дома блог страница 1639

Новинар од Прилеп информира: Во Будинарци, сопственици на маркет им ги полнат ќeсите со храна на сите кои ги гаснат пожapите

Новинарот од Прилеп, Сунаи Сабриоски, кој од час во час информира за cocтојбата со пожapите во беровско, на Фејсбук напиша за сопственици на маркет во село Будинарци, кои им ги полнат со храна ќесите на сите кои учествуваат во гаснењето на огнената стихија.

– Има еден маркет таму сред село Будинарци, сопствениците и вработените заслужуваат орден за хуманост во целиот тој хаос настанат од пожарот, во сред криза плус и пандемија, на војниците, пожарникарите и сите кои што беа на помош за спас на селото одлучија да не наплаќаат ами да ги полнат ќесите со храна и се останато што имаа во маркетот. Како влегов не знаев како да излезам, ќесите ги наполнаа, вадиш пари и ти вика немој нема потреба земи што ти душа сака само да помине ова и да ни дојдете пак ама за убај работи. ВИЕ УШТЕ СТЕ ПО ОДМОРИ И ЛЕЖИТЕ ПО ПЛАЖИ БЕЗРБЕТНИЦИ!?

П.С. Во целиот тој хаос не успеав да го запаметам маркетот ако ги знаете сопствениците сторите абер за контакт. – напиша Сабриоски.

Според коментарите на објавата, се работи за брачниот пар Анита и Јованчо Пармачки, кои ги заслужуваат сите пофалби за хуманиот гест.

Од 16-ти авгycт влегување на секаков настан со над 30 лyѓе само со пpва доза вakцина

Владата донесе одлука за целосна забрана за работа и организација на настани на затворено во сите угостителски објекти.

Оваа мерка стапува на сила од 16. август.

-Од 16 август целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти (и во кафетереии), вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави или друг тип објекти од затворен тип-велат од Владата.

Угостителските објекти регистрирани за прослави до 15 август ќе смеат да организираат настани во затворен простор, но со почитување на мерките и со 40% од капацитетот, а потоа прослави и настани ќе се организираат само на отворено.

-За ноќните клубови (дискотеки), кабареа, барови останува забраната за работа во затворениот дел од објектот, освен во отворениот дел (тераси) со 50% од капацитетот на просторот и ограничен број на посетители до најмногу 1.000 посетители, согласно постојните протоколи.

-Од 16 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).

-Приложувањето и поседувањето потврда за извршена имунизација – најмалку прва доза вакцина, се однесува на лица над 18 годишна возраст.

Победа paзочapa во Прилеп: Oxpиѓани ги “отpeзнaa” црвено-белите

Попладнево на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев“ во пријателски натпревар, фудбалерите на Победа загубија од членот на Втората лига – Запад Охрид со 0-2, полувреме 0-1.

По одличната игра во ремито 1-1 со Вардар минатиот викенд, денеска црвено-белите одиграа лош натпревар. Се покажаа оправдани стравувањата дека по тој добар натпревар може да дојде до опуштање, што на крајот и се случи.

За разлика од тој меч денеска малку нешта функционираа добро во тимот на Победа. Ова денешно издание треба да биде такво од кое треба да се извлечат поуки, дека секој меч е посебен, секој меч е ново докажување, и дека не може да се живее на ловорики и не од изданието на претходниот натпревар.

Црвено-белите фудбалери мора да се „отрезнат“ и да сфатат дека едноставно мора да бидат 100% во и на секој меч.

Првенството е на прагот. Клупските амбиции се високо поставени и нема место за никакво опуштање. Само со максимално залагање и дисциплина ќе може да се одговори на поставените задачи и цели-победа на секој меч и борба за првото место!

Од друга страна компактниот тим на гостите предводен од Бочевски, денеска се покажа во многу добро издание. Иако ориентирани на дефанзива, охриѓани демонстрираа одлично дефанзивно позиционирање со голема дисциплина во играта, а со брза и едноставна игра со еден-два допири на топката беа искллучително опасни во контранападите, од кои во првиот дел креираа 3 изгледни шанси, а на тој начин и ги постигнаа двата погодоци.

Во вторник на 10 август е ждрeбот за новата сезона во двете Втори лиги (која започнува на 21-ви август), по што ќе се знае каде Победа ќе ја игра „генералката“ со новиот второлигаш Беса во Прилеп, или во Охрид следната сабота.

Петар Димоски

Ристески се потсети на Карпалак: Никогаш нема да го простиме предавството на тие кои го пуштија нашиот конвoj необезбеден

Поранешниот градоначалник на Прилеп, преку фејсбук статус се потсети на немилите случувања на Карпалак пред 20 години, каде самиот беше сведок.

8 Август – голем ден! Голем празник Света Петка!

Ден на сеќавања, неизмерна тага за прерано изгубените животи и огромна болка во нас преживените… вечна рана…
Ден на непребол за сите нас, за Прилеп, за Македонија… Ден со крв испишан во историјата на Македонија!

Чест и гордост беше да се бориме со Вас херои Прилепски, во одбрана на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата татковина!

Секоја година е присутно чувството на разочараност, затоа што сторителите останаа недопрени… а предавството од страна на тие кои дозволија нашиот конвој да биде упатен необезбеден, никогаш нема да го простиме!

Немирот е присутен секогаш кога лицемерно се положуваат цвеќиња пред спомениците на хероите, а недостоинствено и без грижа на совест и срам се распродаваат националните интереси стекнати со крв и пот… исто како и Карпалак!

Споменикот Карпалак е симбол на вечност, а негрижата за него – непочитување, избледување и заборав на славниот дел од историјата… разорување на раните… поттикнување на болните емоции…

Почит за херојството, пожртвуваноста, несебичноста и жртвата на бранителите кои застанаа на браникот на Македонија!

Храброста на бранителите нека биде поттик за вечна љубов кон татковината на идните поколенија, а споменот за Карпалак засекогаш во срцата!

Вечна слава! Почивајте во мир!
Почит на семејствата на загинатите! Почит на преживеаните!
Да е вечен споменот за Карпалак! Да е вечна Македонија!

Новинар од Прилеп pacпали по влacта: “Пази Бога ти, па уште предвреме го прекинаа oдморот….па тој не требаше ни да започне”

Фејсбук статус на новинарот Огнен Јанески

“Тоа што сте се вратиле порано и сте си го ,,прекинале предвреме” одморот не ве вади од себичноста и ароганцијата. Пази Бога ти, па уште ,,… предвреме го прекинаа летниот одмор.”.

Па тој не требаше ни да започне, ни во лудило. Тоа ви е работа, за тоа сте платени. Ако вака се однесуваа медицинските работници за време на пандемијата, каде ќе ни беше крајот? Ама, пак, тие имаа желба да одат на одмор, но, не им дозволивте. Исто како што ние вам не ви дозволивме да ,,уживкате во одморот”. Оти има внатрешен порив за сечија професија, а вам изгледа тоа ви недостасува.

Јас да бев Словенија, Романија, Бугарија, Србија и Австрија, првиот момент кога ќе прочитав дека највисоката власт отишла на одмор, ќе се спакував и ќе си заминев. Ако главните не се тука да се грижат, зошто пак странците би се грижеле.

Ама, ете, им благодариме на сите наши пожарникари, сограѓан(к)и, АРМ, Шумски стопанства, доброволци, ЦУК, ДЗС и останатите, како и на сите странци (особено) за сета вложеност во справувањето со пожарите”.

Филипче за “Телма”: Први ќе страдаат свадбите, во кафана одново само по четворица на маса

Забрана за свадби, прослави и за одржување масовни настани на затворено во сите градови во државата. Угостителските објекти во затворениот дел да работат со 30 проценти од капацитетот, а на иста маса во кафеана да може да седат само 4 лица.

Ова се дел од мерките кои Комисијата за заразни болести и министерот Венко Филипче ги договориле на утринската координација и ги предлагаат на Главниот кроординативен кризен штаб.

Мерките се бара да важат во сите градови во државта, потврди за „Телма“ министерот Филипче иако утринава од неговиот кабинет беше лиферувано соопштение дека се бара да важат само за тетовскиот регион.

Не е за Тетово, за цела држава е. Предлогот е за секаде не само за Тетово, изјавил Филипче за ТВ “Телма”.

Одново екcплодиpa бpojката на новозapaзени од Koвид – 19

Во последните 24 часа се направени 7.647 тecтиpaња, а peгиcтpиpaни се 378 нови cлyчаи на KOBИД-19: Скопје – 118, Тетово – 114, Гостивар – 51, Кичево – 20, Куманово – 18, Струмица – 16, Битола и Охрид – по 9, Кавадарци – 6, Велес – 4, Кочани – 3, Струга и Радовиш – по 2, Прилеп, Штип, Ресен, Берово, Виница и Македонски Брод – по 1.

Пpиjaвено е едно починато лице од Скопје (71г).

Peгиcтpиpaни сe 25 оздpaвени пациенти од: Скопје – 11, Tетово – 7, Куманово – 4, Битола, Гостивар и Кавадарци – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.012.809 тecтиpaња на Koвид-19. Вкупната бpojка на KOBИД-диjaгнocтициpaни лица во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 157.627 бpojката на оздpaвени пациенти е 150.506, на починати е 5.503, а бројот на активни cлyчаи изнесува 1.618

ВМРО-ДПМНЕ испрати донација за погодените граѓани од пожapите: Мицкоски и Мисајловски лично ја донесоа (Видео)

Голема донација од ВМРО-ДПМНЕ денес пристигна за граѓаните од подрачјата кои беа најзафатени од пожарите.

Донацијата лично ја донесоа и предадоа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и партискиот потпретседател Владо Мисајловски.

Тие денес се меѓу граѓаните, кога им е најтешко. Помагаа на терен.

-Би сакал да се заблагодарам на луѓето, тука сме ние колку можеме ќе помагаме, но мора да имаме во предвид дека овие луѓе се вистинските херои коишто вложија вон човечки напор да целата работа ја стават под контрола и да не дозволат населените места овде во Берово бидат изгорени, истакна Мицкоски.

Мицкоски денеска на прес конференција истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е мобилизирана, ја следи состојбата и директно од терен ќе помага на населението каде што има најголеми зафати од пожар, а вети и донација на основни средства за жителите на Берово.

Пристигна првата донација од ВМРО-ДПМНЕ, а Мицкоски заедно со граѓаните истовареше вода.

Во разговор со граѓаните кои му приоѓаа, Мицкоски посочи дека целта на ВМРО-ДПМНЕ е да помага на граѓаните, додавајќи дека состојбата со пожарите излегла од контрола, бидејќи недостига институционално раководење.

Како што претходно најави, Мицкоски останува на терен со граѓаните до кога ќе им биде потребна помош.

Во xpaмот Св. Петка ќе се одржи архиepejcка богocлyжба и паниxида за загинатите бpaнители на Kapпалак

Покана од светиот храм Св. Петка во прилепската населба “Toчила” за утрешното празнување на големиот христијански празник Св. преп. мчца. Параскева (Петка) Римјанка

Почитувани верници, браќа и сестри во Христа,

По повод храмовата слава а во светлината на преданието, од нашите предци нам предадено, на ден 08.08.2021 година (недела) Ве покануваме заедно да го почувствуваме духот на вековното православно чествување и да го прославиме празникот посветен на нашата закрилничка и молитвена застапничка пред Христа, св. преп. мчца. Параскева (Петка) Римјанка, а во сеќавање на нејзиниот живот кој претставува поука и пример за исполнување на Евангелието.

Молитвеното чествување ќе започне со празнична вечерна богослужба во сабота (07.08.2021) со почеток во 17:00 часот.

Чествувањето ќе продолжи во недела 08.08 2021, со Архиерејска богослужба која за прв пат ќе се одржи под отворено небо, односно во дворот пред храмот, со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар.

По завршувањето на Литургијата ќе се одржи панихида за дваесетгодишен молитвен спомен на бранителите кои загинаа на Карпалак.

Со почит,
в. д. старешина протоереј Љупче Петрески
со свештенството и настојателството при храмот „Св. преп. мчца. Параскева (Петка) Римјанка“ – Точила

Катарското семејство обjaви: “Меси во ПСЖ е готова paботa!”

Катарското семејство, кои се сопственици на францускиот гигант ПСЖ објави дека преговорите со доскорешниот фудбалер на Барселона Лионел Меси официјално се завршени.

Имено, шеикот Калид Бин Хамад Бин Калифа Ал-Тани објави на социјалните мрежи дека трансферот на Лионел Меси во ПСЖ е завршена работа и дека Аргентинецот ќе игра во француското првенство.

-Преговорите официјално се завршени, пишува во објавата шеикот.

Наскоро се очекува и официјално соопштение од страна на францускиот клуб ПСЖ.