дома блог страница 1652

Maкедонскиот шампион слета на аеродромот во Скопје: Го пречекаа голем број граѓани со развиорени знамиња (Фото галерија)

Дејан Георгиевски и тренерите Борче и Дарко Костовски слетаа на скопскиот аеродром, а таму ги пречекаа голем број граѓани со развиорени знамиња

Дејан освои сребрен медал на Олимпијадата во Токио, медал со златен отсјај на кој се израдува целата нација.

Ова е прв медал за Македонија на олимписките игри после 21 година и токму затоа предизвика огромна радост кај целата спортска јавност.

Георгиевски има само 22 години, па со ваква пожртвуваност сигурно ќе стигне и до злато на идната Олимпијада.

Вечерва со почеток од 19:30ч. пред Триумфалната порта на плоштадот “Maкедонија”, ќе се одржи и прослава за големиот спортски успех.

Деки ги покани сите кои сакаат да присуствуваат и заеднички да ја споделат оваа голема спортска радост.

Бутел се загрева: Вечева доаѓа македонскиот олимписки вицешампион (Видео)

Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски, денеска слетува на аеродромот во Скопје.

Од Олимпијадата во Токио Деки се враќа со сребрен медал, кој донесе огромна радост кај целата македонска јавност.

Највесели се жителите на скопски Бутел и членовите на Таеквондо клубот на Дејан. Тие направија и загревање за неговиот пречек вечерва во 19:30ч. пред Триумфалната порта.

Погледнете:

Byчиќ незгоден со пpaшањата: Покажyвajќи кон обjeкти од Cкопje 2014 ги пpaша 3aeв и Шилегов кога ги изгpaдиле (Видео)

Голем број интересни моменти има од вчерашната прошетка на српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама во центарот на Скопје каде домаќин беше градоначалникот Петре Шилегов и премиерот Зоран Заев.

Еден од најинтересните моменти беше кога Вучиќ го праша Шилегов кога го изградивте ова, мислејќи на објект дел од проектот Скопје 2014, најверојатно мислејќи на споменикот на Александар Македонски.

Погледнете ја реакцијата на Шилегов…

Maкедониja во пopтокалова фаза, пopaди виcoки темпepaтypи од денecка нови мepки

Шесте региони во државава Скопскиот (северно од Вардар), Осоговско-Малешевскиот, јужно од Вардар, Пелагонискиот и Охридско-Преспанскиот од денеска се зафатени од високи температури во портокалова фаза. Состојбата на топлотен бран, како што соопшти Министерството за здравство, важи на целата територија на државата.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23 а максималната од 34 до 41 степен.

Поради топлотниот бран, Владата објави препораки, меѓу кои и ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, како што се – бремените жени и лицата на возраст над 60 години, во установите за згрижување на децата (градинки) да не практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот, како и единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст на РСМ и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници.

– Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавачите на обврската за почитување на законските прописи од оваа област, истакнаа од Владата.

Владата одлучи државните органи и јавните претпријатија и установи, да ги почитуваат препораките, а на приватниот сектор му се препорачува да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Владата одлучи оваа мерка да биде со времетраење од четири дена, до понатамошно одлучување. Владата и надлежните органи ќе ја следат состојбата и доколку има потреба ќе бидат преземени мерки согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови, врз населението во РС Македонија.

– Сите правни субјекти, пак, кои вршат активности на отворено треба да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот. Ова особено се однесува на градежните работници, наведоа од Влада.

Од МЗ потсетија и на општите мерки за заштита на здравјето, односно во текот на екстремно топли денови, да се остане повеќе во затворени простории (пред сé климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.

– Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа, а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор. Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна. Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. При влегување во возило, потребно е истото тоа одреден период да се проветри. Хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари, стои во препораките.

Од Министерството истакнаа дека поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува и задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката. Ако тоа не се направи, посочија од МЗ, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 4 степени Целзиус, а пред употребата истата да се загрее на + 100 степени Целзиус. Да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се консумира сладолед и разни кремови.

Од МЗ посочуваат и дека здравствените установи се подготвени со доволен број капацитети (хумани, просторни) и медикаментозна терапија за евентуално справување со зголемен број на лица со штетни ефекти по здравјето од високите температури. Исто така, по потреба и на дневна основа, Комисијата за следење на ефектите од високите температури при Министерството за здравство ќе предлага мерки и активности за минимизирање на овие ризици, посебно за најранливата категорија на граѓани во деновите кои доаѓаат.

Министерството за труд и социјална политика преку соопштение ги повика работодавачите, неговутелите и воспитувачите во градинките, вработените во центрите за социјална работа и во Црвениот крст да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат.

Шaxпacка: “Да не беше пандемиjaта ќе заминевме 500 евpa пpoceчна плата”

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во интервју за Македонската телевизија одговорајќи на новинарско прашање, – за ветената минимална плата од 500 евра и какви се прогнозите за нејзино остварување, рече дека се многу блиску до реализацијата на ветеното.

„Кога говориме за порастот на просечната плата која требаше да изнесува 500 евра за еден четиригодишен мандат, ние сме многу блиску до реализација. На први јуни 2017 г. СДСМ и Коалицијата ја формираше Владата и за овие четири години износот на минималната плата е зголемен за повеќе од 6.000 денари.

Претходно во 2017 година просечната плата беше 22.000 денари, а таа сега изнесува 28.700 денари. Што значи, дека ние сме многу блиску до тие 500 евра, што беа наше изборно верување.

Имајќи во предвид дека година и пол се соочуваме со пандемијата на Ковид 19, ние би го надминале она што претставуваше наше ветување, во тогашната програма на Владата.

И последните податоци покажуваат дека во првата половина од годината, просечната плата има пораст од некаде 6%“, рече Шахпаска.

И според министерката Шахпаска, зголемувањето на пензиите од 1,2% не е доволно, но дека како влада ги почитуваат законите.

Битолчанка и’ зела на прилепчанка над 2.500 евpa за да и заврши работи, но ја измамила

На 27.07.2021 во ОВР Прилеп, Г.С. (54) од Прилеп пpиjaвила дека била измамена од М.Н. од Битола за сума од 160.000 денари.

Според пpиjaвеното, кон крајот на февруари 2021 таа се запознала со М.Н., која и ветувала завршување на повеќе услуги и работи, за што во неколку наврати и ги дала парите.

Како што е пријавено, никоја од работите не била завршена, по што сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за pacчистyвање на cлyчajoт – информираат од МВР, а пренесува “РАДИО ПЕЛА”.

Извор: “РАДИО ПЕЛА”

Силен ветер cpyши големо дрво во центарот на Прилеп (Фото)

Силен ветер попладнево сружи големо дрво во центарот на Прилеп

На планинските предели во околината на градот беснееше невреме, а силниот ветер кој дуваше и во градските средини предизвика повеќе штети.

Во населбата “Точила” разлетаа скелиња полни со тутун, а беше срушено и дрво во центарот на градот.

Вечерва се спојува грандиозниот Пељешки мост во Хрватска: Вреди 420 милиони евpa и е долг 2,4км (Видео)

Се работи за мост од 165 челични столбови, долг 2,4 километри, вреди нешто над 420 милиони евра, а истиот се простира од Комарна до Бријеста.

Денеска мостот конечно ќе биде споен во една целина, а церемонијата на неговото пуштање во употреба ќе се одржи помеѓу 23 и 24 часот на градилиштето во Бријеста.

За мега проектот на Фејсбук се пофали и премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ.

Погледнете го ова ремек дело:

Mлад пpилепчанец yaпceн во Гpaдиште: Полициjaта мy пpoнашла мapиxyaна

На 27.07.2021 во 14.20 часот во автокампот „Градиште“ во Охрид, полициcки cлyжбеници од СВР Охрид го лишиле од cлобода М.П.(24) од Прилеп, затоа што кај него била пpoнajдена мapиxyaна.

По целосно докyментиpaње на cлyчajoт пpoтив него ќе биде поднeceна cooдветна пpиjaва – информираат од МВР.

Прилепските пожapникapи 4 месеци чекaaт бонyc плата за 2020год. – се yште нема ниту К-15 (Видео)

Прилепските пожарникари веќе четири месеци се оставени на стенд-бај од страна на локалната власт околу исплатата на бонус платата за 2020 година, а која законски им следува и која требало да биде исплатена најдоцна до март, годинава. За разлика од нивните колеги од другите општини во земјава, на кои им било исплатено дури и К-15, прилепските пожарникари се жалат дека тие не можат да обезбедат ниту прием кај надлежните општински служби, со цел, барем да се информираат за тоа на што се должи овој застој – објави “АЛФА ТВ”

„До трети месец заклучно требаше да биде сето завршено и подмирено. Од страна на Синдикатот, независниот, значи четири барања се поднесени до општина Прилеп, на кои немаме никаков одговор. Топката се префрла од службите, од една служба во друга, од вработените на општината….Сега не сме трети месец, сега смеседми месец, еве веќе и осми месец ќе влеземе. Цела македонија зедоа К-15, а ние не можеме да си ги земеме парите за 2020 година“, – ни изјави за Алфа, претседателот на локалниот Независен синдикат, Зоран Граороски.

Заради овој игнорантски однос на надлежните, а во сезона на зголемен број на пожари, Граороски вели дека моралот на Единицата бил целосно паднат, што според него, тоа може да има далекусежни, негативни последици по општината.

„Вчера имавме пожари од поголем обем. Вчера имавме 200хектари само полски пожар, имавме вчера 5.000 балиња запалени во Големо Коњари, плевна. Се работеше од 11 на пладне, па се до 12 часот ноќта…Температурите се многу високи и сега како ќе иде, ќе биде се потешко“, – стравува Граороски.

Градоначалникот Илија Јованоски пак, вели дека немало никаков проблем со ТППЕ и ветува дека до петок ќе им биле исплатени парите на пожарникарите. Негова претпоставка е дека доцнењето со исплатата од дури четири месеци, било од технички причини?!

„Нема проблем никаков и до петок, јас им кажав, некни беа кај мене претставници од Синдикатот, дека до петок ќе им бидат исплатени. Има и средства, има и одлука, технички само требаше решенијата да се изготват еден ден и ќе биде исплатено тоа….“, – ни рече градоначалникот Илија Јованоски.

Од ТППЕ пак велат дека доколку градоначалникот и овој пат не си достоел на зборот, тие ќе пристапат кон мирен протест, бидејќи, како што објаснуваат, овој бил само еден од низата проблеми со кои секојдневно се соочувале при работата.

Инаку, прилепската Противпожарна единица брои 35 пожарникари, а потребни се најмалку 50. Исто така, проблем е и нивната просечна старост која е над 40 години, велат од Синдикатот.

Каролина Дурло