дома блог страница 21

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СУПЕР МИЛИОНЕР ВО СКОПЈЕ, ОСВОЕНИ 6.352.014 ДЕНАРИ

Најновиот СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ на Виделотарија Касинос Австрија е освоен во Скопје. Среќниот играч освои фантастични 6.352.014 денари!

И овој викенд почнува со среќни вести. Во Скопје освоена е најпосакуваната ВЛТ добивка- СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ, овојпат вредна 6.352.014 денари. Добивката е освоена на видеолотариските терминали кај нашиот деловен соработник Делта Бет Моцарт на 13.11.2025.

Тимот на Видеолотарија од срце му честита на големата добивка и му посакува радост, исполнети соништа и незаборавни моменти!

Во периодот од 03.11.2025 до 11.11.2025 Видеолотарија Касинос Австрија исплати фантастични 14.040.721 денари кон играчите на ВЛТ терминалите ширум Македонија и тоа:

1 СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ → исплатени 5.540.729 денари
4 МИЛИОНЕР џекпот добивки вкупно 6.616.593 денари
МИНИ џекпот добитници → со добивки од 1.883.399 денари
Видеолотарија Касинос Австрија повеќе од една деценија успешно работи во согласност со сите законски регулативи и меѓународни стандарди. Во изминатите 11 години, на среќните ВЛТ играчи низ Македонија им се исплатени преку 3 милијарди денари – доказ за транспарентност, стабилност и лидерска позиција во областа на електронските игри на среќа.

Витаминка прва македонска компанија од прехрамбениот сектор која започна со имплементација на ESG системот

Витаминка започна со формална имплементација на ESG (Environmental, Social, Governance) принципите преку современата VSME рамка за репортирање, која овозможува систематски пристап кон одржлива практика, корпоративна одговорност и транспарентно управување. На денешната информативна и консултативна средба што се одржа во просториите на компанијата, беа разгледани приоритетните области од ESG доменот и беа споделени очекувањата, обврските и придобивките од одржливото работење.

Со овој чекор, компанијата ја зајакнува својата долгорочна стратегија и го потврдува континуираниот стремеж кон интегрирање на традицијата, иновацијата и квалитетот што ја обележуваат нејзината повеќедецениска работа, според Генералниот извршен директор, Сашо Наумоски.

„Процесот на воведување ESG во Витаминка не е административен чекор, туку длабинска трансформација на начинот на кој во компанијата се размислува, планира и делува. Со тоа оваа деловна обврска, станува стратешки избор кој ја потврдува нашата посветеност на одговорно и транспарентно работење. Нашата амбиција е ESG да стане дел од секојдневието, започнувајќи од одлуките во менаџментот, па до идеите што доаѓаат од нашите вработени. Тоа е нов начин на размислување што нè потсетува дека секој чекор има влијание и врз луѓето и врз животната околина. Веруваме дека со ова ќе ја зајакнеме конкурентноста на компанијата и ќе придонесеме за создавање подобра иднина за сите,“ изјави Наумоски.

ESG претставува глобално признат модел за мерење и управување со влијанието на компаниите врз животната средина, општеството и корпоративното управување. За Витаминка, ова значи надградување на процесите за намалување на влијанието врз околината, поголема грижа за вработените и заедницата, како и јакнење на транспарентноста и етичкото делување. Примената на ESG моделот ќе ѝ овозможи на компанијата поефикасно да ги следи своите резултати, да поставува јасни цели и да обезбеди повисок степен на отчетност кон сите засегнати страни.

Имплементацијата на ESG ќе се реализира етапно во следните три до пет години, при што до крајот на април 2026 година ќе биде подготвен и првиот ESG извештај. Во овој период, компанијата ќе работи на намалување на емисијата на CO₂, воведување енергетски поефикасни технологии, подобрување на управувањето со отпадот и оптимизација на транспортните процеси. Истовремено, ќе се унапредат програмите за развој на вработените, инклузивноста, родовата еднаквост и партнерството со локалната заедница. Компанијата ќе продолжи и со зајакнување на корпоративната етика, управувањето со ризици и усогласувањето со европските стандарди за одржливо корпоративно управување.

Витаминка гледа на ESG како на долгорочна трансформација што започнува одвнатре, со подигнување на свеста, подобрување на интерните процеси и градење корпоративна култура во која секоја одлука и секој чекор го земаат предвид влијанието врз луѓето и планетата. Со ова, компанијата прави значаен исчекор кон европските и глобалните стандарди за одржливост и ја зацврстува позицијата како одговорен и современ индустриски лидер.

Витаминка продолжува да гради на своите вредности на квалитет, доверба и грижа за заедницата, создавајќи основа за поодржлива иднина за сегашните и идните генерации.

Гимназијата “Јосип Броз-Тито” го доби престижниот МЕЃУНАРОДЕН БРЕНД LABEL FRANCE EDUCATION (ФОТО)

Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола, доби значајно меѓународно признание од француското Министерство за Европа и надворешни работи.

Признанието доаѓа во година кога Гимназијата одбележува дваесет години од создавањето на француско-македонските двојазични паралелки.

Во рамките на јубилејот, амбасадорот на Франција, Н.Е. Кристоф ле Риголер, го додели признанието на свечената церемонија, која се одржа во офицерскиот дом, со што училиштето официјално е носител на угледниот бренд Label France Education. Ова високо признание се доделува на образовни институции ширум светот, кои што демонстрираат висок квалитет во развојот и спроведувањето на франкофонската двојазична настава.

На свечениот настан присуствуваше и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кому во знак на признание му беше доделена благодарница за континуираната поддршка во реализацијата на наставата и унапредувањето на образовните програми во училиштето.

Свеченоста се одржа во Офицерскиот дом во Битола, каде беше презентирано дведецениското искуство, резултатите и континуираниот напредок во интеграцијата на францускиот јазик во наставниот процес на гимназијата. Настанот беше збогатен со присуството на почесната конзулка на Франција, бројни претставници од образованието, културата, јавниот и политичкиот живот во градот.

“Од глувци се плашите?” – бил одговорот кој го добиле студентите во “Пелагонија” кога пријавиле дека домот врие од глодари (ВИДЕО)

Алармантна состојбата за условите во еден од студентските домови во Македонија. Видео-снимка, која повеќе студенти ја испратиле до „Студентарија“, покажува како глувци се движат по таванот на тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје.

Снимката, како што се наведува, уште еднаш го отвора прашањето за условите во кои живеат студентите, по серијата извештаи и фотографии за нехигиена и лоши услови кои пристигнуваа и од други студентски домови во изминатиот период.

Според тврдењата на студентите, проблемот бил веднаш пријавен кај службите во домот. Меѓутоа, наместо соодветна интервенција и дератизација, тие наишле на несоодветен и омаловажувачки одговор.

„’Од глувци ли се плашите?’, бил одговорот што го добиле студентите од службите во домот откако пријавиле дека во тоалетот им се наоѓаат група глувци,“ се вели во објавата.

Дури по повторно поднесените жалби, според студентите, службите им дале „решение“ – им бил предаден отров, со објаснување дека самите треба да го постават во просториите каде што се движат глувците.

Настанот повторно го актуелизира прашањето за студентскиот стандард и грижата на институциите за младите кои живеат во домовите во Скопје и низ државата – простори што треба да обезбедуваат достоинствени и безбедни услови за живеење, а не сцени што потсетуваат на запуштени подруми.

Неколку улици денеска во Прилеп без вода за пиење до 14часот

Известување од ЈКП Водовод и канализација Прилеп:

-Водоснабдувањето на ден 14.11.2025 (петок) ќе биде нормално со здравствено исправна вода за пиење.

Вкупната произведена количина на вода 261/с, од кои 205л/с од Студенчица,0л/с од бунари и 56л/с од сопствени извори.

Прекин во водоснабдувањето заради санација на дефекти и приклучоци во периодот од 08 до 14 часот ќе има на следните улици и делови од Општина Прилеп:

– ул. Марксова (зграда УЈП)
– ул. Мире Цилкоски
– ул. Борка Утот
– Инд.Зона – Металец

Непланиран прекин на електричната енергија денеска во неколку населени места во прилепско

РЦУК Прилеп информира за НЕПЛАНИРАН ПРЕКИН на електрична енергија на 14.11.2025 година (Четврток) во следните населени места во општина Прилеп: С.ВИТОЛИШТЕ, С.БЕШИШТЕ, С.ДУЊЕ, С.ЧАНИШТЕ, С.КРУШЕЈЦА, С.ГРАДЕШНИЦА.

Прекинот ќе биде во период од 09.30 до 11.30 часот.

Денеска ги славиме Светите Врачи – Козма и Дамјан: Честит именден на сите славеници!

Именден празнуваат: Кузман, Кузе, Дамјан, Даме…

Меѓу поголемите есенски празници што се празнуваат со домашни служби спаѓа и празникот на Светите врачи Кузман и Дамјан. Овој празник меѓу народот е познат како Свети врачи или едноставно како Световрача. Зборот врач (враж) и денес во некои словенски јазици (на пр. во рускиот јазик) значи лекар.

Овие господови лекари наречени и Свети бесребреници имаат два празника на 1 јули (Свети врачи – летни) и на 1 ноември (според стариот календар).

Наречени се бесребреници или безмитни затоа што бесплатно ги лекувале сиромашните болни, а среброто е поим за алчност. Среброљубец се вели за човек алчен за пари.

За двајцата браќа исцелители Кузман и Дамјан има малку податоци како за нивното раѓање така и за нивната смрт. Според една верзија родени се во провинцијата Асија во Мала Азија.

Татко им бил паганин, а мајка им христијанка. Набргу татко им умрел, а мајка им Теодотија ги воспитувала во вистински христијански дух.

Останувајќи верни на ветувањето што ѝ го дале на мајка си, а за да бидат што повеќе корисни, двајцата браќа го изучувале лекарскиот занает, ги научиле исцелителните својства на сите билки и се афирмирале како добри лекари. Господ ги благословил и тие секогаш лечеле повикувајќи се на божјата сила.

Се откажале од овоземните богатства, лекувале бесплатно според Господовата заповед: „Болни лекувајте, лепрозни очистувајте, мртви воскреснувајте, бесови изгонувајте! Бесплатно добивте, бесплатно давајте“. (Матеј, 10, 8) Поради тоа и двајцата се наречени бесребреници.

Житието раскажува дека еднаш некоја жена по име Паладија, што долго време била болна од некоја неизлечлива болест и што за лекување потрошила големо богатство, ги повикала и овие двајца лекари. Тие со Божја помош ја излекувале и таа сакала да ги награди. Но бидејќи двајцата браќа биле заколнати да не примаат никакви дарови тоа го одбиле.

Сепак, помладиот Дамјан, по многу молби и откако го заколнала во Света Тројца, зел три јајца како симбол на светото тројство. Кога за тоа разбрал постариот Кузман многу се налутил и пред селаните побарал кога ќе умрат да не ги погребуваат во ист гроб, туку Дамјан бидејќи погрешил и ја подгазил дадената заклетва да биде погребан во друг гроб.

Кузман умрел порано, а кога умрел и помладиот Дајман селаните решиле дека, сепак, казната што ја одредил Кузман е престрога и дека Дамјан трите јајца не ги зел како надоместок за лекувањето туку како симбол на Светата Троица.

Поради тоа, но и затоа што заедно лекувале, ги погребале во ист гроб. Подоцна над гробот била изградена црква, а од моштите на светите Врачи се случувале многу чуда и многу болни оздравеле.

Според друга верзија родени се во Рим. И во однос на нивната смрт, исто така, податоците се непрецизни, односно различни. Според едно предание умреле од своја смрт во Мала Азија во местото Ферман.

Според друго предание, пак, откако биле наклеветени пред царот дека се занимаваат со маѓии, и откако го излекувале и царот по што тој станал христијанин, нивниот учител завидувајќи им на славата ги однесол во планината да берат лековити билки и ги каменувал.

Ако се земе предвид дека во историјата нема податок дека некој цар го примил христијанството од овие причини, ова предание останува малку веројатно. Според трето предание загинале во Рим во 284 година при едно големо прогонување на христијаните.

Овие свети браќа, Господови исцелители освен за време на животот се прославиле и после смртта. Имено кога на некој човек при спиењето му влегла змија низ устата и кога му се заканувала сигурна смрт се спасил со тоа што во претсмртната агонија ги повикал св. Кузман и Дамјан. И така Господ и по смртта ги прославил тие што го славеле во текот на целиот свој живот.

Според некои истражувачи нивниот спомен се празнува два пати во годината, веројатно затоа што едниот од браќата умрел на 1 јули, а другиот на 1 ноември.

Меѓутоа има некои истражувачи што сметаат дека се работи за две или три личности исцелители со исти имиња Кузман и Дамјан, поради што доаѓа и до мешање на нивните празници.

На иконите светите врачи Кузман и Дамјан се претставени заедно со крстови во рацете или, со кутивче со лекови и со лажиче со кое на болните бесплатно им давале од лековите.

Во народниот живот овој празник повеќе го празнуваат оние што се занимаваат со народна медицина: лекување, баење, лекување со билки итн. Тие на овој празник не работат зашто во спротивно нема да им фати лекот. Култот кон овие светци бил изразен во повеќе места на Македонија.

На пример има села што носат името на светите врачи, (Светораче, Кичевско) во селото Едуарци, во минатото се одржувал голем собир, а градот Сандански во пиринскиот дел на Македонија порано го носел името Свети Врачи.

Мала црква посветена на светите врачи Кузман и Дамјан има во скопското село Говрлево. Во црквата има и света вода, а според преданието оваа црква е изградена откако на некој човек му се сонило дека на местото каде што извира водата треба да се изгради црква.

Според други преданија Јустинијан Први во 6 век на тоа место бил излекуван. До црквата има уште една чешма за која се верува дека подмладува поради што, овде луѓето доживуваат длабока старост.

Денешниот ден по народното верување е добар за молитва за оздравување. Постои и верување дека денес е добро да се работат тешки физички работи, но дека без потреба не треба да се излегува од дома.

Прилепчанец ја доби 13-то Ноемвриска награда за Спортски работник на годината (ФОТО)

Џудо федерацијата на Македонија со особена чест и гордост информира дека Сојузот на спортови на Скопје денес, по повод празникот 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Град Скопје, ја додели 13 Ноемвриската награда за Спортски работник на годината на м-р Горан Мицкоски, стручен соработник во Џудо федерацијата на Македонија и член на организацискиот тим на федерацијата.

Мицкоски е прилепчанец кој живее и работи во Скопје. Важно е да се напомене дека тој е еден од основачите и прв тренер на ЏК Сеишин -Прилеп, а подоцна својата кариера ја продолжил во Скопје како стручен соработник во Џудо Федерацијата на Македонија и актуелен селектор на сениорска репрезентација на Македонија.

Ова признание претставува потврда за неговата исклучителна посветеност, професионализам и континуиран придонес во развојот и унапредувањето на македонското џудо. Во текот на изминатиот период, м-р Мицкоски даде значаен придонес во организацијата на повеќе меѓународни настани од највисок европски ранг, меѓу кои се:

-Европско првенство за кадети (26–29 јуни 2025)
-Џудо натпревари на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) (18–26 јули 2025)
-Европски јуниорски куп (1–3 август 2025)
-Меѓународен тренинг камп за јуниори и јуниорки (4–6 август 2025)
-Европски куп за сениори (19–21 септември 2025)

Владика Петар до Вранишковски: Се служи со големи манипулации, Господ да му прости

-Треба да говориме за работите какви што се, реални и вистински и да не оставаме простор кај слушателите и верниот народ дека ние како архиереи во црквата манипулираме со верниците и со севкупната јавност, посочи владиката Петар во НАТКАСТ.

Во неговото искажување, во претходните како и во последното, Вранишковски се служи со големи манипулации, жалам јас и Господ да му прости, ако прошка може да се даде за свесно изнедување невистини, а тука се работи за свесно изнесување невистини. Прво и основно, треба хронолошки да се постават работите, изјави владиката Петар во НАТКАСТ со Љупчо Цветановски, одговарајќи му на владиката Јован на изнесените невистини во јавноста за наводните негови огромни заслуги за добивањето на автоќефалноста, Охридската Архиепископија како бугарска институција и уште понаводната улога на СПЦ како мајка црква на МПЦ-ОА.

-Треба да говориме за работите какви што се, реални и вистински и да не оставаме простор кај слушателите и верниот народ дека ние како архиереи во црквата манипулираме со верниците и со севкупната јавност. Имено, во однос на прашањето за мајка црква, тоа е многу коментирано и е јасно као ден дека единствена мајка црква е ерусалимската црква и тука нема простор за манипулации и лаги. Тоа со „мајка и ќерка“ се однесува на црква која е произлезена од црквата од која е одвоена. Од таму гледано, и литургиски и догматски мајка црква е Ерусалимската црква, на сите православни цркви, посочи владиката Петар во НАТКАСТ.

Митрополитот преспански и повардарски од МПЦ-ОА во НАТКАСТ ги изнесе сите криминали од минатото на Вранишковски, како и патот на неговата „кариера“ во црквата, меѓу кои и проневера на 250 илјади евра за кои човекот со световно име Зоран и беше осуден во 2009-та на 2,5 години затвор, за проневери со придонесите од платата, со продажби ан авотмобили, донации и црковни имоти.

На прашањето ан Цветановски, дали првпат Вранишковски ја кажал вистината кога рече дека е Византиец по идентитет, имајќи предвид дека псотојано прави „византиски игри“ кои се синоним за манипулации и сплеткарење, Владиката изјави:

-Жал ми е мене што се случи ова, да не излезеше тој со вакви изјави и сето тоа што се случи, јас немаше да излезам како Владика да дискутирам за ова ако прв тој не почнеше и не кажеше невистини и измами кави што кажа.И треба еднаш за секогаш да се каже вистината за сите работи, изјави г. Петар во НАТКАСТ.

Новиот градоначалник ОДЛУЧИ! Ова се новите директори на јавните претпријатија

Teamwork of business man contractor working meeting in the office construction site on their architect project.

Четирите јавни претпријатија во град Скопје ќе добијат нови вршители на должноста директор. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва ги соопшти нивните имиња.

Во јавното претпријатие „Улици и патишта“ за директор ќе биде назначен Борис Настов кој ја извршувал оваа функција на почетокот на мандатот на поранешната градоначалничка Данела Арсовска, а во „Водовод и канализација“ Иван Митровски, досегашниот заменик-градоначалник на Кисела Вода.

Како што соопшти Ѓорѓиевски, за директор во Јавното сообраќајно претпријатие ќе биде назначено лице кое долги години работи во ова претпријатие, а во „Комунална хигиена“ човек кој долги години работел во комуналниот сектор во Град Скопје.

– Во „Комунална хигиена“ ќе биде поставен директор кој исклучитено добро се покажа изминатиот период за време на акцијата 72 часа. Не е актуелниот в.д. директор. Се вика Драги, човек кој долги години работел во комуналниот сектор во Град Скопје, не бил екпсониран ниту партиски, ниту во јавност. Во ЈСП Скопје ќе биде назначен Саше Илиевски кој работи долги години во ова претпријатие, има искуство и ги разбира процесите, соопшти Ѓорѓиевски за емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5.

Ѓорѓиевски негираше дека некогаш кажал дека ќе ги приватизира јавните претпријатија. Вели дека ќе работи на зајакнување на капацитетите на јавните претпријатија и дека ќе работи на тоа да станат самоодржливи.

Сметките за граѓаните, како што кажа, нема да поскапат. – Така сум ветил во кампањата, рече Ѓорѓиевски.