дома блог страница 18

За Светскиот ден на детето бесплатна детска претстава во Центарот за култура “Марко Цепенков”

На 20 ноември 2025/ четврток/ од 11.00 и од 12.00 часот, по повод Светскиот ден на детето во ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде прикажана претстава „ТРИ“ – прва професионална претстава на знаковен јазик за деца. 

Претставата четири години е активна на македонската сцена со цел децата кои припаѓаат на глувонемата заедница да им  понудиме да уживаат  во театарската уметност на нивниот мајчин јазик, односно македонски знаковен јазик, но исто така и за останатите деца кои имаат прилика преку актерската интеракција да ја научат знаковната македонска азбука.

Во претставата, актерите паралелно говорат и интерперетираат на македонски знаковен јазик. Претставата има дидактички карактер, во кој децата во интеракција со актерите ја учат знаковната македонка азбука. 

Главната тема е современата еколошка катастрофа што ѝ се заканува на нашата планета. Трите самовили — Розе, Лила и Синка, кои ја надминуваат јазичната бариера меѓу јазикот на тишината и говорниот јазик на Ѕвонко Бонбонко, стануваат пријатели и заедно се обидуваат да го исчистат расфрланиот отпад што се наоѓа насекаде.

Нивната мисија е да го сортираат отпадот и да го одложат во соодветни канти за рециклирање, со цел за живеење во здрава средина — со чист воздух, чиста вода за пиење и чиста почва за одгледување здрава храна.

Податоци за претставата:

„ТРИ„

Автор и режија Јован Ристовски

Костимограф: Марта Дојчиновска

Маскер: Стефанија Илиевска

Играат: ЛИЛА – Сандра Грибовска

РОЗЕ – Маја Андоновска Илијевски

СИНКА – Анастазиа Христова

SВОНКО – БОНБОНКО – Никола Пројчевски

Тутор по знаковен јазик Сузана Станоевска

Продукција: ATO Центар Битола

Гостувањето е поддржано од GIZ North Macedonia во соработка со Ambassade de France à Skopje.

Две проекции на филмови во киното “Мис Стон” во Прилеп

Репертоар на кино “МИС СТОН” Прилеп:

На 20 ноември 2025/ четврток/ од 19.00 часот во киното Мис Стон ќе се прикажува филмот „Ветена земја“.
Влезниците ќе се продаваат на билетарницата од киното Мис Стон секој работен ден од понеделник од 10 до 13 часот и од 17 до 19.00 часот, и еден час пред проекцијата на филмот.

За филмот:

Приказната за данскиот војник и истражувач Лудвиг Кален, кој го истражувал и одгледувал данскиот див Јитланд, кој сега го опфаќа огромното мнозинство на земјата, во средината на 18 век.
Оригинален наслов:Bastarden
режија: Nikolaj Arcel
улоги: Mads Mikkelsen, Amanda Collin
премиера: 17.10.2024
времетраење: 127′
земја: Шветска, Данска, Норвешка, Германија
жанр: историска драма, биографски
Категоризација: Четврта категорија

На 22 ноември 2025/ сабота/ од 12.00 часот во киното Мис Стон ќе се прикажува извонредниот филм анимација „Поплава„.
Влезниците за филмот ќе се продаваат на билетарницата од киното секој работен ден од 10.00 до 13.00ч. и од 17 до 19.00 ч. и еден час пред проекцијата на филмот.

За филмот:

Мачката е осамено животно, но бидејќи нејзиниот дом е уништен од голема поплава, таа наоѓа засолниште на брод населен со различни видови и ќе мора да се здружи со нив и покрај нивните разлики.
Оригинален наслов:Straume
режија: Gints Zilbalodis
времетраење: 85′
земја: Литванија, Белгија, Франција
жанр: анимација
Категоризација:Прва категорија

Понуда на која нема да одолее ниту еден “чорбаџија” во Прилеп: Уживајте во ладните есенски утра во ресторан “Калабалак”

Во населбата “Точила” позади маркетот “Тобако”, веќе некое време вистинските гурмани во Прилеп ги пречекува едно ново гастрономско катче – место каде вкусот и традицијата се спојуваат во едно, ресторан кој за кратко време почна да го бие добар глас за одлична храна и услуга.

Ако не сте биле, редно е да ги посетите, ресторан “КАЛАБАЛАК” од рано наутро ве кани на вкусна чорба, подготвена со многу љубов, внимание и квалитетни состојки.

Причина плус да пробате ќе биде и оваа неодолива понуда, на која нема да одолее ниту еден “џорбаџија” во градот под Марковите Кули, а богами и сите гости кои доаѓаат од други градови.

Секој ден чорба + чашка ракија за само 200 денари.

Посетете ги и уживајте во есенските ладни утра со вкусна топла телешка, јагнешка, или мешана чорба.

Наздравје!

(ВИДЕО) Кавадарци станува најсовремен и најбезбеден град во Македонија

Поголема безбедност на возачите и на пешаците, но и намалување на сообраќајните „тесни грла“ каде зачестеноста на незгоди беше голема, со поставување современа сигнализација и нови патокази, се само дел од мерките кои општина Кавадарци ги презема за решавање на сообраќајниот хаос во градот. Речиси сите поголеми крстосници се решени со кружни текови, досегашните двофазни семафори се заменети со трофазни, а поставени се и нови портали, како што е случајот и на Булеварот „Никола Минчев“, инвестиција вредна околу еден милион денари – објави “АЛФА ТВ”

„Со тоа се овозможува и протокот на сообраќајот да биде побрз, а со тоа и можноста за паркирање е ослободена и да не доаѓа до конфликт во делот на сообраќајот и застој во самиот сообраќај… Во идна фаза ќе работиме на сите пешачки зони каде што имаме премин на пешаци со побрзо движење на возила, да можеме да го успориме сообраќајот и пешачките зони да бидат што повидливи, особено навечер или при дожд и магла… А особено со изградбата на Обиколницата која што ќе ја започнеме наредната година и со отстранувањето на тешките товарни возила од самата градска средина, мислам дека ќе добиеме еден најбезбеден град во делот на сообраќајот и сообраќајните решенија“ – изјави Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци.

Во сите овие активности се вклучени и сите други надлежни чинители, полицијата, сообраќајниот општински инспекторат и други.

„Исто така, изготвени се сообраќајни проекти на сите локални патишта кои водат до нашите села, вкупно 15. Половина од нив имаат и сообраќајни знаци, а на дел од нив поставена е и заштитна еластична ограда, сè со цел зголемување на безбедноста на сообраќајот. Во самиот град, во поголем дел се докомплетира со сообраќајни знаци, така што слободно може да се каже дека нема оддалечена сообраќајна крстосница во градот каде што нема поставено сообраќајни знаци за регулирање на сообраќајот“ – кажа Драган Рамов, раководител на Одделението за инспекциски сообраќаен надзор при ЛС Кавадарци.

Инаку, општина Кавадарци е една од општините со најголем број современи кружни текови и прегледно означени булевари. Дел од нив се финансирани со општински средства, дел со донации од општествено-одговорни компании, а во последно време и како општински проекти финансирани од Владата со пари од унгарскиот кредит.

Каролина Дурло за “АЛФА ТВ”

(ФОТО) Ни мачорот Тото на паркетот не им помогна на младите кошаркари на МЕГА БАСКЕТ

Младинската екипа на Мега Баскет загуби на домашен терен од Црн Дрим, во исклучително богат натпревар со поени. Крајниот резултат на семафорот беше 89-103, а на младите кошаркари од Прилеп ниту маскотата – мачорот Тото на паркетот не им помогна да стигнат до поволен резултат.

Сепак дечките се за честитање, играат пожртвувано на секој натпревар, се борат кошарката да стане престижен спорт во Прилеп, се борат да докажат дека Прилеп има млад потенцијал кој заслужува да биде поддржан, како од бизнис секторот, така и од надлежните.

Во конкуренција од 1.172 песни, творбата на ученичката Лина од Прилеп во петте најдобри на Детските Рацинови средби во Велес

Во конкуренција од 1.172 литературни творби, на меѓународниот натпревар, на најубавата манифестација Детски Рацинови средби, во срцето на Коста Солев Рацин, во Велес, поетската творба на тема ,,Кога денот од стих се раѓа” ученичката Лина Огненоска од 9В одделение од ООУ “Кочо Рацин” Прилеп, под менторство на наставничката Моника Трајкоска, беше одбрана во петте најдобри литературни творби и закитена со награда-пофалница на 58 издание на манифестацијата.

„Рацин се сака со зборови, но уште повеќе со дела. А кога делата зборуваат, тие се погласни и од сите зборови. Ова воедно е и поттик за сите ученици да веруваат во себе и да го следат својот глас кон успехот.“ велат од ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп.

И на својата ФБ страна напишаа:

„Прекрасно патување на креативност, соништа и уметност.
Рацин е жив!
Рацин сме ние!
Рацин е кратенка за сите нас!
Сите сме дел од песна која никогаш нема да замолчи!
…… И додека последниот збор не згасне, додека последниот работник не замолчи, поезијата ќе живее, Рацин ќе живее, а со нив и народот!“

Честитки за Лина и нејзината наставничка!

Хорор во Македонија: Ја киднапирал, ја избодел до смрт и ја закопал во дворот

СВР Штип во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава против Д.А (74) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство” по член 123 и “противправно лишување од слобода” по член 140 од Кривичниот законик. Toj се сомничи дека во домот во кој живее во Штип без нејзина волја ја држел Б.Н.(79) од Штип, а потоа со остар предмет и нанел убодни рани од кои починала, по што телото го закопал во дворот.

Имено, на 24.10.2025 во СВР Штип, Д.О.(84) од Штип пријавила дека од домот се оддалечила нејзината сестра Б.Н. По преземени мерки, а поради сомнение дека противправно ja држел во неговиот дом, на 10.11.2025 со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом и биле пронајдени и одземени повеќе предмети и траги од крв. По претресот, тој бил лишен од слобода и му била изречена мерка притвор во траење од 96 часа и бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Куманово.

По дополнително преземени мерки и добиено вештачење на одземените траги и предмети, во СВР Штип повторно е извршен разговор со Д.А. во кој тој детално го појаснил начинот на кој го извршил убиството.

Телото е пронајдено и по наредба на јавен обвинител било дадено на обдукција, а Д.А. бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определи мерка притвор во траење од 30 дена

(ФОТО) Вицепремиерот Николоски доби огромна чест – го отвори Виенскиот економски форум

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски е во работна посета на Виена, Австрија, каде учествува на Виенскиот економски форум. Во рамките на посетата тој ja имаше честа да го отвори Виенскиот економски форум, а исто така ќе оствари повеќе политички и економски средби.

-Ја имав честа да го отворам Виена економскиот форум. Виенскиот економски форум (VEF) ја поттикнува економската соработка меѓу земјите од регионот „од Јадран до Црно Море“ и ги обединува бизнис-заедницата, институциите и политичките чинители со фокус на развој на заеднички проекти во инфраструктурата, енергетиката, дигитализацијата и иновациите.VEF е значајна платформа за регионален економски дијалог и активно придонесува кон подобрување на деловната клима и привлекување инвестиции во регионот – напиша Николоски.

Словенија воведе Божиќен бонус од 639 евра за сите вработени

Словенечката влада одобри закон со кој ќе се воведе задолжителен божиќен бонус за сите вработени, објавија локалните медиуми.

Бонусот за зимски празници ќе биде половина од минималната плата, што значи дека оваа година ќе изнесува 639 евра.

Според вчера усвоената регулатива, рокот за исплата на бонусот е најдоцна 18 дена по истекот на рокот за исплата на плати во ноември. Доколку компанијата има тешкотии со ликвидноста, парите може да се исплатат до 31 март.

Доаѓа ли нов страшен бран поскапувања?! Јајцата туркаат рекорди по маркетите, следно е месото

Изминативе денови, во речиси сите маркети и зелени пазари дојде до значително зголемување на цената на јајцата.

Тоа значи дека ако една табла со 30 јајца (Л класа) се продавала по цена од 280 денари, сега се продава по цена од 310 денари, односно мала табла од 10 јајца (М класа) која се продавала по цена од 90 денари, сега чини 105 денари.

Ова, важи за скоро сите маркети и скоро сите производители на јајца, а она што е дополнително загрижувачки е што цените нагло се смениле.

Но, освен јајцата, наскоро се очекува и зголемување на цената на месото, особено на свинското и јунешкото.