дома блог страница 3181

Доаѓа нов студен бран, па голем пораст на температурите

Пред нас се брзи и големи промени на временската состојба, поточно најпрвин ни следува студен воздух од север, повторно голем пораст на температурите очекуваме особено за време на викендот, секако сето ова многу лошо ќе влијае врз поголем дел од граѓаните па така кај повеќето граѓани, особено кај метеопатите можна е главоболка како и болка во коските и на местата од старите рани, повремена нервоза и несоница како и тежина во главата и телото, соопшти метеорологот Славчо Поповски.

Инаку денеска од југ во нашата држава ќе навлезе влажен бран кој ќе услови повремени врнежи и тоа од дожд на ниските и снег на повисоките и планинските места, ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец кој ќе услови значително намалување на загаденоста во воздухот.

Снежната граница има услови на некои места, особено на запад и на север да се спушти и под 1000 м.н.в.

Врнежите ќе бидат со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет па локално се очекува да наврнат околу 10 до 15 л/м2 воден талог.

Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат за 5 до 7 степени пониски од денешните и ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени.

Веќе од утре следува период на стабилно и суво време па така наутро понекаде температурите ќе се спуштат под нулата, максималните дневни пак повторно ќе бидат во позначително покачување и за време на викендот ќе бидат повторно над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.

По одделни котлини повторно ќе растат условите за појава на магла и на ниска облачност.

Овие два хороскопски знаци ќе доживеат огромна промена во месец март

ВАГА

Конечно ќе постигнете голем успех на професионален, но и на личен план. Некои претставници на овој знак ќе се радуваат на неочекувано патување, а други конечно вистински ќе се вљубат.

Не заборавајте на игрите на среќа, неколкумина од Вас вистински ќе профитираат.

РАК

Денови исполнети со позитивни емоции, стрес сведен на минимум, волја за отпочнување на нови проекти, пријатни изненадувања за оние што се во врска.

Март ќе биде идеален месец за овој хороскопски знак, особено втората половина од месецот.

Оние што одамна се во врска можно е конечно да добијат брачна понуда или предлог за заеднички живот во најмала рака.

Слободните ќе ја запознаат вистинската личност. Бидете искрени и дајте му шанса на партнерот да ја препознае вашата искрена љубов.

Извор: “Република”

Ова е вистински пример на изреката “Не го задевај лавот додека спие”, или во овој случај лавицата (Видео)

Во кениската дивина, односно во националниот парк Масаи Мара деновиве е снимена една несекојднвна глетка и тоа, секако, веднаш е објавено на Јутјуб…

На видеото, лав ѝ се приближува на една заспана лавица, ѝ се прикрадува одзади и во еден миг решава да ја гризне. Најверојатно и се покајал поради тоа, бидејќи го извлече подебелиот крај.

Кога ги почувствувала неговите заби, лавицата се разбудила и во истиот миг скокнала да го напаѓа и гребе.

Сафари водичот Џошуа Лонкушжу, кој го снимил несекојдневниот настан, тврди дека, во својата осумгодишна кариера, не бил сведок на ништо налик на ова.

Патниците подобро што не виделе: Пилотот летал над облаци, а одеднаш почнал да се спушта во густа магла (Видео)

Кој се плаши од летање, подобро е да не го гледа ова видео. Еден пилот го објавил и вели дека вистинска среќа е што патниците не го забележале тоа.

Пилот на „Катар ерлајнс“ на својот Твитер профил објави слетување на аеродромот во Нов Зеланд. На видеото се гледа како авионот лета над облаците опкружен со планини.

Во еден момент кога авионот почнува да се спушта, еден врв од планината се наоѓа точно пред него.

Неколку секунди лета низ густа магла. Иако авионот лета во вистински правец по навигацијата, тешко е да не се запрашате дали ќе успее да ја наде пистата.

Тоа е нешто со што се соочуваат пилотите, а за среќа патниците не се свесни за тоа.

Споделувајте! 5 милилитри крв можат да го спасат животот на Маја Рековиќ! Секој може да помогне!

Апел за помош од Маја Рековиќ!

Барајќи ДОНОР за да се ја победам леукемијата, сретнав луѓе, кои безусловно и несебично дојдоа да помогнат. Никогаш не помислив дека на ваков начин ќе барам помош..ама вашите 5ml крв (не е важна крвна група) од 18-59 години, можат да ми го спасат животот. Доколку можете да се организирате и да дојдете до Скопје, Институт за имунобиологија и хумана генетика (Државна болница) ќе ми дадете надеж дека ова сонце и мене ќе ме грее уште долго. ЛУЃЕ, МИ ТРЕБАТЕ! ДА ДООБЈАСНАМ… на Институтот се пријавувате дека сакате да станете донор… доколку сте соодветни, јас ќе знам…

Унијата на млади сили при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп во четврток организира крводарителска акција

Унијата на млади сили од Прилеп, на ден 07.02.2019 година, во просториите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, со почеток во 9 часот па се до 15 часот, организира крводарителска акција.

Вратите на општинскиот комитет ќе бидат отворени за сите заинтересирани граѓани кои ќе сакаат да земат учество во овој настан.

“Преку дарување крв да ја покажеме нашата хумана страна, спасувајќи го животот на оние на кои им е потребна нашата помош”, велат од УМС Прилеп.

Вучиќ: “Јас нема да си играм како во Македонија со консултативен референдум на кој народот вели дека е против, а во Собранието да се изгласа”

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во интервју за телевизијата „Хепи“ рекол дека не постои ниту едно решение за Косово и Метохија ако истото не биде прифатено од мнозинството Срби, пренесува агенцијата Танјуг.

Тој додал дека во моментов не се разговара за никакво решение, затоа што нема ни разговори меѓу Белград и Приштина.

Тоа го кажав стотина пати. Нема да си играм како во Македонија со консултативен референдум на кој народот вели дека е ‘против’, а вие во Собранието сепак гласате ‘за’. Мислам дека е добар договор за нив, го поздравив, но начинот на кој тоа е изведено, јас никогаш не би го направил, рекол Вучиќ за „Хепи“.

Тој додал дека кога референдумот нема да успее, може само да се констатира дека референдумот не успеал и демократски тоа да ѝ се соопшти на јавноста.

Ако во Србија постои каков било референдум, да добиевме 49 отсто, а другата страна 54 отсто, мое е да поднесам оставка и да кажам дека референдумот во согласност со Уставот и законите не успеал, граѓаните се одлучиле за друга опција, рекол Вучиќ.

Жителите од оваа прилепска улица молат општинарите да се направат живи и да асфалтираат 50 метри (Фото+Видео)

Жител од улицата “Ножот” во Прилеп ни испрати фотографии и видеа од еден од краците на оваа улица, која се наоѓа на периферијата од градот.

Тој вели дека граѓаните се револтирани и иако се работи за само 50 метри должина, никој не се направил за жив досега да тури барем тампон.

Еве во каква состојба се наоѓа делот од оваа улица што секојдневно им претставува проблем на жителите:

Ѓорчев на средба со портпаролката на Трамп: “Македонија мора да гради силни сојузништва”

Еден од претседателските кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев преку Фејсбук соопшти дека денеска се сретнал со Сара Хакаби Сандерс, портпаролка на Белата куќа на претседателот на САД Доналд Трамп.

“Денес имав можност да се сретнам со Sarah Huckabee Sanders, портпарол на Белата куќа на претседателот на САД Donald J. Trump.

За Македонија е важно да има отворени врати во Вашингтон. Секое пријателство и средба е можност да се кажат македонските аргументи.

Македонија мора да гради силни сојузништва. На тој начин ги подобруваме позициите на Македонија”, напиша Ѓорчев на Фејсбук.

“Ој Зарино Првасевдо” испеана од 2.524 метри височина: Прекрасниот Кајмакчалан, неверојатна глетка и милозвучен глас (Видео)

Наежувачки моќна изведба на староградската охридска песна „Ој Зарино прва севдо“ на 2.524 метри надморска висина, во зимски услови, на Кајмакчалан.

Претходно Зарина ја освои Македонија со слично видео од врвот Пелистер, кога ја запеа “Билбил пее во планина”.

Погледнете колку неверојатен е погледот од Кајмакчалан во зима и како изгледа црквата Св. Илија која се наоѓа на самиот врв.

Македонијо, прекрасна си!