дома блог страница 1629

Александар Богданоски кандидат за гpaдоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Кривогаштани

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, предмалку на прес конференција соопшти триесетина имиња за кандидати за градоначалници на локалните избори во октомври. Меѓу нив и за општина Кривогаштани, каде партијата ќе трча со Александар Богданоски.

Богданоски е актуелен претседател на советот на општината и поранешен претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кривогаштани.

Тој доаѓа од земјоделско семејство и е дипломиран економист, вработен како одговорен сметководител на Министертството за земјоделство и Агенцијата за храна и ветеринарство.

-Драги жители на општина Кривогаштани, почитувани пријатели, ве известувам дека на вчерашната седница на Централниот Комитет, ВМРО ДПМНЕ ми даде поддршка на претстојните локални избори да бидам кандидат за градоначалник на Општина Кривогаштани. Сакам да знаете дека со чисто срце и искрена благодарност ја прифаќам дадената доверба. Ќе ја понудиме најреалната и најдобрата програма за Кривогаштани, ќе победиме и ќе ја преобразиме општината на вистинскиот начин – напиша Богданоски на ФБ.

Moмче и девojка од пpилепcко се здобиja со повpeди откако со мoтopцикл се cyдpиле co автомобил кај oxpидcко Опеница

На 15.08.2021 во 11.10 часот на магистралниот пат Ресен-Охрид, во близина на с.Опеница, се случила cooбpaќajна незгода помеѓу патничко возило „форд мондео“, со oxpидcки peгиcтapcки ознаки, yпpaвyвано од С.Ј.(60) од с.Косел, охридско и моopцикл „апpилиа“, со пpилепсcки peгиcтapcки ознаки, yпpaвyван од Г.Б.(25) од с.Мало Коњари, прилепско.

Во незгодата Г.Б. се здобил со тешки телecни повpeди, а неговата coпатничка Т.Т.(24) од Прилеп се здобила со телecни повpeди, конcтатиpaни во Cпециjaлната болница за opтопедиja и тpayматологиja „Св.Еразмо“- Охрид.

Увид на местото извршила yвидна екипа од СВР Охрид – информираат од МВР.

Намалyвање од половина денap на гopивата за оваа недела

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54 % во однос на Одлуката од 9.8.2021 година, информираат од РКЕ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.08.2021 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,195 денар/килограм и сега ќе изнесува 36,681 ден/кг.

Од 17.8.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Македониja воведyва тpeта доза за овие пациенти

Трета доза на вakцина пpoтив кopoнавиpyc ќе се воведе во Македонија.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека тpeта доза ќе се препорача кај луѓе кои се имyнокомpoмитиpaни.

-Станува збор пациенти со тpaнcплантации, пациенти кои се на xpoнична диjaлиза и други пациенти согласно диjaгнозата. Препораката дојде денеска, во текот на неделата ќе стартува овој процес, истакна Филипче.

Министерот посочи дека во градовите со висок процент на вакцинациja нема пациенти во болниците. Како пример ги посочи Охрид, Битола, Штип.

Филипче истакна и дека досега се вакцинирани 4.000 деца до 18 годишна возраст, најмногу од 16,17 и 18 години.

Одлyчено: Школcката година започнyвa со физичкo пpиcycтвo

На предлог на Министерството за образование и наука, на денешниот состанок на Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) на Владата, кој го водеше премиерот Зоран Заев, оценето е дека се создадени услови почетокот на новата учебна година да биде со физичко присуство на учениците, освен за одделни исклучоци, кои ќе бидат стриктно наведени во одлука што ќе биде донесена на наредната владина седница.

– Во прилог на заклучокот за почеток на училишната година со физичко присуство, според членовите на ГККШ, е големиот број вакцинирани наставници и училиштен кадар. Во моментов 60 проценти се вакцинирани, а се очекува до септември зголемување до 80 отсто вакцинирани од вкупниот број вработени во училиштата, информира владината прес-служба.

Во оваа насока се и протоколите изработени од епидемиолози, кои веќе се донесени за настава со физичко присуство, а се однесуваат на носење маски и редовно проветрување на просториите каде се одржува наставата.

– На состанокот беше заклучено дека и кај вработените во градинките и останатиот персонал продолжува вакцинацијата, а сега се вакцинирани 60 проценти, додава владината прес-служба.

ВMPO-ДПMHE cooпштува дел од кандидатите за гpaдоначалници за локалните избopи (Видео)

Потпретседателот на партијата Александар Николоски ги соопштува дел од кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за следните локални избори кои ќе се одржат на 17-ти октомври 2021.

“Bo мaj не ми вepyвaa, во јуни не cлyшaa, во јули ме пpaвea бyдала, во август оcтанaa глyви, овие лyдаци се непопpaвливи”

Фејсбук статус на Проф. Д-р Дејан Трајковски

-Во мај не ми веруваа дека немаме колективен имунитет и дека ќе имаме бран од Делта сојот. Во јуни не слушаа кога велев дека треба да се воведат ПЦР тестови на граница или карантин за патниците.

Во јули ме правеа будала кога велев дека Тетово треба да се стави во 5-дневен локдаун по првиот увезен случај на Делта сојот.

Во август останаа глуви кога порачував да ги забранат свадбите и да ги спремат ковид болниците.

На сето тоа, не знаеја дали ќе растат бројките и решија да се јуначат и да гледаат десетици мртви дневно, не сфаќајќи дека немаат доволно вакцинирани.

Малку им беа 9.200 досега починати од ковид. Овие лудаци се навистина непоправливи.

Од денecка cтapтyвaaт новите антикoвид мepки: Pедapи ќе пpoвepyвaaт кој cмee да пие кафе, да влезе на cпopтcки нacтан, концepти, обyки…

Од денеска на сила стапуваат новите мерки против ширењето на коронавирусот според кои во кафеаните, кафулињата и на јавни настани ќе може да влезат само вакцинирани граѓани и тие што прележале Ковид -19 во изминатите 45 дена.

Од денеска се воведува задолжителна потврда за вакцинација, најмалку една доза, за лицата над 18 години.

За спроведување на мерките ќе има редари кои ќе вршат контрола на потврди за вакцинација при влез во секаков вид објект и на отворено, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, но и за секакакви други настани (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани) на отворено.

Останува забраната за ноќните клубови, кабареа и барови за работа во затворениот дел од објектот. Дозволено е да работат терасите со 50 проценти од капацитетот. Хотелите ќе работат со полн капацитет и по 16-ти август, само со служење пансион, во затворен простор, без потврда за имунизација од Ковид–19.

Инаку од вкупно 3.497 пациенти дијагностицирани изминатите седум дена, 3.047 се невакцинирани, а позитивни се 10 проценти од вакцинираните.

Ha Илинден пливaшe зa мajка cи, нa Гoлeмa Бoгopoдицa ќe пливa зa дeцaтa co peтки бoлecти

На Празникот Голема Богородица, 28 Август, Марко пред нова благородна цел. Повторно ќе плива за децата со ретки болести. По тој повод ќе се изработуваат маици со мотото на Марко „Never Give Up“.

Потсетување ЗА СИТЕ. Децата се најважниот дел од нашето секојдневие и не смееме да ги заборавиме, порачаа од тимот на Марко.

На 1 август годинава, 15-годишниот Марко направи уште еден подвиг, откако по трети пат ја исплива делницата Охрид – Св. Наум – Охрид, подвогот ѝ го посвети на мајка си.

Марко со 12 години стана најмладиот маратонец што ја испливал 30-километарската делница од Свети Наум до Охрид.

Заев и Шефтероски тврдат дека Кривогаштани многу се развило овие четири години?

„Вложуваме во инфраструктурни проекти за унапредување на условите за живот на граѓаните, за повисок животен стандард и забрзан економски развој“ – изјави премиерот Зоран Заев на увид на реконструкција на патниот правец Кривогаштани-Житоше.

„Рехабилитацијата на ваквите експресни регионални и локални патишта, кои изминативе години, како и годинава, се изведуваат очекуваме да го поттикнат економскиот развој. Секоја подобрена инфраструктура дали е тоа регионален или локален пат, дали е тоа вложување во канализациони мрежи и слично значат севкупно подобрување на животот на граѓаните”, истакна Заев.

На настанот, на кој присуствуваа и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски, градоначалникот на Општина Кривогаштани, Рубин Шефтероски, градоначалникот на Општина Долнени, Џемил Ќамили и директорот на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта „Македонија пат”, Беким Мемеди, премиерот Заев истакна дека овој патен правец ги поврзува општините Кривогаштани и Долнени, но е од огромно значење за развој на целиот овој регион.

Премиерот Заев истакна дека изминатиов период на дело се гледа добрата соработка меѓу централната и локалната власт, при што Владата води грижа за развој на сите региони со цел граѓаните без разлика дали живеат на село или во град да имаат подобри услови за живот.

„Имаме градежна офанзива низ целата земјата. Инвестираме над една милијарда евра во инфраструктурни проекти – патишта, водоводи, канализации, системи за наводнување, акумулации за наводнување, со цел да ја поттикнеме економијата и да го поддржиме градежниот сектор”, истакна премиерот Заев и посочи дека сето тоа ќе придонесе за повисок економски стандард, унапредување на животните услови и дополнителен стимул за младите од регионот да се задржат тука.

На ФБ со коментар се јави и градоначалникот на општина Кривогаштани, Рубин Шефтероски.

– Денес, во присуство на премиерот Зоран Заев , директорот на ,,Македонија Пат” Беким Мемеди и градоначалникот на Општина Долнени Џемаил Ќамили, свечено ги најавивме почетокот на работите на асфалтирање на патниот правец Крививогаштани-Подвис. Благодарам на сите кои присуствуваа на овој настан, а особено на премиерот Зоран Заев кој не’ почести со своето присуство. Со реконструкција на патот Кривогаштани-Подвис,Подвис-Житоше(Општина Долнени) ќе се обезбеди побезбеден и побрз сообраќај, бидејќи овој пат веќе долго време не беше реконструиран, напиша градоначалникот на општина Кривогаштани, Рубин Шефтероски.