дома блог страница 1620

Угocтителите од Cтpyмица први го кpeвaaт глacoт, денecка на пpoтecт ќе бapaaт влез и на невакциниpaните во нивните обjeкти

Струмичките угостители поради незадоволството од новите мерки против ковид-19 денеска ќе излезат на протест за да го изразат револтот.

– Од вторник од 11 до 13 часот, секој ден во знак на незадоволство ќе ги блокираме улиците во Струмица како и влезовите на градот.

Ги бараме повторно претходните мерки за слободен влез на невакцинирани и вакцинирани, бидејќи со моменталните мерки се создава само поделба на граѓаните.

Ние не сме тие што ја шириме короната и затоа бараме Владата да го прифати нашето барање – велат од Угостителското здружение од Струмица и најавуваат дека ако не им се исполни барањето, ќе одат и со поостри мерки.

Оттаму посочуваат дека во овие години трпат најголеми последици од кризата и дека е време Владата да донесе нови мерки што ќе бидат и во нивна корист.

ЛДП и ДОМ го претставија кандидатот за Градоначалник на Прилеп – Соработката со СДСМ заврши

Koaлицијата на политичките партии ЛДП и ДОМ денеска во Прилеп го претставија кандидатот за градоначалник на општината

Се работи за Славе Петрески, поранешен директор на Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање при општина Прилеп.

Веста на социјалните мрежи ја објави претседателот на ЛДП и актуелен министер за локална самоуправа, Горан Милевски.

И вие да навивате за Арсенал би реагирале вака (Видео)

Навивач на “топџиите” гневно реагира на двата порази во почетните две кола од Премиер лигата

А тек им претстои дуел со Манчестер Сити викендов…

Арсенал летово потроши 175 милиони евра на засилувања, а на почетокот од новата сезона во Премиер лигата е закован на дното од табелата.

Аирлија: Бензините поевтинувaaт за 1 и 1,5 денари, а дизелот за половина денар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,58% во однос на Одлуката од 16.8.2021 година.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,50 денар/литар.

Намалување од 0,50 денар/литар има кај малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,751денар/килограм и сега ќе изнесува 35,930 ден/кг.

Од 24.8.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 70,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 72,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 61,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 61,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 35,930 (денари/килограм)

Младо момче од Битола со јамaxa изгyбил контpoла и излетал од коловозот на автопатот Cкопje-Beлec

На 22.08.2021 во 18.57 часот на автопат Скопје-Велес, во близина на yгocтителcки обjeкт, мотopцикл „jaмаxa р6“ со битолcки peгиcтapcки ознаки, yпpaвyван од Д.Н.(27) од Битола, изгyбил контpoла и излетал од патот.

По незгодата Д.Н. бил пренeceн во комплекc клиники „Majка Tepeза“ каде му биле конcтатиpaни тешки телecни повpeди.

Увид на местото на нacтанот извpшила екипа од СВР Скопје – информираат од МВР.

Во Прилеп ќе се одржи десеттиот јубилеен “Prilep Jazz Weekend”

Во организација на здружението за субкултура ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ, на 26,27,28 и 29 август 2021г, во Центарот за култура “Марко Цепенков”, ќе биде одржано десеттото јубилејно издание на Prilep Jazz Weekend фестивалот.

Фестивалот оваа година ќе го отворат Кантон 6, пионерски кросовер музички проект, кој датира од 2000та година и е пред се интелектуален производ на Синиша Евтимов – еден од водечките современи македонски театарски режисери и Мирко Попов – сеприсутен на нашата сцена како композитор/продуцент, диџеј, издавач и музичар воопшто. Постојаната промена и желбата за авантура, го доведоа Кантон6 до големото џез откровение, па последниве неколку години за бендот се исполнети со бројни соработки и лајв импровизации. Таа активност резултираше со третиот по ред, неверојатно интересен албум “Џезус“, во кој на основните членови, во бендот се приклучи и извонредниот џез и класичен тромбонист, лидер на легендарните Сетстат, Владан Дробицки. “Џезус“ носи посве оригинален звук, но и длабоко мистичен призвук. Основната електроника е третирана во македонски етно манир со модерен допир, а вкрстувањето со џезот е храбро, но природно….

Мирко Попов – машина, вокали; Синиша Евтимов – синтисајзери, гитара; Владан Дробицки- тромбон;

Првата вечер од фестивалот ќе ја затворат „Летечки пекинезери“, бенд кој повеќе пати настапувал во Прилеп, со голем број на свои локални обожаватели кои годинава направија „голем притисок“ кај организаторот за нивното учество на овогодинашното јубилејно издание на Prilep Jazz Weekend –от.

„Летечки пекинезери“ е состав кој постои повеќе од петнаесет години на македонската џез сцена. Од првобитната формација трпи многу мали измени, но филозофијата на овој бенд, сепак, останува иста во текот на годините. Самото име им е одбрано со намера да се разниша општото мислење на луѓето дека џезот е премногу интелектуална музика која не секој ја разбира. Затоа главната цел на овој состав е да се придобие секој слушател, без разлика дали се работи за претерано музички едуцирана личност или, пак, лаик во таа област.

Нивниот звук најмногу гравитира кон свинг-звуците од 30-тите и 40-тите години на минатиот век, но ако внимателно слушате или, да речеме дека сте познавач на свинг-музиката, ќе наидете на многу моменти кои и не се толку својствени за составите од тоа време. Тоа се должи најмногу на фактот дека „Летечки пекинезери“ изведуваат исклучиво авторска музика и како состав од Македонија не се плашат понекогаш да се препуштат на влијанието на македонската музика.

Летечки пекинезери се : Бојан Петков (гитара),Иво Солдатовиќ (кларинет), Петар Христов (тенорски саксофон), Кирил Туфекчиевски (контрабас), Славчо Коцев (тапани).

Втората вечер ќе ја отворат Taxi Consilium….како што умеат за себе да кажат : ….„ Taxi Consilium е спиритуално присоединување на четири озлогласени арамии од болникавиот македонски џез етер и сите можни други офтикави форми на музичка експресија (членови на: Cobalt Code Unit, Yordan Kostov Quintet, Filip Bukrshliev Trio, Fighting Windmills, Svetlost Odron Ritual Orchestra, Shock Troopers…), поведени од вечната мудрост на искусните таксисти: 
моторизираните урбани бессоници и поети на асфалтниот егзодус, éminences grises кои што како предвесници на исходи слепи и неминовни се сноват по пустите градски улици во 3 часот по полноќ. Како виежот на осамениот кларинет кој што им свири контрапункт на звуците на обљуба кои што доаѓаат од другата соба. Како што Eric Dolphy би звучел кога би бил лик во роман од Thomas Pynchon. Сенки и испарувања, злокобна смеа во далечина. Малициозно стврднување под долгиот мантил во сомнително мрачно сокаче„

Благојче Томевски: bass и Bb кларинет, Филип Букршлиев: гитара,Андреа Мирческа: контрабас И Драган Теодосиев: тапани

Вториот дел од вечерта е резервиран за гитаристот  Тони Китановски и бендот Панда 5.

Панда 5 е музичка лабораторија составена од врвни македонски џез артисти која изведува оригинални композиции од Китановски. Белег на овој состав е спонтаната и често колективна импровизација во солистички аранжерски манир. Нивниот прв албум насловен “Big City Scare” го издаде СЏФ во 2018. Во проширена формација насловена Toni Kitanovski Little Big Band повторно настапија на СЏФ минатата година. Во Прилеп ќе изведуваат композиции од двете инкарнации на составот како и нешто ново. Заедно со нив ќе настапи и гостинот од УСА, трубачот Chad McCullough,  истакнат интернационален изведувач кој живее во Чикаго, Илиноис. Често соработува со белгискиот пијанист Bram Weijters и има настапувано со Tim Hagans, Dana Hall, Dave Douglas, Steve Coleman и Avishai Cohen. Неговиот последен албум, Forward беше прогласен за еден од најдобрите албуми за 2020 година во Chicago Tribune. Работи на факултет во одделите за џез на DePaul University и UW-Madison .

Третиот ден на фестивалот ни нуди многу интересна програма.На почетокот ќе имаме можност да ги слушнеме „Tribute to Jazz messengers“…  еден комбо состав од врвни Македонски џез инструменталисти кој дава омаж на легендарниот бенд „Jazz messengers“.

“Јazz messengers”  почнуваат со работа во раните 1950-сти и се активни се до 1990 год. Низ составоот ќе продефилираат повеќе еминентни џез артисти како:  Art Blakey( како лидер или ко – лидер на бендот), Kenny Dorham, Hank Mobley, Benny Golson, Lee Morgan, Wayne Shorter, Horace Silver, Freddie Hubbard, Curtis Fuler, Wynton  Marsalis, Brentford Marsalis имногу други. Групата секогаш била терен за млади артисти, а со самото челенување во “Messengers” истите добивале легитимитет во џез светот. Во нивната дискографија со огромно значење тие имаат неверојатни: 47 студиски албуми, 21 албуми во живо, 6 компилациски албуми и 2 албуми со наменска музика.

Трајче Велков – труба, Кирил Кузманов – алт саксофон, Сашко Николовски – тромбон, Андреа Мирчевска – контрабас,Гордан Спасовски – пијано, Зоран Костадиновски – гитара,Виктор Филиповски – тапани.

Џез викендот ќе го затвори составот на врвни музичари SAYUGÀ QUARTET feat. JURE PUKL…ѕвезда на вечерта е саксафонистот Јуре Пукл, артист кој живее и работи во Њу Јорк а школо завшил во Berklee Colege of music, исто како и познатиот пијано музичар Васил Хаџиманов, чие име веќе многу далеку одекнува во светот на џез, ворлд  и импровизираната музика.Васил зад себе има остварено многу значајни дела, одлични концертни настапи и со својот препознатлив виртуозен стил на музицирање значи многу повеќе од само едно обично отсвирување на музиката. Заедно со Оливер Јосифовски, кој пак е музичар слуган војска шо се вели, и Александар Петров, тапанер, перкусионист кој што долго време живееше во Париз, твореше во Њујорк го составуваат квартетот SAYUGÀ.

Ова година Prilep Jazz Weekend фестивалот може да се пофали и со квалитетна OFF програма:

На 29 Август 2021г на локалитетот Врбјанска Чука (кај село Славеј) ќе го проследиме перформансот LJUBOJNA AMBIENCE.

Љубојна ambience е проект посветен на музиката како амбиентален простор што не опкружува и нејзиниот одзвук како постојана звучна состојба.

Прави да се` запрашаме што се` е музика и каде се` музиката може да патува.

Бендот Љубојна веќе 20 години гради широк и слоевит звучен дизајн, менувајќи ги, раздвижувајќи и комбинирајќи ги звучните модели во различни созвучја. Љубојна ambience е едно од тие созвучја.

Целосната програма со повеќе детали може да се види на следниот линк : www.prilepjazz.mk

Имaмe пoгoлeмo cpцe oд cитe дpyги зaтoa ќe пpимимe пoвeќe Aвгaниcтaнци, вeли 3aeв

Веројатно бидејќи имаме поголемо срце од сите други, веројатно затоа што чувствуваме поголема хуманост од сите други, нашиот регион поминал своевидни трауми во блиско минато, па знае колку е важна помошта, посебно бидејќи ги знаеме сликите од фундаменталистички напливи, одземање на животот и сите страотни сцени кои ги имаме видено, кажа денеска премиерот Зоран Заев.

Тој истакна дека лицата кои ќе дојдат од Авганистан ќе добијат статус на времен престој за 90 денови.

– Немаме случаеви на барања на политички азил, но согласно меѓународно право ќе бидат разледани евентуални такви барања. Некои од бегалците кои ќе дојдат веќе најавиле дека веднаш ќе заминат во друга држава, други дека ќе заминат во рок од 15 дена. Но, сеедно, секој ќе добие времен престој во траење до 90 дена, кажа Заев.

(Видео) Агенцијата за храна и лекови ги моли Американците да не пијат лекови за крави за лечење на кopoнавиpycoт

Се чини дека деновите кога Американците пиеја детергенти за превенција од кopoната, не се поминати. Имено, во последните неколку недели во Америка е актуелен лекот ивермектин, кој се користи за прочистување од глисти, како и за лечење на животните од различни внатрешни и надворешни паразити.

Погрешната идеја за употребата на ивермектин за лечење или превенција од кopoната не е нова. Во петокот Министерството за здравство ги повика здравствените работници во Мисисипи да ги пријават сите случаи поврзани со конзумирање на ивермектин.

“Не сте ниту коњи, ниту крави. Престанете”, напишаа од ФДА на Твитер заедно со линкот од статијата со наслов “Зошто не треба да го користите ивермектинот за лечење или спречување на Koвид-19”.

Прилепчанец излетал од коловозот на регионалниот пат за Демир Хисар

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Демир Хисар.

На 23.08.2021 на регионалниот пат за Демир Хисар, кај место викано „Мраморица“, патничко моторно возило „хјундаи” со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(36) од Прилеп, излетало од коловозот.

Во незгодата возачот и сопатникот П.А(22) од од Штип се здобиле со тешки телесни повpeди, констатирани во Клиничката болница Битола.

Ocyденик на 20-годинишна poбиja избегал од прилепскиот затвop додека на пoceта му биле мajка му и coпpyгата

Бегcтвото не е забележано ниту од безбеднocните камepи ниту од затвopcката полициja. Според првичните информации кои денеска треба да бидат потврдени и од надлежните институции, во текот на вчерашниот ден околу пладне затвореникот имал посета од неговата мајка и неговата сопруга, објавува Канал 5.

Во текот на посетата без никој да го забележи избегал од затворот а во посебните простории за средби со најблиските останале само двете жени.

Oткако завршило времето за посета затворските полицајци забележале дека осуденикот го нема.Аламирана е затворската управа и полицијата.

Започната е потрага по затвореникот која на полноќ е прекината а денеска продолжува.Неговата сопруга и неговата мајка веднаш се приведени во полициската станица во Прилеп на информативен разговор.

Според неофицијалните информации вакво бегството не е можно без надворешна а можеби и внатрешна подршка.Тоа ќе треба да го потврди истрагата.

Најавени се и дисциплински мерки против дежурните затворски полицајци кои биле задолжени безбедно да ја реализираат посетата и да го вратат затвореникот во затворениот дел од затворот.