На 6 август 2021 / петок/ од 20.00 ч. пред платото на ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи Концерт на унгарски танци, во рамки на меѓународната соработка на Центарот.
Ќе настапат оркестарот Духај и фолклорната група Талентум.
Концертот е во соработка со Здружението на Унгарците во Македонија Теледом, Амбасадата на Унгарија во земјава и Националниот Совет на Унгарците.
Оркестарот Духај е составен од талентирани музичари и е дел од меѓународниот проект Colourful Cooperation, кој се финансира од ИПА програмата.
Оркестарот негува автентична фолк музика и учествувал на бројни концерти, фестивали и е дел од танцови продукции. На натпревари се претставува со темаски претстави. На концертот во петок ќе настапи со фолклорната група Талентум.
Проектот Colourful Cooperation е динамична соработка меѓу населението од Унгарија и Србија во пограничниот дел, преку кои се пренесува културната разновидност на еден од најинтересните региони во Европа, каде заедно живеа многу нации, чувајќи ја својата традиција и култура.
Вечерва на моја иницијатива беше свикан состанок на Општинскиот кризен штаб. На состанокот разговаравме за новонастанатата ситуација со пожарите кои деновиве ја зафатија околината на Прилеп – информираше на ФБ градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.
– Да напоменам дека во текот на вчерашниот и денешниот ден изгаснат е пожарот на потег Канатларци – Подмол, а додека пожарот кој почна на 2-ри август на потегот Топлица – Ракле – Никодин се уште е активен.
Денеска во попладневните часови се зголемија трите краци, едниот крак оди кон населеното место Никодин, вториот крак се движи од Ракле кон запад и третиот од Топлица кон магистралниот пат Прилеп – Градско.
На денешниот кризен штаб се договоривме дека рано наутро, 30 припадници на Армијата, 16 претставници од Македонски шуми и ТППЕ да се упатат на местото на настанот се со цел да се укаже помош.
Јавните комунални претпријатија исто така се мобилизирани и ќе бидат на повик доколку е потребно засилување.
Јас како градоначалник на Општина Прилеп сум во постојана комуникација со Центарот за управување со кризи, командирите на ТППЕ и Армијата, како и со директорите на јавните комунални претпријатија. – напиша Јованоски.
Во денешната “Тема на денот” на “Сител ТВ” директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на прашање дали ќе прифати одлука од владата доколку биде разрешен кажа дека не се плаши од смртта а не од разрешување.
„Владата одлучува и јас ќе ја прифатам секоја одлука, јас не се плашам од смртта а не од разрешување. Работата која јас ја извршувам е неблагодарна, кој и да е директор тие се можностите. Целата негативна енергија беше персонализирана во мене и мене тоа ме иритира“, кажа Ангелов.
Ангелов додаде дека одговорни за пожари се Дирекцијата за заштита и спасување а Центарот за управување со кризи е само една од скалите помеѓу градоначалниците и Армијата а одлуката за употреба на хеликоптер ја носи Врховниот командант на Армијата.
Владата на денешната 94 седница донесе одлуки во однос на повеќе кадровски решенија.
– За членови на бордот на директори на Тутунски комбинат Прилеп, Владата ќе ги предложи: Никола Џамбазовски (независен неизвршен член), Миле Велкоски (независен неизвршен член), Кире Станкоски (извршен член), Татјана Стефаноска (извршен член), Ристе Ташев (извршен член).
На денешната седница на Владата, Стојанче Ангелов кој досега беше вршител на должност директор, го именува за директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК).
– Амир Шабани е именуван за директор на Фондот за осигурување на депозити;
– Дритан Имери е именуван за заменик директор на Државниот испитен центар;
– Ана Петровска e разрешeна од должноста в.д. директор на Државниот инспекторат за животна средина, а на нејзино место е именуван Сретен Стојковски;
– Костадин Ацевски e разреши од должноста директор на Управата за хидрометеролошки работи, на негово барање, a за вршител на должност директор на УХМР е именуван Агим Муртезани;
Полициската станица од општа надлежност во Прилеп, најверојатно е единствената Полициска станица која истовремено има двајца командири – објави “АЛФА ТВ”
По апсењето на командирот Кире Спиркоски во големата полициска акција која се случи на Плетвар, во април годинава и при која беше запленета дрога, вредна над 800.000 евра, Советот на општина Прилеп, деновиве донесе одлука за назначување на нов, втор командир, иако претходниот, кој се наоѓа во притвор, се уште не е разрешен, а работното место му е ставено во мирување. Правниците укажуваат дека овој чин е флангрантно кршење на Законот за Полиција.
„Министерот за внатрешни работи, спротивно на Законот за Полиција, пред да достави предлог до Советот на општина Прилеп за избор на нов командир на ПС-ОН, претходно нема донесено никаков акт за разрешување на претходно поставениот командир….Јас како еден од бранителите на претходниот командир, доставив писмено укажување до Советот на о. Прилеп, заради таквото прекршување на Законот и укажав на последиците од донесувањето на една таква одлука од страна на Советот, кое нешто беше очигледно занемарено“ – изјави за Алфа, адвокатот Жаре Стеваноски.
„Законот за Полиција децидно укажува на тоа дека министерот има дискреционо овластување да разреши командир на Полициска станица, кое нешто отсусутва во конкретниов случај, а е неопходен услов за избор на нов командир“, објаснува Стеваноски и апелира до МВР да ја преиспита оваа незаконска одлука.
„Командир на ПС е работно место, согласно Законот за работни односи и не е избрана или именувана функција. Во таа смисла, во конкретниов случај, претходниот командир, токму од министерот има добиено Решение со кое работниот однос на работното место – командир на ПС му е во мирување. Ваквиот предлог го крши Законот за работни односи, кој јасно укажува дека за време на мирувањето, работниот однос не може да биде прекинат…Станува збор за прекршување на Законот кој повлекува и кривична одговорност“, – вели Стеваноски.
На ова кршење на Законот, реагираа и локалните опозиционери.
„И наместо министерот за вбатрешни работи најпрво да го разреши досегашниот командир, па пота да продолжи изборот за нов, СДСМ си измислуваат нови закони ?! Или пак, изборот на два командири се должи на зголемениот криминал во општина Прилеп, кој очигледно е единствената област која се развива во нашиот град ?!“ – прашуваат од ОК ВМРО-ДПМНЕ, Прилеп.
Инаку, стариот командир кој веќе четврт месец се наоѓа во притвор, е осомничен за директна инволвираност во трговијата со дрога. Познавачите на состојбите коментираат дека овие случувања се должат на некакви чистки помеѓу моќни крила во партијата на власт.
Македонските власти побараа помош од соседните земји за справување со пожарите кои беснеат во земјава, и ја добија. Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин вчера лично дојде со четирите хеликоптери кои Србија ги дава за помош на Македонија, но очигледно поради некоординираност, македонските власти не знаат помошта да ја употребат и искористат.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Англелов, кој во изминативе два дена е под голема критика на јавноста поради лошото менаџирање на состојбата, признава дека не успеале навреме да се координираат за да полетаат српските хеликоптери.
-Во текот на вечерта доколку успееме ќе бидат ангажирани хеликоптери на српскот воздухопловство, но веќе снемува време. Проблемот настана кога нашите хеликоптери беа на терен. За да можат српските хеликоптери да летаат треба да има придружба од нашите хеликоптери бидејќи не го познаваат теренот, изјави вчера Ангелов.
Новата учебна година ќе донесе промена во работата на наставниците, кои оценките повеќе нема да ги запишуваат во печатени дневници, туку само во електронски. Печатените според најавите заминуваат во историјата.
Имено, според информациите на Бирото за развој на образованието (БРО) печатени дневници повеќе нема да ги има и во основно и во средно образование, туку сите податоци ќе се запишуваат во електронскиот дневник.
– Наставниците нема повеќе да имаат двојна работа, односно нема да мора истите податоци и оценки за учениците да ги внесуваат и во печатен и во електронски дневник, информираат од Бирото за развој на образованието.
Околу 25.000 наставници и професори, колку што има во државава, досега мораа да ги внесат сите полугодишни оценки и сите изостаноци на секој ученик поединечно и во електронскиот дневник. Освен тоа, требаа редовно да ги внесуваат сите часови, активности, отсуства.
Од учебната 2021/2022 година во училиштата повеќе нема да има печатени дневници. Наставниците ќе ја водат педагошката евиденција во електронскиот дневник. Со ова им се излегува во пресрет на нивните долгогодишни реакции и барања да се растоварат од административна работа, која и онака е обемна.
– И во основно и во средно образование повеќе нема да има печатени дневници. Сите податоци ќе се запишуваат во електронскиот дневник. Наставниците веќе знаат да пополнуваат електронски дневник, тој со години е дел од образовниот систем. На овој начин ќе се растоварат од обврската да водат двојна евиденција,појаснуваат во Бирото.
Како и во изминатите години, така и оваа, Илинден најмасовно беше дочекан во манастирот Св. Илија Писокал кај село Кален, прилепско.
А како и нема да биде кога за прекрасната забава се погрижи естрадниот пејач Влатко Миладиновски.
Вечерта пред празникот манастирот го посетиле над 1.200 верници, а на самиот ден во манастирските дворови присутни биле над 2.500 гости.
Од црковниот одвор велат дека се срушени сите рекорди и се заблагодаруваат за соработката на домаќините, кои придонесоа за сето ова да биде успешно реализирано.