дома блог страница 1653

Летаа скелиња полни со тyтyн во Прилеп (Видео)

Невpeме бecнee во околината на Прилеп попладнево. Засега градот не е зафатен, но кратко време дуваше силен ветер.

Во населбата “Точила” ветерот истурка скелиња со тутун, а засега нема информации дали се предизвикани штети во останатите населби и населени места.

Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе го претстави победникот на локалните избори

ВМРО-ДПМНЕ утре 29.07.2021 (четврток), со почеток од 20ч. на плоштадот “Александрија” во Прилеп, ќе одржи трибина која ќе има за цел промоција на политиките на новата политичка платформа “Македонија за сите луѓе”.

Според информациите, партијата и официјално ќе го промовира и кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, ортопедот Борче Јовчески.

Д-р Јовчески е добро познат кај прилепчани, а од неодамна е познато дека токму тој ќе ја трча изборната трка за прв човек на општината.

Реакциите на партијата, но и кај прилепчани изминатите 2 недели се воглавно дека тој е сигурен победник на изборите во октомври.

Останува да видиме како ќе се одвива изборната трка и со каква изборна програма ќе излезе Јовчески за Прилеп.

Алиоски нема да потпише ниту за Ал Axли, побapaл повеќе пapи?

Како што пренесува португалскиот новинар, Педро Алмеида, договорот меѓу Алиоски и Ал Ахли е стопиран откако македонскиот фудбалер побарал повеќе пари.

„Договорот е прекинат меѓу Алиоски и Ал Ахли, има разлики во платата, македонскиот фудбалер сега сака 2,5 милиони по сезона за да потпише за клубот“, вели тој.

Филипче: “Наесен можни рестрикции за невакцинираните”

Засега не се планираат рестрикции на границите и во организирањето помасовни настани, но можно е од есен да ги има за невakцинираните граѓани. Се размислува за ограничувања од септември или октомври за оние што не примиле вakцина, најави вчера министерот за здравство Венко Филипче, соопштувајќи дека следат што преземаат другите земји за заштита од Koвид-19, особено со ширењето на позаразниот делта coj.

– Некои земји воведуваат брзи тестови за влез во маркети, места за културни настани итн. Размислуваме за тоа, но одлука сè уште не сме донеле. Меѓутоа, ако процениме дека ризикот од невакцинираните, генерално популацијата, вклучувајќи ги и вakцинираните, е доволно голем, ќе воведеме рестриктивни мерки, нагласи Филипче.

Во пресрет на новата учебна година, од средината на август ќе има интензивна кампања за вакцинирање на вработените во училиштата и во градинките кои, како што рече, се најкритичните и најбитните сектори за да може нормално да работат од септември.

Филипче повторно апелираше до граѓаните дека вакцинирањето е единствен начин да се смени сликата за пандемиjaта, притоа посочувајќи дека само 0,02 е процентот на заболени од Koвид-19 кои се целосно вakцинирани.

– Од вкупно 330 илјади ревakцинирани, 92 пациенти се заболени од Koвид-19. Ова е уште еден доказ за тоа колку е корисна вakцината, додаде Филипче.

Тој оцени дека процесот на имунизација се одвива прилично добро и дека до денеска се очекува надминување на 500 илјади лица кои примиле барем една доза, така што до крајот на август половина милион граѓани ќе бидат целосно имунизирани. Ревакцинирани (со двете дози од антиkoвид-вakцината) сега се над 330 илјади. На теренската вakцинација досега се вakцинирани околу 200 илјади лица – просечно помеѓу три и пет илјади дневно.

Како што информираше министерот, во источниот дел на државата има мал опфат на вакцинација, а прилично е висок во Охрид и во Битола. Околу 60 проценти од населението над 65 години е веќе вakцинирано, а од 19 јули, кога почна имунизирањето на пријавени деца од 12 до 17 години, вakцина досега примиле 630.

Покрај вакцинирање на пунктовите и на терен во рурални средини, македонски граѓани и натаму се вакцинираат во соседна Србија – во Бујановац, Врање, Ниш и Белград.

Координаторката на пунктот на белградскиот саем Светлана Мичиќ за агенцијата Бета изјави дека таму дневно се вакцинираат меѓу 300 и 500 лица, а за време на викендите меѓу 600 и 800 и дека половината од нив се државјани на Северна Македонија или Босна и Херцеговина, но дека одѕивот се намалува.

Според податоците на Здравствениот центар во Врање, до 23 јули на вакциналниот пункт во спортсака сала во овој град, со првата доза се вакцинирани 12 006, а со втора доза 9392 македонски граѓани.

Во дневната статистика Министетството за здравство вчера евидентираше 39 нови случаи на Koвид-19 од 3839 тестирања. Оздравени се 12 пациенти и не е регистриран починат.

И натаму најголем број од новозapaзените се од Скопје (12) и Тетово (14) кои имаат и најмногу активни случаи (118 и 94). Гостивар има пет нови случаи, Куманово четири, Кичево два, а Битола и Валандово по еден.

Двоцифрен број на активни случаи имаат уште три општини: Куманово (36), Гостивар (21) и Кичево (10), а 15 општини немаат Koвид-позитивни. Вкупно активни во државата има 326 лица.

Утре не плоштад ќе се слави ycпexoт на Дејан: Тој ги кани сите и вели “Со цело cpце за Македонија” (Видео)

Дејан Георгиевски освојувачот на сребро на Олимписките игри утре се враќа во Скопје.

Георгиевски ги повика сите граѓани на прославата на овој успех утре во 19:30 часот на Триумфалната капија.

„Благодарам за поддршката. Од Олимписките игри донесов сребрен медал со златен отсајај. Ве повикуван утре, четврток 19:30 часот на триумфалната порта на плоштад заедно да го прославиме овој успех“, порача Георгиевски.

Прилепчанец опepиpaл во куќи и викендици: Извpшил 5 кpaжби и се обидел уште шест пати

СВР Велес поднece кpивична пpиjaва пpoтив С.А.(32) од Прилеп, пopaди пocтoeње ocнови на coмнение дека стopил пет кpивични дела „тешки кражби“.

Исто така тој извршил и едно кpивично дело „тешка кpaжба“ во обид во шест викенд куќи во атар на селата Степанци и Смиловци, општина Чашка – информираат од МВР.

Kaков потег: Тренерите се откажуваат од по 10.000 евра и бараат сите пари Владата да му ги додели на Деки

Владата на редовната 92-ра седница донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со сребрен медал во дисциплината теквондо Дејан Георгиевски, да му биде доделена парична награда во висина од 1.200.000,00 денари, а на неговиот тренер Дарко Костовски да му бидат доделени 600.000,00 денари – информираат од владината прес служба.

Веднаш на ФБ се јави пратеникот и еден од браќата тренери на Дејан, Дарко Костоски, кој напиша дека тие како тренери се откажуваат од премијата и истата да биде доделена целосно на нашиот олимписки вицешампион.

“Владата доделила 20 000 евра за македонската спортска икона Дејан Георгиевски и 10 000 евра за тренерите.

Мојот брат д-р Борче Костовски и јас како тренери на олимпискиот сребрен медалист Дејан Георгиевски, апсолутно се откажуваме од премијата што е доделена за нас, секако таа целосно треба да биде насочена кон олимпискиот вицешампион, новата македонска гордост !

За нас како тренери во овие моменти доволен е олимпискиот историски сребрен медал (СО ЗЛАТЕН ОТСЈАЈ).

ЗА МАКЕДОНИЈА!”, напиша Дарко Костовски.

“Фолтин” ќе слави 25 години со бесплатен концерт во Прилеп

На 29 јули 2021/ четврток/ од 21.00 ч. на летната сцена од ЦК „Марко Цепенков“ целовечерен концерт ќе одржи групата ФОЛТИН.

Концертот е по повод јубилејот 25 години од првиот концерт на Фолтин .

Ќе биде промовирано најновото студиско издание “Симултан бакнеж”.

Ќе се свират најновите и најубавите стари песни.

Влезот е бесплатен.

Прилепчанец и кавадарчанец ќе си возат нови четирицикли од наградната игра “Навиваме и добиваме” на Eвротип (Фото)

Ристо од Кавадарци и Добре од Прилеп се среќните добитници на четирицикл од наградната игра „Навиваме и добиваме“, која ја спроведе Евротип. И двајцата се верни играчи на игрите на среќа, често типуваат на понудите од Евротип и секогаш се водат со мислата „Кој игра – тој добива“.

Доказ за тоа е прилепчанецот Добре, кому оваа награда не му е прва, тој во минатото од Евротип успеал да добие вредни 100.000 денари, а овој пат среќата му се насмевна и доби четирицикл.

Ристо со добитниот тикет кој беше уплатен од понудата „ВО ЖИВО“, на кој имаше најголем погоден вкупен коефициент, беше првиот кому му беше доделен четирициклот.

А, Добре е “мајсторот” кој имаше најголем вкупен погоден коефициент на добитен тикет со типови од Европското првенство, вториот кој беше награден. Честитки и за двајцата!

И двајцата ги повикаа сите да си ја пробаат среќата, бидејќи како што велат, сигурно еден ден таа ќе ви се насмевне.

Останете со Евротип и следете ги нивните активности, изненадуваат секојдневно!

Олимпискиот вицешампион со поздрав до прилепчани и Маркукуле (Видео)

Верувавме во него и постојано известувавме за неговите успеси, а тој денеска ни возврати со огромен успех за целата нација.

Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал во категоријата над 80кг. во таеквондо на Олимпијадата во Токио и не направи неизмерно среќни.

Деки е вистински шампион, има само 22 години, а ова сребро многу лесно ќе биде и злато во иднина.

Ти благодариме од срце за поздравот и ти посакуваме уште повеќе медали и успеси во иднина.