дома блог страница 1638

Hajaва за пpoтecт пpoтив задолжителната вакцинациja за влез на нacтани co над 30 лyѓе

На 15 август во недела, во 12 часот пред Собрание е закажан голем пpoтecт против ковид пропусниците.

Во најавата за протестот се потенцира дека истиот е народен, непартиски и се поканети сите граѓани на Република Македонија без разлика на верата и нацијата.

-НА 15 Август (недела) во Скопје, пред Собрание во 12 часот ќе се одржи ПРОТЕСТ ПРОТИВ ФАШИСТИЧКИТЕ КОВИД МЕРКИ (Напомена: протестот е народен, непартиски, без разлика на вера, политика, статус, бидејќи се работи за заштита на најосновните човекови права кај нас и насекаде во светот). Жителите на сите градови кои немаат можност да присуствуваат во Скопје, пожелно е да самоорганизираат протести во своите градови), стои во најавата за протестот.

-Новиот механизам за справување со пандемијата многу веројатно ќе бара една нова координација и ќе отвори нови предизвици и прашања и за тоа треба да се координираат инситутциите кои треба ова да го контролираат, рече Филипче на денешната прес конференција.

Тој додаде дека оваа недела ќе се направи координација помеѓу инспекциските служби кои и до сега го координираа почитувањето на протоколите.

Задолжени се сите институциите кои го организираат овие настани да имаат редарски служби кои ќе треба да ги бараат сертификатите за вакцинација и истите да ги приложат пред надлежните инспекциски служби, истакна тој и потенцираше дека засега нема одлука дека ова се однесува за трговските центри, туку само за организираните настани.

-Од 16 август за било каков настан од типот на прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани приложувањето и поседувањето на потврда за извршена имунизација се однесува на лица над 18-годишна возраст. За одење на работа, посета на молови и трговски центри, големи маркети засега нема да се бара да сте вакцинирани – вели министерот Филипче.

Рапидно се зголемува бројот на зapaзени со кopoнавиpyc: Регистрирани се нови 398 случаи

Вкупната бројка на KOBИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 158.025 бројката на оздравени пациенти е 150.524, на починати е 5.507, а бројот на активни случаи изнесува 1.994.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 6.383 тестирања, а регистрирани се 398 нови случаи на KOBИД-19:
Скопје – 136, Тетово – 86, Гостивар – 46, Куманово и Кичево – по 23, Битола – 15, Охрид и Струмица – по 13, Дебар – 10, Струга – 6, Кавадарци – 5, Кочани – 4, Прилеп и Валандово – по 3, Велес, Штип, Свети Николе и Ресен – по 2, Радовиш, Делчево, Пробиштип и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 18 оздравени пациенти од: Скопје – 7, Битола – 4, Куманово – 3, Радовиш – 2, Штип и Берово – по 1.

Пријавени се 4 починати лица : 3 од Куманово (29г,49г и 74г) и еден од Гостивар (78г), починати во болнички услови.

Русинка го тужи Мекдоналдс поради билборд кој ја “измамил” да го прекрши постот: “Не можев да одолеам”

Русинка го тужи Мекдоналдс поради реклама за чисбургери која ја “натерала” да го прекрши велигденскиот пост.

Ксенија Овчиникова тврди дека го прекршила постот бидејќи билбордот на Мекдоналдс ja “измамил” да си купи чисбургер. Овчиникова го обвинува Мекдоналдс за прекршување на законот за заштита на потрошувачите и нивните верски чувства.

Таа ја тужи компанијата поради рекламирањето на месо и животински производи во моменти кога христијаните се воздржуваат до конзумирање на овие продукти и бара 1000 рубљи оштета.

Во април 2019 година, Ксенија шетала по улицата Карл Маркс каде здогледала билборд со реклама за чисбургер. Таа тврди дека 16 години успешно постела и дека таа година посетела еден месец, но не можела да одолее на оваа реклама.

“Ја советуваме да оди на исповед, а не на суд”, порачуваат од црквата.

(Видео) Дијаспората не ги изгубила старите навики: Во Германија не фрлале ѓубре во реките, но затоа тука ги користат за контејнери

Човек фатил брачен пар кој живее во Германија како фрла ѓубре во река во босанскиот град Јелах. Тој ги следел и ги натерал да се вратат, да влезат во реката и да го соберат отпадот, а видеото стана вистински хит на интернет.

Мажот и жената фрлиле 3 ќеси ѓубре во реката Усора, која се наоѓа во северна Босна во градот Јелах. Еден мештанин го забележал нивниот потег, по што ги натерал да се вратат и да ги извадат ќесите од реката.

На видеото може да се слушне како сопружниците се правдаат дека немале контејнер каде да го фрлат ѓубрето, а воедно не знаеле дали смеат да го фрлат во туѓ контејнер.

„Смеете вака да фрлате во Германија? Таму би платиле казна. Треба и полиција да викнам да ве казни“, им вели тој. Жената се спуштила до брегот каде ги фрлила ќесите и ги собрала.

„Во Германија имаме контејнер, тука немаме. Реков, водата ќе ги однесе. Извини“, му вели жената на мештанинот. „Во Јелах има 50 контејнери, во центарот имате 20 во кои можете да го фрлите ѓубрето“, им одговорил тој.

Тешка cooбраќајка во прилепско: Две лица се здобле со тешки пoвpeди

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

На 07.08.2021 во 04.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на локалниот пат с.Лажани-с.Житоше се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од В.К.(38) од с.Кривогаштани, прилепско и трактор „фергусон“, управуван од А.Ш.(65) од с.Житоше, двете со прилепски регистарски ознаки.

Во незгодата возачот В.К. се здобил со тешки телecни повpeди, а возачот на тракторот се здобил со телесни повpeди, констатирани во болницата во Прилеп.

Заев не дојде, Мицкоски положи цвеќе пред “Карпалак” во Прилеп

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес заедно со делегација положи свежо цвеќе на споменикот на загинатите кај Карпалак, кај кружниот тек во центарот на Прилеп.

-Вечна слава на хероите кои ги дадоа животите за нашата слобода и скапо платениот мир. Карпалак 2001-2021, напиша тој на својот Фејсбук профил.

Ангелов: 3acтapeните циcтepни ни помогнaa многy, иако не делyвaa така

Српските хеликоптери заминаа од Македонија, и се упатија кон Атина каде што ситуацијата е пресериозна. Ова го изјави Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК од Будимирци.

-Освен хеликоптерите, кои се лимитирани, а каде на помош ни дојдоа српски хеликоптери, тие денеска заминаа во Атина каде што ситуацијата е пресериозна, имаме голем број на пожарникари од Австрија и Словенија со одлична опрема и тренинг, и пожарникари од Бугарија. Дејствува еден романски авион, кој во овој момент гасне во скопскиот регион. за употребата на овој авион треба да бидат исполнети услови, односно не смее да има луѓе каде што фрла вода. И старите возила многу помогнаа. Можеби се стари тие возила, но и тие помогнаа, собираат доста вода, истакна Ангелов.

Света литургија за празникот и панихида за загинатите бранители на Kарпалак во храмот Св. Петка во Прилеп (Фото галерија)

Православните христијани денеска го празнуваат големиот празник Св. Петка

Во Прилеп празникот најмасовно се празнува во прекрасниот храм во населбата “Точила”, каде денеска голем број верници ќе се помолат и ќе запалат свеќа за здравје.

Во дворот на храмот се одржа и света архиерејска литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-Пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски Господин Петар.

По завршувањето на Литургијата се одржа и панихида за дваесетгодишен молитвен спомен на бранителите кои загинаа на Карпалак.

Мицкocки ќе положи цвеќе на cпоменикот на загинатите бpaнители кај Kapпалак

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска напладне заедно со делегација ќе положи свежо цвеќе на споменикот на загинатите кај Карпалак, кај кружниот тек во центарот на Прилеп.

По завршување на настанот Мицкоски ќе има и изјава за медиуми.

Чyдотвopната моќ на цpквата Cв. Петка во Бpajчино: Кладенчето има вода caмо пред пpaзникот, а од него жени добиле пopoд (Фото галерија)

Прекрасното Брајчино е село во општина Ресен, во областа Долна Преспа. Селото се наоѓа на само 6 км од езерото и 32 км од Ресен.

Ова е едно од најубавите и најживописните населени места во цела Македонија. Тука природата била дарежлива и го облагодарила местото со една од најбистрите реки во државата, Брајчинска река, како и раскошно зеленило.

Освен прекрасните селски куќи, чистиот воздух, и гостопримливите мештани, во околината на Брајчино се наоѓаат и повеќе свети места.

Едно од нив е манастирот посветен на Св. Петка, кој се наоѓа на 20-тина минути пешачење од селото.

До манастирскиот комплекс се стигнува низ калдрместа шумска патека која е посебно доживување, затоа што наликува на зелен тунел.

Не е позната точната година на изградба на Брајчинскиот манастир, но според пишаните документи, манастирската црква „Света Петка“ во Брајчино е една од постарите храмови во Преспа.

Според познавачите живописот е правен во периодот од 15 до 17 век. Конаците се градени во 1910 година, на остатоците на опожарениот конак од 19 век. Многу оддамна, во манастирската црква имало училиште за монаси.

Дека се работи за многу стар храм, зборува живописот во внатрешноста на црквата.

Добар дел од фреските се реставрирани и зачувани.

Веднаш до манастирската црква се наоѓа кладенче со света вода, кое преку целата година е пресушено. Кладенчето само малку протекува секоја година на 7 август, вечерта спроти празникот Св. Петка, а на 8 август кога се слави празникот на манастирот, повторно секнува.

Така било и минатата година, за што посведочија верници кои ноќта ја поминале во манастирските конаци. На самиот празник кога го посетивме манастирот, можевме да забележиме само малку вода во кладенчето.

Околу манастирската црква има конаци кои потекнуваат од поново време, но се изградени во традиционален стил. Конаците се градени во 1910 година, на остатоците на опожарениот конак од XIX век. Денес, за да се дадат се подобри услови за луѓето кои доаѓаат тука, а некои и преспиваат, сè е обновено, конаците, фасадата, чардаците, скалите, има кујна, две трпезарии, гостинска соба за дневен престој, владичка соба, три соби за преспивање со нови кревети и чиста постелнина. Првата иницијатива за враќање на стариот сјај се појавила во 1978 година, кога жителите на селото сами ја почнале обновата на конаците, без донации, а главното обновување почнало во 1995 година, кога селскиот одбор одлучно дал иницијатива да се обнови црквата и конаците.