дома блог страница 3172

Орбан се бори со белата чума: Семејствата со најмалку две деца ќе добијат субвенции за куќа, автомобил и уште нешто

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, најави денеска нови субвенции за сите жени кои се мажат пред 40-тата година, како и нови погодности за нововенчаните двојки и семејства.

-Се помалку и помалку деца се раѓаат во Европа. Што се однесува до Западот, нивниот одговор е имиграција. За секое дете што недостасува, би требало да дојде ново и дури тогаш бројките бил биле на место. Но нам не ни се потребни бројки. Нам ни се потребни унгарски деца, рече денеска Орбан во обраќањето до нацијата.

Тој најави нова програма со седум точки кои ќе донесат ново погодности за нововенчаните двојки и семејства. Новите мерки ќе им овозможат на семејствата што имаат најмалку две деца да добијата субвенции за купување куќа, како и за купување автомбоил.

-Жените кои имаат најмалку четири деца ќе имаат можност да не плаќаат личен данок на доход. Жените помлади од 40 години кои се мажат првпат, ќе имаат можност да добијат субвенции од 10 милиони форинти (36.000 долари), рече Орбан.

Третина од тој долг се отпишува кога жената ќе роди второ дете, а по третото, долгот целосно се отпишува.

„Тоа е одговор за Унгарците. Не е имиграциајта“, рече Орбан.

(Видео) Скрши јајце на -32 степени, но не го очекуваше ова

Човек од Минесота, САД, одлучи да сними видео на кое ќе прикажи колку брзо ќе замрзни едно јајце на температура од -32 степени Целзиусови.

Западот на Америка беше најпогоден од поларниот бран, со температури и до 40 степени под нулата.

Планините и височините се неговиот втор дом: 84-годишен прилепчанец е вљубеник во природата од својата 14-та година

Благоја Костоски – Чакра

Цели седумдесет години Благоја Костоски – Чакра, пензионер, е член на планинарското друштво Козјак. Ги ,,исшпартал,, скоро сите планини во Македонија, во сите соседни држави, а и подалеку. Сега е на 84 години. Верен е на својата планинарска дружина. Одвреме – навреме прошетува до поблиските ридови околу градот.

Такаречи нема планина која не ја познава и на чиј врв не се качил да се ,,дружи,, со облаците на бескрајното небо. Витрините на Друштвото, кое според него, го формирал татко му во далечната 1938 година, се полни со пехари, медали и плакети, освоени од планинарите.

Костоски има богата и долга планинарска биографија. Не им го знае бројот на добиените признанија, пехари, плакети, награди и благодарници.

-Член сум на ПД Козјак такаречи од мали нозе. Од својата 14 година ме ,,зарази,, татко ми да го засакам планинарството. Располагам со целата документација и фотографии со сите признанија освоени и добиени од планинарите на Козјак. Подготвено е за издавање на книга од многугодишното планинарење и ,,шетање,, по планините. За жал, нема спонзори да ја издадам – вели Чакра.

За него секогаш планините билае втор дом. Таму се чувствувал, па и сега релаксирано.

-Страста за планината ме одмора и ми предизвикува чувство на задволство. Мерак е да се прегрниш со даровите на природата, со коријата, шумите, со падините, ливадите, со шумот на лисјата и крошните на гранките. Секогаш ми е прв пријател, оти не ме издава покрај нејзината суровост. Секогаш е верна за љубителите на чистиот воздух, пешачењето, походите на стрмни нагорни и на опасни надолнини. Горд сум што напорот ќе го крунисам со освојување на врвот, особено ако е сефте и прво качување – кажува Костоски.

Ги измарширал поголемиот дел од планините во поранешна Југославија, покрај македонските. Уживал во панорамите на српските ппанини, ги плакнел очите на босанските планини, ги прегазувал без мака хрватските планини, ги задоволувал сите свои чула додека се заљубувал во црногорските дивини.

Згазнал и на грчкиот трон, Олимп, го вдишувал опојот на вегетацијата на бугарските врвови Вихрен на Пирин и Мусала на Рила. Мерак останал од чешките и полските Татри, а италијанските и австриските Алпи му се врежале трајно во впечатоците.

-Сум се качил на познати врвови на Алпите. Вистинско доживување беше авантурата на кратерот на вулканот Везув. Бев млад. Планината ме викаше, а јас се одѕивав да се гушнеме. Бев и натпреварувач закитен со многу признанија – додава Костоски, планинарот кој покрај товарот на годините го држи умот и кондицијата и не се откажува од природата.

Овој веќе познат и признат планинар кој ги има минато сите одговорни и раководни функции во Козјак жали што во Друштвото членуваат стотина членови, од кои само триесетина се млади.

-Друштвото беше најактивно и славно во повеќе држави, бидејќи учествуваше на маршеви и планинарски екскурзии. Привлекуваше многу млади. Беше расадник на планинари. Во 1988 година броеше 2500-3000 членови. Солзи ми навираат и ми се стега душата како копец кога на превојот Дервен ќе ги видам голите ѕидови на планинарскиот дом. Беше граден во иста форма и големина со намена како оној што е на Водно. Жалам што, иако покренував повеќе акции, самоиницијативно барав од одговорните во Прилеп и пошироко да се изнајдат средства да се поправи изгорениот дом да му се врати функцијата, бидејќи беше еден од најубавите во Македонија. Негрижата или невнимание во 1997 година го однесе со ветрот и ги претвори во пепел со неисправната електрична инсталација. Ми е криво што не се успеав да се најдам средства за реконструкција или изградба, сите планинари да најдат закрила, засолниште па и катче за дружење. И не само за нив, туку и за оние кои не ја милуваат планината да најдат простор за престој и да се заљубат во природата – завршува Благоја Костоски – Чакра.

Посебна чест му претставува наградата за животно дело на планинарската федерација на Македонија, ,,Даре Џамбаз,,, и наградата од друштвото од Прилеп, третоноемвриската награда за големиот придонес во планинарството во 2015 година и награди од повеќе планинарски асоцијации и здруженија скоро цела поранешна Југославија. Тука е и златниот медал со повелба на планинарскиот сојуз на Македонија.

Петок со Зенит

Костоски е верен читател на неделникот Зенит. Го почнува петок, рано наутро со години, чекајќИ го колпортерот да го донесе последниот број и да седне раат дома да ги доживее низ редовите приказните на своите сограѓани, да ги осознае информациите од градот без разлика дали се од областа на политиката, културата, спортот или економијата. Локалниот живот го осознава низ мирисот на хартијата, шумот на страниците и следењето на редовите. Секое ново издание, за него е богатство на духот и уште една цигла во историјата на градот.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”

Добивме шампиони: Младите каратисти освоија два златни и два сребрени медали за Македонија

Историски ден за македонското карате и македонскиот спорт.

Петар Спасеновски и Доан Османи денеска станаа европски шампиони во У21, на континенталниот шампионат во карате за помлади категории.

Европското првенство Македонија го заврши со вкупно четири медали, по две златни и две сребрени.

Покрај денешните први места, вчера македонските каратисти Глигор Петков стана вицепампион за јуниори, а претходно Бојан Костов освои сребрен медал кај кадетите.

Во живо: Прв дел од мега интервјуто со Никола Груевски за “Инфомакс.мк”

Прв дел од мега интервјуто со екс премиерот Никола Груевски во живо на порталот “Инфомакс.мк”.

“Јака финта од Водовод: Не се зголемува цената на водата, туку сметката за вода за 60%?”

„Написите во одредени медиуми за наводното зголемување на цената на водата, се груби манипулации со граѓаните на Прилеп. Цената на водата останува непроменета. Согласно Законот за утврдување на цени на водни услуги, со ставањето во функција на Пречистителната станица, се воведува нова тарифа за пречистување на урбани отпадни води“, изјави на вчерашната прес конференција Емил Јанески, директор на ЈКП „Водовод и канализација“.

Точно е дека цената на водата е непроменета, но сметките за вода ќе се зголемат за близу 60%. Причината за тоа е донесената одлука од страна на Советот на општина Прилеп за финансирање на новата пречистителна станица.

За оваа намена прилепчани ќе плаќаат по 17,35 денари за секој метар кубен потрошена вода, огромен трошок кој ќе удри по џебот на секое семејство.

Ако за пример земеме сметка со 15 метри кубни потрошена вода во месецот, која изнесуваше 540 денари, со дополнителниот трошок од 17,35 денари за секој потрошен метар кубен вода, истата ќе изнесува 800 денари.

Преку субвенционирање на само 5 метри кубни потрошена вода во месецот за околу 500 социјално ранливи семејства, локалните власти се обидоа да ја скријат штетната одлука.

Од ВМРО-ДПМНЕ ја поддржаа оваа одлука, но владеачкото мнозинство го одби нивниот предлог за целосно ослободување од сметки за вода на овие семејства.

“Во текот на вчерашната седница на Совет на Оштина Прилеп се донесе одлука за ситни политички поени, навидум во корист на луѓето од социјално ранливите категории. Ние, советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија, понудивме предлог, со искрена намера, за целосно ослободување од сметката за вода на овие граѓани, а не само за 5 метри кубни, сметка која овој месец се очекува да стигне кај сите зголемена за приближно 60%”, изјави Ирена Стерјовска Локвенец на прес-конференцијата одржана во петокот.

Инаку, ова е второ зголемување на сметките за вода, откако претходно во месец февруари минатата година, советниците од владеачкото мнозинство, го зголемија и надоместокот за одведување на урбани отпадни води од 3 денари на 5,28 денари за метар кубен.

Тоа доведе до зголемување на оваа услуга за дополнителни 2,28 денари за секој потрошен метар кубен вода.

Оваа одлука ниту малку не наликува на ветувањето кое го даде актуелниот градоначалник пред локалните избори во 2017 година.

Во продолжение и анкетата која помеѓу прилепчани ја спроведи порталот “Инфокомпас”.

Eве какво е размислувањето на граѓаните за покачените сметки за вода од 60%:

“Ние ќе потрошиме 150.000 евра да се претставиме како Северна, а Бугарија се откажа од Евровизија?”

Бугарија нема да учествува оваа година на Евровизија поради финансиски причини. Ова го соопштил бугарскиот национален сервис БНТ, може да се види на официјалниот сајт на Евровизија.

Со тага ви соопштуваме дека Бугарија нема да учествува на Евровизија. Оваа одлука се базира на финансиски причини, бидејќи, според менаџментот на сервисот, трошоците на проектот далеку ги надминуваат финансиските капацитети на БНТ – се вели во соопштението.

Mинатата година за Бугарија на Евровизија настапија EQUINOX и го освоија високото седмо место.

(Видео) Македонскиот филм “Господ постои, името и’ е Петрунија” доби громогласен аплауз во Берлин

На филмскиот фестивал во Берлин денеска рано, во 9 часот се одржа проекцијата на филмот „Господ постои, името и’ e Петрунија“ на македонската режисерка Теона Стругар Митевска, а подоцна прес конференција одржа екипата на македонскиот филм.

Според фотографиите и видеата кои може да се видат на социјалните мрежи, забележлив е големиот интерес за приказната и за начинот на кој се снимал филмот, за идејата…од полната сала за прес конференции, и бројните новинарски прашања.

Присутните во еден момент со голем аплауз ја поздравија екипата на македонскиот филм на „Берлиенале“.

Прилепчанка пријавила дека била нaпадHaтa на работно место

На 09.02.2019 година во 20,20 часот во Полициската станица Прилеп Т.П.(38) од Прилеп пријавила дека истиот ден околу 17 часот додека била на нејзиното работно место во продавницата за авто гуми и железарија лоцирана на улицата „Орде Чопела“ била физички нападната од Б.Х.(34) од Прилеп. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Мицкоски: “Ајде на избори, нека изгрее зората на слободата” (Видео)

“Економијата тоне.

Владата ништо не работи и само повторува лаги.

Македонија оди во погрешна насока.

Покрај национална ни претстои и економска катастрофа, затоа потребни се избори.

Народот да одлучи. Избори.

Нека изгрее зората на слободата”, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук.