дома блог страница 1635

Како да доаѓа Папата: Спeциjaлци и снajпepиcти по зградите, ПСЖ потpoшил 3 милиони за обезбедyвање при доаѓањето на Меси (Видео)

Лионел Меси како слободен играч пристигна во Париз и го комплетираше дрим тимот на ПСЖ

После 18 години во Барселона, Меси е пред нов предизвик во кариерата, а како следна дестинација го избра ѕвездениот тим на парижаните кои со него во составот се надеваат на освојување на Лигата на шампионите.

Вчера Меси пристигна во Париз, каде на улиците го пречекаа илјадници фанови на ПСЖ. Меси пристигна со големо обезбедување, цела колона возила, на зградите беа стационирани снајперисти, а специјалци го одржуваа редот на улиците во Париз.

Според она што може да се прочита низ медиумите, само за обезбедување сопствениците на ПСЖ платите околу 3 милиони долари.

Како да доаѓа Папата….

Пpoвepeте дали ве има во избиpaчкиот cпиcoк

Граѓаните со право на глас кои сакаат да се изјаснат на локалните избори закажани за 17 октомври, своите податоци во Избирачкиот список ќе можат да гиг проверат уште сега преку веб-страната на Државната изборна комисија (ДИК) – www.sec.mk или на https://izbirackispisok.gov.mk/.

Официјално, јавниот увид на Избирачкиот список за изборите ќе започне на 21 август и ќе трае до 9 септември. Тогаш ДИК на увид ќе ја стави новата состојба на податоци на Избирачкиот список, што ќе се користи на денот на изборите.

Во овој рок граѓаните барањето за запишување, бришење или дополнување во Избирачкиот список треба да го достават писмено до подрачните единици или канцеларии на ДИК или електронски да се обратат до Комисијата и притоа да достават соодветни докази.

Рокот за закучување на Избирачкиот список со сите промени, како од граѓаните така и од политичките партии е 24 септември, додека Избирачкиот список финално треба да биде потпишан до 1 октомври.

На локалните избори годинава за првпат за проверка на идентитетот на граѓаните ќе се применат систем и терминали за вчитување на отпечатоци од прсти. МВР на 8 август до ДИК ги достави податоците на граѓаните, вклучително и отпечатоците од прсти, со што го испочитува законскиот рок од 48 часа по распишување на локалните избори, предвиден во Изборниот законик.

Oва можевме да бидеме ние, но ние одбравме прослава за Рамковен, наместо поправка на канадери (Видео)

Некаде во нормалниот свет…

Вака се прави тоа…

Кај нас:

Kaко магионичap: 3aeв вети за брзо време возобновување на изгopeните шyми

Премиерот Зоран Заев преку социјалните мрежи упати благодарност до сите кои учествуваат во гасењето на пожарите во Македонија.

-Солидарноста, системското функционирање, хиерархиската поставеност, во координација со меѓународните сили, го дадоа резултатот за да се локализираат и изгасат пожарите.

Заслужни за тоа се армиските хеликоптери, заедно со нашите херои – пожарникарите, полицијата, армијата, шумарите и шумските служби, ДЗС, ЦУК, како и помошта од Австрија, Словенија, Романија, Бугарија и Србија.

Голема е загубата во делот на шумите, но во брзо време ќе ги возобновиме. Важно е дека се заштитени луѓето, куќите, шталите и имотите на граѓаните, напиша Заев на ФБ.

Машала: Bладата кyпyва тoaлетна xapтиja и брисачи во вpeднocт од 30.000 евpa

Од Службата за општи и заеднички работи на Владата пред пет работни дена објавен е тендер, каде предмет на набавката е тоалетна хартија и брисачи за хартија.

Вредноста на оваа количина на набавката е предвидено да биде во вредност од 1.868.227 денари, односно над 30.000 евра.

Угостителите до Владата: “Веднаш да ја укинете одлуката со која се забранува влез на невакцинирани лица во ресторани”

Независната угостителска комора (НУК) бара од Владата веднаш да ја укине одлуката со која се забранува посета и влез на невакцинирани лица во угостителските објекти.

Според НУК, одлуката е неприменлива и не може да биде испочитувана без да се нарушат повеќе човекови права и да се прекршат неколку закони, посебно Законот за заштита на личните податоци.

Целта на Барањето, како што наведува Комората, е да се спречи деградација и селекција на вакцинирани и невакцинирани гости и да се овозможи сите угостителски објекти да бидат достапни еднакво за сите граѓани.

-Донесената мерка е неприменлива и неспроведлива од страна на угостителите без соодветна законска регулатива и продолжени и пренесени овластувања кои во моментов ги нема. Ниту т.н. нови редари, ниту кој било инспектор, ниту угостителите и вработените во угостителските објекти имаат законска можност, овластување и право да вршат проверка на лицата за нивната состојба на вакцинација со приложување потврда за извршена имунизација, соопшти НУК.

Во Барањето адресирано лично до премиерот Зоран Заев, НУК наведува дека медицинската состојба на граѓанинот и гостинот е сензитивна информација и согласно Законот за заштита на лични податоци со исклучок на службено лице и/или овластено лице – лекар, никој друг нема право да врши проверка или прибирање на оваа информација, ниту да врши селекција, односно дозвола за влез во јавен објект на граѓаните по основ на оваа состојба.

-Во моментов се уште согласно постојната важечка законска регулатива вакцинацијата е изборно право на секој граѓанин и не е задолжителна и како такво истата не смее да биде услов за нормално движење, работење и слобода на уживање на човековите права ниту услов за влегување во јавен објект и користењето на услугите на јавниот објект како што се угостителските објекти. Со оваа одлука неприфатливо е угостителските објекти да се ставаат во улога на експериментален филтер за да се провери дали и како системот на селекција на граѓаните може да функционира на вакцинирани и невакцинирани. Поради сето ова, бараме и очекуваме од Вас, веднаш да се укине одлуката со која забранувате посета и влез на невакцинирани во угостителските објекти, посочува претседателот на Комората, Здравко Јосифовски.

Ако Владата не ја укине одлуката, Јосифовски, како што нагласува, ќе биде првиот сопственик што ќе го затвори угостителскиот објект.

-Угостителите досега ги почитувале и спроведувале сите реални и неопходни препораки и протоколи за работа на угостителските објекти без разлика дали тие кореспондирале со тековните состојби, но оваа одлука не може да биде испочитувана и спроведена без да се нарушат повеќе човекови права и да се прекршат повеќе закони, посебно Законот за заштита на личлните податоци, потенцира претседателот на НУК во Барањето до Заев.

На 97-та седница Владата донесе одлука со која од 16 август 2021 година се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при во секаков вид објект на отворено, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани) на отворено.

Извор: kurir.mk

(Видео) Новинарка којa во живо ја пренесуваше состојбата со пожapите, не можеше да ги заджи солзите и заплака со дедото кој останал да ја чува куќата

Грчката новинарка Евлампија Реви почна да плаче во програма во живо, известувајќи од Евија каде беснее пожap.

Таа почна да плаче при разговорот со жител на малиот град Галатосон на грчкиот остров Евија. Тој со зарипнат глас и објасни дека не спие со денови, затоа што се обидува да ја заштити својата куќа. Човекот одговори дека нема каде да оди и дека не се плаши од пожаpoт.

Новинарката го симна ранецот и се обиде да побара маска за да му даде, бидејќи тој едвај зборуваше од чадот. Тогаш човекот почна да плаче, а и таа заедно со него.

(Видео) “А сад адио”

Ватерполо репрезенатцијата на Србија се врати од Токио откако го одбрани златото на Олимписките игри, а прес-конференцијата за медиумите стана навистина емотивна откако Стефан Митровиќ го поттикна целиот тим да ја пее песната “А сад адио”.

Стефан Митровиќ е еден од седумте играчи на кои финалниот меч против Грција им беше последен во репрезентацијата на Србија.

Откако изгоре државата: Иако било “ПРЕСКАПО”, власта ќе сервисирaлa два од трите авиони за гаснење на пожap

Вицепремиерот Артан Груби најави дека во најскоро време авионите за гаснење на пожap ќе бидат однесени на сервис во Хрватска иако тоа ќе чинело многу повеќе од предвиденото во тендерот.

Тој вели дека цените се нагло пораснати повеќе од 50 проценти од она што е предвидено во тендерската постапка и затоа пропадале претходните две постапки.

-Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување веќе потпиша договор со хрватските власти за сервисирање на двата авиони и уверен сум дека брзо ќе се постапи-изјави Груби за Канал 5.

По оваа изјава на Груби се поставува прашање зошто на сервис ќе бидат однесени два авиони кога претходната влада набави три и зошто се допушти тие четири години да скапуваат во хангарите во ситуација како оваа кога речиси во половина земја беснеат пожари?

Ангелов: “Ние немаме време за филозофирање, секој ден гаснеме пожapи”

Oпасното ширење на пожаpoт над Будинарци е сопрено со контролирано предизвикан контра – пожap. Вчера имаше четиринаесет пожapи, во овој момент има само четири. Се надеваме дека најмалку еден од овие четири пожapи денес ќе биде целосно изгаснет. Ние немаме време за филозофирање, бидејќи секој ден гаснеме пожapи“, изјави на денешната прес-конференција директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Ангелов се заблагодари на големата помош на населението во гаснењето на пожapите.

„Без силите на државата пожарите не е можно да се изгасат. И без помошта од странските сили, на кои сме им многу благодарни. Австријците не дојдоа како туристи, Бугарите не одеа на пиикник во Дојран па застанале тука. И српските хеликоптери и романските авиони дојдоа да помогнат на барање на Главниот штаб, значи на повик на државата“, рече Ангелов.