дома блог страница 3169

Гавазова по којзнае кој пат ја покажа својата тесна фигура: Стегната во хеланки во теретана, пејачката изгледа одлично (Фото)

Фолк пејачката Сузана Гавазова по којзнае кој пат ја покажа својата добра фигура. За нејзиниот одличен изглед заслуга има и престојот во теретана, каде Сузе работи на одржување на затегнатото тело.

Таа објави фотографии од нејзиниот последен тренинг, а токму тесната фигура изнуди голем број позитивни реакции од нејзините фанови.

24-годишен прилепчанец со моторцикл излетал од патот Големо Радобил-Прилеп

На 11.02.2019 година во 11.50 часот на патот с. Големо Радобил – Прилеп, Д.Д.(24) од село Големо Радобил, управувајќи мотоцикл „Хонда“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Притоа се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Стојчевска: Не знаев дека син ми аплицирал за работа во ЕЛЕМ

Пратеничката на СДСМ Мира Стојчевска чиј син Виктор е вработен во ЕЛЕМ, рече дека не знаела дека тој ќе аплицира.

– ЕЛЕМ имашe распишано јавен оглас. Мојот син прво аплицирал, па потоа ми го соопшти тоа. Јас сум немала апсолутно никакво влијание на одлуката од ЕЛЕМ да го вработи мојот син. Тој претходно работеше во приватна фирма, но работел и во Катастар на недвижности вели пратеничката Стојчевска за порталот А1.Он.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Министерката Рената Дескоска за роднинските врски при вработување: Баџанак не е роднина (Видео)

Министерката за правда Рената Дескоска смета дека нема ништо спорно што баџанакот на претседателот на Собранието Талат Џафери е избран за член на Антикopyпциската комисија.

Тоа не се ограничувања, тоа е како се мери родбинство а тука не се опфаќа овој степен ако се гледа правно.Нема формално прекршување на законот, постапката беше законита-објаснува министерката.

Видео: “Pressingtv”

Програмер наишол на маана и извлекол цел милион од банкомати

Незадоволен банкарски програмер ја открива совршената шема за да направи банкомат да исфрла пари безусловно. Звучи како некој филм, но ова е вистина.

Kинеските медиуми пренесуваат дека 43-годишниот Чјин Чјиишенг успеал да повлече повеќе од еден милион долари од банкомати на банката во која работел со користење на една луда мана.

Според известувањата, банкарскиот систем не ги снимал соодветно повлекувањата направени околу полноќ, па издавал пари без да ја отпишува сумата од сметката на корисникот.

Нормално, тоа би вклучило аларм дека трансакцијата не успеала, но Чјиишенг наводно внел кодови во системот што ги потиснале тие предупредувања.

Чјиишенг почнал да повлекува пари во ноември 2016 година, но банката дури во јануари 2018 година, по 1.358 повлекувања на пари, го открила лошиот код во системот и го извела пред властите.

Можеби најизненадувачкиот дел од приказната е што банката не сакала да продолжи со тужењето откако тој ги вратил парите.

Можеби поради страв од лош публицитет, банката наводно побарала од полицијата да го затвори случајот, прифаќајќи го објаснувањето на Чјиишенг дека тој само ја тестирал безбедноста на банката и ги чувал парите за банката да ги побара назад.

Сепак, судовите ја одбиле банката, па сега Чјиишенг го чекаат 10,5 години затвор, откако не му била прифатена жалбата.

Тие не го прифатиле неговиот аргумент бидејќи тој ги префрлил парите на својата сметка, а и малку си вложувал на берза.

Многу промени со времето до крајот на месецот

Ова е временската прогноза за февруари. Не чека сонце, дожд, снег, ветер, пад на температурите.

Иако март е месец кој често има променлива временска прогноза, по се изгледа и февруари ќе биде чуден.

Таа е најсилната жена на светот: Има 107 килограми чисти мускули, нејзиниот изглед влева страв кај многумина (ФОТО)

Бразилската џиу џицу ѕвезда, Габи Гарсија изгледа толку застрашувачки што има проблем да најде противници. Променила повеќе организации, но никој не сака да се бори со неа.

Висока е 187 сантиметри, тешка 107 килограми. Не и дозволуваат да се бори во УФЦ затоа што е претешка.

Најтешката учесничка во УФЦ е Крис Киборг која има 66 килограми, дури 41 помалку од Гарсија.

Jувентус го направи Арон Ремзи најплатен британски фудбалер

За неделна плата од околу 450.000 евра, Арон Ремзи денеска потпишал пред-договор со Јувентус и ќе го зајакне клубот со слободен трансфер во текот на летото, што ќе биде рекорд за британски фудбалер.

Тој кај „Старата дама“ ќе биде четири години. Голем број клубови се заинтересираа за 28-годишниот играч од средниот ред откако стана јасно дека „топџиите” нема да го задржат. Сепак, Ремзи одлучи да стане соиграч на Кристијано Роналдо.

Уште во јануари, репрезентативецот на Велс ги поминал лекарските прегледи, за што инсистирале „бјанконерите”. Ремзи е дете на Кардиф Сити, а во Арсенал премина во 2008 година.

Денеска е голем празник: Се празнуваат Светите Три Светители

Празникот на Светите Три Вселенски учители и светители е востановен за празнување во XI век за време на владеењето на благоверниот и христољубив цар Алексиј Комнен. Имено, секој од овие три архиереи – свети Василиј Велики, свети Григориј Богослов и свети Јован Златоуст имаат секој свој посебен ден на празнување во месецот јануари, но во тоа време се појавил голем спор околу тие три светители меѓу верниците.

Едните го поставувале свети Василиј Велики повисоко од другите светители, тврдејќи дека ги надминува другите во делата и словата, при што во него гледале маж малку подолу од ангелите, со цврст дух кому земните работи му биле туѓи; веднаш по него го поставувале божествениот Јован Златоуст кој имал поинакви карактеристики и задачи: едните тврделе требало да ги милува грешниците и да ги води кон покајание.

Другите пак, обратно – го возвишувале божествениот Златоуст, како најчовекољубив маж, кој ја разбира слабоста на човечкото естетство и благоглаголив столб кој паствата ја насочувал кон покајание со своите беседи – затоа и го поставувале повисоко од свети Василиј и свети Григориј.

Постоела и трета група ревносно стоела зад свети Григориј Богослов, тврдејќи дека со неговата убедувачка моќ на убедување, недостижната длабочина на умот и искуството кое го имал во толкувањето на Светото Писмо; другите пак, го намалувале неговото значење. На овој начин, постоел раздор помеѓу Православните, при што едните се нарекувале себеси јованити, други василијани – а трети григоријани.

По Божја промисла, светите три светители му се јавиле на Свети Јован, епископ Евхаитски кој се прославил со својот добродетелен живот и ученост, најпрво одделно, а потоа и заедно. Заедно почнале да му зборуваат:

– Како што гледаш, ние сме еднакви пред Бога. Помеѓу нас нема никаква поделеност, ниту пак спротивставеност еден кон друг. Во своето време секој од нас, поттикнат од благодатта на Божествениот Дух, ги напиша соодветните поуки потребни за спасение на народите. Тоа пто го научивме тајно, го предадовме на чуѓето јавно. Помешу нас нема ниту прв, ниту втор. Затоа нареди им на оние кои спорат за нас да престанат со споровите, оти ние се грижиме сите краеви на вселената да ги доведеме во мир и едномислие. Исто така, соедини го нашето празнување во еден ден, и состави ни празнична служба и на другите прене си им дека нашето достоинство е исто. А ние ќе бидеме помошници на оние кои го прославуваат нашиот спомен.

Откако го кажале сето ова, се вознеле кон небото, сјаејќи со неопишлива светлина и повикувајќи се еден друг по име.

Блаежниот епископ Јован веднаш го пренел она што го видел меѓу луѓето кои спореле, и меѓу нив веднаш завладеал мир. Го востановил и празникот на светите Три архиереи, како што му било наредено од самите нив.

Тука јасно се видела мудроста на овој голем маж: откако увидел дека сите три светители се празнуваат во јануари, (свети Василиј на први, Свети Григориј на дваесет и петти, а свети Јован на дваесет и седми) одлучил денот на споменот да биде на триесетиот ден од истиот месец.

По Божја Промисла овој спор беше решен во корист на Црквата и на уште поголема слава на овие тројца светители. Евхаитскиот епископ Јован (под 14 јуни) имаше едно видение во сон, имено: прво му се јави секој од овие светители во голема слава и неискажлива чудесност, а потоа сите тројца заедно.

Тогаш му рекоа: „Ние сме едно во Бога, како што гледаш, и кај нас нема ништо противречно, … ниту има меѓу нас некој кој е прв или втор“. Светителите го посоветуваа епископот да им напише една заедничка служба и да им се одреди еден заеднички ден за празнување. Со ова прекрасно видение спорот се реши на тој начин што 30 јануари се одреди како заеднички празник за тројцата Свети Архиереи.

Извор: “orthodoxwiki.org”

Непотизам за сите: Дојде животот за ,,најзаслужните” кој го донесоа Заев на власт

Непотизмот продолжува да царува во државната администрација и единиците на локалната самоуправа.

Последниот пример со вработувањето на синот на пратеничката Мира Стојчевска од редовите на СДСМ само ја прели чашата со непотизмот во државните институции, особено во АД Државни електрани на Македонија- ЕЛЕМ.

Имено денеска со работа започна Виктор Стојчевски кој според ЕЛЕМ бил примен на претходен оглас за вработување, реагираат од компанијата од која претходно ВМРО-ДПМНЕ побара да им образложат како е примен синот на пратеничката.

Згрижување на државна сметка во АД ЕЛЕМ, претходно добија и синот на Мирослав Грчев, ќерката на Талат Џафери и сопругот на Магдалена Несторовска, додека за втор човек во АД за Стопанисување со станбено деловен простор е поставен Јон Фрчкоски, син на Љубомир Фрчкоски.

Од семејството Џафери околу овој случај на непотизам владееше молк, додека пак до семејството Грчеви, поточно Димитар Грчев на социјалните мрежи се пофали дека работи во ЕЛЕМ, статус кој подоцна го избриша, откако на него имаше голем број на негативни коментари.

-Да, работам за ЕЛЕМ. Благодарам на интересот, дефинитивно го немаше кога работев во фабрика во Штип. П.С. Во Штип повеќе плаќаа. – пишува Грчев на неговиот Фејсбук профил.

Синот на Бучковски вработен во МЕПСО

Власта го награди и својот поранешен функционер со одлично работно место за неговиот син.

Дамјан Бучковски е син на професорот Владо Бучковски, поранешен премиер и повратник во редовите на владеачката партија СДСМ. Тој во компанијата е ангажиран со договор на дело. Од неодамна во МЕПСО работи и Фиторе Бејта Акику, ќерката на Невзат Бејта, поранешниот градоначалник на Гостивар од владеачката партија ДУИ.

„На последниот оглас за вработување објавен во согласност со Законот за работни односи, на работната позиција референт за набавки во одделот за комерцијални работи вработено е горепосоченото лице како најдобар кандидат од конкурентите на огласот“, информираа од МЕПСО за нововработената Фиторе Бејта Акику.

Адеми ја вработи сестра му во ЕЛЕМ, членството на движењето Беса во Гостивар револтирано

Асаф Адеми ја вработи неговата сестрата во ЕЛЕМ, и со тоа го проби револтот во членството на движењето Беса во Гостивар, објави Тетовасот.

Во редакцијата на порталот стигнаа пораки од активисти на Движењето Беса кои сметаат дека министерот Асаф Адеми неодамна ја ангажирал својата сестра во ЕЛЕМ, оставајќи ги членовите на партијата без работа.

Нивните забелешки не завршуваат тука. Општинскиот советник на од редовите на Беса, Телат Фетаи ја вработил неговата жена во општина Гостивар.

Тие, исто така, објавија дека Емерли Асани, член на Централниот совет на движењето Беса, ја вработил неговата жена во Палатата на културата во Гостивар. Членовите на движењето Беса кои го контактираа уредничкиот одбор се разочарани од страна на партиските функционери, како што велат, тие трчаа за партијата додека партиските функционери ги вработуваат членовите на нивните семејства.

Инаку министерот Адеми беше дел од скандалот во фондот за иновации, затоа што неговата сопруга добила средства од Фондот.

За Манчевски „два-три“ случаи на вработување во администрација не значат непотизам

Откако во јавноста се кренаа лавина реакции за изборот на баџанакот на собранискиот спикер Талат Џафери, Нури Бајрами за член на Државната комисија за спречување на корупција, се јави и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, со образложение дека два-три случаи на вработување во администрацијата не значат непотизам.

-Од 2006 година за нас беше забранет и во јавен и во приватен сектор било кој со членска книшка на СДСМ да се вработи и вие го знаете тоа. Затоа збориме за заробена држава. Денеска е чудно што било кој што е симпатизер на оваа власт дека се вработува и во јавна институција. Не е во ред да се согласиме дека повторно тоа е проблем, а каде да одат овие луѓе. Имате два примери и 20 други каде што луѓето си наоѓаат работа по други линии, вели Манчевски одговарајќи на новинарско прашање.

Манчевски како и актуелната влада на СДСМ и Зоран Заев во време на опозиција ветуваа дека нема да има партизирање на институциите, туку нејзина професионализација, за да денеска од позиција прави сосема спротивно од она што го говореа во минатото.

Тој се обидува да се одбрани со тезите дека од 2006 година не можело да се вработи ниту еден симпатизер или член на СДСМ, нагласувајќи дека тоа била причината зошто сметале дека Република Македонија е заробена држава.

Според ова логично е да се постави прашањето ако се вработуваат партиски членови и симпатизери на СДСМ тогаш во каква држава живеат сега граѓаните, ако се земе во предвид дека ова не е еден единствен случај на непотизам во јавната и државната администрација.

Претходно јавноста беше сведок на вработување на високи функционери на СДСМ, однсоно синот на Мирослав Грчев, ќерката на Талат Џафери во ЕЛЕМ, синот на Владо Бучковски и сестрата на министерот Бектеши во МЕПСО, а синот на Љубомир Фрчковски е поставен за помошник директор во ПУИК, како и сестрата на министерот за култура Асаф Адеми кој ја вработил во ЕЛЕМ.

Извор: infomax.mk