дома блог страница 1659

Швepцepите инвентивни: Kokaин скриен во банани- Во Драч запленети се 6,5 килограми

Во албанското пристаниште Драч, во контејнер со јужно овошје натоварен во Еквадор, откриени и запленети се 6,5 килограми дpoгa.

Од полицијата соопштуваат дека била извршена детална контрола во 10 контејнери на компанијата „Алба егзотично овошје“(Alba Exotic Fruit) каде, како резултат на деталната контрола, во еден од контејнерите биле пронајдена и запленета дpoгата, пакувана во неколку пакетчиња.

Во контејнер со банани за истата компанија на 13. месецов беа откриени над 11,6 килограм kokaин. Тогаш беше уапсен менаџерот на компанијата Бајрам Гумени, додека по сопственикот Едуарт Даути се трага.

Даути, тогаш за албанските медуми изјави дека со семејството се наоѓа во Франција, дека нема никаква поврзаност со тоа и оти веднаш ќе се врати во Тирана за да ја потврди својата невиност.

– Не сум одговорен за тоа што е ставено во контејнерот по пат. Албанските шверцери ја користат мојата стока за транспорт на нивната дрога, изјави тој.

Јане Ченто: “Слава ти Претседателе, идеалите твои се заклетви мои”

Јане Ченто, внукот на Методија Андонов се присети на својот дедо на 64-годишнината од неговата cmpт.

-Слава ти Претседателе. Идеалите твои се заклетви мои – напиша внукот.

Како Секула од “Солунски патрдии”: “За 4 години кpeиpaвме 90.000 paботни мecта, пpoceчната плата е cкopo 29.000 денapи”

„За да гледаме во иднината, треба да знаеме каде бевме.. Паметите во 2016 година зборевме дека државата е заробена. Само еден податок, беа потрошени 250 милиони евра за да се креираат само 15.000 илјади работни места. Ние за 4 години креиравме 90.000 илјади работни места, а потрошивме 70 милиони евра, рече Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Тој рече дека минималната плата беше 9.000 денари ,а сега е 15.200 денари, а просечната плата изнесува 28,721 денар. Евидентен е растот и стабилноста на економијата, која не само што не крахира како што зборуваше опозицијата туку се развива.

Според него само со работа се покажува како се сака својата држава.

,,Ние ги засукавме ракавите и напорно работевме, рече тој и додаде: затоа ќе победиме во Битола. Ќе победиме бидејќи се залагаме и за рамномерен регионален економски развој. И посебно ќе се бориме за секое работно место во малите градови, надвор од Скопје,нагласи тој. Веќе преговараме за нова производна линија на фабрика во Жабени за нови 1.250 работни места со просечна плата од 22.500 денари тука во Битола, во Жабени, и за нова инвестиција од 25,7 милиони евра. До крајот на годината ќе имаме и нова американска инвестиција, и нови 350 вработувања.

Ние парите не ги фрламе на споменици, туку вложуваме во училишта, градинки, патишта, здравствени установи. Затоа ја реализираме ТАВ програмата, најзначајната развојна инсфрастуктурна програма во нашата историја. 94 инфраструктурни проекти финансираме во целата земја, во вредност од 49,7 милиони евра проекти според реалните потреби на граѓаните, Инвестираме во нови водоводни мрежи, неколку канализациони мрежи, изградба и рехабилитација на улици и локални патишта, во места кои никогаш ги немале, реконструкција на општи болници, училишта, нови мостови….Ова се реални проекти за реални потреби на граѓаните, заклучи Битиќи.

Што би рекол Секула од “Солунски патрдии”….:

Прилепчанецот Марјан Радески потпиша за Шкyпи

26-годишниот крилен играч, Марјан Радески, е нов играч на ФК Шкупи

Радески минатата сезона беше дел од тимот на Академијата Пандев, а исто така беше дел од репрезентативниот состав на Македонија на Европското првенство.

На 256. настапи во својата кариера, Радески има постигнато 61 голови 21 асистенција.

„За мене е огромна чест да играм за тим како Шкупи. Секој фудбалер би сакал да биде дел од амбициозен тим како Шкупи кој се бори за шампионската титула во Македонија. Се надевам дека ќе помогнам на моите нови соиграчи заедно да дојдеме до посакуваната цел во новата сезона, а тоа е секако битка за првото место. Ќе дадам се од себе за успесите на овој тим“ – истакна Радески по промоцијата во новиот дрес.

Покрај за Академија Панев, во својата кариера Радески има настапувано и за Металург, 11-Октомври и Шкендија.

Прекрасно: “Лихнида кajче вecлаше” во една поинакво светло, одлична изведба на битолчанецот Никола Зацески (Видео)

Битолчанецот Никола Зацески објави прекрасно видео на кое тој ја изведува прекрасната македонска песна „Лихнида кајче веслаше“.

Песната компонирана од Ефто Пупиноски со текст на Мирослав Кузман и аранжман на Миодраг Божиноски која во 1986 година го освои првото место на „Фолк Фест Валандово“ после 35 години доби уште една верзија.

-Со огромно задоволство ви ја претставуваме “Лихнида“ во едно поинакво светло. Длабоко од моето срце и душа произлезе инспирацијата за овој проект, а особено ми е драгоцен бидејќи и јас ќе дадам мал допринос во збогатувањето на нашиот мозаик на македонски песни, кои треба вечно да бидат препејувани и слушани од сите наши нови генерации. Се надевам ќе уживате во нашата магична бајка, напиша Зацески на Facebook по повод објавувањето на спотот за „Лихнида“.

Сугарески во глувчја дупка, скријан чека шанса, Јованоски го збира гневот за четиригодишното неработење?

Веќе е познато дека Прилеп има двајца кандидати за кандидат за градоначалник на општина Прилеп. Социјалдемократите одлучуваат помеѓу актуелниот Илија Јованоски и поранешниот министер за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Сугарески ја чека својата прилика откако ја напушти раководната позиција во Царинската управа, а Јованоски деновиве активен на терен, се обидува да прикаже дека општината под негова палка постигнала многу во овие 4 години.

Денеска градоначалникот се пофали со нов гребен асфалт на крак од улицата “Леце Котески”.

“Освен улиците во централното градско подрачје, работиме на подобрување на патната инфраструктура во периферијата на градот, но и во населените места.

На барање на жителите од населбата под железничката пруга, зад Фабриката за цигари, започнавме со реконструкција на крак од улицата „Леце Котески“.

Станува збор за некатегоризирана улица во должина од околу 400 метра, која не може да биде асфалтирана. Од тие причини, на улицата се поставува гребен асфалт, со што значително ќе се подобрат условите за живеење за жителите од овој дел на градот”, напиша Јованоски на ФБ.

Мицкocки даде типичен пpимep зошто Македониja со 3aeв не е пpaвна дpжава

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ; Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук објаснува зошто Македонија со власта на Зоран Заев не е правна држава и зошто немаме независно судство.

– Зошто сме 111-ти по корупција и најлоши во Европа? И зошто со Заев нема да не биде? Советник на Заев, финансиер на СДСМ, владин член на бордот на Телеком Тања Чачарова Илиевска, сега претставена за независен експерт и предлог за член на Судскиот совет. Ова се тие европски вредности на Заев, пишува Мицкоски.

“Шахот – порано атракција, сега cpaм за гpaдот”

Фејсбук статус на поранешниот градоначалник на општина Прилеп, Марјан Ристески

Беше еден од поубавите проекти кој го красеше централното градско подрачје и Арт плоштадот…
Изработен од бел прилепски мермер, црн гранит и оникс со помошни шаховски масички околу него, клупи, осветлување и зеленило…

Шахот беше магнет не само за љубителите на оваа древна игра, туку посебно претставуваше вистинска атракција за најмалите-децата!

Секојдневна глетка беше како децата едноставно се “борат” со шаховските фигури и ги преместуваат од едно на друго шаховско поле, покрај среќните и насмеани родители …
Едноставно и уникатно катче – едно од најпосетуваните места во градот… како природно да си го нашло своето место,навистина беше полн погодок за прилепчани!!

Денес, Шах – платото е срам за градот: празно и оштетено без фигури, искршени клупи и масички,расипано осветлување, неисфарбано… со исушено зеленило, како да го оставиле на заборавот на времето…

Дали и ова ќе биде уште еден од низата уништени проекти направен од претходната ЛС⁉️

Тешко ли е да го одржуваат… или суетата и љубомората секогаш ќе бидат пред сè⁉️

Teжок yдap од Baшингтон за владата на CДCM и Д У И за кopyпциjaта

Веродостојни обвинувања за корупција. Слаба и селективна битка против корупцијата која е насочена кон владините критичари и прекршителите на ниско ниво. Недостаток на напори за борба против корупцијата и судир на интереси во јавната администрација.

Ова се дел од забелешките за начинот на кој владата на СДСМ и ДУИ е третирана во однос на корупцијата извештајот за странски инвестиции на Стејт Департментот на САД за 2021 година.

Сериозните критики и забелешки се содржат во повеќе делови од извештајот кој беше по грешка објавен во работна верзија по што беше повлечен од нејасни причини за од денеска повторно во официјална верзија да е достапен за јавноста.

Во делот за корупција се открива дека Владата во битката против корупцијата селективно прогонувала критичари на СДСМ и ДУИ.

“Има веродостојни обвинувања за корупција во спроведувањето на законот, судството и многу други сектори”, се вели о делот посветен на Корупција од извештајот.

“Македонија има закони наменети за спротивставување на митото, злоупотребата на службената положба и судирот на интереси, а владините службеници и нивните блиски роднини се законски обврзани да ги објават своите приходи и средства. Сепак, спроведувањето на законите за борба против корупцијата на моменти беше слабо но и селективно насочено кон владините критичари и прекршителите на ниско ниво.

Има веродостојни обвинувања за корупција во спроведувањето на законот, судството и многу други сектори. Тековната Државна комисија за спречување на корупција (ДКСК) (https://www.dksk.mk/index.php?id=home), именувана во февруари 2019 година, ја продолжи својата работа по усвојувањето на новото законодавство за борба против корупцијата во јануари 2019 година и оттогаш е особено проактивна. ДКСК отвори голем број истраги поврзани со корупција, насочени кон високи функционери од целиот политички спектар за наводен непотизам и судир на интереси. Откако Главниот специјален обвинител беше обвинет за обвиненија за рекет во ноември 2019 година и истече мандатот на Специјалното обвинителство (СЈО), сите случаи на СЈО (кои произлегоа од масовниот скандал со прислушувањето, откри обемна злоупотреба на службената положба од поранешни јавни службеници и корупција јавни тендери) биле пренесени во Обвинителството за организиран криминал и корупција на Јавното обвинителство.

Неколку од најзначајните случаи беа завршени во 2020 година, а обвинетите добија затворски казни до 12 години.

Транспаренси Интернешнл ја рангираше Северна Македонија на 111 место од вкупно 180 земји во Индексот за перцепција на корупцијата во 2020 година, што е пад од 5 места, поради недостаток на владини напори за борба против корупцијата и судирот на интереси во јавната администрација.

Како резултат на јавното разочарување и притисок околу високата оценка на индексот, делумно, го поттикнаа вицепремиерот за борба против корупција да воведе етички кодекс за членовите на владата и сите други функционери назначени од владата, според кој тие мора да се посветат на транспарентна и одговорна работа.

За да ја спречи корупцијата, владата користи автоматски процес на електронско царинење, што им овозможува на деловните субјекти да го следат статусот на нивните апликации.

Со цел да се подигне транспарентност и отчетност при јавните набавки, Бирото за јавни набавки воведе електронски систем кој овозможува објавување на известувања од домашни и меѓународни институции, прегледи на тендерска документација без регистрација во системот, е-плаќања за употреба на системот, електронско архивирање, и електронско поднесување приговори (https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/Home.aspx#/home).

Владата не бара приватните компании да воспостават внатрешни кодекси на однесување со кои се забранува поткуп на јавни службеници. Голем број домашни невладини организации се фокусираат на антикорупција и транспарентност во јавните финансии и тендерските постапки. Чести се извештаите за непотизам на јавните тендери.

Владата не обезбедува никаква посебна заштита на невладините организации вклучени во истрагата на корупцијата.
Северна Македонија ги ратификуваше Конвенцијата на ООН против корупција и Конвенцијата на ООН против транснационален организиран криминал и ја потпиша Конвенцијата на ОЕЦД за борба против митото”, стои меѓу другото во извештајот кој на американските и други инвеститори им открива каква е климата за инвестиции во Македонија.

Целиот извештај на овој линк

https://www.state.gov/reports/2021-investment-climate-statements/north-macedonia/

Eве кога ќе нacтапи пpилепчанката Пyлекceниja Joваноска на Олимписките игpи во Toкио

Спортист на годината на Македонија и Прилеп во 2019 година, освојувач на петтото место на Европското првенство во Гвадалахара, голем број други индивидуални и во тим ката успеси, а сега и претставник на Македонија и прилепчани на Олимпијадата во Токио.

Пулексенија Јованоска е надежта за македонското карате и со право се надеваме на голем успех на Олимписките игри.

Јованоска доби вајлд-карта од Меѓународниот олимписки комитет и стана дел од осумтемина македонски спортисти кои ќе настапат во Токио.

Таа на татамите ќе се појави на 05. август, во 3 часот по полноќ, а според најавите од Македонската радио телевизија, македонската јавност најверојано ќе има можност да го проследи нејзиниот настап.

Да ја бодриме и да и посакаме успех.