дома блог страница 3173

Зеколи: Не баџанаците, сестрите, синовите – тргнете ги овие од власта

Политичкиот аналитичар и поранешен македонски амбасадор Арсим Зеколи има свој став по прашањето „вработување блиски луѓе во администрацијата од оние кои се на власт“.

Повод плус беше именувањето на баџанакот на претседателот на собрание за член на идната антикорупциска и информацијата дека министерот за култура ја запослил сестра му во ЕЛЕМ.

Зошто да се повлечат именувани баџанаци, синови, ќерки, зетови, вонбрачни сопрузи? Тие се помало зло кои ја искористуваат туѓата моќ.

Треба да се повлечат и разрешат нивните роднини во Власта кои ја злоупотребуваат дадената моќ.

Разрешете ги вторите како памет за следните, порачува Зеколи.

Голема радост, но за џабе: Српскиот тениски ас сепак нема да отвара ресторан за бездомни лица

Пофалби од сите страни, голема радост и комплименти на адреса на најпознатиот тенисер Новак Ѓоковиќ го преплавија регионот, по објавата на веста дека отвора ресторан за бездомници во соседна Србија.

-Парите не ми се проблем. Заработив доволно за да ја нахранам цела Србија. Мислам дека тие заслужуваат, бидејќи секогаш ме поддржуваат – е наводната изјава на тенисерот, која ја предизвика забуната во јавноста, и тоа по втор пат во две години.

Имено, за тоа дека Ѓоковиќ, кој веќе има два ресторани, еден во Белград ,,Новак” кој го отвори во 2009 година, и еден во Монте Карло ,,Еквита” отворен во 2016 година, решил бесплатно да ги храни бездомниците во Србија, за прв пат се објави во британски медиум уште пред околу две години, а потоа веста беше пренесена и во речиси сите медиуми во регионот.

Некои пишуваа дека ресторанот веќе се отворил, други пак дека се бара соодветна локација. Информацијата се прошири со молскавична брзина, и за неколку часа го обиколи светот. Набргу потоа, во октомври 2017 година, од неговиот ПР тим демантираа и појаснија дека нема такво нешто. Но, сепак потенцираа дека Ноле продолжува со хуманитарна работа.

-Станува збор за измислена вест и за нешто што нема врска со Новак Ѓоковиќ – појасни Небојша Мандрпа од тимот за односи со јавноста на тенисерот за порталот Глорија.хр уште тогаш.

На социјалните мрежи – овации, радост, благослови до семејството Ѓоковиќ, пораки до останатите кои заработуваат солидно да се угледаат на Новак.

Сепак, ресторан во кој ќе се дели бесплатна храна, најверојатно ќе биде само сон и желба за многумина, барем во блиска иднина. Оние кои се понадевале дека Ѓоковиќ ќе ги храни, очигледно ќе мора да најдат начин сами да си го заработат парчето леб.

Како да препознаете дали имате недостаток на железо во крвта?

Според СЗО, осум од 10 лица се соочуваат со недостаток на железо во крвта и поради тоа имаат неправилен транспорт на кислород до сите клетки во телото.

Жените треба да внесуваат 18мг железо дневно, додека на мажите им се потребни 8мг.

Знаци по кои ќе препознаете дека имате недостиг на железо се постојаната измореност, недостиг на енергија, краток здив, особено кога се качувате по скали или кога вежбате, бледо лице и немирни нозе.

Исто така, може да почувствувате и главоболка и вртоглавица, проследени со промени во расположението и намалена концентрација дури и при најлесни задачи.

Кршливите нокти, отекувањето на јазикот, но и сувата кожа и коса, а во посериозни случаи и нејзино опаѓање исто така се симптомите кои треба да ви укажат што побрзо да направите крвна слика и да почнете со лечење на својот здравствен проблем, пред да стане посериозен за вашето здравје.

Извор: “Република”

Кога ќе отидеш во Германија без никакво знаење за мајсторски арбајтен (Урнебесно видео)

“Квалификуван” мајстор на дело. Видео кое со сигурност ќе ве засмее!

Погледнете:

Фитнес убавица: Една нејзина објава на Instagram чини 14.500 евра (Фото галерија)

Доволно е да се каже дека оваа Instagram убавица ја следат повеќе од 11 милиони луѓе, а од спонзорирани објави на социјалната мрежа досега има заработено 3,4 милиони евра.

Колумбијката Анлела Сагра е фитнес инструкторка која решила нејзината најголема страст да ја спои со природната убавина и да заработи од тоа на социјалните мрежи.

Една нејзина спонзорирана објава на Instagram чини 14.500 евра, што е далеку повеќе од годишната плата на еден Македонец.

img src=”https://markukule.mk/wp-content/uploads/2019/02/Screenshot_7-7.png” alt=”” width=”529″ height=”577″ class=”aligncenter size-full wp-image-116841″ />

Вака тоа го прават Украинките: Се соблекле во бикини и се капеле во леден поток (Видео)

Неодамна студен бран ја дрмаше Америка, меѓутоа постојат и земји и каде екстремниот студ и малку не е страшен и необичен.

img src=”https://markukule.mk/wp-content/uploads/2019/02/Screenshot_1-12.png” alt=”” width=”637″ height=”356″ class=”aligncenter size-full wp-image-116832″ />

Додека многумина се облекуваат во повеќе слоеви облека, овие две русинки покажаа дека нив студот ништо не им може.

Тие се соблекле во бикини и одлучиле да се искапат во ледениот поток.

Maратонско интервју со Никола Груевски на “Инфомакс”: Што се случуваше пред, за време и по заминувањето на Никола Груевски од премиерската функција

Маратонско интервју со првиот дисидент во независна Македонија. Речиси од шест часа разговор, отворено и без цензура. Што се случуваше пред, за време и по заминувањето на Никола Груевски од премиерската функција.

Отворени многу прашања, на кои никој досега не дал одговор.

Затоа, следете го ексклузивното интервју во недела во 18.30 часот на „Инфомакс.мк“.

Ѓорчев пред прилепчани: “Срцето ми е исполнето како преполн штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп” (Фото)

Еден од потенцијалните кандидати за претседател на Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Влато Ѓорчев, вечерва пред прилепчани ја претстави својата визија за државата и ја побара поддршката од делегатите на партиската Конвенција која ќе се одржи на 16 февруари во Струга.

“Срцето ми е исполнето како преполн штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп”, со овие зборови Ѓорчев го започна својот говор пред прилепчани од кои беше награден со голем број аплаузи.

Тој потенцираше дека на партијата и треба партиски кандидат кој ги поминал сите филтри и секогаш бил на страната на народот и државата.

Пред исполнетиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, Ѓорчев ги спомна сите негови победи како носител на пратенички листи во изборните единици и им вети дека доколку стане кандидат за претседател, како што рече “ќе ја преора цела Македонија, до последно населено место”.

Toj ја истакна својата поддршка за претседателот на партијата, Христијан Мицкоски и рече дека секогаш ја има неговата поддршка и дека Мицкоски е идниот премиер на државата.

Српскиот пејач сподели емотивна анегдота поврзана со Тоше: „Остана тоа сеќавање и фотографијата“

Српскиот пејач Жељко Самарџиќ во емисијата „Живот со стил“, зборуваше за неговата кариера, приватноста, новиот имиџ, а се присети и на спомените кои ги има за нашиот Тоше Проески.

-Случајно се запознав со Тоше. Зет му беше со него. Подоцна дознав дека тоа му бил зет. Имав концерт во Охрид. Бевме во некоја пицерија. Ми пријде зетот.

Ме праша дали млад пејач може да се запознае со мене. Се запознавме, тој ми даде касета како подарок. Кога одевме, ја ставив касетата во комбето и бев фрапиран. Реков дека тоа дете е вонсериски пејач. Сите се согласија со мене.

Следната година настапував на Сунчане Скале во Херцег Нови, се појавува момче, јас не ги запомнив ни името ни презимето. Бев третопласиран, потоа едно момче кое ја доби втората награда и потоа групата „Макадам“.

Ми кажа дека е од Македонија. Му кажав дека сум запознал најдобар пејач од младите и дека би сакал кога-тогаш да го сретнам.

Не можам да се сетам на името. Одговори дека е тој. Јас сум Тоше. Го прегрнав! Оттогаш станавме добри другари, редовно се слушавме по телефон.

Бев на неговиот концерт во Белград како поддршка. На тој концерт тој кажа дека на осми март Жељко Самарџиќ има концерт во истата арена. Нема да поверуваш.

Таа арена по неговиот концерт беше најпродаваната арена досега. Остана тоа сеќавање засекогаш како и фотографијата која ја имам со него – раскажа Жељко.

МНР почна да го користи називот Република Северна Македонија

Oд македонското Министерство за надворешни работи велат дека по исполнување на сите правни услови за влегување во сила на Конечната Спогодба и Уставните амандмани, Владата ќе го објави во Службен весник датумот на влегување во сила на Уставните амандмани и Уставниот закон.

Потоа, Република Северна Македонија и Грција ќе достават заедничко писмо до Генералниот секретар на ООН, со кое го информираат Антонио Гутереш за датумот на влегување на сила на Конечната Спогодба, со што се става крај на повеќедеценискиот билатерален спор меѓу двете земји.

Република Северна Македонија по ова на соодветен начин ги информира: Секретаријатот на ООН, земјите-членки, земјите набљудувачи на ООН, како и сите останите меѓународни организации чија членка е, за настанатите промени. Сето ова се очекува да се случи во следните неколку дена, за што ќе бидете навремено информирани.