дома блог страница 1622

300 eвpa нагpaда: Bo Цpна Гopa натпpeвap во лежење (Видео)

Постојат многу вицеви и шеги за црногорците. Тие секогаш ги претставуваат нив како мрзеливи, но со оваа шега, очигледно тие знаат да се носат и ја прифаќаат на своја сметка.

Во црногорското етно село Брезна, кое се наоѓа помеѓу Никшиќ и Плужине, денеска започна традиционалниот ,,натпревар во одмор и лежење”.

На десеттиот собир учествуваат осум натпреварувачи, кои ќе се борат за наградата од 300 евра.

Правилата се такви што на учесниците им е забрането да стануваат, но дозволено е спиење, читање книги, храна и пијалоци.

Новото правило во споредба со претходните години е дека ќе им биде дозволено да одат во тоалет на секои осум часа.

Моменталниот рекорд во лежење е 52 часа.

Ова е натпревар во кој Црна Гора е единствена во Европа, а особено е интересно, како што рековме, поради прифатениот стереотип за оваа нација дека се мрзливи.

Ќе има ли воопшто СДСМ кандидат за Градоначалник на Прилеп?

Поминаа четириесетина дена кога Сугарески со кандидатурата јавно искажа амбиција да се проба и како аспирант за Градоначалник…

Се чини дека со тоа започна агонијата, поделбите и хаосот во општинската организација. Неколку денови пред тоа и Јованоски прв ја објави својата желба да се проба по втор пат, и да ја бара довербата од прилепчани.

Во меѓувреме почнаа и експресно завршија неуспешните трибини по месните и урбаните заедници, бидејќи јасно се има согледано негативното настроение на народот кон оваа власт.

Потоа започна и акцијата “од врата на врата”, која заврши со тотален крах, или народски кажано “сите низ врата!”.

Вакуум просторот им даде шанса на разочараните и излажаните да кренат раце од СДСМ, и да дадат поддршка на други кандидати.

Поделеноста е очигледна, таборите се веќе целосно конфронтирани, а нервозара расте, бидејќи сите ги знаат и анкетите, кои патем се најлоши во историјата на СДСМ Прилеп.

Останува да почекаме до следната среда дали воопшто ќе има опозицијата кандидат и дали поразениот табор ќе оди со своја независна листа и кандидат.

За помалку од шеесет дена се очекува опозицијата да ја преземе власта во Прилеп и конечно повторно оваа урбана средина да заличи на вистински град.

(Видео) “Брат за брат – сирење за пари”: Братот на авганистанскиот претседател им се приклучи на талибанците

Хашмат Гани, помладиот брат на авганистанскиот претседател им се приклучи на талибанците.

Талибанците, џихадистите и политичарите се состанаа денеска во Авганистан за да формираат инклузивна влада, соопштија медиумите во светот.

Војниците на аеродромот во Кабул вчера потврдија дека околу 10.000 луѓе ги поминале сите потребни процедури, но дека не можат да го напуштат Авганистан.

Co автомобил yдpил во жена на pacкpcница во Битола

На 20.08.2021 околу 18.49 чacoт на кpcтocница од ул.„Партизанска“ и ул.„Глигор Прличев“ во Битола, патничко возило „лада“, со битолcки peгиcтapcки ознаки, yпpaвyвано од П.А.(60) од Битола, yдpило во пешакот С.А.(55) од Битола.

Во незгодата С.А. се здобила со тешки телecни повpeди конcтатиpaни во Kлиничката болница Битола.

Увид на местото извршила екипа на СВР Битола – информираат од МВР.

Maлолетно девojче се yдавило во базен во двop во прилепско

На 20.08.2021 околу 13.00 во ОВР Прилеп, од Итна медицинcка помош било пpиjaвено дека во базен во двор на Е.Н.(45) во с.Дебреште, пpилепcко, била пpoнајдена yдавена неговата малолетна ќepка.

Cмpт конcтатиpaла екипа од Итна медицинcка помош, а yвид извpшила екипа од ОВР Прилеп – информираат во дневниот билтен на МВР.

Прилеп има европска бронза: По стапките на својот татко, младиот Матеј почна да ја освојува Европа (Видео)

Младиот прилепчанец Матеј Белистојаноски го освои бронзениот медал во борби на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21, кое се одржа во финскиот град Тампере.

Извонредниот прилепчанец покажува дека ги следи стапките на својот тренер и татко, Петар Белистојаноски, кој беше спортист на Македонија во 1994 година.

Во борбата за бронза, Матеј не му дозволи ниту еден поен на неговиот противник од Белорусија, Максим Каширски и со 9:0 стигна до овој голем успех.

Професорот Данаиловски направи патос од новите антиковид мepки на Владата и Филипче

Почнува денов, 21 август, 2021 г. Шести ден од стапување на сила на владините мерки против последниов бран. Мерки кои ги критикував во последниот мој пост на Фејсбук („СТАВ“, 9 август, 2021).

Најмногу „здоболеа“ „мерките“ за несреќната потврда за примена само една доза и четириесет и петте дена за прележаните, како услови за уживање во животот.

И овој пат ќе повторам: Епидемиолошка (и имунолошка) бесмислица! И на сите што умеат логично да размислуваат, јасно им е зошто. Само на колегите во Комисијата за заразни болести и Комитетот за имунизации (како да) не им е… Зошто?

Џабе пишував. Џабе пишуваа и Никола и Нико и Бојан и уште неколкумина други… Кучињата лаат, карванот си врви…

Што се постигна со тие мерки? Ништо особено… Се зголеми донекаде бројот на заинтересирани за вакцинација… за да се втурнат во „живот“ веднаш утредента – со примена прва доза… Ама и оние со примена втора доза, се прашувам, се варделе ли во следните две, односно шест недели, за да им профункционира вакцината!? (Патем, зошто на секој вакциниран граѓанин не му се даде флаер, на лице место, со инструкции како да се однесува по примање на дозите?)

Со тоа само се фаворизираше дневниот број на заразени!

И револтот и гневот! Се испокаравме меѓу себе!

И се исподеливме дополнително… А не моравме.

Излегоа луѓе на улица. А не мораа.

Протестираат угостителите. А не мораа.

Зјаат празни дуќани, молови, кафани… А полни можеа да бидат.

Ретки минувачи по улиците… Спарина тешка…

Еве, (и) јас јавно ги молам колегите од Комисијата за заразни болести и Комитетот за имунизации да одговорат на следниве прашања:

1. Како и колку се заштитени тие што примиле само една доза на вакцина – или дури и вакцинираните со две дози, без да се знае колку им се антителата?

2. Зарем тие се позаштитени од оние што едвај извлекле жива глава, ама „имале несреќа“ да прележат ковид пред, да речеме, 46 дена?

3. Во кои студии е напишано дека имунитетот на прележаните трае токму 45 дена?

4. И зошто упорно се инсистира на две дози кај прележаните, кога последните студии недвосмислено покажуваат дека прележаните имаат посилен и подолготраен имунитет од вакцинираните (1) и дека заштитата на еден прележан ковид пациент, вакциниран само со една доза, е посилна, отколку заштитата со две дози кај непрележан?

5. Понатаму, зошто упорно не се соопштува колкав е бројот на прележани со повторни инфекции?

6. Колкумина прележани има меѓу хоспитализираните и починатите?

7. Колкав е бројот на вакцинирани со една и две дози меѓу нив?

8. Дали се знае после колку време од примената втора доза се имаат заразено инфицираните, хоспитализираните и починатите (барем приближно, нели).

Зашто, ако не се соопштуваат такви податоци, им се даваат „крилја“ на противниците на вакцините (Аха, ете, вакцините не штитат).

9. И уште нешто! Зошто упорно – тие, комисиите – не предложат донесување на протокол за лекување на ковид инфекции и болни? Пак ли ќе се соочуваме со епидемиска форма на ординирање антибиотици за чиста ковид инфекција на сите нивоа на здравствена заштита? Не научивме ли ништо во изминативе година и кусур? Свесни ли сме (сте) дека без протоколи непотребно се зголемува ризикот од неповолни исходи – особено сега, кога Делта освојува сѐ поголем простор? Толку ли е тешко да се преведе протокол барем од некоја од соседните земји?

Зошто во врска со горниве прашања (пред сѐ, за протоколите) не излегуваат со став стручните асоцијации… и не само тие? Каде е Македонското лекарско друштво? Каде е Лекарската комора? Каде ми се колегите епидемиолози (секоја чест на колегата Сашо), инфектолози? Немате ништо да кажете?

Можно ли е нас, медицинската фела, да нѐ зафатила (веќе) општа апатија и индиферентност?

За Доктори.мк пишува на Проф. д-р Драган Даниловски

Филипче: Poдителите можат да побapaaт нивното дете да не пoceтyва нacтава со физичко пpиcycтво

Откако се донесе одлука наставата за сите ученици да почнува од 1 септември и сите да бидат со физичко присуство, министерот за здарвство, Венко Филипче, вели дека родителите може да побараат од училиштето од немедицински причини нивното дете да не посетува настава со физичко присуство, а училиштето може да даде или да не даде согласност.

Во изјава за Канал 5, Филипче вели дека во зависност од тоа дали ќе се зголемува бројот на заболени ќе се размислува за евентуално повлекување на одлуката за настава со физичко присуство на учениците.

Тоа што е битно е дека во било кој момент ако настане влошување на епидемиолошката состојба, ќе дадеме препорака да се активираат некои од останатите веќе спремни механизми на спроведување на наставата, дали тоа ќе биде комбинирано или онлајн ќе зависи исклучиво од епидемиолшката слика. Засега, согласно сегашната ситуација, препораката е учениците да почнат со физичко присуство – изјави Филипче.

Човек со огpoмно cpце: Никола подари целосна опрема за фризерски салон на самоxpaна мajка со три деца

Никола Милески од Скопје на својот ФБ профил напиша дека подарува целосна опрема за фризерски салон и предизвика воодушевување кај илјадници корисници на социјалната мрежа

-Другари доколку познавате некое младо дете кое сака да си отвори салон а нема услови и средства целава опрема на сликата јас ќе му ја подарам. Контактирајте ме слободно и ќе биде негова. Целата опрема е во добра состојба! Опремата е подарена, напиша Никола на ФБ, по што следуваа илјадници коментари со пофалби за хуманиот гест.

Подоцна тој информираше дека опремата ја подарува на самохрана мајка со три деца од Крива Паланка.

Гepманиja ja oбележа Maкедониja како земja со виcoк pизик: Ако патувате ќе мopa да одите во кapaнтин

Поради растечкиот број на новоинфицирани со коронавирус, германската влада ги прогласи Македонија, Косово, Крит и други грчки острови за подрачја со висок ризик.

Од недела на германската листа на подрачја и земји со висок ризик од коронавирус се ставени Македонија и Косово од балканските земји, грчкиот остров Крит и неколку други острови во јужен Егеј, како Родос, Кос, Миконос и Наксос, како и неколку региони во Ирска, додека од листата се симнати делови од Шпанија: Канарските Острови, Каталонија, Валенсија, Кастилја и Астурија, кои досега важеа за високоризични корона-подрачја, соопшти денеска Институтот Роберт Кох. Со тоа на германската „црвена листа” ќе има околу 70 земји, кои целосно или делумно имаат статус на високоризични во однос на Ковид-19.

Патниците кои доаѓаат од земји со висок ковид-ризик, а не се вакцинирани или ја немаат прележано болеста, мора да одат во десетдневен карантин.

Тој може да биде прекинат по петтиот ден, со приложување негативен корона тест.

За целосно вакцинираните и оние кои ја прележале инфекцијата, не постои обврска за карантин.