притоа нејасно е кој и како тоа на час ќе го проверува нивното знаење.

Родителите имаат многу нејаснотии и прашања поврзани со овој вид на тестирање на нивните деца.

Извор: infomax.mk

Талат контра СДСМ и Тунтев: “Тиранската платформа е составен дел на се што до сега е сработено во Собранието”

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во вчерашното гостување во магазинот „Клик плус“ на телевизијата 21, рече дека точките од меѓу партискиот договор на албанските политички партии, во јавноста познат како Платформа, се составен дел од сето она што до сега е спроведено во Собранието.

На констатација на водителот дека албанските политички партии не се придржуваа до нивниот договор кој воедно тие го претворија во Платформа, Џафери одговори:

– Не не, се придржуваа. Платформата се спроведе во изгласаните закони. Сега јас не сакам да навлегувам во коментарите и однесувањата на лидерите на политичките партии за дневни политички каприци. Но над се точките на овој договор се составен дел од сето она што до сега е спроведено во Собранието, рече Џафери.

Џафери беше запрашан и за тоа колку е сериозна идејата, албанските политички партии да излезат со заеднички кандидат во трката за Претседател на државата, на што тој одговара дека прашањето е толку сериозно што албанските политички партии можат да бидат на нивото од 2017 година, кога на 7-ми јануари излегоа со меѓу партиски договор.

– Ова прашање е толку е сериозно што албанските политички партии можат да бидат на нивото од 2017 година, кога на 7-ми јануари излегоа со меѓу партиски договор за надминување и решавање на албанското прашање, децидно одговори Талат Џафери.

Џафери вели дека не знае кој е можниот заеднички кандидат за Претседател на албанските партии, но смета дека тоа е почетна точка каде што албанските политички партии можат да се обединат. Така што има почетна точка, има позитивен пример и се посакува да се следи тој пример, заклучи Џафери.

Извор: kurir.mk

1,5 милиони Индијци посадиле 66 милиони дрвца за само 12 часа: Во Македонија Влaдата го укина “Денот на дрвото” (Видео)

Централната индиска држава Мадја Прадеш постави нов Гинисов рекорд во неделата, откако 1,5 милиони волонтери посадиле повеќе од 66 милиони дрвца за само 12 часа покрај реката Нармада.

Претходниот рекорд бил поставен во државата Утар Прадеш, каде 800.000 учесници посадиле 50 милиони дрвца во 2016 година.

Првиот човек на Мадја Прадеш, Шиврај Синг Чохан, го пофалил остварувањето: “Премногу сум горд што можам да соопштам дека луѓето од Мадја Прадеш успешно засадија 6,63 милиони дрвца”.

Покрај туркање на претходниот рекорд, целта на акцијата била да се подигне свеста кај нацијата за обновување на природата, или како што се вели “да се направи Индија одново зелена”.

На Париската климатска конференција, Индија вети дека ќе ги зголеми површините со шуми на 95 милиони хектари до 2030 година.

Мицкоски на средба со шефот на пратеничката група на Европската народна партија

Остварив средба со шефот на пратеничката група на Европската народна партија во Европскиот парламент и кандидат на ЕНП за претседател на Европската комисија, Манфред Вебер, напиша на својот Фејсбук профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Oва се кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе ја бараат поддршката за кандидат за претседател

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, преку прес-конференција ги претстави кандидатите кои поднеле кандидатура за претседател на државата.

Поддршката од делегатите на Конвенцијата која е закажана за 16 февруари во Струга, ќе ја бараат: Влатко Ѓорчев пратеник во Собранието, Никита Шекутковски доктор по математички науки, Ѓорѓи Манасков машински инженер и претседател на Стопанската комора за енергетика, Васко Костов фармацевски техничар, Гордана Силјановска Давчева професор на Правниот факултет во Скопје, Илија Димовски професор во пензија на Шумарски факултет, Филип Петровски, Горан Ангелов пратеник и поранешен градоначалник на Виница и Сашо Кутлешовски доктор по земјоделски науки.

ВИДЕО: “Прессинг ТВ”

Со секое преминување животот ставен на коцка: Железничките премини без сигнализација се горлив проблем на патиштата

Железничките премини во населените места се едни од најцрните точки на патиштата. Често овие премини поради не постоењето на звучна и светлосна сигнализација се причина за несакани последици и загубени животи.

Ваков проблем постои низ целата држава, а апелите од локалното население многу ретко допираат до надлежните.

Фотографиите во прилог се од железничкиот премин во близина на населеното место Кадино Село во прилепско.

И тука, како и на други места, недостасува рампа и сета друга пропратна сигнализација.

Останува засега возачите целосно да внимаваат, затоа што со секое поминување нивниот живот е ставен на коцка.

Видео: “Заев пренесе поздрав од Бубо Каров дури во Софија?”

Премиерот Зоран Заев во Бугарија ја одбележуваше 147-годишнината од раѓањето на идеологот и визионер на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев.

Заев бил и на концерт заедно со бугарскиот премиер Бојко Борисов, а пренесол поздрав и од Бубо Каров.

Фотографија која го скрши светот: Кучето на Сала сеуште го чека својот сопственик

Дваесет и осумгодишната Ромина Сала, сестра на исчезнатиот аргентински напаѓач Емилијано, кој веќе е прогласен за загинат откако се пронајде урнатиот авион длабоко во морето сподели фотографија од неговото куче.

Нала била спасена од шинтерница, а сега секој ден го чека својот сопственик да се врати дома.

Спасувачите пред два дена го пронајдоа паднатиот авион со кој патуваше Сала, речиси две седмици од моментот на исчезнување. Тие објавија дека во остатоците било видливо тело.