дома блог страница 1657

Денecка е Cв. Apxaнгел Гавpил, пpaзник на големиот Гocподов глacник

Денеска е Свети Архангел Гаврил, во народот овој празник е познат и како летен Арханѓел, а за него се врзуваат и многубројни обичаи. На оние кои ја почитуваат верата на тој ден им е забранета скоро секаква работа.

Свети Архангел Гаврил се празнува веднаш по празникот Благовештение како учесник во настанот, односно како гласник на зачнувањето на Спасителот. А денес црквата се сеќава и ги слави сите негови јавувања на човечкиот род од почетокот на времето се до денес. Инаку, овој празник е најверојатно за прв пат востановен во деветтиот век на Света Гора Атонска.

Именден празнуваат: Гаврил, Габриела и др.

Архангел Гаврил, заедно со Архангел Михаил го имаат чинот на серафимите, а серафимите имаат највисок ангелски чин поради што стоеле најблиску до Бога.

Поради тоа се верува дека на денот на Свети Архангел Гаврил треба да се одмори и дека не треба да се работи за себе или за пари, но и дека ова е најдобро време за отпочнување на каква било доброволна работа.

Св. Архангел е посветен на доброто и давањето, па така и луѓето треба да се сетат на своите блиски како и на оние кои имаат помалку од нив.

Hajпознатиот македонcки метeopoлог пpeдyпpeдyва: Teмпepaтypите неделава ќе дocтигнат до екcтpeмни 45 cтепени

Нашата територија полека подпаѓа под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која продира од југ (северните предели на Африка), а температурите на воздухот бележат тенденција на значителен пораст – пишува на својата веб страна “Метео аларм”, најпознатиот метеоролог во Македонија, Славчо Поповски.

Во текот на седмицата која ни претстои времето ќе биде сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Ќе има услови и за сосема ретка појава на краткотраен дожд и грмежи во попладневните часови.

Температурите секојдневно ќе растат, а особено топло ќе биде од средината на седмицата кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени. Не се исклучува можноста во централните, како и во југоисточните предели истите да се искачат дури до околу 45 степени. УВ ИНДЕКОСТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 9 и 10).

За подетални информации следете го Славчо Поповски ТУКА

3aeв: Низ цела Ceвepна Maкедониja интензивно се гpaдат делници и автопати

Премиерот Зоран Заев во рамки на својата работна посета на Охридско-преспанскиот регион изврши увид на реконструкцијата на регионалниот пат Ресен-Охрид, на делницата од Отешево до приклучувањето на патот Охрид-Св. Наум преку националниот парк „Галичица“.

Како што соопшти владината прес-служба, со премиерот Заев на увидот беа и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта „Македонија пат“ Беким Мемеди.

-На целата територија на Северна Македонија во тек се интензивни градежни работи на автопатните решенија и на експресните делници, на реконструкција на голем број магистрални и регионални патни правци. Сите овие активности се резултат на силната определба да ја поврземе целата земја, и внатрешно во селата со градовите и надвор кон соседите. Тука сме за да ги одбележиме градежните активности на делот од регионалниот пат од Ресен до Охрид преку Галичица, рече Заев.

Премиерот изјави дека работите на рехабилитацијата предвидуваат отстранување на оштетениот асфалт, корекции на основата на патот и асфалтирање кое Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта го изведува во две фази. Првата фаза е делницата на патниот правец од Царина Отешево до превојот на Галичица во должина од 14,9 километри.

-Вредноста на инвестицијата на оваа делница изнесува 60 милион денари, по што ќе продолжи и реализацијата на втората фаза од превојот на Галичица до приклучувањето на патниот правец Охрид – Свети Наум во должина од 15 километри за што се предвидени уште 60 милиони денари. Станува збор за рехабилитација на исклучително важна делница од регионалниот пат Ресен – Охрид, нагласи Заев.

Освен што ќе се подобри квалитетно патното поврзување меѓу овие два града, како што рече, ќе добиеме современа патна инфраструктура која ги поврзува двата најзначајни туристички центри во земјата – Охридскиот и Преспанскиот.

Според него, со тоа на туристите ќе им се овозможат соодветни современи услови за патување и за посета на туристичките капацитети на двете страни од националниот парк „Галичица“.

-Освен тоа, со рехабилитацијата на патот преку Галичица, туристите и рекреативците ќе добијат лесен пристап до убавините и потенцијалите на питомите предели на планината за активности како што се планинарењето, планинскиот велосипедизам, параглајдерството и другите рекреативни активности и адреналински спортови, рече премиерот Заев, кој на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и на сите подизведувачи им посака успешна реализација на рехабилитацијата во предвидените рокови.

Победници на турнирот во Крушево се ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, а Победа го освои “Вуко Каров” во Кавадарци

OK ВМРО-ДПМНЕ победи на турнир во мал фудбал во Крушево, а ФК Победа победник на традиционалниот турнир “Вуко Каров” во Кавадарци

И во отсуство на Претседателот на комисијата за спорт, Александар Крстески, екипата на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп го освои првото место на турнирот во мал фудбал во Крушево. За екипата настапија млади фудбалски виртуози од нашиот град.

Исто така денеска успех постигнаа и фудбалерите на Победа, кои го освоија традиционалниот турнир “Вуко Каров” во Кавадарци, кој денеска се одржа по 21 пат.

Во првиот меч Победа го совлада Вардар со 2-0 на пенали. По 45 минути немаше голови, Антониот Столевски ги одбрани пеналите на Грозданоски и Љамчевски, а сигурни од белата точка за Победа беа Теофан Илијоски-Кисески и Игор Момироски.

Во вториот меч Тиквеш го совлада Вардар со 1-0 со гол од пенал на Христов.

Во третиот решавачки натпревар Победа-Тиквеш повторно во 45-тте минути немаше голови. Победа имаше поубави шанси-Ангелески биеше над празниот гол, шутот на Кирил Неделков беше блокиран пред празниот гол,а од одбиената топка
Давид Јошески биеше сантиметри крај стативата.

Победа:Столевски, Дигаловски, Петковски, Стомнароски, Бошески, Кисески-Илијоски(од 29 мин Митрески), Ангелески, Момироски(од 25 мин Неделков), Јошески(од 29 мин Јосифоски),Најдов и Б.Спиркоски.

При изведувањето на пеналите максимално прецизни беа и го совладаа Тофилоски нашите Бојан Спиркоски, Дарко Ангелески и Петар Најдов , кај домашните прецизен беше Темелков а Мишов биеше над голот, за конечни 3-1. Така на крајот Победа е победник, Тиквеш втор а Вардар третопласиран.

По завршување на натпреварот покрај пехарот за најдобра екипа Победа го доби и пехарот за најдобар голман кој заслужено отиде во рацете на Антонио Столевски.

3a 3aeв Пpecпа е гpaд?

Наспроти дефиницијата за Преспа како котлина и историско-географска област разделена меѓу Македонија, Грција и Албанија, премиерот Зоран Заев ја прогласи за – град!

Подоцна од ПР службата се корегираа па напишаа: “поврзување меѓу две средини”, а не помеѓу два града.

Прилеп: Со автомобил yдpил во жена на велосипед и побегнал од местото

На 24.07.2021 околу 19.00 часот во Полициcката cтаница Пpилеп било пpиjaвено дека околу 17.40 часот на Кеј „4ти Јули“ во Прилеп, возило yдpило во М.А.(61) од Прилеп, која yпpaвyвала велосипед и го напуштило местото.

Во незгодата, М.А. се здобила со тешки телecни повpeди, конcтатиpaни во болницата во Прилеп.

Увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп. Се работи на расчистување на случајот – информираат од МВР.

Охриѓанец со мотоpцикл изгyбил контpoла и завpшил со тешки повpeди на патот Битола-Пpилеп

На 24.07.2021 во 20.50 часот во СВР Битола било пpиjaвено дека на патот Битола- Прилеп, кај тyнелот во Битола, Ј.Л.(51) од Охрид, yпpaвyвajќи мотоцикл изгyбил контpoла и паднал на коловозот.

Во незгодата тој се здобил со тешки телecни повpeди, конcтатиpaни во Клиничка болница Битола.

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола – информираат од МВР.

Пpoф. Tpajковcки: Heвакциниpaните и непpeлежаните тешко ќе кypтyлат од делта cojoт

Професорот Дејан Трајковски од Техничкиот Универзитет во Битола се обиде приближно да ја пресмета ефикасноста против заразување (не и против тешка форма на болеста) на миксот од вакцини што се користел досега кај нас.

Тој анализира повеќе податоци и наведува дека ефикасност е прилично блиску до ефикасноста од 69,5 отсто што ја пресметал уште на почетокот од вакцинацијата.

– Прво, најголемиот број на случаи се од времето на Алфа сојот (од 01.05 до 10.07.2021). Во иднина ефикасноста ќе трпи корекции надолу, како што ќе се зголемува учеството на Делта сојот кај заразените и како што ќе изминува времето од втората доза, а со тоа и намалувањето на антителниот имунитет. Второ, информацијата во текстот е некомплетна и пристрасна. Како што антиваксерите ги земаат големите бројки на заразени кај вакцинираните, без да кажат колкав е соодносот на броевите на вакцинираните и невакцинираните, во оваа вест се прави нешто слично – не се користи средниот број на вакцинирани во дадениот временски интервал, а исто така не се става процентот кај вакцинираните (инциденцата за 84 дена) во сооднос со инциденцата кај невакцинираните (односно поторно не се земаат предвид големините на групите). Не треба да ни биде целта ни натценување, ни потценување, туку што е можно пореално пресметување на ефикасноста. Да заклучиме, иако ги немаме најточните бројки и датуми (би требало да ја имаме пред себе Каплан-Мајеровата крива на набљудувањата), сепак на овој пример видовме како се прави задоволителна пресметка на ефикасноста на вакцините против заразување, пишува тој.

Додава дека непрележаните и невакцинирате многу тешко ќе „куртулат“ од делта сојот наесен.

Им ги отворил очите: Многу беше способен, имаше способни министри ни ги земаше сите инвеститори, вели Вучиќ за Груевски

Кога конкуренцијата, условно кажано ќе ти симне капа знаеш дека си успеал. Токму ова му се случи на екс премиерот Никола Груевски кој доби невидено признание од претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.

Вучиќ во своето гостување во емисијата „Петта ноќ“ говорејќи за високото ниво на странски инвестиции во Република Србија истакна дека со години се „мачел“ да пронајде стратегија да ја порази политиката за привлекување на странски инвестиции на тогашната Влада на Република Македонија.

Тој истакна дека Груевски имал одлична политика бил многу способен и имал многу способни министри.

-Вие кога идете накај Белград широк автопат, Нови Сад автопат, кога го обиколувате Краљево, Ниш, Крушевац па сите фабрики јас ги отворив. Сите фабрики ние ги донесовме. Ние ги донесовме инвеститорите, направивме добра политика. Не мачеше Груевски. Јас година и половина барав стратегија за него. Затоа што беше многу способен, имаше способни министри. Имаше добра политика на привлекување инвестиции, не мачеше, лутавме, година дена како да најдеме подобра програма, политика и ги поминавме им ги земавме сите инвеститори. Сега веќе никој ништо не ни зима, сите инвестираат во Србија. Имаме 61, 62 проценти од вкупните инвестиции во Западен Балкан, вели Вучиќ.

Синот на Ченто раскажува за нивната пocледна cpeдба на cмpтната пocтела (Видео)

Методија Андонов – Ченто (17 август 1902 – 24 јули 1957) — македонски национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ.

Владимир Андоноски-Ченто Бебано, син на Меторија Андонов-Ченто, зборува за последната средба на cмpтната пocтела со својот татко: