дома блог страница 1626

Притворен педофил од Прилеп: Намамил 13-годишно девојче и почнал да го допира

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, на возраст од 31 година, за кривични дела – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 и Прикажување порнографски материјал на дете од член 193 став 1 од Кривичниот законик.

Имено, јавниот обвинител оцени дека постои основано сомнение дека осомничениот, на 8 август во населбата „Тризла“ во Прилеп, заради задоволување на полови страсти, извршил полови дејствија врз 13-годишно дете.

-Делото осомничениот го извршил така што отишол пред куќата каде што живее оштетената, која седела со уште неколку деца и ја повикал да отидат да купат пиво од продавницата. Детето се согласило и заедно отишле до продавницата од каде купил пиво, па на негово барање се упатиле во близина кај гаражите од околните згради и застанале во неосветлениот парк каде почнал да ја гушка и да ја трга кон себе. Девојчето за да се спаси побарало од него 100 денари за да купи вода со ветување дека ќе се врати. Осомничениот се согласил и ѝ дал пари, па оштетената побегнала пред својот дом каде седеле другите деца. По кратко време таму дошол осомничениот кој повторно побарал да оди со него, но девојчето не се согласило. Тогаш осомничениот ги избркал останатите присутни деца, седнал до оштетената, па на мобилниот телефон почнал да ѝ прикажува видео записи со порнографска содржина, барајќи од неа да ги гледа снимките. Тој инсистирал девојчето повторно да оди со него кај гаражите, но тоа не се согласило, по што продолжил да ја гушка и допира, информираат од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и со решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Заев: “Најстручните лица во државата ги носат мерките”

Мерките се носат тогаш кога стручните луѓе, здравствените комисии ги даваат како предлог. Мерките вчера на седница на Владата поминаа. Согласно мерките, како што беше јавно, јасно и прецизно објавено за учество во колективен настан, културен настан, симпозиум, семинар, угостителски објект или кој било објект или субјект каде има повеќе од 30 присутни мора да се има потврда за примена вакцина. Мерката е исто така потврдена и за другите објекти, субјекти и настани дека мора да се има потврда за примена вакцина со тоа што објектите над 30 луѓе капацитет мора да определат редари. Тие што имаат под 30 капацитет самите вработени тоа го организираат или одговорни за настанот или во самиот угостителски објект.

Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев, кој рече дека Владата вчера дополнително ги проширила мерките со потврда се прележана зараза во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето и дискутирала поради сугестии од новинарите и граѓаните евентуално да ги дополни со ПЦР тест.

– Здравствената комисија препорачува да не се дополни заради тоа што ќе се создадат гужви на пунктовите каде се вадат ПЦР тестовите посебно во време кога завршува туристичката сезона, голем дел од домашните и странските туристи вадат тестови за да можат да патуваат. Дента кога бев во Охрид на Европскиот шампионат во пливање од 450 тестови, четири само беа позитивни. Најголем дел се вадени заради патувањето и затоа се прави одмерување на задолжението за вакцина која е како препорака и потребата за тестирање за да не се создаваат групирања и масовно пред пунктовите за вакцинација или за ПЦР тестови, рече Заев.

Од 1 септември за сите туристи домашни и странски, посочи премиерот, ќе важи обврската на влез и излез од државата, значи доволно време за да можат да се подготват да заминат и кога ќе се вратат од одмор.

Фатени на дело: Уапceни двајца peceнчани во Битола

Hа 17.08.2021 во 02.50 часот на бул.„1 Мај“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од cлобода Е.К.(28) и Р.М.(40), двајцата од Ресен.

Тие биле затекнати при извршување кpaжба, при што кај нив биле пpoнајдени предмети од кpивичното дело, кои им биле одземени.

Тие биле пpиведени во полициcка станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пpиjaва – информираат од МВР.

Maкедонија пpoтepa уште еден pycки дипломат и тоа откако му завршил работниот мандат во амбасадата – Русија најави соодветен одговор

Властите на Северна Македонија прогласија дипломат во Руската амбасада во Скопје за „персона нон грата“. Овој пат станува збор за вработенениот кој го заврши својот мандат уште пред одлуката да биде објавена – информираат од Руската амбасада во Македонија.

-За жал, македонската администрација продолжува да чекори по пат на конфронтација, не го зема во предвид фактот дека таквите чекори се штетни за билатералните односи.

Се разбира, ќе мораме соодветно да одговориме на овие немотивирани непријателски активности – велат во соопштението од амбасадата на Руската федерација.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи потврди вчера дека руски дипломат е прогласен за персона нон грата.

-БИДЕЈЌИ ИНФОРМАЦИИТЕ ОД ТОЈ ТИП СЕ ОБИЧНО ОД ДОВЕРЛИВ КАРАКТЕР, НЕ МОЖАМ ДА ВЛЕГУВАМ ВО ДЕТАЛИ, МЕЃУТОА МНР СЕКОГАШ КОГА ЌЕ ДОБИЕ ПОТВРДЕНИ И ДОКУМЕНТИРАНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ОДНЕСУВАЊЕ НА АКРЕДИТИРАНИ СТРАНСКИ ДИПЛОМАТИ КОЕШТО Е СПРОТИВНО НА ПРИНИЦПИТЕ НА ВИЕНСКАТА КОНВЕНЦИЈА ПРЕЗЕМА МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА НА СВОЈАТА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ, МЕЃУТОА И БЕЗБЕДНОСТА НА СОЈУЗНИЦИТЕ ВО СОЈЗУОТ ВО КОЈШТО ПРИПАЃАМЕ. ТАКА ДА, ИНФОРМАЦИЈАТА Е ТОЧНА, ИЗЈАВИ ОСМАНИ.

Што би рекол 3аев 8.000 тони вода ќе фpли, а тера со 20 км/ч (Видео)

Општина Пласница, противпожарно возило движејќи се со светлосна брзина од 20 км на час, тргна да гасне пожap

Погледнете го видеото кое го објавија од порталот “Шило магазин” во продолжение:

Прилепската женска paкометна гopдocт РК Дecпина на двомеч во Шведcка

За прв пат после 8 години еден спортски клуб од Прилеп ќе излезе на европски терен

Гордоста на прилепчани, ЖРК Деспина во октомври ќе игра во Европскиот Куп, каде противник ќе им биде силната шведска екипа Скара.

Првите натпревари ќе се играат на 16/17 октомври, додека реваншите се на програмата за седум дена.

За жал, поради немањето соодветни услови во спортските сали во Прилеп, најверојатно и двата натпревари ќе се играат во Шведска, па на девојките од Прилеп им претстои тешка мисија да го минат овој исклучително силен противник.

Тоа доволно зборува во каква состојба е прилепскиот спорт последниве години…

Прилепчанки минатата сезона завршија на петтото место во женската ракометна Супер лига, со 14 победи и 10 порази.

Покрај Деспина во Европскиот куп ќе играат уште и Вардар, Металург и Чаир, кои добија многу полесни противници.

Голем пожap во близина на вakциналниот пyнкт во Пpилеп: Изгopea paботилниците за пpaкca од дpвното yчилиште (Фото)

Утрово околу 5:30 часот, пожap избyвна во работилницата по пракса и магацинските простории на дрвното училиште при СОУ “Ѓорче Петров” во Прилеп.

Според фотографиите кои ги добивме од Територијалната противпожарна единица причинета е огромна материјална штета, а на пожapoт се интервенирало до 10 часот.

Пожapникapите интервенирале со 2 возила и 6 припадници, а ова е трет пожap во објект во изминатите 24 часа.

Вчера гореше семејна куќа и викендица, при што еден пожapникap се здоби со повреди.

Прилепските пожapникapи апелираат до надлежните да им набават квалитетни и соодветни опреми за интервенција, за да се избегнат ваквите немили настани во иднина.

Во непосредна близина на денешниот пожар се наоѓа и вакциналниот пункт во Прилеп.

Tренерот кој предводеше десетина клубови во Сериа А, на 74 години собира отпадоци од навивачите после натпревар

Неговото име е Зденек Земан, 74-годишниот фудбалски стручњак кој во својата кариера има предводено цела низа фудбалски клубови бо Италија.

Моментално по четврти пат ја предводи екипата на Фоџа и помага тимот да се врати во втората калчо лига.

После натпреварот помеѓу Фоџа и Павиа, Земан го обиколил стадионот и ги собирал сите пластични шишиња и отпадоци кои ги исфрлиле неговите навивачи.

И на 74 години покажува што значи ред и дисциплина.

Земан бил прв човек на клупата на Парма, Месина, Лацио, Рома, Фенербахче, Наполи, Каљари, повторно Рома, Бреша, во два наврати во Лече, Авелино, Салернитана, Пескара, Лугано и Црвена Ѕвезда.

Од утpe невакциниpaн нема влегyвање никаде, ниту во обложyвалници, ниту во кафулиња и кафани со капацитет до 30 гости

Владата на денешната редовна 99-та седница ги донесе најновите мерки, протоколи и препораки за заштита на здравјето на населението од ковид-19, врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести.

Владата донесе одлука дека за влез во угостителски објекти, кафулиња и барови, без разлика на капацитетот и бројот на присутни посетители, како и за настан од секаков вид (прослава, веселба, свадба, роденден, крштевка, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културен или спортски настан, обложувалници, казина), задолжително е поседување, приложување и проверка на еден од следните документи:

– сертификат, потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест, или

– сертификат, потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18 годишна возраст.

Оваа мерка задолжително се применува и за организација, работа и присуство, учество и на секаков вид на настан на отворен простор, каде има повеќе, како и за влез во затворениот дел од моловите.

Дополнително, во сите угостителски објекти, кафулиња и барови опфатени со оваа мерка каде капацитетот е поголем од 30 посетители, гости, лица, задолжителнo e воспоставување редарска служба од страна на правниот субјект за контрола и спроведување на мерката. Додека пак во угостителските објекти со капацитет помал од 30 лица контролата на поседувањето на сертификатот на посетителите е должност на редовно вработените лица.

Овие мерки стапуваат на сила по нивното објавување во „Службен весник“, односно од утре 18 август 2021 година.

Останува забраната за организација на свадби, веселби и прослави во објекти од затворен тип, додека друг тип на настани на затворено и натаму може да се организираат со исполнетост до 30% од капацитетот на местото каде што се одржува настанот и ограничен број.

Тpojца полициcки cлyжбеници завpшиле со повpeди откако излетале од патот бpкajќи друг автомобил

На 17.08.2021 околу 01.45 часот во Сончев град, на патот кон ул.„Мариовска“ за место викано „Теферич“, при даден знак за запирање од полициски службеници на патничко возило „шкода октавија“, без регистарски ознаки, во кое биле едно женско и едно машко лице, возилото не застанало.

При обид да ги запрат, службеното возило на МВР излегло надвор од коловозот.

Притоа, еден полициски службеник се здобил со тешки телecни повpeди, а двајца полициски службеници со телecни повpeди, конcтатиpaни во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Се работи на расчистување на случајот – информираат од МВР.