дома блог страница 3179

Поезијата од македонскиот поет Стефан Марковски објавена на шпански јазик во Мексико, Перу и Шпанија

Песни од македонскиот поет Стефан Марковски деновиве беа објавени во различни формати беа објавени во Мексико, Перу и Шпанија.

Во Мексико песните беа објавени на платформата Primera Pagina Revista во препев на шпански јазик од венецуелската авторка и преведувачка Мариела Кордеро, со илустрации на Аиме Сервантес Флорес.

Објавата во Перу беше реализирана електронски со наслов La frialdad de la tarde (прев. Вечерното студенило) по извадок од еден од стиховите, на еден од позначајните сајтови за поезија во Јужна Америка vallejoandcompany.com.

Во Шпанија песни од Марковски беа објавени на порталот latortugabulgara.com во препев на шпанскиот поет и преведувач Марко Видал Гонзалез кој живее во Софија, Бугарија.

Песните на Марковски беа избор од неговата објавена и необјавена поезија на македонски јазик. ‘

Дали имате вакви црвени точки по телото – колку можат да бидат опасни

Доколку на кожата имате вакви црвени точки кои претходно не сте ги имале, не се грижете, се работи за ангиома-мали бенинги тумори кои се состојат од крвни жили и потполно се безопасни.

Многумина ги добиваат по триесетата година од животот. Доколку овие точки изгледаат како точки со крвни жили, може да укажува и на проблеми со црниот дроб, на болести со крвниот состав или хормонска нерамнотежа.

Доколку црвената точка се зголемува и ја менува бојата, или пак крвари, тогаш веднаш посетете лекар.

Најдобар начин за превенција на појава на ангоима е здрав живот и урамнотежена изхрана. Јадете многу овошје и зеленчук и не заборавајте на здравите маснотии од авокадото и маслиново масло.

Голема временска прогноза за цел месец— не чекаат многу пресврти

Времето во Февруари целосно се менува од ден за ден.

Сонце, дожд, снег, ветер, ќе имаме од се по малку.

Ова е голема временска прогноза за до крај на месецот.

Maкедонец во Швајцарија го развеа сонцето од Кутлеш во знак на протест против договорот од Преспа (Видео)

Како што се слуша во видеото Ристо Македонецот го развеа македонското знаме среде Швајцарија во знак на протест на Договорот од Преспа.

-Македонецот Ристо од Швајцарија го крена македонското знаме во знак на протест против Преспанскиот договор, стои во постот на Фејсбук.

“Инфомакс”: Синот на Мисовски се вработи во Агенцијата за супервизија на осигурување

Синот на Горан Мисоски, Кристијан Мисоски, од 17 кандидати вработен на конкурсот во Агенција за супервизија на осигурување. Оваа агенција е една од подобро платените држжавни институции институции. Платата ќе му биде 33.000 денари, како стручен соработник за супервизија. Не чекал многу за вработување, Кристијан Мисоски дипломирал економски факултет на Американ Колеџ, лани во Ноември 2018та година, после неколку години неуспешно студирање на Универзитетот Кирил и Методиј. Постои сомнеж за судир на интереси бидејќи Горан Мисоски е пратеник, а Директорот на Агенцијата за својата работа одговара токму пред Собранието, пишува Инфомакс.

Денес, среда, Кристијан Мисоски почнал на работа во Агенцијата за супервизија на осигурување, а по ургенција на неговиот татко пратеник за да биде побрзо работата, пред да се распишат изборите на 8ми февруари. Да се потсетиме дека токму Мисовски го даде еден од 80-те гласови за Северна и гласаше за промена на името

Извор: infomax.mk

(Видео) Ниту ловците на духови не можат да го издржат ова: Слушнаа страшен звук во мрачниот ходник и избегаа

Ловците на духови во потрага по авантура одлучија да ја посетат злогласената и напуштена психијатриска болница Елоиз во Вестленд, Мичиген.

Иако очекуваа да пронајдат нешто необично, сепак не се надеваа дека толку ќе се исплашат.

“Велат дека секој ден овде се случуваат чудни работи, се слушаат гласови, се гледаат силуети, вратите се отвараат и слично. Моравме да ја напуштиме зградата од страв”, призна Тод Бонер.

Тимот на истражувачи од Детроит се движеше низ мрачниот ходник кога одеднаш слушнаа вресок. На глас кажаа дека заминуваат, како да се обраќаат на некој дух.

Аирлија: Пратениците изгласаа заменик-директор во сите јавни претпријатија

Собранието на Република Македонија во попладневниот дел на 77-та седница го донесе законот за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија по скратена постапка поднесен од пратениците Александар Кирацовски, Реџаиљ Исмаили, Благојче Трпевски и Јусуф Хасани.
Со ова законско решение се воведува функцијата заменик директор во сите јавните претпријатија.

На дневен ред на денешната седница по скратена постапка беше и предлог законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, поднесен од повеќе пратеници, за кој претседателот на Собранието Талат Џафери информира дека е повлечен.

Пратениците претходно донесоа и повеќе законски решенија во прво читање кои се дел од реформскиот пакет во правниот сектор, меѓу кои измените и дополнувањата на законите за судови, за прекршоци, за Судскиот совет, за управни спорови и за извршување на санкции.

Влатко Ѓорчев вчера и денеска во Белата куќа: Средби со соработниците на Трамп (Фото галерија)

Влатко Ѓорчев кој е еден од потенцијалните кандидати за претседател на државата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и ќе ја бара довербата од делегатите на партиската Конвенција закажана за 16 февруари во Струга, моментално се наоѓа во САД, каде имаше средба со повеќе сенатори и соработници на американскиот претседател Доналд Трамп.

Ѓорчев на социјалните мрежи објави фотографии од неговите средби.

“Се сретнав со двајцата најгледани ТВ водители во САД Tucker Carlson и Sean Hannity од Fox News, убедливо најгледаната информативна ТВ во САД.Светот мора да ја слушне македонската вистина и македонските аргументи. ?? Светот мора да ги слушне Македонците за подобро да ги разбере. Контактите и пријателствата кои сега се градат следната година ќе бидат основа на настапи и интервјуа на Fox News. Како претседател на Македонија ќе ги кажувам македонските позиции на CNN, Fox News, BBC, Euronews, Deutsche Welle, France 24, за главните светски весници. Sean Hannity и Tucker Carlson се исклучително блиски до претседателот на САД Donald J. Trump, а секој од нив имал најмалку 5 интервјуа со претседателот Доналд Трамп, како и десетици интервјуа со неговите најблиски соработници. Откако стана претседател, Трамп има дадено 41 интервју за Фокс Њуз, како и десетици други додека беше кандидат за претседател на САД. Македонија МОРА секаде да има отворени врати. ?? Ни треба претседател кој СИЛНО ќе претставува Македонија во светот. Ќе бидам гласот на Македонија во светот. Македонија засекогаш!”, напиша Ѓорчев на Инстаграм.

Претходно Ѓорчев средба остварил и со сенаторите Џејмс Инхоф, Тим Скот и Тим Кејн.

За овие средби Ѓорчев напиша:

“Сенаторот Џејмс Инхоф од Оклахома е претседател на комитетот за одбрана на Сенатот на САД, како еден од најважните комитети, особено во делот на одбраната и надворешните работи на САД. Сенаторот Инхоф лично го познавам повеќе години, а тој денес беше домаќин и воведничар на форумот за безбедност во Вашингтон. Сенаторот Инхоф е силен поддржувач на Македонија и затоа е важно постојано да се одржува комуникацијата. Го поканив да ја посети Македонија и се надевам дека ќе имаме можност во следниов период да бидеме негови домаќини. Републиканецот Инхоф е меѓу највлијателните сенатори во САД, а во Сенатот е веќе 25 години, односно од 1994 година. Претходно беше конгресмен 7 години. Сенаторот Тим Скот од Јужна Каролина го запознав со состојбите во Македонија. Важно е да се зборува за Македонија со што повеќе сенатори и конгресмени во Вашингтон, во Стејт департментот, во Белата куќа, кај бројните тинк тенкови, медиуми и институти од САД. Воедно, пред сенаторот Скот ја истакнав добрата работа на ИРИ во Македонија, како и добрите односи на ВМРО-ДПМНЕ со Републиканската партија на САД како сестрински партии што глобално припаѓаат во исто политичко семејство. Сенаторот Тим Кејн од Вирџинија доаѓа од редовите на Демократската партија, а во 2016 година беше кандидат за потпретседател на САД во кампањата на Хилари Клинтон. Се заблагодарив на присуството и активностите на НДИ во Македонија, а следниов викенд ВМРО-ДПМНЕ и НДИ ќе имаме заедничка конференција во Струга. Пред сите тројца сенатори го истакнав сојузништвото меѓу Македонија и САД, со надеж партнерството да се развива и зацврствува во иднина”.

Вчера Ѓорчев објави дека средба остварил и со портпаролката на Белата Куќа во Вашингтон, Сара Сандерс.

“Денес имав можност да се сретнам со Sarah Huckabee Sanders, портпарол на Белата куќа на претседателот на САД Donald J. Trump. За Македонија е важно да има отворени врати во Вашингтон. Секое пријателство и средба е можност да се кажат македонските аргументи. Македонија мора да гради силни сојузништва. На тој начин ги подобруваме позициите на Македонија”, напиша Ѓорчев.

(Фото) Еве како изгледа непробојниот трезор во кој се чува руското богатство !

Русите во 90-тите години решиле да го преместат целото богатство од Кавказ во Москва, а српската компанија “БК” ја добила довербата за да го изгради трезорот во кој ќе се чува богатството на Русија и некогашниот СССР.

Главниот трезор на централната банка на Руската Федерација е еден од најдобро чуваните објекти во светот на кој не можат да му наштетат ниту балистички ракети. Се простира на 100.000 квадратни метри и 4 ката под земја.

Оние кои работеле на овој објект не смееле да откриваат никаква тајна во врска со дизајнот. Изградбата завршила во 1999 година. Се работело по 24 часа дневно во три смени.

Просториите биле градени како кутија во кутија, со дупли ѕидови и меѓуспратни плочи меѓу кои имало ласерско надгледување.

1.200 години стара Библија пронајдена во Турција: Има огромна непроценлива вредност (Видео/Фото)

Полицијата од југоисточниот град Дијабакир во Турција, за време на анТи-швepцepскa операција, пронашла Библија која е стара 1200 години.

Акцијата била спроведена во вторникот во градчето Кајапинар, а полицијата уaпcилa тројца осомничени.

Библијата содржела 34 страни кои биле од кожа и испишани со златни букви.

Според полицискиот извештај, вкупно 6 лица биле осомничени за инцидентот.

Библијата според првичните информации има огромна непроценлива вредност.