дома блог страница 23

Мицкоски денеска во посета во ООУ „Блаже Конески“: Камен-темелник за нова спортска сала и доградба на училиштето

Денеска во 12:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на поставување на камен темелник на изградба на нова спортска сала и втора фаза од доградба на нови простории во ООУ „Блаже Конески“ во Општина Аеродром.

Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.

Македонски газда на векот – За лојалноста на вработен му купи “лимузина”

Мише Цвејевски, сопственикот на познатиот фаст-фуд ланец „Baking Bread“, направи несекојдневен потег за наши услови – автомобил за својот верен вработен, Антонио.

Антонио е дел од тимот на „Baking Bread“ од самиот почеток, кога немал ништо, а денес стои зад успехот на фирмата, како што самиот газда вели.

„Гинеше со мене кога беше најтешко. Никогаш не ме одби, не рече ‘не’ и за ништо не побара, а секогаш даваше сè за фирмата“, изјави Мише Цвејевски.

Тој додаде дека ова не е само подарок, туку признание за личната заслуга на Антонио: „Ова е благодарност за сите години лојалност и труд во ‘Baking Bread’“.

Потегот на Цвејевски е реткост на македонската деловна сцена и е пример за вреднување на посветеноста и лојалноста на вработените.

„Не биди трупец, засади дрво“ – акција за пошумување во билизна на с. Лениште

По повод Светскиот ден на лицата со дијабетес – 14 ноември и негово одбележување, во општина Прилеп ќе се реализира третата по ред акција за пошумување под мотото „НЕ БИДИ ТРУПЕЦ, ЗАСАДИ ДРВО“, во организација на „Сина Револуција“. Акцијата ќе се реализира на 16 ноември 2025/ недела/ од 10.00 часот кај манастирот св. Петка во Лениште.

– Иницијативата има за цел да го надомести влијанието на медицинскиот отпад што лицата со дијабетес секојдневно го создаваат, но и да придонесе за обновување на дел од уништените шумски површини во прилепскиот регион – велат од Сина Револуција.

Идејата за проектот произлегува од потребата да се одговори и на здравствените, и на еколошките предизвици. По успешната реализација на двете претходни акции, каде што беа засадени стотици дрвја, годинешната акција продолжува со уште појасно дефинирани цели: зголемување на шумските површини, подобрување на квалитетот на воздухот, зајакнување на биодиверзитетот и подигнување на еколошката свест кај населението.

Освен засадувањето на садници, организаторите очекуваат да се истакне соработката меѓу различни групи на граѓани и институции, поттикнувајќи на поголема одговорност и заедништво кон животната средина.

За сите волонтери што сакаат да се вклучат во акцијата обезбеден е организиран превоз од пред ЦК „Марко Цепенков“и оброк за време на активностите.Поаѓање е во 09:30 часот.

Во акцијата се поканети да земат активно учество сите компании, јавниte институции, здруженијата и граѓаните преку донирање садници, логистичка или финансиска поддршка, или со лично учество во волонтерските активности.

Секоја засадена садница е чекор кон поздрава иднина! И најмалите чекори можат да создадат долготрајни, позитивни промени! Грижата за природата е грижа за нас самите!, мотивираат и потсетуваат организаторите

Собери го друштвото, колегите, пријателите, TERASA ја направи најдобрата понуда за предновогодишни прослави – Ова не се пропушта!

Во пресрет на најмагичниот период од годината…Pub Club TERASA Прилеп ве кани да ги започнете празниците во незаборавна предновогодишна прослава во најубавиот амбиент во центарот на градот!

Место кое во последните месеци стана репер за добра забава, со врвна услуга, одлична музика и уникатна енергија што секој гостин ја памети долго – сега подготви нешто навистина специјално!

Од 13 декември започнува празничната програма со најдобрите изведувачи: TAJFATA, ARTIUM, IVAN & JULIJANA, BOBI & NIKOLA, METROPOLIS, LOCKDOWN, G&G – низ ноќи исполнети со еуфорија, смеење и танци до зори.

Менито е приказна сама за себе – внимателно подготвено за да ги задоволи сите вкусови: алкохолни пијалоци, вина, пива, салати, даски, ордевери и специјално посно мени – сè што е потребно за вистинска празнична трпеза.

Ова е совршена можност, па не чекајте ни миг повеќе затоа што термините веќе се празнат. Организирајте го вашето друштво, пријатели, колеги од работа и дозволете оваа година предпразничните денови за вас да ги организира тимот со најдобра понуда во градот.

Резервирајте навреме и осигурете си место под светлата на Terasa!

Период: 13 – 30 декември
Pub Club TERASA – срцето на Старата прилепска чаршија
Резервации се примаат секој ден – местата се ограничени!
Контакт телефон: 070-304-967

Големите против Охрид, малите против Црн Дрим – кошаркарски викенд во Прилеп, момците заслужуваат максимална поддршка

По првиот пораз минатото коло од Вардар на гости, екипата на прилепски Мега Баскет во рамки од петтото коло од Првата лига, во сабота со почеток од 19:00 часот, во салата во ООУ “Добре Јованоски”, го пречекува Охрид.

Охрид е екипа која има ист број бодови и ист скор со прилепчани, па ќе биде интересно да се види колку прилепчани се созреани за самиот врв на табелата, имајќи во предвид дека после Вардар токму Охрид е конкурент за првите три места.

Во недела пак, свој настап ќе има и младинската екипа на Мега Баскет, која со почеток од 16:00 часот го пречекува Црн Дрим.

Дојдете во “Добре” има што да погледнете, Прилеп има кошаркарски квалитет, а момците заслужуваат максимална поддршка!

СВЕДОШТВО! Прилепчанец кој избегнал над 200 куршуми, се спасил од бајонетите и чудесно го преживеал масакрот кај Дабница од бугарските фашисти (ВИДЕО)

Потресно сведоштво на Петко Велковски, прилепчанец кој го преживеал ѕверскиот масакр кај Дабница од бугарскиот фашистички окупатор. Снимката во која Велковски раскажува за целата голгота која ја преживеал датира од 18.12.1975 и е снимена од Радио Телевизија Скопје.

Масакрот кај Дабица е извршен на 19 септември 1942 година од страна на бугарскиот окупатор, кога стрелани биле 18 лица. Во момeнтот кога бугарските војници стрелале, Велковски паднал како покосен, но не бил погоден од куршум, а врз него паднале телата на двајца другари.

На чудесен начин ги избегнал и бајонетите на фашистичките ѕверови, а потоа успеал да се извлече во текот на ноќта и да се приклучи на партизанските одреди.

Одделете неколку минути и слушнете добро. За вакви личности во светот се снимаат филмови, а ретко кој од нас ја знае оваа сторија.

20-годишник од Прилеп заврши со тешки повреди – возел електричен тротинет и се судрил со товарно возило

-На 11.11.2025 во 14:01 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од ул.„4 Ноември“, ул.„Влатко Миленковски“ и ул.„Димитар Илиевски-Мурато“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.О.(20) од Битола и електричен тротинет „шаоми“, управуван од 20-годишната А.Р. од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Р., констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола, информираат од МВР.

Координативен состанок во пресрет на зимската сезона во општина Битола (ФОТО)

Воочи престојниот зимски период во општина Битола се одржа координативен состанок, со сите вклучени чинители во Зимската служба.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, секретарот Борче Димитровски и раководителката на Одделението за комунални дејности Марјана Спасевска, ги запознаа претставниците на претпријатијата кои се дел од Зимската служба на општина Битола, СВР Битола и останатите претставници, со програмата за Зимската служба 2025-2026 година, која ќе се најде на дневен ред на следната седница на Советот на општина Битола.

Преку организационата поставеност се дефинира обемот на работите и задолженијата на директните учесници вклучени во реализација на оваа Програма како и начинот на нивното делување.

Координирањето на активностите во зимски услови го врши Координативно тело формирано од градоначалникот, составено од претставници на Комисијата за јавни комунални дејности на Советот на Општина Битола, јавната администрација на Општина Битола, Општински инспекторат, јавни претпријатија, СВР Битола и Дирекција за заштита и спасување – Битола.

Навременото организирање и планирање на интервенциите е со цел подготвеност на зимската служба за соодветно постапување во зимски услови.

Крушево ќе прерасне во регионален спортски центар – Ристовски најави три големи проекти на Министерството за спорт до крајот на годината

Отпочнување на изградбата на две нови спортски сали и реконструкција на спортската сала во комплексот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се три големи проекти што ќе ги спроведе Министерството за спорт до крајот на годината, најави министерот Борко Ристовски на денешното гостување во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24.

Ристовски посочи дека тоа се три големи проекти со кои се заокружува годината во која новоформираното Министерството за спорт има забележителни резултати особено во делот на изградба и реконструкција на спортската инфраструктура низ целата држава од која во иднина ќе има повеќекратен бенефит за македонскиот спорт.

-Реконструкцијата на спортската сала во комплексот на УКИМ е многу важна и за образованието и за спортот, бидејќи оваа сала веќе десетина години стои неупотреблива, како вистинска руина. По комплетната реконструција на салата, над 4.000 студенти ќе може да се бават со спорт и да ги реализираат часовите по физичка образование во современ и безбеден спортски објект – рече Ристовски.

До крајот на годината Министерството за спорт ќе ги постави темелите и ќе почне со изградбата и на нова спортска сала во населба Аеродром (кај ФФМ) во Скопје и на нова спортска сала во Крушево со која градот во иднина треба да прерасне во регионален спортски центар за подготовки.

-Направивме истражувања кои покажаа дека националните спортски федерации што ги носат репрезентациите на подготовки трошат над 1 милион евра годишно надвор од нашата држава. Кога ќе направиме идеална спортска сала во Крушево, во близина на спортски хотел, планина, овде блиску во Македонија, поголем дел од тие средства ќе останат во државата, наместо да се трошат за подготовки во странство. Крушево ќе прерасне во еден регионален спортски центар за подготовки не само на македонските репрезентации и екипи, туку и за тимови од државите во регионот – истакна министерот Борко Ристовски.

Во рамките на предвидените проекти на Министерството за спорт, Ристовски соопшти дека во изминатите 15 месеци се изградени и реконструирани над 40 мултифункционални спортски центри низ целата држава со основна заложба за рамномерна регионална распределба и спорт достапен за сите. До крајот на годината успешно ќе биде завршен и проектот за изградба на шест базени кои беа почнати и оставени недовршени од поранешната Агенција за млади и спорт и тие ќе бидат предадени на општините.

Taга во Битола! На 41 година почина познатата универзитетска професорка и поетеса, чии дела се преведени на голем број јазици

Со глабока тага и жалење ја информираме јавноста дека денеска, 12.11.2025 г. почина поетесата Славица Свидерска (1984, Битола), соопштија утрово од Друштвото на писателите.

Доктор по филолошки науки. Лекторка по македонски јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Факултетот за странски јазици во Тирана.

Зад себе остави богато поетско, есеистичко и научно творештво од областа на теорија на книжевноста. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Преведувана е на десетина јазици и добитничка е на повеќе поетски награди во земјава и во странство.

Авторка е на поетските книги „Бесконечност“ (2001), „Писма“(2012), „Политики на љубовта“ (2015), „Тела“(2016) и „Политики на стравот“ (2021), Golgotha Feminarum (2023), Мистичен си свету (2025), научните монографии „Книжевноста и дискурсите на моќта“ (2013), „Книжевноста и политичкото насилство“ (2018), како и книжевно-филозофските есеи „За смислата и за апсурдот“ (2017).

Со длабока жалост ја примивме веста дека почина младата роднокрајна писателка Славица Свидерска. Нејзиното заминување претставува голема загуба за нашата книжевна заедница и за сите кои ја познаваа нејзината искрена љубов кон пишаниот македонски збор. Славица беше авторка која преку своите дела умешно ги пренесуваше чувствата, спомените и боите на македонската стварност. Таа беше наш роднокраен автор и соработник со нашата библиотека во многу активности. Нејзината младост беше исполнета со креативност, соништа и желба да создава и да инспирира. Нека нејзините зборови продолжат да живеат и сведочат за талентот, љубовта и духот што ги остави зад себе, сопшти НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола.

Славица Гаџова Свидерска родена во 1984 во Битола — македонски поет, преведувач, есеист, теоретичар на книжевноста, доктор на филолошки науки.

Славица Гаџова Свидерска живее и работи во Битола. Докторирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конеки“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Се занимава со проучување на односите меѓу книжевноста, дискурсите на моќта и политичкото насилство.

Нејзината поезија е преведувана на англиски, кинески, српски, хрватски, босански, чешки, словачки, турски и албански јазик.

Погребот ќе се одржи утре, 13.11. од 11 до 12 часот на Светонеделските гробишта во Битола.