дома блог страница 1624

Пановcки: Heма кoj да мy каже на 3aeв дека 10 % од 7.700 е 770, тoj миcли дека ce 77 – кpaj на мyaбетот

Го гледам премиерот Заев на Сител. Вели, “Само 10% од позитивните се потполно вакцинирани, тоа е 0,017% од сите вакцинирани. Од 7700 активни случаи 10% се само 77 лица”. Ете, тој мисли дека само 77 лица се заразиле од вакцинираните. Нема кој да му каже, па и “Цаци” дека 10% од 7700 е 770. Крај на муабетот. Потоа оди тезата вакцинираните се позаштитени од прележаните итн. Кога ќе најде 770 прележани од 7700 активни да ми пише, нема да најде ни 77 прележани по неговата пресметка на проценти, реагира д-р. Никола Пановски на изјавата на премиерот Зоран Заев.

-Тешко нас кога премиерот мисли дека вакцинираните десет пати помалку оболуваат отколку што пријавува Министерството за здравство и врз основа на тоа донесува одлуки, пишува понатаму Пановски во својата реакција објавена на Фејсбук.

Ластовичките во Прилеп се спремаат да ја напуштат “северна” и да се преселат во топлите краишта (Фото)

Со надеж дека до година ќе ни дојдат во уште поголем број ги испраќаме овие благородни птици и ветуваме дека ќе им ги чуваме седалцата.

ФОТО/КАРОЛИНА ДУРЛО

Орбан: “Нема да прифатиме бегалци од Авганистан. Нашите граѓани нема да плаќаат за туѓи грешки”

Унграската десничарска влада на Виктор Орбан нема да дозволи унгарските граѓани да плаќаат за туѓу геополитички грешки и нема да прифати бегалци од Авганистан, пренесува Associated Press.

Левенте Магјар, државниот секретар во унгарското Министерство за надворешни работи, за МТI изјави дека Унгарија нема да прифаќа бегалци “под никакви рестрикции”.

Во 2015 година, Унгарија изгради ограда долж својата јужна граница за да ги спречи бегалците од Блискиот Исток и Африка да влезат во земјата. Магјар рече дека оградата ќе помогне да се спречи потенцијалниот бран авганистански бегалци, но тие се подготвени да им помогнат на оние што работеле како преведувачи за унгарските војници.

3aeв: Нашите капацитети се да пpимиме над 1.800 бегалци од Авганиcтан

Премиерот Зоран Заев принеговото вечерашно гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија откри дека Република Македонија ќе прими над 1.800 бегалци од Авганистан.

-Нашите капацитети се во илијадници, односно 1.200, 1.800 луѓе, Албанија помеу 2.000-3000 луѓе. Ние сме со потврдени 450 луѓе, а во овие моменти додека разговараме потврдуваме нови 70 лица исто така миротворци и хуманитарци, истакна вечерва Заев.

Иако претходно се спомнуваше некоја бројка од 200 лица, потоа властите ја зголемија на 400 и повеќе, а вечерва премиерот на државата открива дека во Република Македонија би можеле да бидат примени повеќе од 1.800 бегалци.

Прекрасно: Храмот кој е гордост на прилепчани блескаше од убавина за денешниот празник (Фото)

Преображението Господово е еден од осумте големи празници, кога и планината и водата почнуваат да се преобразуваат во зори, најавувајќи ја претстојната есен.

Храмот Св. Благовештение (Стара црква) во Прилеп, утрово беше прекрасно украсен во духот на големиот празник.

Од прилепското архиерејско намесништво се потрудиле на вистински начин да го доближат овој светол ден до верниците.

Синоќа пак во пресрет на празникот, во храмот Св. Преображение, кој се наоѓа веднаш до Стара црква, празнична Вечерна Богослужба отслужи Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар.

А литургија се одржа и денеска

Значење на празникот Св. Преображение:

На Преображение, листот во планината и каменот во водата се преобразуваат, листовите почнуваат да жолтеат и да паѓаат, а водата станува постудена, па затоа не е погодна за пливање.

На Преображение, небото се претвора трипати во мpтBa ноќ. Кој го гледа тоа и им кажува на другите, се верува дека ќе го изгуби умот.

Според верувањата, не е добро да спиете во текот на денот за време на Преображението Господово, затоа што секој што заспива тој ден ќе се преобрази, па ќе биде дремлив во текот на целата година.

Не е добро некој да плаче тој ден, ниту е вредно луѓето да го поминат целиот ден во таверна – за да не се навикнат на тоа и да се погубени.

Празникот Преображение е во Богородичниот пост на кој задолжително се пости.

Грозјето се јаде за прв пат по Преображението, лешниците се берат на Преображение и се чуваат како лекови во текот на целата година, кога некој има болka во ушите.

Се верувало дека кога на пациентот му се давале вакви лешници за јадење, ќе се опорави.

Kpивична за полицaeц од Битола за лиxвapcтво: Давал пapи на заем со виcoки камати

СВР Битола поднесе кpивична пpиjaва пpoтив З.Б.(31) од Битола, полициcки cлyжбеник, пopaди ocнови на coмнение за cтopeно кpивично дело „лиxвapcтво“, казниво по член 260 cтав 1 од Kpивичниот законик.

Пpиjaвениот, во текот на 2020 и 2021 година, искористувајќи ја тешката имотна cocтojба на оштетените, а со цел за себе да пpибави поголема имотна кopиcт, cклyчил фиктивни договopи за заем на пapични cpeдcтва, со нecpaзмерна камата од околу 10%, кои се завepeни на нотар и се изготвени coлемнизации со својство на извpшна иcпpaва, со што се стекнал со вкупна материјална кopист од околу 397.700 денapи само на име камати.

Полициcки cлyжбеници извpшиле пpeтpec во домот на пpиjaвениот, при што биле одземени неколку договopи за заем и договopи за кyпопpoдажба на моторни возила, склучени со четири оштетени лица.

Прилепcките земjoделци: Дajте ни ја помошта од петтиот пакет, пapите ни тpeбaaт ceга, или ќе ги cметаме како пpeдизбopeн поткyп (Видео)

И понатаму, нема крај за маките од македонските земјоделци. Се уште незапочнатата исплатата на помошта од Петтиот Ковид-пакет, недоисплатените субвенции и покрај веќе намирените долгови за водарина и пашарина, и последно, сушата и силното невреме од минатата недела кое во одредени реони родот го уништил и до 80 проценти, повторно ги дигна на нозе – oбјави “АЛФА ТВ”

Според координаторот на новоформираните тутунски здруженија, Игор Мирчески, состојбата е повеќе од очајна, па утринава тие упатија нов, јавен апел до власта.

„Бараме на првата седница која ќе ја свикате во Собранието да го изгласате тој фамозен Петти пакет, бидејќи тие средства нам ни се потребни веднаш и сега. А секое друго одложување ќе го сметаме како вршење притисок и начин за поткуп за изборите кои следат“, стои во јавниот апел од македонските земјоделци.

Освен ова, тие бараат и прогласување состојба на елементарна непогода, како и да се изнајдат начини за обесшететување на сите земјодлеци, кои во оваа реколта, заради неповолните временски прилики, претрпеле огромни штети.

„Во оваа реколта трпиме огромни штети од неповолните временски услови, настанати од сушата и од врнежите од град каде во некои реони, родот на тутунопроизводителите и земјоделците им е уништен и преку 80 проценти. Исто така, бараме и вклучување на тутунарите и сточарите во мерката „зелена нафта“, бидејќи, ако сте заборавиле и ние нивите ги обработуваме со трактори и друга механизација“, – реагираат од Здружението на новоформираните тутунски здруженија.

Инаку, како што веќе е познато, македонските земјоделци, минатиот месец излегоа на предупредувачки генерален земјоделски протест, за кој, како што велат, во овој период само бил ставен во мирување и не ја исклучуваат можноста за повторно да биде активиран, доколку и овој пат бидат изигнорирани овие нивни барања, а кои се провлекуваат повеќе месеци.

Каролина Дурло

Општинската кола си се вози на влечна служба? (Фото)

До нашата редакција пристигнаа фотографии, на кои се тврди дека се гледа службениот автомобил на градоначалникот на општина Прилеп.

Засега не е познато како и зошто најдобриот автомобил кој го поседува општината завршил на влечна служба и дали истиот повторно ќе биде во употреба.

Заев: “Ако не се донеси законот, ќе се гласа со истечена лична карта”

Законот за личните карти е блокиран со амандмани од Левица иако политичката партија БЕСА беше доволно флексибилна да поднесе амандман за почеток на дејстиве од 2023 година за етничката определба на граѓаните во личните карти, очекувајќи Европа да се изјасни по ова прашање. За мене е ова флексибилност на сериозна партија, изјави премиерот Зоран Заев денеска во Јегуновце.

Тој информира дека преку 40 илјади лични карти не се издадени, а се поднесени барања, некои од нив првпат.

– Имајќи предвид дека вака е заглавено ова решение, првата можност е со работа на Парламентот од 1 септември да се донесе законот и да се издадат тие лични карти. Втората работа е Министерството за правда, заедно со другите надлежни ресори, да работат како да изнајдат начин, со одлуки, правилници или критериуми, да дадат можност и со истечена лична карта да се гласа, затоа што граѓаните може да гласаат и со лична карта и со пасош. Но, сите немаат пасоши, изјави Заев.

Тој изрази уверување дека за да се заокружи правото на граѓаните да гласаат ќе се изнајде решение, затоа што, како што рече, во пракса и во минатото со истечена лична карта заради неможноста да се издаде лична карта или од распишувањето на изборите кога е истечена личната карта, се даваше можност да можете и со истечен рок на важење на ваквите лични документи да се гласа.

Приведен 48-годишен прилепчанец по кого била распишана потерница

Вчера од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево во Скопје бил лишен од слобода К.Т.(48) од Прилеп, за кого била распишана централна потерница за доиздржување на казна затвop во Прилеп.

Притоа, при извршена контрола кај него биле пронајдени алати и предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со извршени кривични дела и тие се предадени за вештачење.

К.Т. е спроведен за доиздржување на затворската казна во Прилеп, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.395 ст.3 за „изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело“ од Кривичниот законик.