дома блог страница 3174

“Срамота е во 21 век да газиме кал во град”: Жителите од оваа прилепска улица бараат асфалт од општина Прилеп (Фото)

Жители од улицата “Зеленгора” или по ново “Кресненско востание” од Прилеп, бараат асфалт од општината.

Улицата која се наоѓа покрај железничката пруга е во катастрофална состојба, а на жителите им создава огромни проблеми кога времето е врнежливо.

Тие ги испратија овие фотографии до нашата редакција и побараа општина Прилеп во најскоро време да го реши нивниот проблем.

Директорката на Центарот за култура од Битола: “Министерство јас не сум магионичар, јас сум уметник и директор кој сака да работи без скршени крила!”


Фото/ТВ Тера

Министерство јас не сум магионичар! Јас сум уметник и директор кој сака да работи без скршени крила, напиша на својот фејсбук профил директорката на Центарот за култура во Битола Маја Андоновска-Илијевски.

Реакцијата следува откако во годишната програма на Министерството за култура не беа предвидени средства за Интернационалниот фестивал на монодрама од Битола, а другите манифестации останаа со скратен буџет.

“21 година Фестивал на Монодрама, член на интернационален форум One man show под Унеско, оваа година не доби средства во годишната програма на Министерството за култура. Прво мислев дека неможам да го најдам, потоа дека е некоја грешка во објавувањето на програмата… Значи на крај е сепак 0 денари.

49 години Илинденски денови, најстариот фестивал во републиката за Фолклорни песни и игри член на CIOFF, во кој е дел од 100 најдобри фестивали на светот оваа година е повторно со скратен буџет. А Битола во таа фестивалска недела прима над 1000 гости од земјата и светот, и сите поголеми угостителски капацитети на градот се во служба на фестивалот…

11 години Фестивал на музика од светот, буџет како лани -помалку од незадоволителен!

Министерство, јас не сум магионичар!
Јас сум уметник и директор кој сака да работи без скршени крила!”, напиша директорката на својот Фејсбук профил.

КАКВА ТРАНСФОРМАЦИЈА:Популарниот актер од млад глумец до „чуден старец“!

Холивудскиот глумец Џони Деп моментално се наоѓа во Белград каде го снима филмот “Minamata” во кој ја игра главната улога на фоторепортерот Вилијамс Еугенеа Смит.

Како што пренесува српскиот Блиц, интересирањето за овој филм и кадрите е огромно, можеби поради тоа што Деп е сосема непрепознатлив. Фановите велат дека личи на чуден старец.

Деп ја оживеа улогата на славниот фоторепортер кој снимил фотографии кои сведочат за загадувањето во Втората светска војна кога е нарушено здравјето на жителите на градот Минамата.

Новинарката постави “погрешно” прашање, па човекот од обезбедувањето на Порошенко ја замолчи на “посебен начин” (Видео)

Човекот од обезбедувањето знае како на свој начин да ја замолчи новинарката која му поставува незгодни прашања на претседателот на Украина, Петро Порошенко.

Прилеп: Отишол да расчистат долгови, а потоа настанал хаос

На 08.02.2019 година во 18,00 часот во Полициската станица Прилеп С.М.(42) од Прилеп пријавил дека истиот ден околу 14,00 часот отишол во домот на Џ.О. со цел да се договорат околу нерасчистени должничко доверителски односи, а присутни биле и неговата сопруга и брат, по што настанала вербална расправија и во еден момент Џ.О. со тврд предмет го удрил пријавителот во пределот на левото рамо, а потоа и неговиот брат физички го нападнал – информираат во полицискиот билтен на МВР. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Прилепско куче скитник игра на диско музика (Видео)

На социјалните мрежи се појави видео на кое прилепско куче скитник игра на диско музика.

Кучево толку многу се внесува во ритамот, што изгледа како да е родено во ноќен клуб.

Погледнете, слатко ќе ве насмее:

Започнува евиденцијата на УЈП на банкарските сметки на граѓаните

Правилникот од Министерството за финансии за доставување на податоци од банките до Управата за јавни приходи за парите, вклучувајќи ги и девизите, кои поединците ги добиваат од земјата и од странство стапи на сила.

Со тоа УЈП преку обрасците што ќе ги добива директно од банките ќе ги следи сметките на сите физички лица што добиваат пари на своите сметки од страна на други индивидуалци од правни лица од земјата, како и од странство.

Во образецот влегуваат податоци за налогодавачот, примачот, банката, број на трансакцијата, сумата, датум на приливот, основот, шифра на валута и на земјата, односно се што содржи една уплатница. Банката до 15-иот ден од тековниот месец треба да ги пријави сите трансакции за претходниот месец преку постоечкиот канал за размена на податоци со Управата за јавни приходи. Податоците кои се однесуваат за 2018 година, како што е предвидено со законските измени, треба да се достават до УЈП до 28 февруари.

УЈП за прв пат автоматски ќе ги добива податоците за сите приливи на сметките на граѓаните.по ланските законски измени по скратена постапка во Собранието. Пристапот до средствата на сметките на граѓаните, како што објавија од УЈП, им е потребен за подготовка на годишната даночна пријава, која во 2019 ќе ја изработува Управата за сите граѓани, а тие ќе треба да ја потврдат или коригираат.

Од Министерството за финансии наведоа дека личните податоци на граѓаните ќе бидат максимално заштитени и дека актите се усогасени со Дирекцијата за заштита на личните податоци. Со измените нема да се даночат дознаките, односно парите кои роднини и пријатели ги праќаат на своите најблиски, иако УЈП и нив ќе ги гледа. Но, граѓаните кои имале приходи од странство од авторски договори, хонорари за кои и до сега требало да платат данок, не ќе можат да го избегнат, бидејќи парите на сметка ќе ги гледа и УЈП.

Ова е генијално! Како би звучела “Џингл бел” во ритамот на сите поранешни југословенски републики – македонската верзија е посебна (Видео)

Хрват хармоникаш направил генијално видео за тоа како би звучела новогодишната песнa “Џингл бел” (Ѕвончиња, ѕвончиња), во музичкиот ритам на сите поранешни југословенски републики.

Сите ритами се уникатни по нешто, но македонскиот звучи по се изгледа најдобро.

Погледнете:

Доктор од Прилеп со хуман предлог до министерот Филипче: “Јас лично ќе ја донирам мојата плата”

Докторот Јово Бурнески од Прилеп, преку својот Фејсбук профил го замоли Министерот за здравство, Венко Филипче да формира солидарен фонд, каде како што вели тој лично прв ќе ја донира својата докторска плата:

“Ве замолувам господине Венко Филипче и министерството за здравство веќе долго време да формирате солидарен фонд.

Јас како Доктор прв ќе ја донирам мојата докторска плата за да им се помогне на сите социјално загрозени категории и на сите граѓани со помали примања кои немаат можност да го платат прегледот на доктор и кои немаат здравствено осигурување, како и сите пациенти кои треба да се лекуваат во странство да бидат покриени.

Доста се нагледав како сиромашните и оние кои немаат пари ни умираат по клиники затоа што немаат пари да платат преглед на доктор. Каде ни се изгуби хуманоста и човечноста кај сите нас”, напиша Бурнески на Фејсбук.

Шефот веројатно многу го изнервирал: Работник со багер го парчосал Мерцедесот на својот шеф (Видео)

Кој знае што барал и што добил од разговорот со неговиот шеф!

Очигледно работникот не бил задоволен од исходот, a тоа било јасно од неговиот одговор.

Еве како “му одговорил” на својот шеф на неговата понуда!