дома блог страница 22

Место во Прилеп каде кафето е уметност и посебно уживање – ќе сакате да ги пробате сите вкусови (ФОТО)

Во градот постои едно место кое веднаш го чувствуваш поинаку – простор каде стилот, вкусот и атмосферата се спојуваат во нешто навистина посебно. Локал кој му донесе нов дух на Прилеп, таму каде што кафето не е само навика, туку мал ритуал, уметност и уживање.

Тоа е „ШИШАМ БАР“ – катче кое за рекордно брзо време стана омилено средиште за сите генерации. Ако случајно не сте биле, го најдете во населбата „Ѓоргдере“, веднаш до Градската река, неколку чекори од мостот „Табана“.

А што го прави толку посебен?

Сопствениците креираа место кое истовремено зрачи со уникатност, отменост и модерна естетика, а цените – останаа пријатно ниски и достапни за секој гостин.

Доволно е да го разгледате менито за да сфатите дека навистина можело и вакa:

☕ Кафе + лимонада – само 70 денари
☕ Кафе + минерална – само 100 денари

Се служи одлично illy кафе, што е уште една причина зошто масите се полни од рано утро до вечер… вистинските љубители на кафе тоа знаат да го препознаат.

А за оние што сакаат нешто поинакво и специјално:

-Лате – 80 денари
-Орео – 100 денари
-Тирамису – 140 денари

…неодолива комбинација за уживање во секое време од денот.

Уверени сме дека по ваква понуда тешко ќе одолеете. Посетете ги и уживајте со најблиските во атмосфера што релаксира, инспирира и ги прави моментите вредни за паметење.

„ШИШАМ БАР“ ве чека со ширум отворени врати!

Минималната плата во март ќе се зголеми за околу 2.000 денари

Нема да има интервентно зголемување на минималната плата под притисок на синдикатите, а нема да има ниту празнични потрошувачки кошници или ад- хок мерки за стабилизација на цените и маржите. Министерот за економија Бесар Дурмиши вели минималецот ќе порасне во март, но само онолку колку што законски следува, согласно формулата за пресметка.

Бесар Дурмиши, министерот за економија, на брифинг со новинарите рече дека минималната плата во март 2026 година ќе се зголеми за околу 2.000 денари. Сепак вонредно зголемување на минималната плата нема да има, туку се работи за законско зголемување според растот на просечната националан плата на годишно ниво што задолжително секоја година се менува во месец март по законските измени што ги направи минатата власт.

Дурмиши најави дека до крајот на месецот ќе го свика економско социјалниот совет на кој ќе се прецизираат и владините просечна потрошувачка кошничка како пандан на минималната синдикална.

Во меѓувреме, Сојузот на синдикати на Македонија продолжува да инсистира на барањето минималната плата да достигне 500 евра.

Анализите покажале дека доколку се го прифатат барањето на ССМ за покачување на минималецот на 500 евра ќе влијае на инфлацијата која ќе се покачи па затоа минималецот ќе остане 22.400 денари до март идната година кога ќе има редовно зголемување но по однапред утврдена формула и кое нема да ја надмине границата од две илјади денари плус.

Моментално, минималната плата во земјата е 24.379 денари нето месечно.

Премиера на „Магбет“ за свеченото отварање на Шекспир фестивалот и 81. Роденден на НТБ Битола

„Театарот треба да е присутен и достапен за сите“, вака ја започна денешната прес конференција директорот на Битолскиот театар Васко Мавровски, а по повод 11.издание на Шекспир фестивалот и 81.година постоење на Народниот театар Битола. Тој се осврна и на гостувањата, фестивалите и наградите, па така со претставата „Ричард трети“ во режија на Мартин Мирчевски, добија специјална награда за најдобра претстава на фестивалот „Ристо Шишков“, со „Снежана и седумте џуџиња“ гостуваа во Прилеп на фестивалот „Силјан Штркот“ и на „Малиот принц“ во Штип, со „Рибарски караници“ гостуваа на Денови на комедијата, а со „Отворено море“ во режија на Благој Мицевски гостуваа во Полска. Со почетокот на септември ги започнаа подготовките за Шекспир фестивалот, кога се одлучи 81.роденден на НТБ. да се одбележи со отворањето на фестивалот и премиера на „Магбет“ во режија на унгарскиот режисер Сабо Иштван.

„Се работи за спектакл кој подолго време не сме го имале во Битолски театар, екипата брои 39 лица, претстава која отвара нови димензии на размислување како Шекспир може да се постави, дека трагедиите на Шекспир се на работ да бидат комедии, гротеска и епска драма и трагедија, одговорите на тие прашања ги дава Иштван кој направи епохално дело кое ќе се памети во Битола. Со „Магбет“ го отвараме фестивалот кој оваа година го поместивме од летниот период во есенскиот, бидејќи сметаме дека културата не треба да биде насочена само за летниот период кога е и Бит фест, сметаме дека во есенскиот период луѓето повеќе сакаат и доаѓаат во театар. Мислам дека успеавме со уметничкиот раководител, членовите на Уметничкиот совет, луѓето кои се два, три месеци активно вклучени во фестивалот, да направиме програма која е достојна за Шекспир фестивалот, достојна за Битола, бидејќи успеавме сите претстави да ги вклопиме во буџетот кој го добивме од Министерство за култура и средствата кои ги добивме од годишната програма на Општина Битола“, истакна Мавровски.

Оваа година одлучија фестивалот да го подарат на битолчани, влезот за сите претстави е бесплатен.

„Додека сум јас менаџер на овој театар, влезниците за Шекспир фестивалот, ќе бидат бесплатни, како еден мал гест на Битолскиот театар кон нашата публика која ја зголемивме за 60, 70 проценти. Оваа сала е повторно жива и се бара карта повеќе, имаме хит претстави за кои луѓето патуваат и од околните градови и земји. Но, се вратија и учениците и гимназијалците, кои не држат на сцената со 15 минутен аплауз. Тоа е магијата на театарот. Реновиравме доста работи, внесовме нови работи, со цел да погледнат и странските гости кои доаѓаат на нашите претстави, дека покрај тоа што Битолски театар е најстариот театар во Македонија, дека се вложува и се обидуваме и тоа што го имаме старо да го одржуваме и надоградуваме“.

Екипата на „Магбет“ ја сочинуваат асистент на режија: Јован Ристовски, сценограф: Валентин Светозарев, костимограф: Благој Мицевски, композитор: Ерно Веребес, видео дизајн: Сергеј Светозарев, светло: Горан Петровски, тон: Николче Терзиевски, видео оператор: Владимир Переловски, инспициент: Димитар Михајловски / Оливер Петровски, суфлер: Мирјана Христовска.

„Поминав прекрасни денови во НТБ Битола, два месеци со многу талентирани актери и воопшто целата екипа, направивме чудна претстава. Познатиот театарски работник, таткото на модерната театарска уметност Мајерхолд рекол: правилниот начин да се прави театар е гротеската, бидејќи човековата природа е сама по себе гротеска. Во исто време сме и трагични и комични, сите наши чувства, активности се контрадикторни и мислам дека во оваа претстава ќе го откриете овој тип на природа кај луѓето“, рече режисерот Иштван.

Улогите ги толкуваат: Александар Димитровски, Никола Стефанов, Мартин Мирчевски, Јулијана Мирчевска, Борче Ѓаковски, Огнен Дранговски, Катерина Аневска Дранговска, Мартин Митровски, Филип Мирчевски, Александар Стефановски, Иван Јерчиќ, Никола Пројчевски, Петар Спировски, Живко Борисовски, Соња Михајлова, Ана Грамосли, Марија Стефановска, Марија Цветановска, Ива Лазарова.

„Работејќи со моите колеги, со режисерот, беше едно прекрасно задоволство, поинаков принцип на работа, никогаш не сум замислувал ваква верзија на Магбет, има режисерот некоја чудна смисла за хумор, за гротеска, голем професионалец е кој безрезервно се даде во својата работа, со што ни даде поттик и нам актерите така да влеземе во тој процес. Бескрајно да веруваме во она што го правиме, публиката ќе види една театарска претстава во која како што ние веруваме, и таа ќе верува во она што го гледа“, истакна актерот Мартин Мирчевски кој го игра ликот на Магбет.

„Ни се случи еден процес кој не може да се опише со зборови, она што ќе го види публиката на сцената може да го долови она што го поминувавме овие два месеци, јас ја толкувам улогата на лејди Магбет. Сакам да се заблагодарам на режисерот на прекрасниот процес на работа низ кој пораснавме и како актери и како луѓе“, додава актерката Јулијана Мирчевска.

Уметнички раководител на Шекспир фестивалот е Благој Мицевски

Мене ми е многу драго што Шекспир фестивалот се случува повторно во Битола. Овој театар во Македонија е познат по соработката со интернационални режисери и интернационално претставување. Придобивките од овој фестивал се токму тие: ние го носиме светот кај нас, светот не зема кај нив, имаме можност да гледаме работа на други режисери, други култури, токму и соработката со Иштван потекнува од таму, тие соработки носат нова слика и визија кои на овие простори не се видени. Тука би споменал неколку имиња кои ќе бидат присутни на фестивалот и се важни за нашата промоција во странство: Филип Пар, претседател на европската асоцијација на Шекспир фестивали од која ние сме дел и кој има фестивал во Англија каде би можеле да гостуваме, Џон Блондејл е уметнички директор на Шекспир фестивалот во Верона од каде веќе имаме покана за гостување, Влад Драголеску го има фестивалот во Крајова кој се одржува на секои две години со голем буџет, Иштван има свои фестивали, пријатели во Будимпешта, каде сеуште не сме гостуваме, но се надеваме дека ќе одиме, режисерот од Романија има свој театар Клуш интернационален фестивал кој оваа година е во ист период како нашиот фестивал.

Свеченото отварање на Шекспир фестивалот е на 14. Ноември. Покрај „Магбет“ програмата на фестивалот вклучува претстави од Македонија, Полска, САД, Хрватска / Англија и Бугарија.

На програмата се:

-15.11 – “Дванаесеттата ноќ” – Драмски театар „Александар Венгерко“, Бјалисток, Полска, режија: Игор Горжковски
-17.11 – “Крал Лир” – “Lit Moon Theatre”, САД со почеток од 20 часот, режија: Џон Блондел
-18.11 – “Еволуцијата на распадот” – Театарско здружение „Артема театарска лабораторија“, Скопје, Македонија, почеток 20 часот, режија : Дамјан Димовски,
-19.11 – кореодрама “Само ти(и)ја / Only You (and I)” – Здружение на граѓани Тим Театрос К, Скопје , Македонија, режија: Војо Цветановски, почеток 20 часот
-19.11– “Ричард III” – НУ Народен театар Битола, Македонија, режија :Мартин Мирчевски, почеток 21 часот,
-20.11 – “Јас Писблосом / I, Peaseblossom” – “Hani-Tong Theatre”, Хрватска / Англија, режија: Филип Пар
Монодрама базирана на извонредната ревизија на Шекспировата ,,Сон на летната ноќ,, од Тим Крауч,
21.11 – “Како што милувате / As You Like It” – Драмски театар „Стојан Бачваров“, Варна, Бугарија, режија: Габор Томпа (Романија).
Прославете со Битолскиот театар 81 година љубов, уметност и аплауз.

Македонија – Шведска денеска на стадионот “Петар Милошевски” во Битола

Стадионот „Петар Милошевски”  во Битола повторно е домаќин на голем фудбалски натпревар, помеѓу фудбалската репрезентација на Македонија и репрезентацијата на Шведска, за фудбалери до 21 година.

Натпреварот со последниот противник од првиот круг ќе се одигра денеска со почеток во 17:00 часот, од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2027 година.

Откако стадионот „Петар Милошевски” ја помина инспекцијата на Европската фудбалска унија (УЕФА) и доби лиценца за втора категорија, се здоби со можност да биде домаќин на големи фудбалски натпревари, а досега, во само два месеци, се одиграа два големи фудбалски натпревари.

Билети за натпреварот можат да се набават по електро ски пат на страницата на ФФМ, на следниот линк:

https://eticket.ffm.mk/stadion-bitola/

 

Општина Битола објави јавен повик за организирање на ЗИМСКАТА ПРИКАЗНА

Општина Битола објави Јавен повик за учество во организација и реализација на културни и туристичко промотивни активности во пресрет на новогодишните празници и збогатување на понудата на јавни содржини во општина Битола по повод дочекот на Новата 2026 година – Зимска приказна.

1. Целта на овој јавен повик е избор на субјекти кои ќе учествуваат во организација и реализација на културни активности во пресрет на новогодишните празници и збогатување на понудата на јавни содржини во општина Битола по повод дочекот на Новата 2026 година.

2. Право да аплицираат на јавниот повик имаат сите домашни правни и физички лица кои работат во областа на културата и културниот туризам, со достава на апликација и изјава за согласност (дадени во прилог на овој повик) потпишани со печат и скенирани електронски на е-маил адреса [email protected] или во архива на Општина Битола шалтер бр.3 ( работно време од 7:30 до 15:30 часот)

3. Изборот на настаните ќе го изврши Комисија за селекција и евалуација формирана од Градоначалникот, задржувајќи го правото да направи распоред на настаните.

Потребните документи, како и критериумите за избор се поставени на овој ЛИНК

Русите не толерираат непочит кон симболите на татковината (Видео)

На MMA натпреварот во Москва, странец одбива да стане за време на интонирање на руската химна, но руските навивачи веднаш реагираат – го креваат на нозе со сила и патриотизам. Оваа сцена стана вирална, покажувајќи колку сериозно Русите ја чуваат и чувстуваат почитта кон симболите на татковината!

10 дена после Прилеп: Скопје денеска одбележува 81 година од ослободувањето

Скопје денеска одбележува 81 година од ослободувањето во Втората светска војна. Делегации од институции и организации ќе оддадат почит и ќе положат цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел на Алејата на заслужните граѓани и на споменикот „Ослободители на Скопје” на платото пред владината зграда.

На овој ден традиционално, Град Скопје ја доделува наградата „13 Ноември“ на поединци и институции кои со својата работа придонеле за развојот и афирмацијата на главниот град.

На 13 ноември пред 70 години борците од 42-та и 50-та дивизија на Народноослободителната македонска војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација.

По неколкудневни тешки борби со припадниците на 22-та гренадирска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“ која беше распоредена пред Качаничката клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот.

Во борбите за ослободување на Скопје загинале 420 македонски борци, а вкупно за време на Втората светска војна, животите ги положиле над 4.600 скопјани.

Македонија за време на Втората светска војна беше на страната на антифашистичката коалиција. Во борбите против фашистичките окупатори, според проценките на историчарите, во Македонија загинале 33.000 луѓе, вклучувајќи ги и преку 7.000 македонски Евреи, кои беа депортирани во концентрацискиот логор Треблинка.

Николоски: Изградбата на пругата кон Бугарија сега е и стратешки проект на НАТО и САД – тие се гарант дека истата ќе се изгради

Не успеа намерата на поедини сили во Бугарија, од инженерски да направат политички проблем, сега имаме конкретен и цврст договор за изградба на заедничкиот тунел од пругата, а гарант за тоа се Европската Унија и САД, истакна во вечерашното гостување во “Топ Тема”, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

-Ова не беше лесна задача и за бугарскиот вицепремиер и министер Караџов и треба да му се оддаде признание за таа работа, затоа што сериозни политички структури беа против овој проект, рече Николоски.

Како пресвртна точка во однос на придвижување на работите, Николоски се наврати на состанокот со Караџов во Истанбул, каде беше постигната согласност околу сите прашања од двете страни.

-Таму го презентирав проектот кој што Македонски железници го има изработено за целиот тунел, тие го разгледаа и го прифатија. Јас презедов обврска да ја забрзаме работата на вториот дел, од Бељаковце до Крива Паланка и зедов обврска да се тендерира третиот дел, од Крива Паланка до границата, односно до тунелот и очекувам веќе во декември тендерот да биде објавен. Од друга страна, бугарскиот вицепремиер презеде обврска, да вложат 1 милијарда и 200 милиони евра, од кои што најголем дел се за реконструкција на постоечката железничка инфраструктура, да го тендерираат делот од Ѓуешево до граница и заеднички да го работиме тунелот, истакна Николоски

Николоски ја истакна важноста на проектот и за НАТО и САД, кои овој коридор го имаат обележано како стратешки и безбедносен во овој регион.

“Овој коридор треба да е начин за снабдување на Украина, имајќи во предвид дека од Бургас до Одеса е многу кратко патувањето со брод, а другото е железнички и евтин превоз кој што би се користел при реконструкција на Украина или ако продолжи војната при понатамошни активности за одбрана на Украина. Така што е многу значајно и учеството на САД”- рече Николоски.

Вицепремиерот зборуваше и за други инфраструктурни проекти кои ги договорил со бугарскиот вицепремиер Караџов, а ќе почнат да се реализираат во скоро време.

– Она што исто така е важно, е дека со Караџов договоривме уште две работи. Прво, ќе почнат да градат експресен пат и автопат до Деве Баир, што прв пат се случува во историјата на односите на двете држави. И второ, знаете дека Македонија има одлична геостратешка положба, каде што се вкрстуваат два паневропски коридори, 8 и 10, а низ Бугарија поминува Коридорот “Струма”, се договоривме да ги споиме Коридорот 10 и Коридорот “Струма”, рече Николоски, додавајќи дека овој проект би значел поврзување со експресен пат од Македонија преку Смоквица-Валандово и Струмица и Ново Село, а истиот би се финансирал со средства од евтини кредити и грантови, за кои веќе постои интерес од страна на Европската Унија и Европската Инвестициска Банка.

Мицкоски денеска во посета во ООУ „Блаже Конески“: Камен-темелник за нова спортска сала и доградба на училиштето

Денеска во 12:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на поставување на камен темелник на изградба на нова спортска сала и втора фаза од доградба на нови простории во ООУ „Блаже Конески“ во Општина Аеродром.

Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.

Македонски газда на векот – За лојалноста на вработен му купи “лимузина”

Мише Цвејевски, сопственикот на познатиот фаст-фуд ланец „Baking Bread“, направи несекојдневен потег за наши услови – автомобил за својот верен вработен, Антонио.

Антонио е дел од тимот на „Baking Bread“ од самиот почеток, кога немал ништо, а денес стои зад успехот на фирмата, како што самиот газда вели.

„Гинеше со мене кога беше најтешко. Никогаш не ме одби, не рече ‘не’ и за ништо не побара, а секогаш даваше сè за фирмата“, изјави Мише Цвејевски.

Тој додаде дека ова не е само подарок, туку признание за личната заслуга на Антонио: „Ова е благодарност за сите години лојалност и труд во ‘Baking Bread’“.

Потегот на Цвејевски е реткост на македонската деловна сцена и е пример за вреднување на посветеноста и лојалноста на вработените.