дома блог страница 3175

Локвенец до СДСМ: “Вие сте популисти што го уништија Прилеп – Наместо 20% поевтина, добивме 60% поскапа вода”

“Бевме сведоци како во минатото во предизборните кампањи СДС ветуваше живот за сите, но за жал ваквото нивно ветување досега се покажа како обичен популизам за политички поени. Граѓаните се чувствуваат измамени! Граѓаните со секој изминат дена на своја кожа ги чувствуваат погубните политики, кои освен црнила не донесоа ништо другo”– порача Ирена Стерјовска Локвенец на вчерашната прес конференцијан од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

„И наместо СДС да се зафати со вистинско решавање на проблемите на народот, носи експериментални одлуки со кои задираат во одреден проблем, без да го решат истиот.

Во текот на вчерашната седница на Совет на Оштина Прилеп се донесе одлука за ситни политички поени, навидум во корист на луѓето од социјално ранливите категории. Ние, советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија, понудивме предлог, со искрена намера, за целосно ослободување од сметката за вода на овие граѓани, а не само за 5 метри кубни, сметка која овој месец се очекува да стигне кај сите зголемена за приближно 60%.

Очигледно СДС работеле на некаква математика за добивање гласови за престојните избори, но ваквиот обид е препознаен како уште еден од низата популистички мерки.

На сите им се познати нивните принципи на работа. Со ваквите „мерки“, исто како и ослободувањето од радиодифузна такса, не се решаваат на квалитетен начин проблемите на граѓаните. Народот е мудар и нема да ја направи истата грешка два пати!

Оваа предложена мерка ние ја поддржуваме, но сметаме дека истата се носи со јасна намера, ден пред распишување на претседателските избори и со добра калкулирана позадина. Доколку искрено сакаа да им помогнат на граѓаните на општина Прилеп, ќе го прифатеа нашиот предлог или истава мерка ќе ја донесеа многу одамна!

Затоа граѓаните, сите оние кои на своја кожа ја почувствуваа погубната политика на СДС, ќе одлучат оваа власт да си замине час поскоро. Само така Македонија ќе продолжи да оди напред!“, рекоа од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

ВИДЕО: “Infokompas.com.mk”

(УРНЕБЕСНО ВИДЕО) Амди Бајрам: Син ми заврши факултет, ама не знам каков

Пратеникот Амди Бајрам oд Сојузот на Ромите, кој ќе се кандидара за претседател на државата, во интервју за ТВ 24 откри дека неговиот син Елвис Бајрам завршил факултет. На прашањето на новинарот каков факултет завршил неговиот син, пратеникот Бајрам одговори дека не знае.

Погледнете во продолжение:

“Кога човек ќе направи еден чекор кон Бога – Бог кон него ќе направи илјада чекори”

Фејсбук страната на манастирот Св. Преображение во село Зрзе изобилува со голем број духовни мисли и мудрости.

Најновата е наследство од Св. Паисиј Светогорец, а истата гласи:

“Кога човек ќе направи еден чекор кон Бога – Бог кон него ќе направи илјада чекори”

Прекрасниот манастир во Зрзе е примамлива дестинација во сите годишни времиња. Тука има што да се виде, да се почувствува, ја исполнува душата и исполнува со мир и спокој.

Огнен Јанески: “Државава не знам веќе каде е тргната – Република МаЌеСИоДАМијаС”

(Фејсбук статус на новинарот и уредник на ТВ 24, Огнен Јанески)

“Државава не знам веќе каде е тргната.

1. Скандалозни распределби за културата и уметноста. Носечки настани и манифестации се доведени во прашање дали воопшто ќе продолжат да се одржуваат, што поради немање доволно средства или пак поради одбивање. Манифестации, фестивали и/или настани кои се докажани и кои единствено на оваа дијазепамска нација и’ нудат опуштање без рецепт од матичен лекар.

2. Некни имавме петгодишно девојче кое почина од грип, а денеска шестмесечно бебе почина од морбили. Државата нема идеја како да го заштити населението здравствено. Никогаш не ни имала во последните години. Граѓаните си тераат Баба Рада лекување преку Фејсбук.

3. Државата нема пари да ги испрати пациентите кои бараат лекување во странство поради немање можности тука, но, затоа има пари да купува фотелји од телешка кожа и да ги вработи сите функционерски чеда на државни јасли.

4. Основците ни се неписмени повеќе од 50%. Функционално неписмена ни е младината во огромен процент. Образованието ни е крш.

5. Најголем аерозагадувач излезе Гинекологијата во Чаир, а дивите и лиценцираните депонии ни ги горат грлата. Ама не, тие нека чадат, прво да се погрижиме за најдобрата родилница во Македонија, оти таа загадува.

6. Аџанак – баџанак…

Основните столбови за едно општество се во колапс или веќе колабирани. Враќањето назад за да чекориме напред сега само кон ЕУ, оти нели за во НАТО ја турнавме оградата, ќе биде исклучително тешко.

Одговорност никој не понесува. Министрите се пашалачат како да е ресорот нивна своина. Себството им се нарушува со сечија и секоја критика, но, телешката кожа им ја одржува задницата на сигурно место, не гледајќи дека ќе нема народ кому ќе му служат, баш така како што и означува преводот од латински јазик на нивната функција – слуга на народот.

A тој – народот, веќе нема сили да шпарта ни по улици. Едни повикуваат други на демонстрации, а ни самите не ги покреваат, зашто чекаат друг да им се погрижи за гајлето на нивната судбина. Овие другите, пак, веќе немаат сила. Години се истрошија. И се’ така во круг, а греотноста на квадрат.

Република МаЌеСИоДАМијаС… Апсурдистан. Па макар бил и северен, сеедно”, пишува Јанески.

Уживајте во викендот: Наредната недела повторно снег?

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 3 до 13 степени.

Во Скопје слично време со температура од -3 до 8 степени.

За време на викендот времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла.

Во понеделник ќе дува засилен јужен ветер, а попладне од запад ќе започнат врнежи претежно од дожд.

Од вторник ќе биде постудено и врнежите ќе преминуваат во снег.

Aнкета на “Инфокомпас”: Прилепчани револтрирани поради огромното зголемување на сметката за вода

ФОТО/infokompas.com.mk

Од наредниот месец прилепчани ќе плаќаат повисоки сметки за вода за 60% или за 17,35 денари плус по метар кубен поради работата на пречиститечната станица. Од вчера со пречистителната станица стопанисува ЈКП „Водовод и канализација“. Граѓаните се свесни дека мора да се одржува станицата, но според нив покачувањето од 60% било енормно високо, особено кога пред изборите се ветуваше намалување на водата за 20% – пишува порталот “Инфокомпас”.

„Срамота е ова, знаете колку се 60%. Да се поткачи 5% во ред, ами 60% со кои пари ќе плаќа народот. Срамота е. Нека се задума малку градоначалникот, тој можи има пари лекар е“, вели еден прилепчанец.

„Јас се согласувам да има некое покачување, ама 60%, па тоа сите граници ги поминува. Јас земам 9.500 денари пензија, еве другарчињата од власта ги замрзнаа. И сега ? А на вицепремиериите им ја зголемија платата за 8.000 денари, замислете за 8.000 денари, колку јас што земам пензија ете толку“, кажа друг прилепчанец.

„Кај ќе ги најдам толку пари со 10.000 денари пензија. Зошто тие не се замислат колку пари земаат“, вели друг прилепчанец.

„Мислам дека е премногу ако е точен тој процент кој го кажувате. Знаев дека ќе се покачи водата ама не толку. Да не зборувам за мене, ама за пензионери кои имаат минимални пензии, тоа ќе биде тешко“, истакна друг прилепчанец.

„Мене ми се чини дека тоа е премногу. Пречистителната станица треба да биде самостална и јас сум за тоа, ама 60% е премногу. Прилепчани неможе да издржат плус уште еден ваков товар“, вели еден прилепчанец.

„Сега народов треба да застане пред Општина, како што се собираат во Скопје и за помали работи, пример за воздухот и слично, народот да застане онде треба и да се збуни малку. Ама нема кој да го поведи, да речи чекај што правите дај да се собериме“, кажа друг прилепчанец.

Видеото од анкетата на порталот “Infokompas.com.mk”, погледнете го ТУКА

Шекеринска: Не е важно што униформите ќе бидат двојазични, во мисиите на НАТО и онака се е на англиски

По денешната посета на касарната во Тетово, за законот за јазиците, министерката Радмила Шекеринска во гостувањето во Отворено Студио1 вели дека не било разговарано на таа тема, затоа што луѓето во apмијата сакаат да зборуваат за реалните теми и предизвици – основната и вoeнaта опрема, кacaрните, физичката подготвеност…

–Во поглед на униформите нема да имаме големи проблеми. Прашањето е едно од прашањата кои ги упативме до Венецијанската комисија, да кажат став, без да го ставиме во законот. Ако отидете во која било кacaрна и ако ги погледнете униформите, на нив има две напишани информации – името на припадникот и името на државата. И едното и другото некои го имаат на кирилица, а некои на латиница. Кога заминуваат во мисии, сите ги ставаат името и државата на латиница. Не мислам дека ова прашање ќе влијае реално на животот и на работата на вojниците, вели Шекеринска и додава дека бидејќи се работи за армија, нема да има двојазичност во наредбите, затоа што така тешко би функционирале и тоа не било воопшто поставено како прашање во преговорите за употребата на законот за јазиците.

Мицкоски со пратениците и американската NDI 3 дена на семинар и стратегија за победа

Овој викенд ВМРО-ДПМНЕ ќе го помине во Струга заедно со Националниот демократски институт (НДИ) од САД. Тоа ќе претставува одлична можност за раководството на партијата, за луѓето од Националниот демократски институт, да размениме знаења и искуства, инаку самиот наслов на овој работен викенд е „Рефлектираме за минатото и планираме за иднината“.

Ќе ги извлечеме поуките од сите оние грешки кои политичките елити во ова наше 28-годишно политичко мочуриште го правеа во Република Македонија и тие грешки да не ги повториме во иднина, затоа да направиме соодветен план и да ја испланираме иднината.

Ова за Атфа ТВ, го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Струга каде се одржува дводневниот семинар се одржува со наслов „Рефлектирање за минатото, планирање за иднината“.

-Мислам дека ќе претставува корисно искуство за ВМРO-ДПМНЕ, за луѓето од Националниот демократски институт, бидејќи навистина Македонија никогаш не била по поделена од денеска и како општество и како луѓе, и не само политички, туку ние почнавме да се делиме и по определни појави кои што се случуваат во македонското општество, рече Мицкоски и додаде:

„Никогаш Македонија не била поподелена кога стануваше збор за Преспанскиот договор, имаше една помала група на луѓе кои што го поддржуваа и огромно мнозинство кое беше против тој договор. Потоа она бескрупулозното додворување на Зоран Заев со ниски страсти на определена етничка група, а се со цел само да обезбеди глас повеќе, бидејќи гледаме дека кај мнозинскиот етникум, македонскиот, не може повеќе да добива гласови бидејќи има огромно разочарување кај нив од политиките кои ги води СДСМ и Заев. На тој начин го прави македонското општество се поподелено, од друга страна пак, граѓаните се крајно разочарани на немањето правна држава, се деморализирани и демотивирани и спасот го наоѓаат селејќи се со целите семејства надвор од границите на Република Македонија“.

Инаку, целта на дводневниот настан кој го организира ВМРО-ДПМНЕ во соработка со НДИ, е градење на нови политики и обука на раководството и пратеничката група на партијата.

НДИ е една од највлијателните политички организации во САД која има долгогодишна соработка со ВМРО-ДПМНЕ помагајќи ги во континуитет внатрепартиските процеси на реформи, реструктуирање и подготвување на нови програми.

Kaко навивачите на Барса го дочекуваат “Ел Класико”: Затоа велат дека Барса е повеќе од клуб (Видео)

На ваков начин навивачката група на Барселона се подготвува пред секој дуел, но двобојот со Реал Мадрид во популарното “Ел Класико”, не може да се мери со ништо друго.

Така било и пред последното “Ел Класико” кое се одигра во средата во рамките на полуфиналето од шпанскиот “Копа Дел реј”, кога Барса и Реал одиграа 1:1.

Погледнете го видеото во продолжение и ќе видите што значи Барса за навивачите.

Избрана песната со која Тамара ќе настапи на Евровизија

Тамара Тодевска ќе ја претставува Република Македонија на годинашниот Избор за песна на Евровизија во Тел Авив со песната со работен наслов „Proud“ на авторскиот тим: Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.

Ова е одлучено од консултативното тело на Македонската радио-телевизија по иницијатива на Тамара на вчерашното преслушување на песните што неколкумина наши автори ги доставија до МРТ по соопштувањето на изборот за македонскиот евровизиски претставник за 2019 година.

Во моментов се работи на продукциското оформување на финалната верзија на песната која наскоро ќе ѝ биде претставена на јавноста.

Евровизискиот настап на Тамара на сцената во Тел Авив ќе биде на втората полуфинална вечер на 16 мај.