дома блог страница 3171

“Долненци бесни за овој скандал од Владата?”

Советот на Меѓународниот фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ реагира на веста дека оваа национална манифестација што го негува изворниот мелос по 45 години ја нема во програмата на Министерството за култура за оваа година. Односно, не доби ниту денар за активностите.

Според секретарот на фестивалот Златко Лашкоски, ова е шокантно и никогаш не се случило во четири и пол децении постоење на овој Фестивал, што ги негува и ги одржува изворните традиции од овие простори.

-Во годината кога Меѓународниот фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ одбележува 45 години постоење, стигна веста дека од Министерството за култура доби „0“ средства за финансирање. Имало скусување на бараните средства, ама не се случило, буквално, фестивалот „да се избрише“. Ова е срамно и мислам дека со оваа одлука се девалвира фестивалот што ја негува и ја одржува изворната музика во Македонија. На Фестивалот настапуваат не само македонски изведувачи, туку и изведувачи од сите националности во земјава и ја претставуваат изворната музика. Сите заслужуваат да го имаат овој Фестивал, но ние, всушност, не знаеме што понатаму. Оставени сме на милост и немилост, изјави на прес конференција Лашкоски.

Организаторот на Фестивалот Донка Бачанова вели дека тој е национален бренд на зачувувањето на изворниот мелос од овие простори. Се одржува во Прилеп и Долнени, каде на Рудина доби и Амфитеатар. Има и Семинар за изучување на народните инструменти, а се изучуваат и на универзитетот во Штип. Секоја година настапуваат барем по 300 изведувачи од земјава и гости од странство.

-Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ се води како фестивал од национален интерес. И без разлика на рестрикциите досега, беше признат од Министерството за култура. Сега е проблемот што сме „избришани“ од Министерството, вели Бачанова.

Советот на фестивалот се уште се надева дека со ревидирање на програмата на Министерството ќе добие колку-толку средства. Во спротивно, Фестивалот сепак ќе се одржи и тоа, велат, пред Министерството за култура.

-Ние во Советот на фестивалот размислувавме дека, ако не добиеме пари од Министерството, нема да го прекинеме фестивалот кој има континуитет од четири и пол децении, ќе го одржиме со помош на пријатели, но ќе го одржиме пред Министерството за култура за да видат за каков фестивал станува збор, рече Лашкоски.

Извор: “Курир”

Република Северна Македонија: Еве од кога граѓаните ќе добијат документи со новото име на државата

Документи за идентификација ќе можат да се извадат со „Република Македонија“ дури и откако во сила ќе стапи овие денови новото уставно име со објава во Службен весник затоа што МВР се уште нема распишано тендер за обрасците.

Пасоши, лични карти, возачки дозволи со името „Република Северна Македонија“ ќе се издаваат дури во периодот кога ќе заврши целата тендерска постапка и ќе се изврши набавката, а до тогаш останува старата тековна процедура.

Портпаролот на Владата, Миле Бошњакоски за „Мета“ одговори дека откако нотата ќе биде испратена и ќе биде објавено во Службен весник, потоа МВР треба да распише јавна набавка за новите документи.

„МВР треба да набави нови пасоши, документи. Нема ограничување за тоа, дали додека трае набавката на документите граѓаните ќе можат да вадат нови, бидејќи ќе си добијат документи по старо, кои потоа ќе треба да ги заменат во рок од пет години“, одговори Бошњакоски.

За сега не е познато колку време ќе трае процедурата за набавка на нови документи.

Извор: “Инфомакс”

Прилепчани да бидеме хумани! Со донирање на само 5 милилитри крв може да се спаси животот на Маја Рековиќ

Маја Рековиќ од Скопје боледува од леукемија, но само 5ml крв (не е важна крвна група), можат да помогнат во нејзиното лекување и да и го спасат животот.

За сите прилепчани кои сакаат да бидат хумани и да донираат за Маја, со цел да се пронајде вистинскиот донот, тоа можат да го сторат во петок, 15.02.2019, од 10-12 часот, во амбулантата Анастасија наспроти хотел Липа.

Да помогнеме и да спасиме еден млад живот!

Жителите од другите градови тоа можат да го сторат и во ИНСТИТУТОТ ЗА ИМУНОБИОЛОГИЈА И ХУМАНА ГЕНЕТИКА во Државната болница во Скопје.

ФОТО: Деца од морето во Хрватска извадија анаконда долга 2,5 метри

Пет деца од Водице во Хрватска во морето пронашле змија долга 2,5 метри.

Тринаесетгодишниот Нико Витиќ видел на дното од морето огромна змија, а потоа со другарите, по десетина минути ја извадиле на брегот, пишува Инфо Водице.

Ветеринарот Здравко Зорица тврди дека станува збор за зелена анаконда.

– Станува збор за неотровна речна змија. Како стигнала во морето, тешко е да се каже. Можно е некој да ја чувал како домашен миленик во терариум, па откако угинал ја фрлил во морето, изјави Зорица.

Змијата беше однесена од жупанискиот концесионер Ас Еко.

Шамар за специјалистите: Платите покачени само за Клинички

Од ветените 10% плата, денес според пресметките добиени од платата има само делумно покачување. Односно покачување од 10% за лекарите на плата, и покачување 8% за дежурство на медицинските сестри и тоа само во рамките на Клиничкиот центар.

Лекарите од другите установи се револтирани, бидејќи за другите здравствени установи нема покачувања како што се здравствените домови и градските болници по другите градови. Со овој чин министерството покажува дека имаат делумно покачено плата не комплетна за сите лекари и здравствени работници по здравствените установи и болници. Филипче ја изигра довербата на докторите и медицинскиот персонал.

(Видео) Заев тврдеше дека на Владата ќе пишува Република Македонија: Денес буквите отстранети за да се додаде „Северна“

Од зградата на Владата веќе е отстранет натписот „Влада на Република Македонија“.

На тоа место, ќе биде напишано Влада на Северна Македонија, на македонски и на албански јазик.

Владата формира Интерресорска група која ќе треба да изработи Национален акциски план за спроведување на натамошните мерки и активности, а во рок до седум дена државните институции, граничните премини и дипломатско-конзуларните претставништва ќе треба да ги сменат таблите со новото име на државата – Република Северна Македонија.

Премиерот Зоран Заев, неодамна на оваа тема изјави:

-Многу е важно дома да не бидеме обезличени, да не бидеме обесчестени. Кога влегувавте во оваа Влада, таму пишува Влада на Република Македонија, да не мораме тоа да го смениме, истакна Заев во едно интервју.

Како и многу други, така и оваа изјава на Заев падна во вода. Сега кој и да влезе во оваа Влада, како што тоа го направи новинарот од странство, нема да може да прочита „Влада на Република Македонија“.

Употребата на новото име на државата ќе биде усогласено и со Законот за употреба на јазиците што значи дека таблите ќе бидат напишани и на албански јазик бидејќи, како што изјави неодамна владиниот портпарол Миле Бошњаковски, Албанците се 20 проценти на државно ниво.

Препораки за промена на таблите ќе добијат и единиците на локалната самоуправа, а секторите и службите за односи со јавност на државните и јавните институции ќе добијат насоки за употреба на уставното име.

Извор: kurir.mk

Таблите за Северна од првиот ден жртва на герила акција?! (ФОТО)

Само што беа поставени таблите на кои е напишано името Република Северна Македонија настрадаа од непознати активисти – пишува порталот “Експрес.мк”.

Граѓани на социјалните мрежи објавуваат дека на неколку места синоќа биле прешкртани таблите во делот каде е напишан зборот Северна.

По неколкуте пријавени инциденти со таблите извори во МВР велат дека се размислува за оперативен план за заштита на таблите особено за тие што се поставени во граничниот појас со Грција – додаваат од “Експрес”.

Велешани повторно во акција – Го лажирале “Би-Би-Си”?!

Лажната веб-страница на БиБиСи објавува статии за промовирање на Доналд Трамп и промовирање анти-исламска пропаганда.

Истражувањата покажуваат дека веб-страницата bbc-edition.com, која e од пред два месеци, може да биде поврзана со еден македонски град познат по објавувањето сензационалистички вести за да генерира готовина од рекламирање.

Ова го објави британскиот весник „Сандеј тајмс“.

Линкови од bbc-edition.com се споделувале повеќе од 3.000 пати на Твитер во изминатиот месец.

Иако лажната веб-страница на БиБиСи не изгледа како вистинска работа, сепак Американците ги споделуваат приказните на социјалните медиуми.

Покриеноста на сајтот е дизајнирана да им се допадне на корисниците на десничарски социјални медиуми во САД. Многу од приказните се критични за абортусот или исламот, а други се фокусираат на Ненси Палоши, претседателот на демократите, која стана еден од најистакнатите противници на претседателот Трамп.

Лажната веб-страница на Би-Би-Си е регистрирана во ноември од страна на анонимен корисник кој тврдел дека е со седиште во Индија.

Извор: “Прессинг ТВ”

Цела Европа, освен Португалија, на домет на руските крстосувачки ракети

Русија псоедува повеќе крстосувачки ракети од типот, според западната номенклатура, SSC-8 со среден дострел отколку што се знаеше, објави во неделата германскиот весник Frankfurter Allgemeine Sonntagszeitung (FAZ), повикувајќи се на неименувани западни разузнавачки извори – пренесува порталот “Нетпресс”.

НАТО смета дека овие системи ја кршат спогодбата за унишување на ракетите со кус и среден дострел од 1987 година постигна меѓу САД и тогашниот Советски сојуз, од кој Вашингтон и Москва најавија повлекување минатата седмца. САД подолго време ја обвинуваат Русија дека ги крши одредбите од договорот, а руската страна негира и вината ја префрла на американската.

Според Frankfurter Allgemeine Sonntagszeitung, во дополнувњето на силите и ракетите на полигонот за тестирања во Купустин Јар, на југот од Русија, и на вториот во Камјшлов, источно од Екатеринбург, постојат уште две локации со сили и ракети, едната во Моздок во Северна Осетија и едена во Шија, во близина на Москва.

Секој од четирите баталјона има четири мобилни лансерни полигони, од кои секој има четири ракети, наведува весникот. Тоа би значелоло дека Русија има најмалку 64 ракети SSC-8 кои можат да бидат опремени со конвенционални или нуклеарни боеви глави.

Ракетите имаат дострел до 2.350 километри. Во моментов се опремени со конвенционални боеви глави со тежина од 500 килограми. Договорот од 1987-та го забранува развојот и поседувањето на нуклеарни и крстосувачки (или наведувани) проектили, со дострел од 500 до 5.500 километри. Русија, пак, тврди дека нејзините системни имаат дострел од само 480 километри.

Покрај моменталниот распоред на руските ракетни системи, источна и северна Европа се во нивниот дострел, пишува FAZ, а со нивното преместување цела Европа, освен Португалија, би била во дострелот на руските ракети.

Извор: “Нетпресс”

Грицкањето нокти е најштетна навика – ќе се згрозите кога ќе чуете што се може да се случи

Грицкањето нокти е навистина штетна навика, а секој пат кога го правиме тоа ризикуваме да навлечеме секакви вируси и бактерии на себе кои можат да бидат опасни.

Така сите вируси и бактерии го напаѓаат телото, имунитетот слабее, а така влијанието на бактериите станува се поразлично.

Нема граница за нив кога ги ставаме прстите и ноктите во уста, а тоа може да резултира со настинка, грип, желудочни проблеми и други болести.

Проблемите ги прават сите илјадници микроорганизми од под ноктите и бактериите од устата кои кога доаѓаат во контакт, прават проблеми.