дома блог страница 1636

Тhe Hounds ќе слават 13 години заедно со голем концерт во cpцето на Старата прилепска чаршија

Утре со почеток од 21 часот, па се до 2 часот по полноќ, роденденски концерт на The Hounds во Таke Five во Прилеп.

Најпознатите рокери од Прилеп слават 13 години заедно и ветуваат прекрасен концерт во срцето на Старата прилепска чаршија.

-После една година пауза поради пандемијата, се враќаме во срцето на чаршијата. Појачани со нашите пријатели на бина и Вас наша публико, ќе направиме момент кој ќе се памети цела година. Секогаш во среда – 11ти Август е датумот што треба да го зачувате. Целосната програма ќе ја објавиме во текот на неделата. Поканети сте сите, дојдете да играме и пееме заедно, велат од The Hounds.

Пocле денешните пеколни темпepaтypи ни cледyва мало paзладyвање yтpe: УХMP нajaвува пopoeн дожд и гpмежи

После денешните високи температури, кои наместа во Македонија ќе се искачат до 42 степени, ни следува мало разладување.

За утре од УХМР најавуваат сончево време со мала до умерена локална облачност.

Попладне ќе има зголемување на облачноста проследено со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Ќе има услови и за изолирана појава на град. Максималната температура ќе се намали за 3 до 5 степени. УВ=7

Во наредните 3 дена температурите ќе бидат во благ пад и ќе се движат во интервалот од 31 до 39 степени.

Aко имате виcoк пpитиcoк, не ja пpecкокнyвajте попладневната дpeмка – еве зошто е важно тoa

Спиењето попладне е поврзано со намалување на крвниот притисок и намалување на ризикот од срцев удар и други кардиоваскуларни болести, покажуваат податоците презентирани на една конференција на Европското здружение на кардиолози што се одржа во Лондон.

Во студија биле вклучени речиси 400 мажи и жени на средна возраст со хипертензија, состојба која значи зголемен крвен притисок.

Истражувањето покажа дека кај луѓето кои имаат навика попладне да дремнат, 24-часовен амбулантски систолен крвен притисок бил во просек за пет отсто понизок во споредба со пациентите кои не спијат во попладневните часови.

И иако таа разлика се чини на прв поглед мала, шефот на студијата д-р. Манолис Калистратос рекол дека дури и „намалување притисок од 2 mm Hg го намалува ризикот од развој на кардиоваскуларни болести за 10 проценти.”

Констатирано е дека попладневна дремка го намалува систолниот крвен притисок од 3 mm Hg за секој час на спиење, а за споредба, со мала доза на антихипертензивни лекови систолниот притисок се намалува за 5 до 7 mm Hg.

Друг факт во корист на оние кои сакаат попладневен одмор, студијата покажа дека подолг сон е поврзан со поголемо намалување на крвниот притисок. Се покажа дека еден час спиење дава најдобри резултати.

Пановcки: Бapaњето cepтификати за вакцинациja нема никаква вpcка со епидемиологиja и медицина

Иако бројките на зapaзени со Koвид-19 забpзано pacтат, микробиологот Никола Пановски за Канал 5 вели дека овој бран сепак нема да донесе голем број на cмpтни cлyчаи.

-Мислам дека добар дел од населението е прележано, релативно добар дел е вакциниpaно. Критично е особено за тие што не се вакциниpaни и што се потешка клиничка слика. Ако тие се заштитат во овие 2-3 месеци, се вакциниpaaт или некако се сокријат, нема да има многу cмpтни cлyчаи. Меѓутоа и да има нема да биде како порано, бидејќи имунитетот што го имаме, вештачки или природен, не’ штити. Мислам дека најмалку 70% од луѓето го имаат, а тие што го немаат, младите и децата полесно поминуваат – вели Пановски.

Досега во земјава се потврдени триесетина случаи со делта варијантата на Koвид 19. Од Министерството за здравство велат дека делта варијантата забрзано се шири секаде низ светот па голема е веројатноста истото да се случи и кај нас. Оттаму апелираат граѓаните да се вакцинираат со цел заштита на сопственото а со тоа и на јавното здравје, со цел да се избегнат поголеми рестрикции.

Новите рестриктивни мерки кои ги усвои Владата ќе стапат на сила од следниот понеделник. Со нив се предвидува задолжителна потврда за вакцина, најмалку прва доза, при влез на настан или објект со повеќе од 30 присутни на отворено. Д-р Пановски со критика гледа на дел од мерките додека за дел вели дека требало да се применуваат цело време.

-Мерката да не се собираат во затворен простор требаше да постои цело време. Иако задоцнета таа мерка е добра, не требаше да се дозволи собирања и свадби. Останатите мерки, како сертификати немаат никаква врска со епидемиологија и медицина. Ако овие седум дена се вакцинирате прва доза, можете да одите каде сакате, но имунитет ќе добиете по 3 месеци, ако е кинеска или месец и пол ако е „Фајзер“. Тоа е начин луѓето да се натераат да се вакцинираат – вели Пановски.

Газда на векот: Сите свои работници ги однесе на одмop во Аланиja, Typциja

Сенад Сантиќ од Мостар ги одведе сите вработени во неговата компанија ЗенДев на одмор во Аланија, Турција. Станува збор за бизнисмен кој се вратил во БиХ од Шведска пред неколку години за да живее и да основа своја компанија, а денес има повеќе од 30 вработени, пренесува Н1 Сараево.

„Пред неколку дена, некој ме праша – зошто? Добро прашање што ве тера да размислите за стиловите на лидерство, односот работодавач-вработен, менаџментот, капитализмот против социјализмот и други прашања “, напиша Сантиќ на Фејсбук.

Тој и неговиот колега отсекогаш сакале да го подобрат квалитетот на животот во овој дел од светот, и кога сфатиле дека повеќето луѓе кои работат во неговата компанија никогаш не летале со авион, сакале да направат нешто посебно за луѓето кои “ направиле се за нив. “, наведува N1 Сараево.

„Ова патување беше одлично, сигурен сум дека поврзувањето помеѓу нас ќе има позитивно влијание врз нас и нашата работа“, додаде Сантиќ.

Тој заклучува дека многумина се на мислење дека работодавачот не треба да има ваков однос со своите работници, но тој вели: „Ние секогаш ги правевме работите на наш начин“.

Сенад Сантиќ избегал во Шведска со своето семејство кога имал четири години. По школувањето и завршувањето на студиите по компјутерски науки, неговиот животен пат го одвел во Соединетите држави, каде што покажал интерес за развој на сопствен бизнис.

По враќањето во Шведска, Сенад Сантиќ развил мобилна апликација за локалните училишта. Меѓутоа, желбата за татковината и родниот град го вратила во Мостар, каде што започнал консултантска фирма за ИТ.

„Сите ве гледаат празно кога ќе им кажете дека ќе го направите тој потег, но видов дека има огромна потреба од информатика во Шведска и дека можеме да создадеме консултантска компанија, му се јавив на колегата Никола, кого го знам од детството и му предложив да основаме компанија., со тоа што тој ќе остане во Гетеборг и ќе наоѓа клиенти, а јас ќе надгледувам овде, ќе ги најдам вистинските луѓе итн. “, изјави Сенад Сантиќ за Н1 Сараево во 2019 година.

Седумдесет проценти од нивните клиенти се во Шведска, а останатите во Швајцарија, Норвешка и Америка. Почнаа со тројца работници и денес вработуваат повеќе од 30 луѓе.

Потpyшyвачката кошничка зголемена за 5.407 денари, на едно четиричлено семејство во месецот му се потребни 34.128 денари

На едно четиричлено семејство во јули му биле потребни 34.128 денари за да ги покрие основните месечни потреби, покажуваат податоците на синдикалната кошница што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.

Споредено со официјалните статистички податоци објавени за месечно исплатена плата во мај, трошоците на едно четиричлено семејство се поголеми за 5.407 денари.

Најмногу пари или 14.417 денари во јули биле потребни за храна и пијалоци, а 10.826 денари за подмирување на режиските трошоци. За превоз минимум биле потребни 2.528 денари, додека за хигиена 2.381 денар.

Остатокот е за обувки, облека, одржување на здравјето и за културни активности.

Го имаме нajголемиот идиот на Oлимпиjaдата во Toкио (Видео)

Морахад Амдуни маратонец кој е по потекло од Тунис, а трча за Франција, го направи најидиотскиот потег на Олимпијадата во Токио.

На маратонот од 42 километри на еден од пунктовите за разладување, Амдуни ги истурка сите шишиња со вода, а со цел да ги оневозможи останатите учесници да се разладат, иако температурата беше 35 степени.

На крајот тој заврши дури на 17-то место.

Пpво пpocлава за Рамковниот со 300 гocти, па потоа забpaни

Владата организира прослава со 300 гости по повод 20-годишнината од рамковниот договор, само два дена пред стапување во сила на новите ригорозни мерки кои предвидуваат забрана за организирање прослави, џемејни веселбим свадби…

Првиот вицепремиер Артан Груби убедува дека и покрај тоа што се најавени 300 гости за централната манифестација нема опасност короната да се шири меѓу нив.

Речиси 500 илјади или пола милион евра се предвидени да се потрошат за целата прослава која трае неколку месеци но ќе финишира на 13 ти.

Пpeкpaceн нacтан во Kpyшево: Литиja со cветите мошти на Cв. Kлимент низ yлиците на гpaдот (Фото галерија)

Вчера на празникот Св. Петка во прекрасниот храм Св. Никола во Крушево, се одржа Вечерна богослужба во спомен на патронот на нашата Македонска Православна Црква – ОА, Свети Климент Охридски.

После Вечерната богослужба, со моштите на светителот низ улиците на Крушево се одржа и свечена Литија.

Голем број верници учествуваа во литијата и се поклонија пред моштите на светиот Климент Охридски!

Литијата започна од храмот Св. Никола и се одвиваше по главната улица на Крушево и повторно назад до храмот.

Еден прекрасен настан кој зрачеше со љубов, радост и топлина.

Baкциниpajте ce ако caкате да пиeтe кaфe, пopaча миниcтepoт Бектеши

Збунувачки и нејасни се новите предлог- владини мерки кои треба да стапат на сила од 16-ти август и за граѓаните и за угостителите. Од следниот понеделник, целосна забрана за работа ќе имаат внатрешните делови на угостителските објекти, а терасите ќе може да примаат само вакцинирани гости. За проверка дали гостинот има вакцинален сертификат ќе треба да си постават редарски служби.

– Значи секој граѓанин кој сака да посети угостителски објекти мора да биде вакциниран и да има сертификат за вакцина. Останатите мерки си останува да си важат, како што е четвротица на една маса и дистанца. За непочитување на оваа мерка граѓаните нема да бидат казнети, ќе се казнуваат угостителските објекти. Значи ако сакате да одите по кафулиња, вакцинирајте се. Секој што сака да посетува угостителски објект треба да има потврда за вакцинација. Ова важи доколку во објектот има над 30 гости. До 30 гости во моментов не важи оваа мерка. Ако бројот на гостите е под 30 угостителскиот објект нема обврска да има редарска служба, рече министерот Бектеши.

На почетокот редарот нема да оди и да бара сертификат од гостите, вели Бектеши туку на влезот на менаџерите или на сопствениците на угостителските објекти ќе треба да им се покаже сертификатот, а државниот пазарен инспекторат ќе врши контроли дали тоа се почитува или не.