
Изјава на актуелниот министер за животна средина, Јани Макрадули од 2012 година:


Изјава на актуелниот министер за животна средина, Јани Макрадули од 2012 година:


Џудо клубот “Бушидо” од Прилеп ги започна подготовките за 2019 година.
Овој месец тренерот Рубин Пеески, менаџерот на клубот Бојан Миткоски и неколку членови на клубот имаа гостување на ТВ Алфа каде го промовираа џудото во Република Македонија и постигнатите резултати на клубот.

Прва цел за “Бушидо” ќе биде Државното првенство, а потоа и Меѓународниот турнир “Турија”, каде прилепските џудисти се поканети по четврт пат.


Да потсетиме дека во 2018 година членовите на “Бушидо” освоија 130 медали на државните и меѓународните натпреварувања што е огромен успех за овој релативно млад клуб.
Оваа година е јубилејна за клубот, односно на 1 октомври клубот ќе прослави 5 години постоење, што би требало да биде дополнителна мотивација за џудистите.

Првиот дел од интервјуто со модерниот политички дисидент, екс-претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на владата на Р.Македонија Никола Груевски, направено во Будимпешта со сигурност ќе остане дел од архивската граѓа во борбата за Македонското прашање
Вториот дел од интервјуто ќе можете да го следите утре (вторник 12.02.19) со почеток во 20.00 часот.
-Во вториот дел од маратонското интервју со Никола Груевски ќе можете да ги слушнете одговорите на прашањата на кои екс-премиерот досега никогаш не одговорил.
– Зошто ВМРО-ДПМНЕ стави потпис на т.н.Пржински договор? Зошто неколкупати беа одложувани изборите во 2016. година? Дали имало притисоци од странскиот фактор, и кој притискал? Зошто ДУИ се откажа од коалиција со ВМРО-ДПМНЕ? Можеше ли Мендух Тачи да ја спаси владата на ВМРО-ДПМНЕ ако ДУИ излезеше, и кој му наредил на Тачи да не коалицира со Никола Груевски? Дали ВМРО-ДПМНЕ прифатило закон за двојазичност каков што прифати СДСМ? Кој ги дава наредбите во СЈО? Какви понуди добивал Груевски од кланот Заеви, но и од Катица Јанева кои за возврат му нуделе слобода? Кој ги врбувал осумтемина?
Ова и многу повеќе во вториот дел од интервјуто со Никола Груевски.

„Економијата тоне. Владата ништо не работи и само повторува лаги. Македонија оди во погрешна насока. Покрај национална ни претстои и економска катастрофа, затоа се потребни избори. Народот да одлучи. Избори. Нека изгрее зората на слободата“, вели Мицкоски.

Неверојатна сцена е видена на мечот во Сериа А меѓу Јувентус и Сасуоло (3:0).
Во 61 минута Португалецот Кристијано Роналдо играше со рака пред шеснаесетерецот и ја упропасти гол шансата. Беше толку нервозен што сепак ја шутна топката, но таа заврши во лицето на неговиот соиграч Сами Кедира.
Несреќниот Германец заврши на земја и не знаеше каде се наоѓа.
@Cristiano Ronaldo godet Mandzukic ??#Mandzukic #CristianoRonaldo #Juvesassuolo pic.twitter.com/QePSGQ15VV
— TeleshkronjaPost (@teleshkronja) February 10, 2019

Прославениот кардиохирург Елсворт Верхам неодамна наполнил 104. години, а по скали „поттрчнува“, ја средува градината, не користи ниту бастун при одење…Во животот минал се и сешто, вклучувајќи ја и Втората светска војна во која учествувал и работел како лекар, а својата професија отсекогаш ја сакал.
„Го знаете она кога луѓето ќе кажат дека имаат животен повик? Јас чувствувам дека за мене тоа е лекарскиот. Тоа никогаш не сум го доведувал во прашање“, рекол во интервју за Fox News.
Токму неговата професија го натерала реално и од блиску да ги согледа сите последици од лошите животни навики, бидејќи како прославен хирург многу пати видел срце и крвни садови уништени со храна, пушење, недоволно количество сон и премалку движење.
Уште пред повеќе од 60. години Елсворт одлучил да ја промени исхраната и на своето тело да му подари здрави продукти.
Со оглед на тоа дека месото се сметало за храна богата со важни состојки, тој одлучил тоа лично да го испита и да се увери. Спровел истражување и дошол до заклучок дека протеините од животинските масти од месото го зголемуваат нивото на холестерол, па негова одлука било да премине на вегетаријанска и веганска исхрана.
Исто така, тој секој ден спие од 8 до 9 часа, а се буди во 5 наутро. Елсворт верува дека за него е најдобро да јаде двапати дневно, а за појадок се задолжителни интегрални житарки со бадемово млеко.

Остатокот од денот овој почитуван доктор со минува со семејството и вежба така што ја средува градината, ја коси тревата ги средува ружите и декорира грмушките.
Благодарение на таквиот стил на живот Елсворт престанал да прави операции дури во 74. година, дури две години подоцна отколку што наложува законот, а до својата 95. година предавал на Универзитет и бил ментор на помлади доктори во текот на големи операции, а кога требало и помагал.

И’ денес не му е потребна туѓа помош, се’ прави сам без проблеми, и по 10. часови дневно работи во градината, без проблеми се качува по скали, дури не се потпира ниту на бастун.
Пензионерските денови ги минува во друштво на 14. години помладата сопруга Барбара која ја запознал во дамнешната 1948. година во болница каде што работел акко шеф на хирургија, а таа била на пракса за медицинска сестра.

„Кога еднаш излегов со него, младите мажи повеќе не ме привлекуваа“, признава Барбара која имала 21. година кога го запознала Елсворт.
Од бракот долг 60. години имаат пет деца, четири сина и една ќерка, како и осум внучиња.

Според Законот за јавни претпријатија органи на јавното претпријатие се: управниот одбор, надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење и директорот.
Покрај директорот и општината која е основач на јавните претпријатија, за одредени прашања, проблеми и намена на средства за реализација на некој проект, граѓаните можат да побараат помош и од управниот одбор на претпријатието.
Управниот одбор на јавното претпријатие ги има сите овластувања да презема мерки кои се потребни и корисни заради постигнување на целите на јавното претпријатие во согласност со законот.
Согласно Законот за јавни претпријатија ова се надлежностите на управниот одбор:

За граѓаните да бидат информирани, а со тоа и полесно да можат да ги решат своите проблеми, но и да понудат целисходни решенија за намена на средсва, ќе ги претставиме членовите на управните одбори во јавните претпријатија во Прилеп.
Во службениот гласник број 15 на Општина Прилеп кој е објавен на 14.12.2017 година, за членови на управниот одбор во ЈКП Водовод и канализација Прилеп иманувани беа следниве лица:


Социјалдемократскиот сојуз аздиса во масовниот грабеж што го спроведува периодов. Очигледно малку им се пари од тендери, криминални иновации и патни трошоци, па решија да го цедат буџетот со вработувања на мајки, синови, ќерки, внуци, сестри, фризерки и роднини до седмо колено, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
-Пратеничката на СДСМ Мира Стојчевска позната во јавноста по рекордните патни трошоци во износ од 12 илјади евра, според информациите до кои дојдовме и ги добивме ќе се радува и на вработувањето на својот син Виктор Стојчевски во ЕЛЕМ кому денес му е прв работен ден. Дали е точно дека Виктор Стојчевски своето вработување во ЕЛЕМ го заслужил со навредливите коментари упатени кон граѓаните кои ги нарекуваше „хибернирани кретени по улиците на Скопје“ или пак бил најдобар кандидат затоа што мајка му креваше рака за промена на името, покачувањето на акцизите или отворањето на измислени места за заменици директори во јавните претпријатија? Зошто власта го сокри ова вработување? Јавноста треба да знае дали синот на Мира – или така позната како Мира- дизел е вработен на јавен конкурс? Уште колку кандидати биле пријавени за ова работно место? Во што бил синот на Мира – дизел подобар од останатите кандидати?, запраша Арсовски и додаде:
„Ова се прашања кои заслужуваат и мора да добијат одговор. Илјадниците евра кои граѓаните годишно и ги даваат на Мира Стојчевска, сега ќе бидат дополнети со прилично солидна плата кој што ќе ја зема нејзиниот син. Тоа е за СДСМ и Зоран Заев борба против непотизмот и корупцијата во Република Македонија. Токму заради ваквиот однос на Зоран Заев и СДСМ, над 400.000 граѓани живеат во тешка беда и сиромаштија, помасовно од кога било, а Македонија тоне на листите на Транспаренси Интернешнл. Уште за колку вработувања на синови, ќерки, мајки и сестри ќе разбере јавноста во наредниот период. Само да потсетиме во сите овие случаи за непотизам се работи за огромни плати и хонорари кои се далеку повисоки од просечната плата која што ја земаат граѓаните. Само за потсетување како владата го третира буџетот и јавното претпријатие ЕЛЕМ. Од досега познатите факти своите најблиски во ЕЛЕМ ги згрижија Мирослав Грчев, Асаф Адеми и Талат Џафери“.
Време е, подвлече тој, СДСМ да си замине од власт и да запре овој општ грабеж кој што и се случува на граѓаните.


Еве како во февруари месец 1990 година, над 100.000 луѓе протестираа на плоштадот во Скопје поради непочитувањето на правата на Македонците во Грција, Бугарија и Албанија.




Во текот на изминатиот викенд полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола спровеле сообраќајна контрола при што биле контролирани 1.303 возачи и возила.
При контролата, констатирано е дека 110 возачи го управувале возилото со поголема максимална брзина од дозволената, 23 возачи управувале без возачка дозвола, кај 11 возачи е откриено присуство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај.
Исто така, четири возила биле технички неисправни и тие се испратени на технички преглед. При контролата, откриени се и други 42 видови прекршоци.
