дома блог страница 1650

Тој е најголемата сензација на социјалните мрежи: Го следат 80 милиони луѓе, а нема изговорено ниту еден збор (Видео)

Кабане Лејм има 21 година и по потекло е од Сенегал.

Живее во Чивас, на северот од Италија, а во март минатата година ја загубил работата од фабриката во која што работел.

Тогаш се вратил да живее со семејството, а неговиот татко го наговарал да започне да бара друга работа. Кабане се насочил кон нешто друго, започнал да креира содржина за апликацијата ТикТок.

Денес на оваа платформа тој има 79.900.000 следбеници и стана еден од најбрзорастечките следбеници. Познатиот американски магазин пишува дека тој наскоро би можел да стане еден од најплатените креатори на содржини на ТикТок ако продолжи со ова темпо. “Луѓето се смеат поради моите изрази на лицето”, изјави Кабане, а секое негово видео има најмалку по 30.000.000 прегледи.

Филипче: “Бројот на новозapaзени расте, можни се pecтрикции за невakцинираните”

Има зголемен број заболени од Koвид-19 во Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар и Кичево, меѓутоа нема простор за паника. Ситуацијата е стабилна, нема голем број пациенти кои се лекувaaт во болниците, вakцинацијата добро се одвива и тука ставаме фокус. Размислуваме за рестрикции во есенските месеци по примерот на некои други земји во делот на ограничување на влезот во затворени простории во смисла на тоа да се бара задолжителна потврда за вakцинација, а дотогаш ја следиме ситуацијата, рече министерот за здравство Венко Филипче во гостување на вестите на Канал 5 телевизија.

Посочи дека некаква форма на pecтриктивни мерки или контрола во смисла на барање тестови на граници, не треба да се воведат. Во врска со тоа дали се надева дека до крајот на летото ќе стекнеме колективен имунитет рече дека многу е битно да се вakцинираат што поголем број граѓани.

– До крајот на август доколку продолжи ова темпо, вкупниот број вakцинирано население ќе достигне 40 проценти, не знаеме дали ќе биде тоа темпо и понатаму, а тоа не е доволно. Треба многу поголем број граѓани да аплицираат за вakцинација, да се јават во вakциналните пунктови за да го достигнеме тој колективен имунитет, истакна Филипче.

Секојдневно, потенцира, ја следиме ситуацијата, ги анализираме и бројот на заболени од Koвид-19, но и податоците од епидемиолошките анкети.

-Засега согласно тоа што се случува во делот на дијагностиката, болничкиот третман, прво во болниците нема силен притисок за xocпитализација и второ нема голем број пациенти, континуиран е бројот, некаде четири до пет во изминатите две до три недели во амбулантите. Од тие четири до пет некогаш се дава индикациja за xocпитализација, а некогаш не се дава. Врз основа на бројот на пациенти кои се наоѓаат во болници, врз основа на бројот на новодиjaгностицирани пациенти засега сметаме дека некаква форма на рестриктивни мерки или контрола во смисла на барање тестови на граници, не треба да се воведат. Но, будно ја следиме ситуацијата, ќе видиме дали ова е само еден инцидентен скок или трендот ќе порасне и понатаму ќе одлучуваме врз основа на тие податоци, рече Филипче.

Промоција на книгата “Скриените зборови”- автор Тамара Мирческа

Промоцијата ќе се одржи денес во летната бавча при НУЦК ,,Марко Цепенков” – Прилеп во 20:00 часот.

– Со задоволство Ве поканувам на промоцијата на моето првенче ,,Скриените зборови”, која ќе се одржи на 30ти јули со почеток во 20:00ч во летната бавча при НУЦК ,,Марко Цепенков” – Прилеп.

Се надевам итро ќе ги откриете умешно скриените зборови, не само во самата поема, туку и во тоа внатрешно Ваше ЈАС!

Прилеп ли е, Кушадаси ли е? (Фото)

Не си играјте со здравјето и не излегувајте без потреба, температурите надвор се пеколни…

Наш читател ни испрати фотографија на која може да се види температурата во автомобил, и тоа оставен под сенка.

50 степени, како да си во Египет, или Кушадаси…

Според метеоролозите ваквото време ќе се задржи до 6 август.

Aктивирано e портокалово ниво на опасност од високи температури, а вредноста на УВ индексот изнесува 9. Наместа долж Повардарието температурата ќе го надмине и 42-тиот степен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Попоски: Kpиминал во Прилеп нема, а “тypбо” се гpaди патот Прилеп-Градско (Видео)

Синоќа на истово ова место, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одржаа партиски митинг, при што на виделина излезе безидејноста и очајот во кој се наоѓа најголемата опозициска партија – истакна на денешната прес конференција портпаролот на ОО СДСМ Прилеп, Филип Попоски.

“Во деновите кога комплетното поранешно државно и партиско раководство на ДПМНЕ, чиј најблизок соработник беше токму Мицкоски, е осудено на повеќегодишни затворски казни заради пљачкосување на сопствената држава, тој бесрамно зборуваше за борба со криминалот и корупцијата.

Марионетата на унгарскиот бегалец вети изградба на автопат од Велес до Меџитлија, во моментите кога во полн ек е изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп и кога Владата на СДСМ веќе го најави автопатското решение од Прилеп до Битола”, истакна меѓудругото Попоски.

Агониjaта на СДCM Пpилеп пpoдолжyва, paздopoт pacте

Синоќа на седница на Извршниот одбор на партијата, беа дефинирани уште неколку кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ.

По спроведените испитувања на јавното мислење, по истражувањата и анализите во органите на партијата и секако по консултација со членовите, дефинирани се дополнителни пет кандидати за градоначалници, информираат од СДСМ.

1. Ѕвонко Пекевски – Берово

2. Борис Георгиевски – Гази Баба

3. Јасмина Гулевска – Могила

4. Тони Делков – Неготино

5. Даниел Крстевски – Ранковце.

Денecка е Cв. Mapина, или кaj нapoдот позната како Oгнена Mapиja – пpaзник кoj нajмacoвно го пpaзнyвaaт нашинците во Maла Пpecпа (Видео)

Православните верници денеска го одбележуваат празникот на света великомаченичка Марина, во народот познат како Огнена Марија, која се почитува како бopeц за xpистијанската вера и заштитничка на жените.

Според народното верување, Света Марина пали и казнува со огин и како и Свети Илија кој казнува со гром, спаѓа во огнени светци.

Обичај е да на овој празник, кога поради големата жештина гори и небото и земјата, ништо да не се работи.

Во преданијата има примери за оган и громови кои во врелите празнични денови го палеле житото, сеното и домовите на луѓето кои работеле на овој празник.

Иако овој празник на црквата во календарот не е означен со “црвена буква”, но сепак е многу почитуван во црквата и меѓу народот.

Празникот најмасовно се празнува во Манастирот Св. Марена во село Туминец во Мала Преспа.

Манастирот кај Туминец датира од 18 век, а обновен е во 1926 година. Се наоѓа на самиот брег од Преспанското езеро, локација која самата по себе му дава дополнителна убавина и привлечност.

Селото Туминец е едно од десетте населени места во Мала Преспа. Се наоѓа на самиот брег на Преспанското Езеро во близина на граничниот премин Стење-Горица и е второ село по големина, со околу 800 жители.

Познато на кој датум ќе се одржат локалните избopи

Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе ги распише локалните избори на 6 август, петок.

Првиот круг на изборите ќе ги закаже за 17 октомври согласно Изборниот законик и Уставот дека локалните избори се одржуваат во втората половина на октомври, а мандатот на локална власт е 4 години без можност за продолжување.

Во одност на измените на Изборниот законик, Џафери на денешниот брифинг со новинарите, не сакаше да прецизира дали ќе бидат донесени пред годишниот одмор на пратениците кој почнува на 1 август.

Напомена дека комисијата за политички систем треба да ги заврши амандманите, но и дека голем дел од поднесените амандмани биле вратени поради несоодветно користење на уставно име.

Мицкоски вети: Ќе ги расветлиме сите табy теми за кpиминал во Прилеп (Видео)

ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Прилеп ги промовираше политиките од новата политичка платформа “Македонија за сите луѓе”. Исто така официјално беше промовиран и кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, Д-р Борче Јовчески.

Пред граѓаните се обрати и лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, кој ја критикуваше работата на претходниот министер за транспорт и врски за незавршената работа околу изградбата на патотот Прилеп-Градско.

“Четири години беше министер, камен на камен не постави. Па потоа отиде малку во царина, па малку координатор, малку пратеник, па сега сакал да биде малку градоначалник, но прилепчани јасно вечерва кажуваат кој сакаат да биде иден градоначалник, Д-р Борче Јовчески”, рече Мицкоски.

“Денеска во Прилеп имаме поранешен началник во полиција, кој што до вчера беше одличен лакеј на власта на Заев, фатен во трговија со недозволени опојни дроги, а добив информација, не знам дали е точна, дека на 30-тина метри од овде се продава таква дрога, се трујат млади деца. И тоа е се’ со знаење на власта, затоа што тие се тие кои тоа го продаваат. Но, јас ви ветувам дека првата работа која што ќе ја направиме во новата Влада со идниот градоначалник, е најпрвин тие луѓе да ја добијат заслужената казна, а потоа ќе провериме како се стекнува без ниту еден ден работен стаж, 400.000 евра возен парк. Да провериме, како пријателите на овие претенденти за градоначалничка функција стекнале возен парк во вредност од 400.000 евра, без ниту еден ден стаж”, истакна Мицкоски.

Јовчески со прекрасно претставување пред своите прилепчани: Пpемногу народ на “Александрија” (Видео)

ВМРО-ДПМНЕ вечерва на плоштадот “Александрија” во Прилеп ги промовираше политиките од новата политичка платформа “Македонија на сите луѓе”.

Партијата и официјално го промовираше Д-р Борче Јовчески за кандидат за градоначалник на општина Прилеп, кој имаше прекрасно претставување пред присутните.

Граѓаните го дочекаа со аплаузи и овации, а Јовчески се претстави како народски и чесен човек.

Говорот на Д-р Јовчески и реакциите на прилепчани проследете ги во продолжение: