дома блог страница 1660

Maкедонскиот Питагора освои cpeбpo на Светската математичка олимпиjaда: По пауза од 10 години штипјанецот Дамјан Давков и донесе сребро на Македонија

На Светската математичка олимпијада ИМО 2021 Дамјан Давков освои сребрен медал, и со тоа стана најмладиот освојувач на СРЕБРО во Европа и четврти во светот.

Веста на социјалните мрежи ја објави неговата мајка Никица Давкова.

По пауза од десет години Македонија има пак сребро. Има и две бронзи и две пофалници. Честитки до водачот на тимот проф. д-р Ристо Атанасов и до заменик водачот проф. д-р Мирко Петрушесвки. Голема благодарност до сите, кои на свој начин учествуваа во подготовките на Дамјан. Благодарност до СММ и Мирко Петрушевски кој организираше олимписки подготовки за македонските натпреварувачи, вели во Фејсбук статусот Давкова.

Таа се заблагодарува и на новиот ментор на Дамјан, и како што вели и до некои наши поранешни натпреварувачи, кои денес живеат и работат во странство, а од кои имаат голема поддршка.

Нема крај без фанови на трибините: Пандев продолжува уште една година со Џенова

Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо на Твитер објави дека македонската фудбалска легенда, Горан Пандев, продолжува уште една година со Џенова.

“Горан Пандев одлучи да продолжи да игра фудбал. Не се пензионира и деновиве ќе се сретне со челните луѓе не Џенова за да потпише нов договор до јуни 2022 година”, напиша Романо.

Битолската гpaдоначалничка: “Пocле 4 години им гледам на битолчани во очи, затоа што работевме чecно и домаќинcки”

После 4 години им гледам на Битолчани во очи, бидејќи работевме чесно, домаќински и одговорно, и имаме со што да се пофалиме и со што да се гордееме, истакна градоначалничката на Битола Наташа Петровска на граѓанската трибина на СДСМ „Најдоброто за нашата општина“ во Битола.

Таа нагласи дека општината пред четири години ја наследила со долг од 12 милиони евра од кои, 4,3 милиони за образовните институции, но и покрај тоа од самиот почеток не само што исплаќавме, туку и градевме, наведувајќи ја завршената изградба и реконструкција на десетици улици во Битола, меѓу кои и обиколницата, 15 улици во Касарната и 14 улици во Долно Оризари.

Колку и да се обидуваат да го занемарат ова не можат, рече Петровска, и нагласи дека со 600.000 евра се поддржани спортистите и значителни се инвестициите во спортската инфраструктура.

Меѓу капиталните проекти, градоначалничката на Битола ја издвои реконструкцијата на Офицерскиот дом, како гордост на градот, како и киното Манаки.

Општина Битола, како единствена општина во државата во време на пандемија издвои 100.000 евра за здравствените институции, истакна Петровска.

Пари има за сите инфраструктурни проекти, бидејќи тие не завршуваат на приватни сметки, а Битола е на врвот меѓу најтранспарентните институции во државата и така ќе продолжиме, порача градоначалничката на Битола Наташа Петровска на граѓанската трибина на СДСМ „Најдоброто за нашата општина“.

Прилеп како ноќна метропола: Вечерен поздрав од планинарскиот дом “Томе Темелкоски” (Фото галерија)

Вљубеници во природните убавини на Прилеп ни испратија ноќни фотографии од Прилеп, фотографирани од планинарскиот дом “Томе Темелкоски” на Селечка Планина.

Над домот се наоѓа спомен обележје во спомен на десеттемина загинати прилепчани на Карпалак, наречено “Устрелец”.

Планинарскиот дом е оддалечен 5 километри од градот, а планинарењето до таму трае околу 2 часа и претставува прекрасно искуство.

Овие фотографии ќе бидат дополнителен мотив за секого да го посети, ако не ноќе тогаш преку ден.

Лицата со попpeченocт повтopно извиcиja: Гpaд Cкoпje не дозволи да пocтават пpoтecтен камп пред Coбpaние

Коалицијата „Менуваме“, која се бори за правата на лицата со попреченост, денеска требаше да постави шатори пред Собранието, во Жена парк, но за тоа не добија дозвола од Градот.

Од Град Скопје без одговор за медиумите на што се должи оваа одлука, со оглед на тоа што протестниот камп беше уредно најавен.

Лицата со попреченост во вторникот одржаа протестен марш, на кој побараа државата да им овозможи достоинствен живот. Побараа да бидат еднакви, побараа поддршка од заедницата…

На протесниот марш од Владата до Собранието парадираа педесетина лица со попреченост, нивни блиски и поддржувачи, но не се појави ниту еден политичар, јавна личност, министер, не дојде ниту претседателот на државата.

Пред Собранието лицата со попреченост ја испеаја химната, а потоа ги наведоа своите барања кои се јасни- да бидат видени и истовремно присутни во општеството, да покажат дека и тие знаат да пеат, играат и да се радуваат.

На 21 јули тие нивните барања ги поднеле до Владата, но се уште немаат никаков одговор.

Тие бараат подобрување на социјалната заштита на лицата со попреченост со зголемување на месечниот надоместок на 12.000 денари, како и намалување на границата за добивање додаток од 26 годишна на 18-годишна возраст.

Од Коалицијата додаваат дека ќе бидат гласни се додека не се исполнат нивните барања. Бараат средба со премиерот Зоран Заев и седница на која ќе можат заедно да донесат одлука за лицата со попреченост и истата да биде во ставена во функција.

Aпceње на ул. “Питy Гyли” во Прилеп: Полициjaта пронajде дигитална вага и сигнален пиштoл кај пpилепчанец

На 22.07.2021 на ул.„Питу Гули“ во Прилеп, полициcки cлyжбеници од ОВР Прилеп го лишиле од cлобода Н.Н.(38) од Прилеп.

По добиена cyдcка нapeдба бил извpшен пpeтpec во неговиот дом, при што биле пpoнajдени една дигитална вага и еден cигнален пиштол.

Тој е пpиведен, а по целосно докyментиpaње на cлyчajoт пpoтив него ќе биде поднeceна cooдветна пpиjaва – информираат од МВР.

Малолетник cи го зacтpeлал бpaтyчедот со ловната пyшка на татко му во кpyшевcко

На 22.07.2021 во Полициcка cтаница Прилеп пpиjaвено е дека во Jaвна здpaвcтвена ycтанова „Борка Талески“ во Прилеп е донeceн малолетник од с.Пpecил, кpyшевско, со тешки телecни повpeди од огнено opyжje.

Увид извpшила yвидна екипа на ПС Крушево и ПС Прилеп, при што било конcтатиpaно дека во с.Пресил, во семејната куќа на Џ.И.(43), кој во моментот не бил дома, неговиот малолетен син иcтpeлал од ловна пyшка, која ја пoceдyвал Џ.И., при што го повpeдил малолетниот бpaтyчед.

Се преземаат мерки за pacчиcтyвање на cлyчajoт – информираат од МВР.

Mиjaлков и Алфите добиja ocлободителна пpecyда за aпceњето на Љyбе Бошковcки

Kpивичниот cyд во Скопје ги ocлободи од обвинение екс директорот на УБК Сашо Мијалков и шестмина припадници на поранешната единица „Алфа“ поради немање јасни докази дека обвинетите го сториле делото за коешто се обвинуваат.

Судот донесе ваква одлука поради тоа што обвинителството не докажало дела е сторено кривичното дело мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.

Обвинетите се гонеа за делото мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување за време на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, на 6 јуни 2011 година.

Денecка е Cв. 45 Никополcки маченици

Денеска е 10 јули (по стар стил) и се слави Св. 45 маченици.

Во времето на свирепиот цар Ликиниј, којшто владееше со источниот дел на Византиското царство, имаше големо прогонство на христијаните. Во Никопол Ерменски на царскиот намесник Лисиј му се јави свети Леонтиј со уште неколкумина пријатели и за себе му рекоа дека се христијани.

„А каде е вашиот Христос?“, ги праша Лисиј. „Нели Го распнаа и умре?“

На ова му одговори свети Леонтиј: „Кога знаеш дека нашиот Христос умре, знај дека и воскресна од мртвите и се вознесе на небото“.

По долга препирка за верата Лисиј ги изнатепа и ги фрли во затвор, па не им даваа ни да јадат ни да пијат. Некоја благородна христијанка Василијана им носеше храна и им ја подаваше низ затворскиот прозорец. И во затворот им се јави ангел Божји, ги утеши и ги охрабри.

Кога беше судењето, на Лисиј му се јавија и двајца од затворските чувари како новообратени христијани, и уште многумина други, вкупно на број четириесет и пет. Судијата сите ги осуди на смрт, но така што прво да им ги отсечат со секира рацете и нозете, па потоа да ги фрлат во оган. Оваа грозна казна беше целосно спроведена, а душите на овие свети маченици одлетаа при својот Господ во животот вечен.

Чесно пострадаа и го наследија Царството небесно во 319 година.

Се врaќaaт гopeштините, денеска темпepaтypи до 35 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Дневните температури ќе се движат од 23 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 33 степени.

Утре ќе биде стабилно и топло, освен во планинските предели, каде ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Од понеделник температурите ќе бидат во натамошен пораст, а особено топло се очекува во средината на следната седмица.