дома блог страница 1637

Во ликовната галерија на ЦК “Марко Цепенков” отворена изложбата “Позадини” од Бојана Артиновска Трпческа (Фото)

Во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ отворена е изложбата „Позадини“ од Бојана Артиновска Трпческа. (6.8 до 19.8.2021)

Посетителите имаа можност да присуствуваат на извонреден уметнички перформанс, односно да се фотографираат со нејизните дела, а кои фотографии понатаму ќе бидат преточени во ново уметничко дело. До крајот на изложбата, во наредните две недели секој посетител ќе може да се фотографира покрај нејзините дела, за кои Викторија Димеска, историчар на уметност ќе забележи дека уметницата екпериментирајќи со разни сликарски техники и технологија, осознава дека уметничкото и естетското доживување на боите во една сликарска композиција предизвикува илјадници доживувања.

– Љубовта и поврзаноста со портретот како постојан и чест мотив во нејзиниот творечки опус ја охрабруваат да истражува и во полето на фотографијата, користејќи ги подоцна истите фотографии како предлошка за сликани дела или цртеж – вели Димеска.

Уметницата Бојана Артиновска Трпческа вели дека додека ги набљудувала сликите, согледала дека тие преставуваат автономни композиции и идејата за создавање на перформанс (изложба) дошла сама по себе.

-Сакам случајните или намерните минувачи да станат интерактивни учесници и дел од интенцијално дизајниран простор, со цел за момент да се соединат со позадината и да се соочат со себе си, имајќи го на ум сознанието дека ќе бидат фотографирани. Замислата е секој да ја пронајде позадината со која што најмногу се идентификува, односно елементот и просторната димензија со која што се соживува Делата ќе значат продолжување на животот на енергијата која што ја вложувам во нив. Вибрациите ќе продолжат да треперат во секое ново среќавање со делата, со секое ново застанување на разни модели пред платното. Идејта е набљудувачот да постане свесен за сопственото делување и влијание во просторот и времето – вели трпческа.

Отворањето на изложбата беше збогатено со настапите на виолинистката Софија Никоска и солистот Ана Митоска и на актерот Игор Трпчески.

Ах да се врати Итар Пејо: Оџа од тетовско добил на подаpoк лyкcyзен автомобил (Фото)

Оџа од селото Ларце во Општина Желино објави неколку фотографии со нов автомобил за кој вели дека му го купиле верниците, пренесува „Слободен печат“.

„Задоволство кога верниците те почитуват. Специјалниот автомобил за Оџата…“, напиша тој на Фејсбук.

Стално некој друг е кабает: Според СДСМ Коце Трајановски е кpив за ниcките плати на пожapникарите

Новиот правилник за пресметка на платите на пожарникарите во Град Скопје гарантира повисоки приходи со што ја исправаме неправдата нанесена од Коце Трајановски, се вели во денешното соопштение од СДСМ, чиј градоначалник Петре Шилегов, како што беше објавено, одмора во Хрватска, додека во Скопје и Македонија горат пожари.

И за пожарите и за пожарникарите, пак се „Коце и опозицијата криви“, а јавноста памети што им оговараше Шилегов кога протестираа скопските пожарникари за повисоки плати. Но, владејачкиот СДСМ „има решение“ за сите проблеми со обвинување на опозицијата, како што е и во денешното соопштение, кое и овојпат го објавуваме во целост како што е излезено од шапирографот на Бихаќска:

Огромна благодарност за пожарникарите, војниците, полицајците, доброволците, но и до сите што преземаат натчовечки напори во борбата со пожарите.

Наши најголеми борци деновиве, за својата посветеност ќе бидат наградени со финансиски надоместоци согласно законите и колективните договори.

Како благодарност за пожртвуваноста и посветеноста, Владата донесе одлука за доделување парична награда од по 10.000 денари за вкупно 300 лица од кои најголемиот број се пожарникари.

Град Скопје и повеќе општини, дополнително ќе им доделат награди од 10.000 денари на 194 пожарникари коишто се дел од трите екипи што учествуваат во гаснењето на пожарите низ државата.

Во изминатите четири години постојано работиме на унапредување на социо-економската положба на пожарникарите, на безбедноста на нивните работни места, на зголемување на капацитетите, набавка на нова опрема.

Со новиот закон за пожарникарството ќе креираме решенија што ќе значат подобра социо-економска положба на пожарникарите.

Платите на пожарникарите во Скопје, Валандово, Дечево, Неготино и во многу други градови се зголемени за околу 20% од декември 2020 година, додека основната плата на пожарникарите во просек е зголемена од 4.500 до 6.000 денари.

Новиот правилник за пресметка на платите на пожарникарите во Град Скопје гарантира повисоки приходи со што ја исправаме неправдата нанесена од Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ во годините кога спомениците им беа поважни од човечкиот капитал.

Противпожарна единица Берово, една од најпогодените деновиве, токму пред два месеца доби четири нови противпожарни возила и опрема за пожарникарите.

За првпат во земјава неодамна е набавено противпожарно возило со скала, што за жал, беше критикувано од неодговорната ВМРО-ДПМНЕ.

Со помош на пожарникарите, војниците, полицајците, доброволците ќе се избориме против огнената закана, а потоа ќе се посветиме на санирање на штетите, пошумувањето, како и на отстранување на проблемите кои се јавуваат во вакви случаи.

Одново покажавме дека за нас луѓето се најсилниот капитал на нашето општество.

Како одговорна, социјалдемократска партија продолжуваме да вложуваме во човечкиот капитал.

Центар за односи со јавноста на СДСМ

Денecка е голем пpaзник: Bиcтинcки ден да започнете некoja paбота или да тpгнете на пат

Денеска го славиме Светиот великомаченик Пантелејмон. Православната црква и нејзините верници го празнуваат Светецот кој ги лекувал луѓето.

Црква Св. Пантелејмон во дворот на прилепската болница

Според легендата, Свети Пантелејмон уште како момче ги изучувал лекарските науки. Бил обвинет поради тоа што бил христијанин, и бидејќи не сакал да се одрече од својата вера, бил осуден ан смрт за време на царот Максимилијан, на почетокот од 4.век.

Легендата вели дека на губилиштето Св.Пантелејмон клекнал да се помоли. Џелатот го удрил со мачот по врат, но мачот се скршил на половина.

И никако не можел да го сосече сè додека светецот не ја завршил молитвата и самиот рекол дека е подготвен.

За Свети Пантелејмон народот верува дека му е брат на Свети Илија.

Верувања:

Ако планирате да започнете некоја работа, тогаш денот кога се празнува овој светител и вистински ден за тоа!

Се верува дека секоја започната работа Свети пантелејмон ќе ја благослови и ќе ја направи успешна.

Исто така, доколку сте планирале патување, тргнете токму на овој ден.

Свети Пантелејмон бил голем патник, а на тој ден е заштитник на сите оние на кои улицата им е втор дом.

Доколку на овој ден во црква се сретнат две непознати лица кои денот го слават како куќна слава, веднаш треба да си честитаат и прегрнат, бидејќи се верува дека се роднини.

Откако минатата недела пocкапиja за 3,5 и 2 денари, оваа недела поевтинување за 1 денар кај дизелот и бензините

Бензините и дизелот од полноќ поевтинуваат за денар, а екстра лесното масло за домаќинствата за 1,5 денари, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Новата цена на литар од моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 72 денари, а 74 денари на ЕУРОСУПЕР БС -98, додека дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по 62,5 денари за литар, а Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) по 62 денари.

Поевтинува и мазутот М-1 НС за 1,105 денари за килограм и ќе се продава по 36,876 денари.

Со одлуката на РКЕ, се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,91 процент во однос на одлуката од 3 месецов.

Mинатата недела дизелот поскапи за 3,5 денари за литар, екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари, а бензините за по два денара по литар.

Д-р Данаиловcки: Hoвата мepка кoja почнyва да важи од 16 авгycт нeмa никаква eпидeмиoлoшкa cмиcлa

Новата мерка која почнува да важи од 16 август нема никаква епидемиолошка смисла!, смета професор д-р Драган Даниловски, епидемиолог.

Во продолжение прочитајте го неговиот став:

Осамнаа мерките за сузбивање на бранот на КОВИД-19, донесени на 97-мата седница на Владата. Предмет на постов е само сегментот што се однесува на потврдата за извршена имунизација.

„Од 16 август 2021 година се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).“ (1)
Мислам дека е неопходно да укажам на некои работи.

Ако биде потребна потврда за извршена имунизација, најмалку со една доза, тоа ќе се коси со Резолуцијата 2361 (2021) на Парламентарното собрание на Советот на Европа (2), иако таа, наводно, „не спречува имплементација на вакцинални пасоши“ (3).

Меѓутоа, на сите нас, после година и пол постојан стрес, ни е дозлогрдено од притисоци, поделби, дискриминации. Со вакви мерки само непотребно тие би се потенцирале. Зошто? Зашто потврдите дефинитивно значат дискриминација! И може да попримат мирис на „жолти ленти“…

За мене, многу поважно е што оваа мерка нема никаква епидемиолошка смисла! Зошто? Затоа што сега имаме работа со делта сојот, кој во одредена мера го заобиколува имунитетот стекнат природно или со вакцина. Оттаму, подеднакво опасни ширачи на вирусот се и невакцинираните и вакцинираните со една доза! Вакцинираните само со една доза имаат заштита од симптоматска болест само од 33% (студија 1 – Public Health England), односно 36% (студија 6 – Индија) (4). А тоа е исто како да се невакцинирани! Која е, тогаш, логиката на комисијата за заразни болести што дале таков предлог!?

Од друга страна, дури и кога би се барала потврда за две примени дози и тоа не е гаранција дека тие не се заразени! Во студијата 1 (Public Health England)(4), заштита од заразување на две дози Фајзер е 80%, а во студија 5 (Израел) е 64%. (4) Да потсетам, цело време зборуваме за делта сојот!

Ова се бројки за Фајзер! За сите други вакцини – логично е – бројките се сигурно многу помали. Ако земеме предвид дека кај нас преку 70% од вакцинираните се со кинески вакцини, можеме да замислиме колкава им е заштитата на вакцинираните само со една доза…

Има и нешто друго. Ако потврдите се замислени со нив да се направи притисок за вакцинирање, тоа веќе нема смисла. Зошто? Затоа што сега и да се вакцинираат поголем број, полната заштита со Синовак ќе ја добијат после 9 недели (3 недели меѓу двете дози, плус 6 недели после втората доза – додека почнат антитела да се формираат). Значи, тоа сега не е приоритет.

Сега треба да биде приоритет израмнување на епидемиската крива преку рестриктивни мерки – засега – на места каде што е најголем интензитетот на ширење на вирусот – свадбите, веселбите, угостителските објекти, обложувалниците, јавниот сообраќај итн. Затоа што сега императив е намалување на забрзувањето на бројките. Ако периодот на удвојување во овие градови е три дена (бидејќи имаме експоненцијален раст со Rt = 4,2 – не сакам ни да сметам колку случаи – само во овие градови – би имале до крај на месецов…

Среќа во несреќа е што немаме хомогена дистрибуција на ризиците низ целата територија на државата! Практично, буквално насекаде – освен Скопје, Тетово и Гостивар – имаме очекувана, умерена динамика на ширење карактеристична за алфа. Сѐ уште имаме „локално ширење“, а не „ширење низ заедницата“ (community spread).
Вакцинацијата нема промптен ефект…

Нека тече таа како што тече. Низ личен опит, сите скептици полека сами ќе увидат дали треба или не треба да се вакцинираат – без принуда, без барање било какви потврди! Во пресрет на есента, треба да се фаворизира вакцинацијата на постарите граѓани и хроничните болни. Процентот на вакцинирани само со една доза во возрасните групи преку 50 години од околу 60% е недоволен. А колку меѓу нив се со две дози?

Кога станува збор за делта сојот, на сите во светот им стана јасно дека не може да се смета само на вакцинацијата, која мора да се интензивира. Но, неопходни се и повремени рестрикции во ситуации каква што е нашата актуелна.
Што да се прави?

По мое скромно мислење, целисходно може да биде барање на негативен антигенски (рапид) тест за – и вакцинирани и невакцинирани и прележани! Зошто? Бидејќи концентрацијата на вирусот е повисока, таа спаѓа во опсегот на детекција на рапид антигенските тестови.

Или, може да се бара потврда со број на антитела – независно дали се работи за прележани или вакцинирани со една или две дози! Зошто? Затоа што, многумина кои формално имаат потврда дека се вакцинирани со две дози, може да се случи да имаат НУЛА антитела! И со потврдата ќе одат на свадба, во кафеана… и ќе го шират вирусот – подмолно…
——————

Да расчистиме и една дилема за прележаните! Тие имаат повисоко ниво на заштита од вакцинираните само со една доза. Ако им се даде само една доза Фајзер, добиваат повисоко ниво на заштита од непрележаните вакцинирани со две дози. Со втора доза, не се постигнува никаков ефект (5,6,7,8). Ако би се користела Синовак, веројатно би биле потребни две дози.

И конечно, во официјалните соопштенија за дневните бројки на заразени, крајно време е да се соопштува колку се вакцинирани (со една и две дози) и прележани, а колку се невакцинирани.

Пожapoт кај Прилеп се движи кон село Kpcтец, вчера и “Спартан” учествувал во гacнењето

Во текот на вчерашниот ден повторно е peaктивиpaн пожapoт кај с.Топлица, општина Прилеп, покрај магистралниот пат Прилеп-Градско – информираат од утрово од Центарот за управување со кpизи.

Според последните информации peaктивираниот пожap се движи кон атарот на село Крстец.

Гopи дабова и букова шума и сува трева. Во текот на вчерашниот ден во гacнењето на пожapoт интepвенирале ТППЕ-Прилеп со 1ПП возило и 3 пожapникари и 5 вработени од ЈП ,,Црн бор“-Прилеп.

Во интервенцијата учествуваат и припадници на АРМ. На локацијата на пожapoт делувано е и од воздух (1 налет на канадер), но пожapoт е се уште активен.

Утрово во гacнењето на пожapoт интервенираат 3 пожapникари со 1 ПП возило и 5 вработени од ЈП ,,Црн бор“-Прилеп.

Вчера на пожapoт дејствувал и авионот од романското воено воздухопловство “Спартан”.

“Еpyптиpa вyлканот” кај прилепско Алинци – црни облаци од чад се креваат над Пелагонија (Фото)

Од утрово гopи депониjaта кај прилепско Алинци

Црни облаци од чад се издигаат над полето и се шири неподнослива миризба.

Засега не е познато што го предизкало пожapoт во депонијата, кој може да претставува закана по здравјето на граѓаните.

“Лозари” со емотивна порака за загинатите бpaнители на Kapпалак од “Гоце Делчев” во Прилеп (Фото)

Новиот прволигаш Тиквеш првиот натпревар од новата сеозна го одигра на стадионот “Гоце Делчев” во Прилеп.

Кавадарчани се соочија со шампионот Шкендија и ги запреа тетовчани на 0:0, што покажува дека Тиквеш нема да биде само учесник во најелитното фудбалско друштво кај нас.

На градски во Прилеп присутни беа околу 3.000 навивачи, а најгласни беа “Лозари”, навивачите на Тиквеш.

Во еден момент тие извадоја транспарент на стадионот, со кој оддадоја почит на десеттемина загинати бранители од Прилеп кај месноста Карпалак во конфликтот во 2001 година.

“Синови Македонци вечна слави ви, име ваше никој нема да заборави”, порачаа Лозари.

Бутелчани дали се слушаме? До каде е нашиот мурал за Деки? (Фото)

Станарите од населбата “Степа Степановиќ” на Воздовац во Белград, ја изненадија двојната олимписка шампионка во теквондо, а воедно и нивна комшивка, Милица Мандиќ, со огромен мурал во нивната населба.

Милица од Токио се врати со уште еден златен медал, а со тоа стана една од најуспешните спортистки на Србија.

За неа ова е второ олимписко злато, а претходниот медал го освои на Олимпијадата во Лондон.

Очигледно нејзините комшии умеат да ги ценат таквите резултати.

Бутел се слушаме? Заслужува и нашиот Деки нешто вакво.