дома блог страница 3181

Ова е вистински пример на изреката “Не го задевај лавот додека спие”, или во овој случај лавицата (Видео)

Во кениската дивина, односно во националниот парк Масаи Мара деновиве е снимена една несекојднвна глетка и тоа, секако, веднаш е објавено на Јутјуб…

На видеото, лав ѝ се приближува на една заспана лавица, ѝ се прикрадува одзади и во еден миг решава да ја гризне. Најверојатно и се покајал поради тоа, бидејќи го извлече подебелиот крај.

Кога ги почувствувала неговите заби, лавицата се разбудила и во истиот миг скокнала да го напаѓа и гребе.

Сафари водичот Џошуа Лонкушжу, кој го снимил несекојдневниот настан, тврди дека, во својата осумгодишна кариера, не бил сведок на ништо налик на ова.

Патниците подобро што не виделе: Пилотот летал над облаци, а одеднаш почнал да се спушта во густа магла (Видео)

Кој се плаши од летање, подобро е да не го гледа ова видео. Еден пилот го објавил и вели дека вистинска среќа е што патниците не го забележале тоа.

Пилот на „Катар ерлајнс“ на својот Твитер профил објави слетување на аеродромот во Нов Зеланд. На видеото се гледа како авионот лета над облаците опкружен со планини.

Во еден момент кога авионот почнува да се спушта, еден врв од планината се наоѓа точно пред него.

Неколку секунди лета низ густа магла. Иако авионот лета во вистински правец по навигацијата, тешко е да не се запрашате дали ќе успее да ја наде пистата.

Тоа е нешто со што се соочуваат пилотите, а за среќа патниците не се свесни за тоа.

Споделувајте! 5 милилитри крв можат да го спасат животот на Маја Рековиќ! Секој може да помогне!

Апел за помош од Маја Рековиќ!

Барајќи ДОНОР за да се ја победам леукемијата, сретнав луѓе, кои безусловно и несебично дојдоа да помогнат. Никогаш не помислив дека на ваков начин ќе барам помош..ама вашите 5ml крв (не е важна крвна група) од 18-59 години, можат да ми го спасат животот. Доколку можете да се организирате и да дојдете до Скопје, Институт за имунобиологија и хумана генетика (Државна болница) ќе ми дадете надеж дека ова сонце и мене ќе ме грее уште долго. ЛУЃЕ, МИ ТРЕБАТЕ! ДА ДООБЈАСНАМ… на Институтот се пријавувате дека сакате да станете донор… доколку сте соодветни, јас ќе знам…

Унијата на млади сили при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп во четврток организира крводарителска акција

Унијата на млади сили од Прилеп, на ден 07.02.2019 година, во просториите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, со почеток во 9 часот па се до 15 часот, организира крводарителска акција.

Вратите на општинскиот комитет ќе бидат отворени за сите заинтересирани граѓани кои ќе сакаат да земат учество во овој настан.

“Преку дарување крв да ја покажеме нашата хумана страна, спасувајќи го животот на оние на кои им е потребна нашата помош”, велат од УМС Прилеп.

Вучиќ: “Јас нема да си играм како во Македонија со консултативен референдум на кој народот вели дека е против, а во Собранието да се изгласа”

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во интервју за телевизијата „Хепи“ рекол дека не постои ниту едно решение за Косово и Метохија ако истото не биде прифатено од мнозинството Срби, пренесува агенцијата Танјуг.

Тој додал дека во моментов не се разговара за никакво решение, затоа што нема ни разговори меѓу Белград и Приштина.

Тоа го кажав стотина пати. Нема да си играм како во Македонија со консултативен референдум на кој народот вели дека е ‘против’, а вие во Собранието сепак гласате ‘за’. Мислам дека е добар договор за нив, го поздравив, но начинот на кој тоа е изведено, јас никогаш не би го направил, рекол Вучиќ за „Хепи“.

Тој додал дека кога референдумот нема да успее, може само да се констатира дека референдумот не успеал и демократски тоа да ѝ се соопшти на јавноста.

Ако во Србија постои каков било референдум, да добиевме 49 отсто, а другата страна 54 отсто, мое е да поднесам оставка и да кажам дека референдумот во согласност со Уставот и законите не успеал, граѓаните се одлучиле за друга опција, рекол Вучиќ.

Жителите од оваа прилепска улица молат општинарите да се направат живи и да асфалтираат 50 метри (Фото+Видео)

Жител од улицата “Ножот” во Прилеп ни испрати фотографии и видеа од еден од краците на оваа улица, која се наоѓа на периферијата од градот.

Тој вели дека граѓаните се револтирани и иако се работи за само 50 метри должина, никој не се направил за жив досега да тури барем тампон.

Еве во каква состојба се наоѓа делот од оваа улица што секојдневно им претставува проблем на жителите:

Ѓорчев на средба со портпаролката на Трамп: “Македонија мора да гради силни сојузништва”

Еден од претседателските кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев преку Фејсбук соопшти дека денеска се сретнал со Сара Хакаби Сандерс, портпаролка на Белата куќа на претседателот на САД Доналд Трамп.

“Денес имав можност да се сретнам со Sarah Huckabee Sanders, портпарол на Белата куќа на претседателот на САД Donald J. Trump.

За Македонија е важно да има отворени врати во Вашингтон. Секое пријателство и средба е можност да се кажат македонските аргументи.

Македонија мора да гради силни сојузништва. На тој начин ги подобруваме позициите на Македонија”, напиша Ѓорчев на Фејсбук.

“Ој Зарино Првасевдо” испеана од 2.524 метри височина: Прекрасниот Кајмакчалан, неверојатна глетка и милозвучен глас (Видео)

Наежувачки моќна изведба на староградската охридска песна „Ој Зарино прва севдо“ на 2.524 метри надморска висина, во зимски услови, на Кајмакчалан.

Претходно Зарина ја освои Македонија со слично видео од врвот Пелистер, кога ја запеа “Билбил пее во планина”.

Погледнете колку неверојатен е погледот од Кајмакчалан во зима и како изгледа црквата Св. Илија која се наоѓа на самиот врв.

Македонијо, прекрасна си!

(Фото+Видео) Хитлер се срамел од оваа фотографија, а има и зошто: Настанала пред неговото доаѓање на власт

Во тоа време многу внимавал на неговиот изглед и впечатокот што го остава во јавноста, па затоа во 30-тите години на минатиот век Хитлер забранил многу негови фотографии кои ги сметал дека се “под неговото достоинство”.

Некои од тие фотографии сепак завршиле во јавноста и тоа благодарение на војникот Алф Робинсон кој во една куќа срушена во бомбардирањето во Германија пронашол книга без корици. Тогаш одлучил да ја понесе со себе и да ја стави во својата колекција.

Тоа била книга со пропаганден нацистички материјал наречен “Германија се буди”, создадена од авторот Балдур фон Ширах во 1930 година.

Во книгата има прикажано неколку фотографии на Фирерот со деца и коментари од типо: “Младите го сакаат”. Децата се обидуваат да му се приближат и да му подарат цвеќиња.

Најемотивното видео кое сте го виделе досега: Ќе ви предизвика бура од емоции

“Ниeден човек кога се раѓа , не е алчен , не е лош ,тој/таа се раѓа со чисто срце, но кога ке се разболи , безразлика каков и да бил/а , тогаш доаѓа вистинската емоција на човекот, тогаш посакува само една работа , да оздрави и повторно да биде ,здрав, весел и среќен ,но за жал сеуште има неизлечливи болести, од кој страдаат за зал многу дечиња и на нив им е битно само да оздрават да бидам срекни и весели како порано, на нив им е битно нашето внимание како општество , да не ги заборавиме, да знаат дека не се сами во нивните животни битки.

На сите кој ви се допадна видеото и овој пост , ве молам шерувајте го видеово, со цел да го видат што повеќе луѓе , со цел да ги охрабриме младите дечиња во Македонија дека не се сами во нивните животни борби, без разлика на верата, религијата, националноста, бојата на кожата и останатите разлики помеѓу луѓето”, пишува на својот Фејсбук профил Марко Бучевски кој го сподели видеото.

Погледнете, има што да се види и да се научи: