дома блог страница 3177

На празен желудник никогаш не јадете ја оваа храна – предизвикувате негативна реакција на организмот

Она што многумина не го знаат е дека лошиот, погрешен избор на појадок може да му наштети на телото. Еве кои се петте намирници кои треба да ги одбегнувате во склоп на првиот оброк

Домати

Инаку доматите се супер здрави и вкусни. Полни се со витамини и антиоксиданти. Меѓутоа, ако ги консумирате за појадок, тогаш во комбинација со желудочната киселина может да предизвикаат болки во желудникот.

Агруми

Лимоните, портокалите, мандарините и останатите агруми се богати со витамин Ц. Меѓутоа нивната киселина може да ја нападне слузницата и да резултира со ранички во устата кои можат да бидат мошне непријатни и болни.

Колачи со квасец

Квасецот особено ако го консумирате наутро може да го надразни желудникот и да предизвика надуеност и проблеми со варењето. Значи, наутро одбегнувајте колачи и лиснато тесто.

Краставици

Генерално би требало да се одбегнува свеж зеленчук како појадок. Краставиците, особено, предизвикуваат киселини и надуеност.

Јогурт

Јогуртот содржи бројни вредни млечни бактерии кои се одлични за цревната флора, но кога се консумира на празен желудник, желудочната киселина ги убива добрите бактерии.

Пет работи кои ја уништуваат дури и најголемата љубов

Кога влегуваме во врска, го очекуваме најдоброто, што многу често е нереално очекување, бидејќи врските не се како во филмовите.

Лагите, изневерувањето и непочитта се некои од најстрашните работи кои ги уништуваат врските. Но, сепак неколку работи кои двојките често ги прават, а кои можат да ги уништат и најголемите љубови.

1.Мерење на резултатите

Им се случува и најдобрите двојки, често многу несвесно. Таа памти што направил тој, а тој постојано потсетува на нејзините грешки. Кога ќе дојдат кавгите, тогаш партнерите се навраќаат на минатото, наместо да се обидуваат да ги решат тековните проблеми.

2.Пасив агресив

Иако привидно нема никаква кавга, пасив агресив начинот на комуницирање е многу токсичен за секоја кавга. Ова е вид на психичко насилство кое има моќ да ја уништи секоја врска. Затоа, обидете се да го избегнете и бидете директни и отворени.

3.Постојано обвинување на партнерот

Ако сме лошо расположени или работите не одат на посакуваниот начин, понекогаш се случува да ги обвиниме нашите блиски луѓе. Но, доколку постојано вината за сите работи кои ви се случуваат ја наоѓате во вашиот партнер, тогаш искрено треба да размислите како тоа влијае на вашата врска. Работите кои ни се случуваат, а се надвор од моќта на нашиот партнер се само наша вина.

4.Претерана љубомора

Постојат луѓе кои на љубомората гледаат како на знак за докажување на љубовта и често претеруваат со неа. Ова е токсично за врската, бидејќи не само што испраќа порака дека не и верувате на вашата сакана личност, туку и покажува голема ваша несигурност во однос на самите себеси.

5.Купување на прошката

Ова е пракса на голем број парови, кои сметаат дека купениот подарок може да ги реши сите проблеми во врската. Тој може да биде шлаг на тортата на извинување, но дефинитивно не треба да биде единствениот начин на решавање на конфликтите и проблемите.

Заборавете на Германија: Во оваа земја просечниот работник заработува 7.000 евра!

Ала Нофал се преселил од својот дом во Јордан во Бахреин на возраст од 25 години за да работи како продавач на софтвер, а три годици подоцна бил промовиран на позицијата директор за продажба.

Бахреин се наоѓа на помалку позната област на Персискиот залив и е 200 пати помала земја од Флорида. Брои само еден и пол милион жители.

“Постојат одлични можности за луѓе кои се вредни и подготвени да работат во Бахреин“, вели Нофал кој би можел да ја работи истата работа од Јордан, но смета дека Бахреин е многу подобро место за живеење и работа и дека луѓето се многу попрофесионални и послободоумни“, пренесува BBC.

Во последните неколку години, економијата на оваа земја страдаше поради ниската цена на нафтата, а имаше и длабоки политички тензии помеѓу владеачките семејства Сунити и Шиити, кои го сочинуваат поголемиот дел од населението во Бахреин. Сето тоа резултираше со насилни антивладини протести во 2011 година.

Сепак, неодамнешните истражувања покажуваат дека овој архипелаг од триесет острови е второ најдобро место за странските работници, и се наоѓа на само едно место позади Германија.

Популарните места како Обединетите Арапски Емирати, Сингапур и Хонг Конг останаа зад Бахреин на оваа табела.

Културната разновидност е одлична, а работодавачите не се грижат за тоа кој е од каде и ги наградуваат своите вработени врз основа на нивниот перформанс. Освен одличната деловна клима, странските работници во Бахреин, исто така, ги привлекува и тоа што нема данок на доход, а од друга страна имаат платено сместување, образование и транспорт.

Она што малкумина го знаат е тоа дека гастербајтерите во Бахреин заработуваат двојно повеќе од домашното население. Платите зависат од секторот и позицијата, но просечниот работник таму заработува 7876 долари месечнo, што всушност изнесува околу 7000 евра.

Влатко Ѓорчев се сретна со Мајк Помпео (ФОТО)

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев кој престојува во Вашингтон за Молитвениот појадок во организација на американскиот претседател Доналд Трамп оствари средба со државниот секретар на САД, Мајк Помпео.

Средбата на Ѓорчев со Помпео доаѓа по неговата кандидатура за претседател.

Изминативе денови, Ѓорчев се сретна и со Сара Сандерс, портпаролка на Доналд Трамп.

„Денес имав можност да се сретнам со Сара Хакаби Сандерс, портпаролка на Белата куќа на претседателот на САД, Доналд Трамп.

За Македонија е важно да има отворени врати во Вашингтон. Секое пријателство и средба е можност да се кажат македонските аргументи.
Македонија мора да гради силни сојузништва. На тој начин ги подобруваме позициите на Македонија“, напиша Ѓорчев на својот профил на Фејсбук.

Каракачанов со нова провокација: 70 години им се перени мозоците, учат лажна историја, кога ќе видам дека тоа е сменето ќе поверувам дека работите се на прав пат!

Ако Македонија сака да биде полноправна членка на НАТО и ЕУ треба да ги почитува обврските што ги презеде и кон Бугарија и кон Грција. Ова го изјави вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов за утринскиот блок на Мароко на ФОКУС Радио, пренесува Инфомакс.

Тој додаде дека Договорот за добрососедство со нашата земја и, соодветно, со Грција вклучува и негирање на иpeдентизмот и крај на фалсификување на бугарската историја. Каракачанов додаде дека, кога во македонските книги по историја ќе ја види вистинската историја на Македонија, а не фалсификуваната со која 70 години ,,им се перени мозоците”, ќе биде убеден дека работите одат во вистинска насока.

„Македонија брза да се приклучи кон НАТО, бидејќи, како и многу бугарски политичари пред 20 години, верува дека кога ќе влезеш во НАТО речиси автоматски ќе ти се реашт сите проблеми. Влегувањето во НАТО е можност за решавање на проблемите, но без твое учество и подготвеност, нема друг може да ти ги реши – ниту Брисел, ниту генерален секретар на НАТО, ниту која било друга земја-членка, вклучувајќи ја и Бугарија“, вели Каракачанов како што пренесува бугарски „Фокус“.

(Фото) Жесток судир во ЕУ: Франција го повлекува амбасадорот од Рим !

Откако Луиџи ди Мајо, заменик премиерот на Италија се состана со претставниците на движењето “Жолти елеци”, Франција одлучи да го повлече својот амбасадор од Рим.

Французите го повикаа својот амбасадор на консултација.

Франција претходно го предупреди италијанскиот заменик премиер Луиџи ди Мајо да не се меша во внатрешната политика на други држави.

“Оваа нова провокација е неприфатливо да се случува меѓу соседни држави и партнери во срцето на Европската унија”, изјави францускиот министер за надворешни работи.

Ди Мајо, лидерот на движењето “Пет ѕвезди”, во вторникот се состана со двајца лидери на антивладиниот протест.

Објави фотографија со лидерите Кристоф Шелонсо и Ингрид Лувевасе, кои ќе ја предводат листата на “Жолтите елеци” на претстојните избори за Европскиот парламет кои ќе се одржат во мај оваа година.

(Фото) Таа е најзгодната политичарка во светот? Еве што им порача на нејзините критичари

Бразилската политичарка, Ана Паула да Силва, позната како Паулина, направи голема врева во парламентот, бидејќи за време на првиот работен ден пристигна облечена во црвен фустан со длабоко деколте.

Паулина работеше два мандати како градоначалник, пред да биде избрана како пратеник во парламентот. Нејзините фотографии веднаш го освоија интернетот, а Паулина најави дека ќе ги тужи сите оние кои ги злоупотребиле.

“Вадете ги заштедите, ќе пристигнат повисоките сметки за вода за цели 50%, а градоначалникот ви ветуваше 20% пониски?”

И покрај предизборното ветување на градоначалникот Јованоски за намалување на сметките за вода за 20%, на продолжението од 20-тата седница на Советот на Општина Прилеп, што се одржа на 13.11.2018 година, беше донесена одлуката за финансирање на пречистителната станица во Прилеп.

За оваа намена прилепчани ќе плаќаат по 17,35 денари за секој метар кубен потрошена вода, огромен трошок кој ќе удри по џебот на секое семејство.

Ако за пример земеме сметка со 15 метри кубни потрошена вода во месецот, која изнесуваше 540 денари, со дополнителниот трошок од 17,35 денари за секој потрошен метар кубен вода, истата за месец јануари ќе изнесува 800 денари.

Ова е второ зголемување на сметките за вода, откако претходно во месец февруари минатата година, советниците од владеачкото мнозинство, го зголемија и надоместокот за одведување на урбани отпадни води од 3 денари на 5,28 денари за метар кубен.

Тоа доведе до зголемување на оваа услуга за дополнителни 2,28 денари за секој потрошен метар кубен вода.

Со ова поскапување и гледано според претходниот пример, прилепчани ќе плаќаат сметки повисоки за 50%.

Ништо слично со она што го ветуваше градоначалникот пред локалните избори во 2017 година.

Фото: “Димитров “забетониран” како Сeверномакедонец? Еве како ве лажеа за идентитетот од СДСМ?”

“Придавката македонски/macedonian забетонирана ко оградата пред @VladaMK. Благодарение на North Macedonian @Dimitrov_Nikola”, напиша на својот Твитер профил пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Jaпонци вљубени во балканскиот мелос: После “Брала мома капини”, ја испеаа и песната “Рум, дум, дум” (Видео)

Уникатната јапонска група “Pyramidos” која од порано ни е позната по изведбите на песните “Мастика, мастика”, “Брала мома капини” … и повеќе други балкански песни, сега ја снимија и “Рум дум дум”.

Четворицата Јапонци со овие песни ги освоија симпатиите на народите од Балканот, а се чини нивната љубов кон овдешниот мелос не престанува.

А еве како пееа претходно: