дома блог страница 3176

(Видео) Океан исфрли огромен крст на брегот: Верниците тврдат дека е некаков свет знак

Голем број верници и туристи се собраа на една плажа на Јужна Флорида откако на брегот исплива огромен дрвен крст.

Според пишување на американските медиуми, некои од насобраните граѓани сметаат дека крстот е некој вид на свет знак.

Од друга страна пак, до сега нема официјално соопштение од каде се нашол крстот во океанот.

(Видео) Проблеми за Грција: Самопрогласената Република Чемерија бара независност како Косово!

Додека Грците се занимваат со нас Македонците, со промена на нашето име идентитет, јазик и историја без притоа да постои никаква реална опасност по грчката држава од македонска страна, Албанците во Епир односно областа Чемерија основаа квази држава во која се издаваат пасоши и лични карти од самопрогласената Република Чемерија. Самопрогласената Република Чемерија има и свој претседател, Фестим Лато, пренесува Инфомакс.

Демократската асоцијација на Чамирија во јуни 2017 година ги претстави своите барања во јавноста.

– Тие бараат право на Чамите Арванитите да ја објават нивната етничка припадност,
– Враќањето на населението Чами и Арванити на териториите наследени од каде што биле протерани поради грчко-турскиот договор од 30 јануари 1923 година.
-Право да го користат албанскиот јазик како нивни службен јазик
-Враќање на имотите на Чамите и Арванитите одземено од страна на грчката влада врз основа на законот од 1953-1954.
-Право на слободно говорење на мајчин јазик и култура и религија, како и верски објекти на територијата на Чемерија.
-Право на државна и политичката организација на Чамите и Арванитите во независен државен ентитет, под меѓународно посредништво (Косово).

Тие имаат и своја аpмиja наречена УЧЧ која од видеото може да се забележи дека се разликува по плавите беретки кои ги носат нејзините војници.

Марјан Ѓорѓиевски за кладилниците: Ние го имаме генот за кладење, можи дури и за времето да се кладиме какво ќе биди (Урнебесно Видео)

Марјан Ѓорѓиевски се врати со нови хумористични видеа. Едно од најновите е посветено на обложувалниците и каков се профил на луѓе може да се сретне во обложувалница.

“Ние го имаме генот за кладење, можи дури и за времето да се кладиме какво ќе биди. Што бе ќе врни, ај да се кладиме…”

Погледнете, ќе ве засмее до солзи:

Kуновска до СДСМ: “Аман, до кога ќе си играте држава? Патетични сте. И за жалење”

(Фејсбук статус на екс пратеничката од редовите на СДСМ, Софија Куновска)

“Ќе ги оставеле столбовите од оградата на владата…
Аман, до кога ќе си играте држава? Зошто секојдневно покажувате дека сте полоши од најлошите? Анализиравте, анализиравте, анализиравте и ова ли го смисливте? Немате ниту идеја, ниту храброст. Тоа дека сте штедливи на друг да му го објаснувате. Само со платите на советниците и националните координатори кои се шуткаат од прием до прием, од канцаларија до канцаларија и до ден денес немаат откриено што им е работата, можете да ги покриете трошоците за целата зграда на владата да се упристои. А можевте и со парите за ВЕЧЕР да се послужите. Патетични сте. И за жалење”.

Аплицирајте за работа во Детски градинки “Наша иднина” Прилеп: Отворени четири работни места

Јавната општинска установа за деца-Детска градинка “НАША ИДНИНА”-Прилеп објави оглас за вработување на четири негователки за деца.

Според огласот објавен на веб страната на Агенцијата за вработување, основната плата за ова работно место изнесува 15.450 денари.

Кандидатите потребно е да поседуваат лиценца за неговател, а огласот е активен до 10.02.2019 година.

Менаџерката на Тоше Проески со земјоделие препороди село кое изумираше!

Селото Тамњаница исчезнуваше, а го препороди Љиљана Петровиќ. Ги покрена плантажите од боровинки, рози и ароматични растенија и ги донесе нејзините пријатели. Со овие зборови Вечерње новости ја започнуваат репортажата за жената која има само пофални зборови за Љиља Петровиќ – објави “Инфомакс”.

Кога здрава идеја и упорност се комбинирани, тогаш се гарантира успех во секој подвиг, без оглед колку на почетокот изгледа неизводливо. Покрај тоа што на 200 хектари плантажи посади ароматични билки, рози и боровинки, Лилјана Петровиќ е успешна и во вистинска смисла на зборот во заживување на родното село кое го препороди по неколку децении во менџерските води на естрадата.

Една третина од населението на Тамњаница веќе се нејзините пријатели и деловни партнери кои си купија рурални домаќинства, една третина се вратија на земјата на предците да ја обработуваат, а има и такви кои не се најдоа во оваа приказна и ги продадоа имотите на Лилјана Петровиќ.

Лилјана Петровиќ, која претходно беше позната како менаџерка на Тоше Проески, по неговата смрт се повлече од оваа работа и се посвети на земјоделството. И таа го направи најдоброто во оваа област што не е направено во последните 50 години. Купи 1.600 парцели од 600 сопственици и ги обедини во невидени полиња под лаванда, боровинки, рози …

И без патокази лесно е да се најде патот до овој рај, а најпрецизен водич е ако по Сиќевачка клисура во насока на Софија излезете од автопат кај Црвена река и на неколку километри се протега поглед на пејзажот што наликува на бајка од предели на јужна Франција.

– Ова не е само бизнис, ова е сон – ја почнува приказната Лилјана, која го привршува својот десетгодишен план.

Таа никогаш не сака нејзините соседи да работат за неа, туку за себе. На секој што сакаше да ја одгледува земјата, таа му помогна да го стори тоа.

“Моментално обработуваме пет хектари под смиље на мојата дедовина. Никогаш не сум сонувал дека е можно да се оживеат веќе запуштените области. Со помош на Лилјана научивме како да ги одгледуваме, а имаме и пласман, поради тоа што таа има дестилерија – раскажува Иван Станојевиќ(26), кој како сезонски заработувал “бел леб” во светот, до денот кога одлучил да биде свој шеф.

Целата сторија прочитајте ја ТУКА

Раскол во СДСМ Битола, граѓаните бараат оставка од градоначалничката Наташа Петрова

Битолчани се разочарани од градоначалничката Наташа Петрова, покажува последната анкета на ТВ 24 вести од Широк Сокак. Тие велат дека градоначалничката во предизборието им ветувала многу решени проблеми за Битолчани, а сега им останале само нејзините неисполнети ветувања.

Дури и граѓаните од редовите на СДСМ се против Наташа Петрова. Имено, во видеото се појавува и таткото на претседателот на ОО на СДСМ Битола, Методија Тасевски. Тој вели дека Петрова треба да си даде оставка. „Да си даде оставка. Нема ништо направено во градов“, вели таткото на претседателот на СДСМ во Битола.

Битола за време на владеењето на СДСМ и градоначалничката Петрова е еден од градовите со најниска комунална хигиена, несреден Клинички Центар и недоправени улици. Граѓаните се жалат на сиромаштија и на невработеност. Тие велат дека Битола е уништена: „Беспарица и уништена Битола, веќе ништо немаме во Битола“, вели една госпоѓа од испитаниците.

Српските факултети забрануваат мини здолништа, тетоважи, тренерки

Со цел да стават ред во однесувањето на своите студенти, многу факултети во Србија донесоа правила што младите академици мора да ги почитуваат.

Оттука, Филолошкиот факултет во Белград ги предупредува студентите да каѓуваат „Добро ден, Благодарам, Молам, Извинете и Повелете”, а во истиот документ има наведено и правила за облека. Забранени се мини здолништа и кратки фустани, кратки панталони и долни делови од тренерки, пишува Телеграф. Посебно се нагласува дека се забранети било какви политички обележја, како беџеви со ликови на лидерите на партии.

На Правниот факултет во Белград, каде честопати се споменуваа афери на професори и студентки, се поставени многу јасни правила – на студентите и професорите им се забранува облека што може да поттикне сексуално вознемирување.

На новосадскиот, Правен факулет пак, е истакнато предупредување дека сите недолично облечени ќе се упатуваат кон излезот. Забранет е влез во кратки панталони, разголени деколеа, а не се дозволени ни три-четврт панталони, високни шлицеви. Истовремено, портиртите на влезот ги предупредуваат несоодветно облечените.

Еден од поригорозните кодекси е оној на Техничкиот факултет во Зрењанин. Тама студентите мора да ја сокријат тетоважата и пирсингот, студентките носат хулахопки само ако врз нив имаат туника. Најкраткото здолниште може да биде до 10 сантиметри над колена, се заклучува во текстот на Телеграф.

Навивач на хрватски Сплит даде кош од половина терен и доби награда од 1000 ќебапи и 120 литри пиво.

Навивач на хрватскиот кошаркараки клуб Сплит постигна кош од половина терен на полувремето од натпреварот Сплит – Приморска и доби награда од 1200 ќебапи и 120 литри пиво.

Се работи за наградна игра која трае повеќе месеци.

Погледнете какво лудило предизвика со неговиот шут:

Девојка избегала од Дубаи од нејзините татко, чичко и брат и бара азил во Македонија: Нашите власти не и даваат (Видео)

Хинд Алболуки е 42 годишна жена, родена е во Дубаи, а веќе неколку недели е во центарот за странци во Гази Баба. Во Македонија бара азил, бидејќи, како што вели, има закани од нејзиното семејство – објави “Република”.

Дојдов во Македонија бегајќи од Дубаи бидејќи имам закани од татко ми, чичкото, брат ми дека животот ќе ми го направат пекол само затоа што побарав развод. Не знаев што да правам, тие дојдоа и ми го побараа пасошот и личната карта, велејќи дека не можат да ми веруваат веќе и сакаа да ми го избришат идентитетот. Кога некој ќе ти го побара пасошот или личната карта тоа значи дека нешто се случува, а јас не сум толку наивна, затоа размислив и избегав. Мајка сум на 4 деца – изјави Хинд Алболуку – барателка на азил.

По барањето за азил, Хинди е сместена во Центарот за баратели на азил во Визбегово. Но со првостепена одлука на 7 ноември 2018, како што велат од МВР, Секторот за азил го одбил нејзиното барање .

Утврдено е дека не постои оправдан страв од прогон, односно не се утврдило дека именуваната е прогонета поради својата раса, вера, националност, припадност на одредена социјална група, или политичко уверување и не постојат причини да се верува дека доколку се врати во државата чиј државјанин е, ќе се соочи со реален ризик од претрпување на сериозни повреди – велат од МВР.

Целата сторија прочитајте ја ТУКА