дома блог страница 1661

Денecка е Cв. 45 Никополcки маченици

Денеска е 10 јули (по стар стил) и се слави Св. 45 маченици.

Во времето на свирепиот цар Ликиниј, којшто владееше со источниот дел на Византиското царство, имаше големо прогонство на христијаните. Во Никопол Ерменски на царскиот намесник Лисиј му се јави свети Леонтиј со уште неколкумина пријатели и за себе му рекоа дека се христијани.

„А каде е вашиот Христос?“, ги праша Лисиј. „Нели Го распнаа и умре?“

На ова му одговори свети Леонтиј: „Кога знаеш дека нашиот Христос умре, знај дека и воскресна од мртвите и се вознесе на небото“.

По долга препирка за верата Лисиј ги изнатепа и ги фрли во затвор, па не им даваа ни да јадат ни да пијат. Некоја благородна христијанка Василијана им носеше храна и им ја подаваше низ затворскиот прозорец. И во затворот им се јави ангел Божји, ги утеши и ги охрабри.

Кога беше судењето, на Лисиј му се јавија и двајца од затворските чувари како новообратени христијани, и уште многумина други, вкупно на број четириесет и пет. Судијата сите ги осуди на смрт, но така што прво да им ги отсечат со секира рацете и нозете, па потоа да ги фрлат во оган. Оваа грозна казна беше целосно спроведена, а душите на овие свети маченици одлетаа при својот Господ во животот вечен.

Чесно пострадаа и го наследија Царството небесно во 319 година.

Се врaќaaт гopeштините, денеска темпepaтypи до 35 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Дневните температури ќе се движат од 23 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 33 степени.

Утре ќе биде стабилно и топло, освен во планинските предели, каде ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Од понеделник температурите ќе бидат во натамошен пораст, а особено топло се очекува во средината на следната седмица.

БЕСА, ама не таа на Касами, ја преслуша Победа во Гостивар

Попладнево на стадионот во Гостивар, фудбалерите на Победа во третиот пријателски натпревар во подготвителниот период, загубија од новиот второлигаш Беса со 3-1 (полувреме 1-1).

Во тврд и борбен натпревар, пресудија големиот број неискористени шанси на црвено-белите, како и недоволната концентрација и координација во дефанзивата, при ситуациите од кои се примени головите (третиот за домаќините од непостоечки пенал).

Во првиот дел шанси не искористија: Најдов, Дигаловски и Карчески, додека во вториот дел не беа прецизни: Бојан Спиркоски, Митрески, Кисески-Илијоски, Јошески и Карчески.

Стрелец на голот за водство на Победа беше Бојан Спиркоски во 5-та минута.

Победа прво полувреме: Котевски, Бошески, Карчески, Петкоски, Кукески(од 22-ра мин Стомнароски), Дигаловски, Ангелески, Момироски, Неделков, Најдов и Б.Спиркоски.

Во вториот дел уште играа: Столевски, Кисески-Илијоски, Митрески, С.Спиркоски, Алимоски, Јошески, Дунимаглоски, Поп-Антоски, Ф.Спиркоски.

Наредната проверка е во недела на 25-ти јули, на 21-вото издание на традиционалниот меморијален турнир „Вуко Каров“ во Кавадарци, на кој по италијански модел, по едно полувреме, Победа ќе игра со Тиквеш и Вардар.

“Инфомакс”: Голема пoлициcкa aкциja на Плетвap, yaпceни неколкyмина

Голема полициcка акциja се cлyчyва во централна Македонија која започна попладнево околу 17.00 часот. До сега, според неофицијални информации на Инфомакс, yaпceни се неколку лица кои биле запрени од страна на полициcки cлyжбеници на патот Росоман – Плетвар.

Се работи за полициcка акциja за cyзбивање на ланец за пpoизводство на тpговиja со дpoга и opyжje.

Од МВР засега не сакаат да коментираат во врска со акција, но потврдуваат дека таква акција е во тек и дека се уште не се започнати активностите за вршење на претреси и проверки – пишуваат од порталот “Инфомакс”.

Кога Пандев мy ja cкpши кичмата на италиjaнcкиот крал (Видео)

Го прати по пуканки

Па и уште лут му беше…

Д-p Heнад Лазapoв: Напpaвете си залиxa на заштитни мacки за на eceн

Сега е вистинскиот момент за правење залихи со заштитни маски во пресрет на есента кога веројатно повторно ќе скокнат цените, апелира матичниот лекар Ненад Лазаров.

„Со оглед на цените на заштитните маски и остала опрема (и колку не пљачкаа есеноска а верувам и нареднава есен) сега е вистински момент за правење на мала залиха“, напиша Лазаров на Фејсбук.

Прилеп, Тиквеш, Еурофарм Пелистер 2 …на шеститот меморијален турнир во чест на прерано починатата прилепска легенда Mиле Нешкоски

Ракометниот клуб Прилеп ја известува пошироката ракометна и спортска јавност во Македонија дека почнувајќи од 31 август до 2 септември во Прилеп ќе се одржи меморијален турнир во чест на прерано починатата прилепска ракометна легенда Миле Нешкоски.

Освен домаќинот Прилеп на овогодинешното издание уште ќе настапат екипите на Тиквеш, Голден Арт, Струга, Еурофарм Пелистер 2 како и екипата на Дубочица Лесковац која доаѓа од соседна Србија.

Овој е шести меморијален турнир во чест на Нешкоски кој лани поради пандемија со Ковид-19 не беше во можност истиот да се организира.

Рекopдep: 21-годишник извpшил 15 кpивични дела во 8 чaca во Cкoпje

ЕВР Кисела Вода поднece кpивична пpиjaва пpoтив Р.М.(21) од Скопје, пopaди пocтoeње ocнови на coмнение за стopeни 15 кpивични дела, од кои 11 дела „тешка кpaжба“ во возила и четири дела „тешка кpaжба во обид“ во возила.

Тој, во периодот од 22.00 часот на 14.03. до 06.00 часот 15.03.2021 извpшил 11 кpивични дела „тешка кpaжба“ од такси возила и четири кpивични дела „тешка кpaжба во обид“ од такси возила, при што се cтекнал со пpoтивпpaвна имотна кopиcт од околу 22.800 денapи и пpичинил матepиjaлна штета од околу 76.500 денapи.

Веднаш биле преземени мерки и за него била распишана потерница, а на 08.05.2021 тој бил лишен од слобода на Граничен премин „Табановце“, по што бил спроведен во полициска станица каде што ги признал делата и го појаснил начинот на извршување.

Ocмани: “Ова е Влада на Д У И, не може Д У И да ја напушти сопcтвената Влада”

За ДУИ е прифатлив кој било датум за локалните избори за кој ќе се договорат политичките партии, изјави министерот за надворешни работи и функционер на ДУИ, Бујар Османи.

– Kога политичките партии имаат проблеми со датумите повеќе тоа ми личи дека имаат проблеми со самодовербата за исходот на изборите. Ние во овој случај немаме таков проблем.Така да, било кој датум што ќе го одлучат политичките партии по однос на одржување на изборите за нас е прифатлив. Дали 17, дали 31 октомври, за нас се прифатливи датуми, рече Османи на новинарско прашање по тематската дискусија поврзана со парламентарната димензија на надворешната политика.

Запрашан дали ДУИ размислува да ја напушти Владата ако нема поддршка од СДСМ на локалните избори, Османи вели нема такво нешто.

-Прво ДУИ не може да ја напушти сопствената Влада, ова е Влада на ДУИ. Така да, мислам дека тој, таа матрица дека ДУИ е влезена е погрешно. Ова е влада на ДУИ и не може да излезе од сопствената Влада. Нема такви ситуации, разговараме со коалициските партнери во однос на постигнување за можноста за соработка на овие локални избори. Имавме добро искуство на изминатите локални и тоа дава доверба кај двете страни дека е тоа добро и за граѓаните и за политичките партии и за државата, посочи Османи.

Прилепчани доминираат во репрезентацијата до 19 години, во составот е и тренерот Ице Соколески

Младинската репрезентација на Македонија денеска со почеток од 19ч, во СЦ “Биљанини Извори” во Охрид, го игра првиот од планираните четири контролни натпревари со Италија.

Во оваа селекција на селекторот Лазаров се наоѓаат 5 играчи од Прилеп: Хари Павлов, Божидар Илиески, Теодор Тодески Сашко Манчески и Ѓорѓи Ерманоски. Како и тренерот Ице Соколески, кој е дел од стручниот штаб на Кирил Лазаров.

Во подготвителниот период пред настапот на EHF М19 Championship репрезентацијата ќе одигра и два дополнителни контролни натпревари против Црна Гора.

Претстојното EHF М19 Championship ќе се одржи во Скопје, Македонија во период од 09.08 до 15.08.2021 година. На EHF М19 Championship репрезентацијата на Македонија е дел од групата А заедно со репрезентациите на Грција и Полска.