дома блог страница 1619

Неофицијално: Сугарески ќе го збира гневот на прилепчани, Јованоски извисен од своите

По се изгледа дека сагата за кандидат “губитник”, како што многумина велат, на СДСМ во Прилеп вечерва завршила.

Јованоски е извисен и искористен за овие изминати недели да сработи нешто, и да ги дораскопа улиците, а од утре може слободо да евоцира спомени и да одмара.

Можно е и директорите на јавните претпријатија да си дадат оставки како чин на коректност и свесност дека централата им кажала оти комплет не ги бива.

Вака прилепчани треба да знаат дека политичката кариера на Сугарески започната 2000-та ќе придолжи до 17ти октомври, потоа и тој се враќа во општина, а кариерата на Јованоски е завршена.

Тој ќе расмислува за грешките и ќе ја чека одговорноста за сомнежите за криминали…

На Maкедониja и ce cлyчyва катacтpoфа: Починaa уште 32 лица, меѓу нив на возpacт од 32, 45, 47, 48… години

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје

Во последните 24 часа се направени 7.084 тестирањe, а регистрирани се 1.210 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 464, Тетово – 177, Гостивар – 112, Куманово – 98, Струмица – 55, Кичево – 48, Битола – 32, Струга – 29,Кавадарци – 26, Радовиш – 15, Велес – 14, Кочани, Гевгелија и Ресен – по 13, Прилеп – 12, Делчево и Кратово – по 11, Македонски Брод – 10, Свети Николе – 9, Дебар и Виница – по 7, Неготино – 6, Берово – 5, Штип, Валандово и Богданци – по 4, Македонска Каменица – 3, Охрид , Крива Паланка и Пехчево – по 2, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.

Регистрирани сe 451 оздравени пациенти од: Скопје – 133, Гостивар – 78, Тетово – 51, Струмица – 40, Куманово – 36, Кичево – 32, Дебар – 13, Велес – 10, Битола и Ресен – по 8, Кавадарци – 7, Штип – 6, Радовиш, Кочани и Берово – по 5, Прилеп и Свети Николе – по 3, Виница и Охрид – по 2, Гевгелија, Валандово, Пехчево и Демир Капија – по 1.

Пријавени се 32 починати лица: 8 починати лица од Скопје (52г,54г,58г, 61г,67г,68г, 75г, и 77г), по 6 починати лица од Гостивар (45г,47г ,48г,61г,67г и 74г), и Тетово (54г,57г, 60г,72г,74г и 78г), 3 од Куманово (52г,71г и 79г), 2 од Кичево (47г и 71г), по едно починато лице од Штип (56г), Кочани (67г), Берово (74г), Охрид (50г), Валандово (58г), Струга (64) и Делчево (32г).

Од вкупно пријавените, едно лице е починато во домашни, а останатите 31 лице се починати во болнички услови.
Направени се 7.084 тестови преку: ИЈЗ-358, ЦЈЗ Скопје-71, ЦЈЗ Битола-131, ЦЈЗ Прилеп-50, ЦЈЗ Тетово–145, ЦЈЗ Куманово–79, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–28, Жан Митрев (Филип Втори)-126, Авицена-503, Биотек-556, Систина-157, лабораторија Лаор-531, Синлаб-85, Ремедика-34, Плодност–76, Генеа -6, Никоб лаб-819, ВФВ Медикал-84, Ели Медика-68, Ројал Медика –73, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.099.

Досега во земјата се направени вкупно 1.118.535 тестирање на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 170.412, бројката на оздравени пациенти е 152.916, на починати е 5.727, а бројот на активни случаи изнесува 11.769.

Во Прилеп во моментов активни се 151 случај.

Владата донесе измени и дополнyвања на Koвид мepките

На денешната 101-ва седница, Владата донесе измени и дополнувања на мерките за спречување на ширењето на КОВИД-19 според кои се дозволува организирање и одржување на спортски натпревари со присуство на публика, настани од културата, работа на ресторани, кафетерии, кладилници, обложувалници, концерти, семинари, работилници и други настани на затворено со 30% од капацитетот на просторот, а на отворено до 50 % од капацитетот, со почитување на протоколите и мерките за заштита од КОВИД-19, со поседување сертификат за примена на најмалку прва доза вакцина или сертификат за прележаност не постар од 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Останува забраната за одржување свадби, родендени и други приватни прослави во затворените делови на угостителските објекти, како и сите други мерки согласно одлуката од 99-та седница според која за влез во угостителски објекти, кафулиња и барови, без разлика на капацитетот и бројот на присутни задолжително е поседување, приложување и проверка на еден од следните документи:

– Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или

– Сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Оваа мерка задолжително се применува и за организација, работа и присуство/учество и на секаков вид на настан на отворен простор, како и за влез во затворениот дел од моловите.

Дополнително, во сите угостителски објекти, кафулиња и барови опфатени со оваа мерка каде капацитетот е поголем од 30 посетители/гости/лица, задолжително e воспоставување редарска служба од страна на правниот субјект за контрола и спроведување на мерката. Додека пак во угостителските објекти со капацитет помал од 30 лица контролата на поседувањето на КОВИД-19 сертификатот на посетителите е должност на редовно вработените лица.

Останува и забраната за организација на свадби, веселби и прослави во објекти од затворен тип, додека друг тип на настани на затворено и натаму може да се организираат со исполнетост до 30% од капацитетот на местото каде што се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1.000 посетители со задолжително поседување, приложување и проверка на еден од задолжителните КОВИД-19 документи.

Пoклoнeтe ce нa мoќтa на пpиpoдaта (Фото)

Природата е вистинско чудо

Фотографиите се наравени во непосредна близина на центарот на Прилеп и покажуваат колкава моќ има природата да се справи и прилагоди на секоја препрека.

Наредно кога ќе видите некаде како некој сече дрво, сетете се на овие слики.

Пpилепчанец фатил мaлoлетничка, и’ ја затвopил ycтата и ја допиpaл

Ocновното jaвно обвинителcтво Велес поднece Обвинителен акт пpoтив 40-годишно лице од Прилеп за кpивично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Kpивичниот законик.

Како што соопшти Обвинителcтвото, обвинетиот лани на 20-ти ноември во Градско извршил полови дejcтвиja врз оштетеното девojче на возраст од 13 години.

-Имено, детето отишло во куќата на својот чичко каде се одржувала забава на која бил пpиcyтен и обвинетиот. Тој видел дека девojчето се yпатило кон дома и незабележано тpгнал по него.

Кога стигнале во близина на оградата која ги paздвојувала куќите на родителите на оштетеното дете и на нејзиниот чичко, обвинетиот од зад грб со една рака и ја затвopил ycтата и почнал да ја влече.

Потоа ја cвpтел кон себе и додека со едната paка и ја држел устата затвopeна, со другата рака ја допиpaл по телото. Потоа и ја ocлободил ycтата, обидувајќи се да ја бакне, но оштетената тоа не му го дозволила и се обидела да повика помош.

Тypкајќи го, оштетената ycпеала да земе дpвен cтап и го yдpила обвинетиот по ногата. Тој паднал на земја и таа побегнала во својот дом, појаснуваат од ОЈО.

Јавниот обвинител оцени дека се уште постои опасност обвинетиот да се даде во бегство, па до судот достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.​​

Од денеска започнува да се применува нов закон: Сите компании мораат да го почитуваат ова

Од денеска стапува во сила новиот Закон за заштита на личните податоци, донесен во февруари годинава, кој беше со одложена примена за да им се даде можност на компаниите и институциите во земјата да се прилагодат на промените.

Со примената на овој Закон се изврши усогласување со Општата регулатива за заштита на личните податоци 2016/679 на Европскиот парламент и на Советот од 27 април 2016 година за заштита на физички лица во поглед на обработката на лични податоци.

-Имајќи ги предвид новите предизвици во однос на основните човекови права и слободи кои се појавуваат секојдневно, конкретно на правото на приватност и заштитата на личните податоци, а со цел што подобро да се адресираат предизвиците во областа на приватноста кои произлегуваат од зголемената употреба на новите информациско/информатички технологии и глобализацијата во однос на обработката на личните податоци, во РС Македонија почувајќи од 24 август 2021 година, започнува со целосна примена новиот Закон за заштита на личните податоци. Тоа од една страна овозможува нормативно, а со започнувањето со примена и практично усогласување на македонското законодавство во областа на заштитата на човековите права со правото на Европската унија во оваа област, наведуваат од Агенцијата за заштита на лични податоци (АЗЛП).

Компаниите и претставници на институции и организации од земјите од ЕУ во Македонија и досега работеа во согласност со Европската регулатива односно со нашиот закон, којшто во целост е усогласен со овој документ.

Новиот закон, носи многу промени, а меѓу нив е тоа што секоја компанија, без ралика дали е мала, средна или голема, или институција или организација ќе мора да има офицер за заштита на лични податоци, а заштитата на податоците ќе биде на повисоко ниво од досега со тоа што контролорот на податоците ќе мора да преземе соодветни активности за подобрување, надградба и прилагодување на својот воспоставен систем за заштита на личните податоци.

(Видео) Вакво нешто не се гледа секој ден: Од водите на Bapдap изваден coм тежок 82кг. и долг над 2 метpa

Во текот на викендот, скопјанец во непосредна близина на Велес уловил сом долг 2 метри и 10 сантиметри и тежок 82 килограми.

Назми Акташи е името на скопјанец кој успеа да го улови овој сом. Тој инаку е риболовец.

Тој вели дека е многу ретко и тешко ваков вид на риба да се улови, па посочи дека нему му се посреќило.

Во изјава за Газета.мк тој вели дека дека по објавувањето на фотографии и видеа на неговата официјална страница на Фејсбук, добил понуди од разни здруженија и поединци да го купат сомот, но тој ги одбил.

Д-р Јовчески pacпали по влacта на СДСМ во Прилеп и ги изнесе сите лаги (Видео)

Ви се обраќам, не само како кандидат за градоначалник, туку како Ваш пријател, човек кој секојдневно се соочува со истите проблеми како и Вашите. И мене, како и на мнозинството од Вас, ми пречат и ми бодат очи повеќето не реализирани проекти и пропаднати празни ветувања на локалната власт на СДСМ, во чие скоро 4 годишно владеење, видливи се само залудно потрошеното време, не решените проблеми во сите домени на општината како и неостварените помпезно најавувани проекти кои што останаа само убаво напишани на хартија – истакна на денешната прес конференција Д-р Борче Јовчески, кандидат за градоначалник на општина Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение целосно ви ја пренесуваме прес конференцијата на Д-р Јовчески:

Да ве потсетам, нам, на граѓаните на Прилеп, ни беше ветена гасификација, 2 обиколници околу Прилеп, спортско рекреативен центар со затворен базен, комплетно реновирање на старата прилепска чаршија – која е срцето на градот. И не само тоа, ветени ни беа и нови градинки, нов театар, спортски сали, но каде се? Ги гледа ли некој?

Не убедуваа и дека сметките ќе се намалат за 20%, но спротивно, сите ние добивме повисоки сметки за вода за дури 60%. Не убедија и дека „го средиле булеварот“, а всушност сите сме сведоци на тотално нефункционална проширена улица која наместо да обезбеди растеретување на сообраќајот, само ја зголемува гужвата.

Не сакам ни да го споменам економското назадување и низата погрешни политики кои резултираа со општина во која не се донесе ниту една единствена инвестиција изминатиов период, ниту пак некој реши да се заложи за едно од најгорливите прашања а тоа чистиот воздух и здравата животна средина, која што би требало секој да ја ужива.

Почитувани, јас, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, сум спремен да излезам во пресрет на сите граѓани на општина Прилеп, и да одговорам на барањата и потребите на прилепчани. Преку отворен и искрен пристап, со реални и остварливи проекти, што ќе бидат одраз на идеите од народот, ќе придонесеме заедно Прилеп да се врати на вистинскиот пат. Имам визија и план како да ја направиме нашата општина поубаво место за живеење, како за сегашните, така и за идните генерации кои доаѓаат по нас.

Преку макотрпна работа, заедно со тимот кој ќе биде составен од професионалци во својата област, заедно со членовите на Советот и секако со вашата поддршка, ќе направиме од Прилеп, пример за тоа како треба да изгледа една развиена општина во сите области. Прилеп заслужува да биде место со добра патна инфраструктура, со зелени и уредени парковски површини за сите генерации. Прилеп заслужува да биде место со голем број на нови детски и спортски игралишта како во градот така и во околните населени места, каде младите преку спортот ќе градат здрави навики.

Изградбата на планираните четири нови кружни текови и растеретувањето на сообраќајот на булеварот, ќе го олесни нормалното функционирањето на жителите и ќе им заштеди време и нервоза. Уредувањето на коритото на градската река е само уште еден предлог и идеа на граѓаните кој години наназад остануваше само желба на Прилепчани.

Ќе се потрудам да го подобриме квалитетот на живот, пред се екологијата и заштитата на животната средина како и намалување на CO2 преку изградба на фотоволтаични централи на објектите на локалната самоуправа и поставување на систем за т.н. паметно осветлување и платформа за дигитален град.

Исто така ќе се погрижам да се средат дивите депонии но и да се реализира започнатиот проект за фабрика за рециклажа за отпад, кој во време на СДСМ беше стопиран. Централното градско подрачје е само уште едно од барањата и идеите на граѓаните, кои заслужуваат реновирана стара чаршија со обновени и проширени зелени површини, модерно уреден и функционален пазар како и решенија на проблемите со паркинг, преку субвенционирање да се користат постоечките катни гаражи и да се изградат нови – монтажни.

Се што кажав погоре, ќе остане како само една убаво составена бајка, без Вашата поддршка. Заедно со вас, мораме да ставиме огромен акцент на економијата, привлекувањето на инвестиции кои што ќе значат нови работни места, за Вас, за Вашите деца. Најважно од се е, да ги задржиме младите, да создадеме услови преку кои ќе ја задржиме нивната креативност и енергија, тука во нашата општина. Ние им го должиме тоа! Да го вратиме заедно сјајот на Прилеп! Времето кое доаѓа е наше време, време во кое со домаќинско, чесно и транспарентно работење ќе го вратиме градот Прилеп, нашиот Прилеп, на врвот, онаму каде што и заслужува да биде!

Ова е тимот на “Патувања низ Македонија”, луѓето кои го создадоа најголемото ФБ семејство кај нас

Речиси и да нема некој што не ја знае Фејсбук групата “Патувања низ Македонија”, место каде членуваат речиси 225.000 корисници, и каде на едно место можете да се запознаете со сите природни убавини и културни знаменитости во нашата преубава Македонија.

Фејсбук групата беше создадена пред нешто повеќе од 1 година и преставува најдобриот туристички информатор доколку сакате да посетите некое место во Македонија.

Само прашајте и веднаш некој ќе ви одговори, каков е патот до одредена дестинација, дали има што да се види..и.т.н.

Со групата управува тим од 10 администратори кои како што велат, 24 часа во денот, 7 дена во неделата, со љубов се вложуваат во овој проект.

Ленче Тодороска, Спасе Манев, Тања Додева, Христијан Аџиоски, Нина Дуковска, Наумка Кузеска, Елена Раиевска, Давор Богданоски, Тони П, и Ангела Ризовска.

Ова е тимот кој овозможува секоја ваша објава за 60 секунди за да се најде во групата, редовно одговараат на вашите пораки и објавуваат разни едукативни содржини.

Ја заслужуваат секоја пофалба за идејата и начинот на кој го водат ова огромно семејство на Фејсбук корисници.

Дечки огромно благодарам од нас и продолжете така!

Го викале Раде фебруар, оти едната рака му била пократка – пишете ги најјаките прекари во коментари

Дискусија од популарната Фејсбук група “Машки домаќински муабети”… најјаките прекари низ Македонија

Победникот го има уште во првите коментари… го викале Раде фебруар, затоа што едната рака му била пократка.

Потоа има Ѓоше Алфата, затоа што бил расипан човек.

Па следува Трајче Мутето, затоа што потекнувал од глувонема фамилија, Сантимо – оти бил висок 1,99 метри, сантим му фалело до 2 метра.

Буше, ги чепкал бушоните и снемало струја у цело школо,

Филџано – без едно уво бил и во глата ко филџан бил,

Тротоаро- едната нога му била покуса од другата, и ко че одел како со една нога на тротоар да бил,

Цунибаба – пошто бабаму нон стоп сакала да го цуне (бакне).

ПИ, затоа што го фатила полиција со 3,14 промили алкохол.

Ако знаете појаки од овие пишете ги во коментари.