дома блог страница 1651

Мицкоски доживeaл cooбpaќajка на пат за Прилеп

Во Прилеп на пат за настанот каде се промовираат политики на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на партијата Христијан Мицкоски доживеа cooбpaќajна незгода.

Како што дознава “Курир”, сообраќајката се случила откако непознато возило удрило странично во возилото во кое се превезувал Мицкоски.

Причинета е помала материјална штета и нема повредени во сообраќајката, освен помал потрес причинет од ударот на двете возила.

Mицкоски вечерва се обрати пред прилепчани и ги промовираше новите политики на партијата, а најави и одговорност за сите кpивични дела во Прилеп.

Повеќе слушнете во видеото во продолжение:

(Видео) Ќе сфати ли светот колку е алармантна ситуацијата: Поради глобалното затоплување рибите “живи се варат” во река

Видеото кое во вторникот го објавила непрофитната организација “Колумбија Риверкипер” прикажува група лососи како пливаат во речна притока, прекриени со црвени лезии и бели габи, како резултат на стрес и изложеност на екстремни температури, пишува “Guardian”.

Лосос во реката Колумбија се “сварил речиси жив” кога температурите на водите пораснале во текот на рекордниот бран горештини на северозападот на Тихиот океан, група активисти за заштита на животни забележала вознемирувачка глетка.

Видеото кое во вторникот го објавила непрофитната организација “Колумбија Риверкипер” прикажува група лососи како пливаат во речна притока, прекриени со црвени лезии и бели габи, како резултат на стрес и изложеност на екстремни температури, пишува “Guardian”.

На денот на снимањето на видеото, реката достигнала температура од 21 степен Целзиусов, што е cmpтоносно за овие риби ако се подолго изложени на неа. Законот за чиста вода забранува температурите во реките да пораснат над 20 степени.

Вpeмето полyде: Снежна бypa го зафати Бpaзил, невидена во изминатите 1000 години (Видео)

Историски поларен бран поминува низ југот на Бразил, кој донесе вистинско изненадување во 13 градови, снег.

Невообичаениот временски феномен за овој дел од светот е предизвикан од поларна воздушна маса.

Студената воздушна маса според метеоролозите има потенцијал да биде една од најинтензивните кои го зафатиле Бразил во изминатиот еден милениум.

Температурата во градовите зафатени од снежното невреме се движи помеѓу рекордни -7 и -8 степени Целзиусови.

Бразилците излегоа на улиците за да го прослават снегот.

(Фото) Tие ce, да нема дилeма

Meгафонот на власта, Ненад Јовановиќ ја направи споредбата на векот

Бен Афлек има двојник во Македонија….

(Видео) Камерите снимија како изгледа потpecoт од 8,2 степени по Рихтер во Алјаска

Силен земјотpec, со јачина од 8,2 степени по Рихтеровата скала денеска го погоди брегот на американската држава Алјаска. По земjoтpecот активирана е тревога за можно цунами.

Регистриран на длабочина од 46,7 км, земјотpecoт се смета за плиток. Плитки земјотpecи се со длабочина помеѓу 0 и 70 километри. Следуваа најмалку два силни вторичини потpecи, со магнитуда од 6,2 и 5,6 степени според Рихтеровата скала, соопшти геолошкиот завод

Прилепски историчар: Никогаш во цивилизираниот свет нема да биде покриен портерет на великан со друг великан

Во центарот на Прилеп деновиве никнаа два нови мурали, едниот со ликот на Стале Попов, а другиот со Блаже Конески.
Токму вториот мурал со ликот на Конески предизвика реакции кај граѓаните, затоа што беше насликан на еден од ѕидовите на поранешниот хотел “Скопје”, на местото каде стоеше мурал со Гоце Делчев.

Новите мурали се дело на уметниците од Центар за современа ликовна уметност-Прилеп, а се во рамките на проектот „Уличната уметност, можност за реактуелизација и презентација на дејноста и делата на нашите истакнати дејци.

Проектот финансиски е поддржан од Владата преку јавниот повик за финансиска поддршка за индустријата и операторите за организација на настани по повод 30 години од државноста.

Реакциите на дел од граѓаните се дека во Прилеп има и други згради со препознатливото за комунизмот бетонско сивило, каде можеше да биде насликан ликот на Блаже Конески.

Историчарот Горјан Василевски, на својот ФБ профил како реакција напиша:

“Никогаш во цивилизираниот свет нема да биде покриен портерет на великан со друг великан … пр. никогаш портрет од Волтер нема да биде покриен со Александар Дима или Шекспир нема да биде покриен со Перси Шели односно со Сер Томас Малори или Гете со Шилер, Пушкин со Гогољ итн, итн – но тие твореле кај народи кои имаат здраво национално ткиво и таму живеат цивилизирани уметници, не рамковни . Блаже Конески сега е вентилатор во своето вечно почивалиште ….

Тоа што го покријаа беше инспирација за Блаже Конески. Овие како што се тргнати ќе го покријаат и ликот на Крал Марко на западната надворешна страна во црквата Св. Архангел Михаил со Муса Кесеџија… поради меѓуетничка интеграција во Македонија, а и ќе “решат” тешка геостратешка грешка кај македонскиот народ направена во 1372 година. На тој начин ќе “влеземе” во пандемониумот Европска Унија.

Мислам дека треба да се срамат од самите себеси. Блаже Конески е кодификатор на македонскиот јазик, односно го институцијализирал делото на Крсте Петков Мисирков. Не би сакал да држам час по историја, туку да сфатат дека не може да се бриши цивилизациски континуитет во една држава, на тој начин егзистира цивилизиран свет.

Ќе направам една мала компарација, единствени скоро полу – луѓе кои сакаа да уништат културно наследво и цивилизациски континуитет беа ИСИС, кои вандализираа храмови и статуи од Асиро – Бабилонскиот период. Ова што го направија нашиве сликари е чист вандализам врз ликот и делото на Гоце Делчев”.

Bизиja за модepна Битола: Интepвјy со Зopaн Николовcки, apхитект чии идeи од Битoлa мoжaт да напpaвaт cвeтcкa мeтpoпола

Битолчанецот Зоран Николовски е архитект и поранешен директор на НУ Завод и музеј – Битола. Роден на 14.10.1968 г., во Битола, средно училиште за архитектура завршил во Битола и Архитектонски факултет во Скопје. Неговото прво вработување е во битолскиот музеј во 1999 година. Во брак е, и татко на две деца. На социјалните мрежи и меѓу граѓаните на Битола, стана препознатлив со неговите идеи и архитектонски решенија, кои многу би придонеле за поубава Битола.

Во продолжение прочитајте повеќе за неговата визија за родниот град:

Г-дине Николовски, Вие сте вработени во НУ Завод и музеј од Битола, како архитект, каде во еден мандат бевте и на чело на таа институција. Зошто само еден мандат ?

З.Н. Дa бидам искрен, мислам дека еден мандат од четири години, му е доволно на било кој раководител за да ја исполни својата цел, нормално, ако се пријавил на таа функција со некоја цел. Јас мојата цел ја исполнив во тој еден мандат. Мојата цел беше да направам музејска поставка, каде ќе бидат изложени најголем број од артефактите што долги години, беа скриени од очите на јавноста, во депоата на битолскиот музеј. По завршувањето на тој огромен зафат, кој траеше три години, мојата институција ја доби престижната награда на Меѓународната асоцијација на музеи „ICOMOS“, за најдобар „Музеј на Балканот“ за таа година. Секој човек треба да си ја знае мерката. Мојата кандидатура за директор во НУ Завод и музеј од Битола, не беше за моја лична популаризација и реализација. Јас сум реализирана личност, вработен во Битолскиот музеј како архитект веќе дваесет години и исто толку години хонорарен сценограф во Македонска опера и балет. Јас само сакав да ја издигнам мојата институција Завод и музеј на повисоко ниво, и во тоа целосно успеав. По тој успех, беспредметен беше мојот понатамошен престој на директорската фотеља. Не сум љубител на фотељи.

Нашите сознанија се дека во депоата на Битолскиот музеј има уште многу значајни работи кои не се изложени. Какво „богатство“ сѐ уште се крие во депоата на Вашата установа?

З.Н. Во новата музејска поставка, на површина од 1.000 м², изложени се близу 1.200 артефакти. Но, сѐ уште депоата на Битолскиот музеј, преполни се со археолошки предмети од сите периоди на постоењето и исклучителни предмети од новиот век и современото живеење. Од праисторија, па до денес. Но, тоа е така и во многу поголеми музеи од нашиот. Така и треба да биде. Секогаш депоата треба да бидат побогати од витрините во музејските поставки.
Куриозитет на Битолскиот музеј е што во нашите витрини е изложен најстариот артефакт на Балканот од периодот на Неолитот „Куќата од Породин“, стара повеќе од 8.000 години, а сама по себе, оваа куќа е неповторливо архитектонско чудо. Македонија има најстар Неолит во Европа, и логично е што сѐ започнува од тука, од Битола, од Македонија.

На социјалните мрежи се појавија многу Ваши идеи и проекти, за тоа, како може да изгледа Битола. Каква е Вашата визија на таа тема?

З.Н. „Битолчанец не е географска одредница, битолчанец е состојба на духот“. Имајќи ја предвид оваа умешна литературна кованица, секој човек кога ќе се доведе во ситуација да размислува или да твори на тема „Битола“, задолжително е да се однесува со пиетет и гордост. Моите архитектонски идеи и проекти, се само одраз на мојата љубов кон моето родно место и значењето на пиедесталот, што Битола недвосмислено го заслужува. Тоа е длабоко во мене, во мојата DNK. Многу слоевито е историското и културно минато на Битола, и затоа Битола мора да добие поинаков однос, и повисок статус од досегашниов. Битола, (длабоко во нејзините испреплетени мултиетнички и културно-историски корени), е своевидна „држава во држава“, во споредба со другите населени места во Македонија. Единица мерка во архитектурата не е 1см. Единица мерка е еден ЧОВЕК. А кога се проектира за еден човек од Битола, е тоа е посебна привилегија и чест.

Дали Битола ќе има повторно шанса да биде тоа што била некогаш?

З.Н. Битола го има потенцијалот и темелот, како ретко кој град. Компаративна анализа на минатото со иднината, не е можна, а и не е благодарна, бидејќи станува збор за огромна временска рамка, во која се случиле безброј настани, како историски, социолошки, така и куртуролошки. Многу цивилизации и војски поминале низ Битола, и сите тие оставиле своја неизбришлива трага и печат врз нашиот град. Многу значајни личности, гости и патеписци го моделирале нашето однесување и живеење. Но, во едно сигурен сум, и бескомпромисно верувам; А, тоа е дека Битола го заслужува сјајот на големите европски метрополи, во секој поглед. Посакувам и денешните млади генерации, во иднина, носталгичното сеќавање за нивната младост да ја започнуваат со реченицата: „Ееее… во наше време“…. Тоа е исклучително комплексен проект, што не може да се оствари за кратко време, но и најдолгиот пат, започнува со првиот чекор. Чувствувам дека сега е вистинското време – ДА ЗАЧЕКОРИМЕ !

Што мислите според Вас, што и недостига на Битола?

З.Н. Насмевката и општото расположение им недостига на моите сограѓани. Тоа му недостига и на мојот град. Тоа е изгубено во изминативе десеттина години. Расположението секогаш доаѓа со исполнетите желби, без разлика дали станува збор за поединец или колективитет. А, желбите на граѓаните, според мене, насочени се во две категории: Социјална и инфраструктурна. Сакаме експресно да завршиме било каква обврска, на било кој шалтер, да бидеме културно услужени, но притоа да се движиме по средени и чисти улици, паркови или булевари. Моите сограѓани сакаат нашите деца да учат во чисти градинки или училишта, и притоа да јадат здрава храна. Тие исто така, сакаат слободното време (надвор од секојдневните обвски) да го поминуваат или на велосипетски патеки, или на трим патеки, или во затворен базен. Не е помал бројот на оние кој сакаат своите деца да тренираат некој од актуелните спортови, во современ спортски центар. Сакаат експресно да стигнат до нашата планинска гордост Пелистер, да се скијаат во современ ски-центар, или рекреираат, но притоа да се возат по нов регионален пат, проширен и реновиран. Сакаат и летни и зимски одморалишта, како за поединци, така и за семејства. Сакаат чист воздух, уредени, чисти и осветлени улици, сакаат. Сѐ сакаат! А, зарем е тоа многу – НЕ! А, знаете ли зошто тоа не е многу? Затоа што тие тоа го заслужуваат.

Кои се Вашите планови за во иднина и што е потребно за успех?

З.Н. Зборот „План“, е архитектонски синоним. Тој во себе го содржи сиот биографски запис на една личност. Да се планира, тоа значи постојано да се работи и да се твори. Битола е неограничен, и бескрајно инспиративен простор. Творечкиот однос, кон ова поднебје ме обврзува, постојано и постојано да размислувам и проектирам за моите сограѓани. Секој агол, секое делче од градот, треба да биде во служба на своите жители. А потребите се најразлични, од предшколска воздраст, па сѐ до пензионерските денови. Сите имаат свои потреби, и не случајно Битола е – БАБАМ – Битола. Битола – ТАТКОВИНА – Битола. А рецепт за успех? Тоа не постои. Никој ја нема тапијата на успехот. Во суштина, човек и не треба да трча по успехот. Успехот е неминовност, (и сам по себе), последица на вистинскиот ПЛАН.

Вие сте еден од можните кандидати за градоначалник од партијата ВМРО-ДПМНЕ. Ќе ја имате ли таа шанса?

З.Н. За тоа е сѐ уште е рано да се зборува. Доколку ги добијам симпатиите од граѓаните и поддршката од мојатата матична партија ВМРО-ДПМНЕ, тогаш ќе можам да Ви одговорам. Сега е (сѐ уште) многу рано.

Maкедонскиот шампион слета на аеродромот во Скопје: Го пречекаа голем број граѓани со развиорени знамиња (Фото галерија)

Дејан Георгиевски и тренерите Борче и Дарко Костовски слетаа на скопскиот аеродром, а таму ги пречекаа голем број граѓани со развиорени знамиња

Дејан освои сребрен медал на Олимпијадата во Токио, медал со златен отсјај на кој се израдува целата нација.

Ова е прв медал за Македонија на олимписките игри после 21 година и токму затоа предизвика огромна радост кај целата спортска јавност.

Георгиевски има само 22 години, па со ваква пожртвуваност сигурно ќе стигне и до злато на идната Олимпијада.

Вечерва со почеток од 19:30ч. пред Триумфалната порта на плоштадот “Maкедонија”, ќе се одржи и прослава за големиот спортски успех.

Деки ги покани сите кои сакаат да присуствуваат и заеднички да ја споделат оваа голема спортска радост.

Бутел се загрева: Вечева доаѓа македонскиот олимписки вицешампион (Видео)

Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски, денеска слетува на аеродромот во Скопје.

Од Олимпијадата во Токио Деки се враќа со сребрен медал, кој донесе огромна радост кај целата македонска јавност.

Највесели се жителите на скопски Бутел и членовите на Таеквондо клубот на Дејан. Тие направија и загревање за неговиот пречек вечерва во 19:30ч. пред Триумфалната порта.

Погледнете:

Byчиќ незгоден со пpaшањата: Покажyвajќи кон обjeкти од Cкопje 2014 ги пpaша 3aeв и Шилегов кога ги изгpaдиле (Видео)

Голем број интересни моменти има од вчерашната прошетка на српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама во центарот на Скопје каде домаќин беше градоначалникот Петре Шилегов и премиерот Зоран Заев.

Еден од најинтересните моменти беше кога Вучиќ го праша Шилегов кога го изградивте ова, мислејќи на објект дел од проектот Скопје 2014, најверојатно мислејќи на споменикот на Александар Македонски.

Погледнете ја реакцијата на Шилегов…