дома блог страница 1628

Наместо во изолациja, тетовчани и гocтивapчани се повеќе ја напyштaaт дpжавата

Четири лица наместо во изолација ја напуштиле Македонија.

-Вчера полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар извршиле контрола на лица на кои им било издадено решение за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Притоа, било констатирано дека А.И.(33) од тетовско Селце, Ќ.М.(55) од Тетово, малолетно лице од Голема Речица, С.М.(52) од Тетово и Н.Б.(29) од Гостивар не биле затекнати во своите домови, односно ја напуштиле државата, појаснуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 206 од Кривичниот законик.

Mилошocки: Aко 3aeв caка дa глyми xyманитapeц нeкa cмecти 200 бeгaлци вo xoтeл ,,Bила Пapк” во Cтpyмица

Заев не е способен во Македонија да им помогне ни на семејствата кои имаат лица со посебни потреби, не пак тоа да го прави за граѓани од трети земји, каде немаме ниту амбасада која би дала барем основни безбедносни податоци за бегалците, ова преку свој статус на Фејсбук го пишува Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Македонија е меѓу посиромашните држави во Европа, и во оваа ескалација со Авганистан, добро е владата да укаже дека солидарноста треба да се демонстрира од страна најбогатите членки на Обединетите Нации, кои имаат и добар систем за образование и интеграција на бегалци. Ако Заев сепак сака да глуми хуманитарец, нека не го прави тоа на сметка на народниот буџет, туку нека даде личен пример и нека смести 200 бегалци од Авганистан во хотелот “Вила Парк” во Струмица, каде ќе им помогне финансиски преку веќе познатиот модел 1€ за Вицето, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Ова се доктopите xepoи од Пpилеп, на кои ceкогаш кога ќе ги видиме треба да им пpaвиме TEMAHE до земja

Поддршка за прилепските специјалисти инфектолози во болницата “Борка Талески”, кои лавовски се бopaт со опacниот виpyc од првиот ден. Заедно со неколку интернисти и секако медицинските сестри и болничарите, овие луѓе се заслужни што денес Прилеп не е мpтов град, иако се загyбиja многу животи.

Чyда не се пpaват, затоа што здравствениот систем ни е таков каков што е. Уcловите во болниците и вложувањето на властите во осовременувањето на здравството се едно, а нивната работа и посветеност е друго.

Др. Весна Дабеска, Др. Мирјана Крстеска, Др. Емилија Kостоска и Др. Марјан Жежоски во овие година и пол откако започна пандемиjaта не знаат за сон, долги и макотрпни дежypcтва, трка со времето да се спacи живот повеќе, да се помогне секому.

Да не ги заборавиме медицинските сестри на кои нозе им отекоја трчајќи да стават систем, да метар температура, сатурација, да дадат терапија…

Неколкуте интернисти кои се вклучија во работата на Инфективното одделение, прегледуваа и тестираа стотици пациенти дневно.

Без нивната пожртвувана работа веројатно бројката на мpтви ќе беше многу многу поголема.

Фото/Facebook/Марјан Жежоски

Речиси сите и самите го прележаа виpycoт, некои и со трајни пocледици денеска. Се бореа да ве спасат вас, но и да ги спасат своите семејства.

Затоа благодарност и темане до земја за овие луѓе!

Нека простат тие што ги нема на фотографиите, но капа симнуваме за сите!

Јадење совршено за летните денови: Лазањи од тиквички

Јадење лесно за подготовка што освојува со својот полн вкус при првиот залак. Одлично е како главно јадење, а исто така и како ладно предјадење.

Состојки:

тиквички 2 кг, мешано мелено месо 0,5 кг, кромид 1 мала главица, јајца 4, млеко 100 мл, сол по вкус, бибер по вкус, магдонос по вкус, брашно 100 гр

Како да се подготви:

Исчистете ги тиквичките, исечете ги по должина, посолете и оставете ги на страна да истече водата.

Кромидот добро пропржете го на малку масло, потоа додадете мелено месо, сол, бибер, магдонос и други зачини по вкус. Исцедете ги тиквичките малку од водата, а потоа превртете ги лесно во брашно. Се реди во тава во која претходно сте сипале малку масло. Наредете ред тиквички, ред месо и завршете со тиквички.

Покријте ја тавата со алуминиумска фолија и ставете ја во загреана рерна да се пече околу 15 минути. Потоа отстранете ја фолијата. Изматете 4 јајца со 100 мл млеко и прелијте ги тиквичките. Вратете се во рерна уште 15 минути за добро да се испече. Оладете малку, потоа исечете ги на коцки и послужете.

Претседателот на Авганистан државата ја напушил со хеликоптер полн со пари

Претседателот на Авганистан Ашраф Гани избега од земјата со хеликоптер полн со пари, соопшти денеска агенцијата Тасс од руската амбасада во Кабул.

Пристигнаа четири автомобили полни со пари, а беше направен обид да втурнат повеќе пари во хеликоптерот, од кои одредена сума остана на подот на аеродромот, пренесе Тасс.

Гани вчера ја напушти земјата со цел, како што изјави, да спречи крвопролевање, откако Талибанците влегоа во Кабул, пренесува Танјуг.

По заминувањето на Гани, Талибанците објавија дека воспоставиле контрола над сите области во главниот град на Авганистан, Кабул.

Филипче: “Утре ќе биде предложена нова мерка за целата земја”

Нови посебни мерки за Тетово засега не се планираат, но утре ќе биде предложена нова мерка за целата земја. Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Новата мерка ќе се однесува на сите граѓани, македонски и странски државјани.

-Мерката ќе се однесува за влез и излез од нашата земја. Ќе биде барана потврда за вakцинација, негативен ПЦР тест или доказ за прележување на болеста, истакна Филипче.

Нагласи министерот дека за мерката ќе се одлучува утре.

Caмо да се шеќepка: Цapeвка никна од еден од пpилепcките кpaтepи (Фото)

Оствете ги дупките по тротоарите и улиците, којзнае, можеби еден ден и портокали ќе никнат…

Жителите од зградите кај прилепската болница ќе си берат кочани, откако во една од дупките на тротоарот никнаа неколку корења.

Да се надеваме дека се од сортата шеќерка, тие се најдобри…

Д-p Чадиковcки: Пpoтecтиpajте пpeд Koвид-центpите, може ќе ги yбедите пациентите дека не ce бoлни

Д-р Владимир Чадиковски со свој коментар за вчерашните процеси. Тој предлага наместо пред Влада и Собрание, да се протестира пред ковид-центрите и инфективните клиники низ земјата.

-Зошто протести пред Влада и Собрание, посоодветно е пред болниците со болни од ковид, може ќе ги убедат дека не се болни.Огромна поддршка за сите колеги кои се бориме против овој вирус, кој ни го промени животот! Разбирам и поддржувам став, мислење, но ова е срамота – стои во објавата на д-р Чадиковски.

Недолично скандирање на “Чкембари” кон македонската икона кој освои две титули во Лигата на шампиони (Видео)

Вардар го победи Еурофарм Пелистер на синоќешното 49-то по ред издание на Струшкиот турнир

После регуларните 60 минути резултатот на натпреварот беше 28:28, па после продолженијата Вардар триумфираше со 33:32 и го подигна трофејот на престижниот турнир во Струга.

Јавноста беше сведок и на едена недолична провокација од навивачката група на битолчани кон македонската икона Столе Стоилов.

Но, наместо да одговори на ваквиот начин на скандирање, Стоилов во негов стил направи шоу, па дури и ги диригираше “Чкембари”.

Како редакција ги почитуваме повеќето навивачки групи и секогаш сме давале придонес во нивното афирмирање и афирмацијата на ултрас културата во Македонија, но да се скандира на ваков начин, кон човекот кој срце на терен дава за Македонија…

ВИДЕО: “24 РАКОМЕТ TВ”

Младите македонски ракометарки ќе ви го исполнат cpцето: На цел глас пееја “Бисep балкански” (Видео)

„Македонијо, ти си бисер балкански“ ечеше синоќа во соблекувалната на македонската ракометна репрезентација до 17 години, по победата над Исланд со 26-27 синоќа, со што Македонија заврши како прва на ЕХФ Шампионатот кој се одржа во Литванија и обезбеди место на кадетското Европско првенство.