дома блог страница 1621

Од утре ќе можат да се подигаат новите лични кapти, на нив ќе пишува “ceвepна”

Од утре граѓаните ќе можат да ги подигаат новите лични карти на кои ќе биде впишано новото име Северна Македонија, а печатењето е овозможено откако Владата завчера со подзаконски акт овозможи да продолжи печатењето и издавањето на личните документи.

Нови лични карти со новото име на државата и согласно законот за употреба на јазиците ќе добијат над 40 илјади граѓани кои чекаат два месеца бидејќи во Собрание беше заглавен Законот за лични карти кој што опозицијата го блокираше со над 1.500 амандмани.

Од МВР велат дека се чекало неколку месеци додека не се нашло адекватно решение.

„Станува збор за подзаконски акт кој што министерот има право да го донесе соогласно постојниот Закон за лични карти, затоа и се бараше правна и законска солуција за да се изнајде најадекватното решение. Ние немаме тука друга промена освен издавање на лични карти со новото уставно име и согласно Законот за употреба на јазиците. Други промени во решението нема“, велат од МВР.

Старите лични карти на кои сè уште не им е истечен рокот ќе важат до 12 февруари 2024 година.

Додека од владејачката СДСМ тврдат дека издавањето на лични карти со Северна Македонија и без да се донесат законските измени е сосема легално, за опозициската ВМРО-ДПМНЕ ова е кршење на Уставот и на законите.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вчера на прес-конференција рече дека „после промената на власта во Македонија, која ќе се случи после претстојните локални избори, ќе следи одговорност“.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски обвини дека „само во Македонија може, и само ‘хибридниот режим‘ се охрабрува со подзаконски акт да суспендира закон. Но тоа ќе биде за кратко, а одговорностите долгорочни“.

„Закон за лични карти постои, нов закон за лични карти има во процедура (до каде е процедурата, каква е во која фаза е, најмалку е битно. Нов закон ќе има кога ќе биде изгласан во собрание и потпишан од ПРМ). Меѓутоа суспензијата на законот со некој подзаконски акт, недвосмислено ќе биде кривично дело, за кое некој ќе сноси далекусежни последици.

И тогаш нема да одите со флоскулите ‘победени се блокадите и слично‘, кривично дело е кривично дело а тоа некој ќе го суди!!!“, напиша Мицевски на фејсбук.

СДСМ возврати дека „МВР како надлежна институција и министерот за внатрешни работи ги имаат сите законски овластувања за донесување на подзаконскиот акт со кој се уредува издавањето на лична карта за граѓаните, а во согласност со Уставот, Уставните амандмани, Законот за лична карта и Законот за употреба на јазиците….

Граѓаните не смеат и не може да бидат заложници на дневнополитичките интереси на Левица и ВМРО-ДПМНЕ, кои со поднесување на илјадници амандмани на предлог-законите се обидуваат да го блокираат работењето на институциите и да прикажат слика дека системот нема капацитет да одговори на потребите на граѓаните“, велат од СДСМ.

Повторно голем број на новозapaзени: Починаа уште 14 лица

Досега во земјата се направени вкупно 1.108.429 тестирања на Koвид-19. Вкупната бројка на KOBИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 168.872, бројката на оздравени пациенти е 152.098, на починати е 5.668, а бројот на активни случаи изнесува 11.106.

Во последните 24 часа се направени 6.591 тестирањe, а регистрирани се 882 нови случаи на KOBИД-19: Скопје – 333, Тетово – 109, Струмица – 80, Куманово – 59, Гостивар – 46, Кичево – 42, Штип и Дебар – по 28, Охрид – 20, Велес – 18, Прилеп – 17, Струга – 14, Кавадарци и Кочани – по 12, Битола и Свети Николе – по 9, Ресен – 8, Богдани и Кратово – по 6, Неготино и Радовиш – по 5, Гевгелија, Виница и Македонски Брод – по 3, Делчево и Пробиштип – по 2, Берово, Крушево и Демир Хисар – по 1, информираат од Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Регистрирани сe 140 оздравени пациенти од: Скопје – 53, Гостивар – 48, Кичево – 11, Штип – 6, Тетово и Кочани – по 4, Кавадарци и Пехчево – по 3, Битола и Виница – по 2, Охрид, Ресен, Делчево и Берово – по 1.
Пријавени се 14 починати лица: по 4 починати лица од Скопје (54г,68г,69г, и 84г), и Тетово (49г,67г,68г и 81г), 3 починати лица од Гостивар (49г,72г и 74г), по едно починато лице од Куманово (72г), Охрид (82г) и Виница (77г).
Од пријавените починати лица сите се починати во болнички услови.

Како прилепчанец вози Мерцедес во Шведска (Фото)

Локал патриотизмот отсекогаш во Прилеп ни бил јака страна…

Нашинец во Шведска вози со регистрации на кои пишува “PRILEP”, нека гледа цела Скандинавија…

(Видео) Го прелетал целиот свет и поминал 2.400 километри за да ја изненади девојката, па ја затекна со друго момче

Mаж од Кина поминал 2.500 километри за да ја изненади својата девојка на нејзиниот роденден.

На видеото објавено на социјалните мрежи, се гледа како човек во костим ѝ приоѓа на својата девојка во трговскиот центар.

Видеото откако е објавено за многу краток време стана хит, а на него се гледа дека ја трга маската од мечка од главата и брзо заминува откако ја виде својата девојка во прегратките на друг маж.

СДСМ Прилеп објави повик за кандидати за советници. Малку места многу аспиранти?

Оваа година социјалдемократите ќе се помачат за да ги изберат вистинските кандидати, особено поради тоа што бројот на советничките места веројатно нема да биде ниту приближно ист како пред четири години.

“СДСМ е отворена партија, тоа го покажуваме секојдневно во континуитет. И покрај тоа што веќе се пријавени 5000 кандидатури за советници, даваме дополнителна можност да се пријават граѓани кои не се членови на СДСМ, но ги делат демократските, слободоумни и социјалдемократски вредности.

СДСМ низ годините се докажа како инклузивна партија, отворена за нови идеи, нова енергија. Тоа е додадена вредност на нашата понуда, на нашите политики, во интерес на граѓаните.

СДСМ и на овие локални избори излегува со најдобрата понуда за секоја општина и преку кандидатите за градоначалници, но и преку листите за советници”.

Повеќе информации за огласот можете да пронајдете ТУКА.

Двајца македонски туристи се удавија во Албанија

Албанските медиуми јавуваат дека утрово во Албанија евидентирани се три жртви од давење во море. Двајца од нив, се државјани на Македонија.

Станува збор за 59-годишник идентификуван од полицијата со иницијали Х.Х. кој се удавил околу 11.15 часот денеска на плажата во Велипоја.

Десет минути подоцна уште две лица се удавиле на плажата во Спиле.

Полицијата информираше дека станува збор за две повозрасни лица: М. М. (79) и Ц. М. (78) кои дошле на одмор од Македонија.

Курц не сака Австрија да прими уште бегалци од Авганистан

Австрискиот канцелар Себастијан Курц не сака неговата земја веќе да им дава заштита на бегалците од Авганистан и покрај тоа што земјата ја презедоа талибанците, јави ДПА.

-Не сум за тоа дека треба да примиме уште луѓе во Австрија, туку токму спротивното, рече Курц во интервју за телевизискиот канал ПУЛС 4, што ќе се емитува подоцна денеска.

Со веќе примени повеќе од 40.000 Авганистанци, Австрија е дом на втората по големина авганистанска заедница во ЕУ во однос на сопственото население.

Австрискиот канцелар постојано го отфрла приемот на уште Авганистанци. „Нема да има такво нешто под моето канцеларство“, рече Курц.

Тој, исто така, се осврна и на „особено тешката интеграција“ на оваа популациска група. „Прифаќањето луѓе кои не можат да се интегрираат е огромен проблем за нас како земја“, рече Курц.

Тој вели дека не може да се негира дека талибанците се сурови и дека условите за живот во Авганистан се ужасни, па затоа се заложи меѓународната заедница да стори се за да ја подобри ситуацијата во оваа земја зафатена со сериозна криза, додаде ДПА.

Но, и Австрија мора да признае дека многу работи се во туѓи раце. „Не е се во наша моќ“, кажа Курц.

“За Македонците нема место во нивната држава”

Фејсбук статус на актерот Сашо Тасевски.

“Владата вели немаме програма за вработување на Авганистанците кои ќе ги донесе овде.
Лажете! Лажете! Лажете!
Секој од нив кој ќе добие азил, пасош, а и тоа ви е планирано, ИМА ПРАВО да бара пари од државата или дозвола да се вработи, поточно да бара да го вработат. Ги имаат потпишано тие меѓународни конвенции за бегалци азиланти. Затоа лажете. Како и за се друго до сега. Велепредавници и трговци поединци со Горњи Милановац на чело.

Ќе вработувате Авганистаци. Сакате кладба? Само за Македонците нема место на нивната земја. Не од втори, спремајте се да бидете граѓани од трет ред – кометира актерот Сашо Тасевски.

(Видео) Талибанците им се потсмеваа на американските војници – ги носат нивните униформи и opyжje

По брзото освојување на Кабул и американските обиди за повлекување од Авганистан, талибанските лидери и борци сега ги исмејуваат САД. Тие позираат во нови униформи, кои ѝ беа донирани на авганистанската армија, со цело американско opyжje, објави „Њујорк пост“.

Халил Хакани, за кого беше најавена награда од пет милиони долари, е фотографиран како им проповеда на своите следбеници во џамијата со американска автоматска пушка, а околу него има луѓе во американска воена униформа.

Хакани, чиј братучед Сираџудин Хакани е кандидат за нов претседател, носеше американска пушка М4, која е стандардна во американската армија.

„Њујорк пост“ додава дека вооружена група верници може да биде вознемирувачки доказ за тоа колку американско opyжje е земено од исламските милитанти откако ја презедоа власта.

Што би пpaвеле ако ваква гpaмада падне вpз вac? Не сите имaaт cpeќа како овој Jaпонец (Видео)

Борбата е помеѓу Емануел Јарбруг и Такаше од 24 јуни 1998 година

Јарбруг тогаш тежел неверојатни 272 кг и се потел само што се движел во рингот.

Вештиот Јапонец чиј скор во кариерата изнесува 12 победи и 15 порази, цело време кружел околу огромниот противник, но во еден момент кон крајот на борбата направил кобна грешка.

За среќа успеа некако да се извлечи, а Јарбруг ја предаде борбата.

Ви препорачуваме да ги погледнете последните 3 минути од видеото во продолжение: