дома блог страница 3178

(Видео) Пензионерот Тони доби и песна: Ќе ве насмее до солзи

Тони Саламани (82), пензионерот кој ги критикуваше своите врсници дека постојано се жалат на разни болки и препорача да вежбаат, доби и свој хит.

“Професионално се занимавам со музика и видеопродукција, но и многу време поминувам пред компјутер. Понекогаш правам и експерименти како овој и ги објавувам без никакви очекувања”, вели Матеј Сушник, кој го направи овој микс.

Пензионерот Тони го воодушеви Балканот со ентузијазам и оптимизам.

Хитлер ѝ го понудил Солун на Југославија

Германскиот новинар Михаел Мартенс, во статија за весникoт „Катимерини“, открива дека во 1939 година Адолф Хитлер му понудил на Кралството Југославија да го добие Солун во замена за приклучување кон тројниот пакт – објави “Република”.

Според документи од германските архиви до кои дошол Мартенс, посредник во преговорите бил новинарот Данило Грегориќ, кој бил близок до југословенскиот регент, принцот Павле, и премиерот Драгиша Цветековиќ.

Во средби со германски дипломати во Белград, а потоа и во Берлин, во 1940 година, Грегориќ пренел пораки од Цветковиќ дека Југославија би можела да се откаже од своето пријателство со Британија и да ја напушти политиката на неутралност, доколку Германија биде подготвена да и го отстапи Солун по очекуваното освојување на Грција.

Прашањето добило на интензитет во 1940 година, кога Италија почнува војна против Грција.

Целата сторија прочитајте ја ТУКА

Утре треба да бидат распишани претседателските избори

Талат Џафери утре треба да ги распише претседателските избори, за кои првиот круг треба да се одржи на 21 април, а вториот круг на 5 мај.

Согласно Изборниот законик, не треба да поминат повеќе од 90 и не помалку од 70 дена од распишување на изборите до денот на нивно одржување. Мандатот на актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов завршува на 12 мај.

Политичките партии досега немаат објавено кандидати за претстојните претседателски избори. Двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ своите кандидати решија да ги избираат преку јавен оглас.

Од СДСМ се уште немаат соопштено дали се пристигнати кандидатури. Генералниот секретар Александар Кирацовски денеска потврди дека процесот е во тек и оти на партиски конгрес на 3 март ќе биде официјалниот избор на кандидатот.

На огласот, пак, на ВМРО-ДПМНЕ пристигнале 10 кандидатури од кои една по истекот на рокот, по што партијата ги објави имињата на кандидатите од кои на конвенција на 16 февруари ќе изберат еден кој ќе влезе во трката за шеф на државата.

Од ДУИ иако велат дека имаат официјален став дека на изборите може да настапи со свој кандидат, сепак, оставаат можност пред истекот на рокот за поднесување на кандидатурите да постигнат и друго решение. ДУИ, вели пратеникотн Џевад Адеми, е комотен има и кандидати и квалитети и опции.

Во врска со евентуалното одржување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските што ги бара опозицијата, Кирацовски најави дека многу скоро одлуката на партијата по ова прашање ќе биде донесена и објавена.

Во Собранието на Република Македонија денеска треба да се состане Комисијата за селекција, која треба да го изврши да го изврши рангирањето на кандидатите за идни членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. Новиот состав на антикорупциската комисија треба да биде изгласан најдоцна утре, за таа да може да го следи и овој изборен процес.

Согласно новите ингеренции, Антикорупциската комисија ќе треба да го мониторира и изборниот процес во делот на финансирањето на политичките партии.

“Мицкоски побара оставка од Филипче, веднаш!” (Видео)

“Во здравството владее хаос.

Министерот Венко Филипче исто како и неговиот шеф Зоран Заев, бесрамно ја лаже јавноста, не ги исполнува ветувањата, не може да се справи со состојбите, ги загрозува пациентите, не се грижи за медицинскиот кадар, им наштетува на граѓаните.

Здравствениот систем е уништен, а довербата е изгубена.
Потребна е одговорност.

Оставка за министерот веднаш.

Потребни се и промени, потребни се предвремени парламентарни избори”, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Професорите од Средното хемиско училиште ја бојкотираат наставата поради назначување на Албанец за директор

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов изјави дека не е нарушен образовниот процес со тоа што вчера за нов в.д. директор на средното хемиско-технолошко училиште „Марија Склодовска-Кири“ назначил Албанец, што денеска предизвика бојкот на наставата од професори и ученици од македонските паралелки.

Тие претпладнето дојдоа на училиште, но не одржуваат часови, најавувајќи дека бојкотот ќе го продолжат и во наредните денови.

Незадоволни се од тоа што одлуката била донесена без нивно занење и консултација, а револтирани се од тоа што по именувањето на в.д. директорот на социјалните мрежи, наводно, се појавиле коментари: „победивме, го зедовме Хемиско“.

ВИДЕО: “Сител ТВ”

Семедо го прати Рамос по пуканки: Твитерџиите го распнаа капитенот на Реал Мадрид (Видео)

Синоќешното “Ел Класико” кое се одигра во полуфиналето за Купот на Шпанија, заврши без победник 1:1. Реал Мадрид ќе има предност со гол на гости пред реваншот.

За време на натпреварот играчот на Барселона, Нелсон Семедо го излета Серхио Рамос, а светските медиуми и твитерџиите го забележаа овој старт на Рамос, кој заврши надвор од теренот, па го направија парче по Интернет.

Дел од коментарите на Твитер се: “Семедо го испрати Рамос назад во младинската екипа на Севиља”, “Семедо го врати Рамос назад на Бернабеу”, “Рамос сеуште го брка Семедо”….

Весна Бејби распали по пратениците: “Не сте привилегирани, ниту имате право да ги вработувате вашите деца со стекнатите привилегии”

Актерката Весна Бејби Петрушевска на својот Фејсбук профил реагираше кон пратениците во македонското собрание, порачувајќи им дека немаат право да си ги вработуваат своите деца.

“Да се разбереме , вие не сте јавни личности туку сте пратеници кои земате плата од нас,народот.Не дечки не сте привилегирани по ниту еден основ ниту имате право да ги вработувате вашите деца со стекнатите привилегии.

Постојано ги учам моите деца од актерската школа дека аплаузот се заслужува,тој аплауз подразбира многу работа и време.И сега јас џабе го повторувам тоа на деца од најмала возраст до 16 годишна?

Сакате јавноста да не биде груба со вас?Вие сте нешто посебно претпоставувам….посебни во вашата алчност и недоветност!

Срам да ви е!Јас имам безброј пораки во кои мајки на деца со посебни потреби се на работ на егзистенција,јас работам сто работи за да преживеам со моите деца и ги учам дека се треба да научат сами и да се изборат во животот.

Нушиќ вели: Оној кој има срце нема гаќи! Вие народните пратеници имате кожни гаќи,така ми се чини!”, напиша Весна Бејби на својот Фејсбук профил.

Мицкоски на средба со Јанша

“Денес во Љубљана имав средба со лидерот на Словенечката демократска партија Јанез Јанша.

Во разговорот се осврнавме на повеќе теми од регионално и билатерално значење.

Дискутиравме и за дополнително ползување на капацитетите и одличните взаемни односи на двете сестрински партии.

Како лидер на најголемата партија во Словенија, Јанша ја изрази поддршката кон ВМРО-ДПМНЕ и македонските стратешки цели.

Воедно ја изразив и загриженоста за состојбите во Македонија, пред се темите поврзани со недостатокот на правна држава и владеење на правото, отсуството на структурни реформи во образованието и здравството, како и лошиот економски стандард на граѓаните”, објави на својот Фејсбук профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Микросам вработува – отворени 9 работни места со високо образование

Микросам АД, светски бренд за производство на современи, компјутерски управувани машини за производство на композитни материјали, има потреба од нов стручен кадар:

МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР – 3 работни места
ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР – 3 работни места
ПРОГРАМЕР – 3 работни места

МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР – 3 работни места

Основни одговорности и задачи:
Развој и конструирање на специјални CNC машини за купувачи од целиот свет
Пресметки на погонски и преносни елементи, FEA анализа, статички и динамички анализи и пресметки
Планирање и следење на производствените процеси
Изработка на техничка документација, технички цртежи и 3Д модели
Контактирање и посета на добавувачи и купувачи надвор од Македонија

Квалификации и компетенции:
Завршен Машински факултет или при крај со студии
Задолжително познавање на англиски јазик (германски и руски јазик се предност)

Што нудиме?
Одлични услови за работа во креативна средина
Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
Организиран превоз и храна

ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР – 3 работни места

Основни одговорности и задачи:
Проектирање на системи за автоматско управување на CNC машини
Програмирање во PLC, C/C++, и платформи за Real-Time
Изработка на цртежи/електрични шеми
Контактирање и посета со добавувачи и купувачи надвор од Македонија

Квалификации и компетенции:
Завршен Електро факултет или при крај со студии
Задолжително познавање на англиски јазик (германски и руски јазик се предност)

ПРОГРАМЕР – 3 работни места

Основни одговорности и задачи:
Истражување и развој на компјутерски софтверски системи
Имплементирање и тестирање на системите за управување со базите на податоци
Развој и спроведување на безбедносни планови
Одржување и администрирање на компјутерски мрежи и поврзани компјутерски единици

Квалификации и компетенции:
Завршен Факултет за информатика – програмирање или при крај со студии
Задолжително познавање на англиски јазик (германски и руски јазик се предност)

Што нудиме?
Одлични услови за работа во креативна средина
Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
Организиран превоз и храна

Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на следната email адреса:
[email protected]

ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАЗНАЧУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО за кое аплицирате.

Рокот за пријавување е до 01.03.2019

Микросам АД е светски лидер во производство на специјализирани машини за композитната индустрија. Со над 27-годишно искуство во развој, Микросам е познат по врвно познавање на производство на композитни материјали (carbon-, glass-fiber, etc.). Фирмата има дизајнирано и инсталирано над 200 производни линии кај водечките купци во над 40 земји во светот, како што се Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Кореа. Успешните купци во авио, автомобилска, енергетска, бродска, одбранбена индустрија, како и врвни истражни центри континуирано ја потврдуваат лидерската позиција на Микросам да носи иноватини решенија за напредно производство на композити.

Прегледајте не на: www.mikrosam.com

Majка и ќерка од Прилеп со својот настап предизвикаа бура емоции кај жирито и публиката на “Никогаш не е доцна” (Видео)

Емисијата од вториот круг на музичкото шоу “Никогаш не е доцна”, која се емитуваше изминатиот викенд, ја отвори прилепчанката Милена Јованоска од Прилеп.

Милена уште еднаш одново се претстави и целосно го заслужи пласманот во следниот круг. Таа се претстави прво со песната “Додири од стакла” од Нина Бадриќ, со која успеа да го разнежни и воодушеви жирито.

“Се гледа дека секој стих од песната е преживеан, тоа се почувствува во твоето пеење”, прокоментира Весна Дедиќ, а слично мислење имаше и Ацо Пејовиќ.

“Пееше песна од жената која премногу ја почитуван. Секоја чест, многу добро го изведе сето тоа. Се почувствува емоција во твоето пеење”, рече Пејовиќ, а со него се сложи и претседателот на жирито Саша Милошевиќ-Маре.

Во ревијалниот дел Милена заедно со својата мајка Горица ја испеа народната песна “Море сокол пие”, а нивниот настап беше посебно емотивен.

Пред да запеат заедно, Горица рече дека на својата ќерка и е голема поддршка, како во животот, така и во натпреварувањето, на што Милена одговори дека благодарејќи на својата мајка денеска е таква каква што е и и’ порача дека ја сака.

Кога им се вкрстија гласовите, беше јасно за каква љубов и поддршка се работи. Публиката во студиото и жирито ги поздравија со аплауз и им честитаа за преубавиот настап.

Милена има 45 години и доаѓа од Прилеп. Со музика се занимава од својата 14 година, а нејзината мајка одсекогаш сакала таа да стане оперска пејачка. На 16 години го имала својот прв телевизиски настап.

Погледнете го нејзиниот последен настап кој и овозможи пласман во следниот круг: